синоќа со синчето окапавме,кај 2 часот се разбуди да јаде, му дадов АД млеко и поврати фонтана, почекаав 10 мин тоа плаче за јадење пак му дадов пак поврати. После пола час му дадов само 40 мл, ги испи и заспа. Не знам од што може да е тоа. Пиеме Лактовит плус, пред тоа бевме на Хипп 1,ама и од него првата кутија му беше во ред, втората и третата хаос грчеви и повраќање. Така и сега. Од вторава кутија му се гади некако. Има некој вакво искуство ? Инаку утре правиме 3 недели. И колку пати во денот вашето бебче оди по голема нужда?
Колкаво е бебето? Никако да му даваш вештачко млеко! Како напредувате? Ако напредувате добро терајте си со доење како си сака оно така, има такви нервозни периоди, скок во развој, грчеви, непца, попладневна нервоза, и во овие случаеви најголема грешка е да се посегне по вештачко млеко.
да дадете совет за некоја играчка едукативна за 5месечно бебе? освен тропалка?? што им е интересно на таа возраст- музички играчки, шаренила, или само тропалки и гризалки?
Мајки ве молам за помош. Малата од вчера повреќа после секое јадење. И тоа не само после јадење туку и некое време после тоа. Гледам да јаде на 2-2,5саати по совет на патронажна сестра, ама таа ми рече да ја дојдам на 1 града по најмалку 25 мин активно доење, значи со прекини пушти-фати се 35-40мин. Кога беше она тука толку јадеше малата и плус таа и стави широк повој. Од тогаш малата не се смири. Претходно блуцкаше ама не многу. Сега по 3-4пати после јадење. Повреќа млеко, не е густо (освен во уста малце) Знам дека е нормално да повраќаат бебињата после доење ама јас ќе поллудам. Ова ми е прво дете и од се ме фаќа паника. Да одам на лекар или само паничам без потреба?
Го имав проблемот со првото бебе,тоа е лакомост,повраќаше до 1 год ипол и после јадење Давај да цица од едната града 10-15 мин по 1час повторно, подобро цепкај го доењето отколку да се прецицува Откако ќе цица нека полежи 10 мин па потоа полека крени ја да ждригне Немој одма и нагло
И јас го имав истиот проблем со моет бебувче повракаше ама буквално на секое еве го сам си престана сега не дека не поврака ама многу многу поретко од ко цицаше само.
Мајки, синоќа малата ми имаше температура околу 37. Прво дете ми е и не сум многу искусна незнам дали е тоа многу за мало бебе, еве и сега малку е топличка. Што се прави во ваква ситуација на мало бебе??
нема место за паника,мојата имасе 37,5 јас се препласив и се јавив кај педијатарот,таа ми каза дека таа температура за бебе е нормална и дека ако стигне до 38 тогас треба да поЧнам да се гризам.
дури температура кај бебиња се остава да се развие до 38,5 е тогаш треба да дадеш сирупче или што ти има препиѓано педијатарот. јас имам ефералган сируп купено уште од прв месец и дури пред една недела го употребив и моево така од никаде туп станува од спиење и 38 температура за 2 саати 38 со 8 и тогас дури му дадовме и вечерта 38 си држеше не му дадов пак и се избори организмот и другиот ден како ново ништо не му беше. тем. може да качуваат и од забите без паника понекогаш
Кога ќе ви кажам што ми е проблемот,повеќето ќе ми се смеете. Плачењето на малата. Срцето ми се пара кога плаче. Плаче она, плачам и јас. Не можам да ја слушам. Знам дека сум смешна. Не ми е прв пат да сум во близина на бебе, Спојлер дури и имам работено тоа (чував бебе од 9месеци и имаше 2.5г. кога си отидов) Всушност,смирување на бебиња можеше да ми биде специјалност. Ама моево никако да го смирам.Знам дека е затоа што може да осети дека сум вознемирена. Се обидувам да се приберам ама не ми е лесно. Хормони+прво бебе=јас разлигавена до максимум Мм ја смирува, сестра ми одма, јас мака мачам. Најдадена е, наспана е, чиста е. Ама кога ќе заплаче јас се чувствувам како да правам нешто погрешно. Како да не и правам да и е доволно удобно, како да врска нема што треба да се направи. Може плаче и од грчеви. И давам еспумисан неколку пати по неколку капки (некогаш 5 некогаш 10) и тоа и помага, а иставам и топла пелена на мешето. Се обидувам себе си да се разубедам дека бебе е, нормално е да плаче. Ама џабе ми е се, не можам да ја слушам, срце ми се кине. Како вие се справувате со плачењето?
Ќе се навикнеш, нема друго. Плус, сега во твојот организам е хаос од хормони, па додека се среди ќе бидеш преосетлива на се и сешто, така и на плачењето на бебето. Иста бев, малиов плаче, јас плачам, а бе лудило. За грчеви е рано, после втора трета недела таму очекувај ги. Јас само ќе ти кажам да не се секираш, нормално е ова твоево, сите поминуваме низ истото, која повеќе, која помалку. Јас да ти кажам како ми беше, нема да веруваш, ама знај, не си сама, ако имаш помош, супер. Кога ти се плаче, олесни се и после ко нова ќе си. Е сега, може малку мрдната ќе те прават луѓето во твојата околина, ама никој не е во твоја кожа. И одвојувај си време за себе додека спие малото, може некој да ја чува ти да се средуваш, многу значи тоа.
Мајки, совет- дубак или џампер? Сакам да купам џампер за почеток, ама не знам каков, некоја да има искуство со убав и максимално искористен џампер да каже од каде да го купам? и дали може да се користи џампер се до проодување на детето или има одреден период на користење на џампер, па после да се прејде на дубак?
Majki maliot na jatrva mi denes primi 3 vakcini edna so lazicka, edna vo zadnikot , ednata vo nogata. Ova e prv pat ama maliot se raskinuva placejki,piese sirup paracetamol za temperatura i fala bogu nema , mu stavavme oblogi so rakija na bocnatite mesta , ama placenje cel den ne zastana . Nekoj sovet iskustvo? maliot ima 3 meseci
мене ортопедот а и другите доктори ме советуваа дубак никако. така да не ти препорачувам а за џампер па види колку ке ти е искористена работа
како бе со ракија облоги? ацидиборици знам се става- да го лади местото боцнато, а не да го загрева со ракија!!! Мајки фала за советот околу џамперот, ке видам овој во супермаркет каков е, ми фака окце...
Мајки ајде посоветувајте ме, ние сме на адаптирано млекце. Досега пиеше по 90 мл на 3ч имаме 4 и пол месеци, сега почнав (бидејќи мн ми стануваше во текот на нокта) да давам по 120мл, прашањето е дали да ги давам пак на 3ч или на 4ч разлика овие 120 мл.???
На 2 ипол саати е најдобро.Барем така мене ме советуваа. А зар не е малку 120 мл на 4 ипол месечно бебе?Мојот син на 3 месеци пиеше по 120.Сега веке сме на кравјо млеко околу 5 месеци му давам кравјо домашно разредено со водичка.