1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Во газе ,само еднаш сум ставила сапунче и какашеее многу
    Тогаш имаше 6 мес и не беше какан 4 дена,имаше гасови,кенкаше и морав
    Сега има 9 и кака преку еден ден :)
    Јас живин топломер и сл. раб не би ставала
     
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Па си морала ли сапун да му ставаш? Си има глицерински чепчиња специјални за таа намена.
    Мој совет ви е да не слушате бабини совети. Тие во тоа време немале избор и се снаоѓале како можеле. Во денешно време како што знаете на фемина да читате отворете на интернет еден куп информации има ако веќе несакате да се јавите на педијатар.
     
    На butterfly.mk и Li0ness им се допаѓа ова.
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Леле ве читам и баш ме чуди дека не какаат бебињата и по неколку денови :o , моето од како е родено па до ден денес си кака по 3 пати на ден, сега ќе полниме 1 година и обавезно ако не 3 пати ама 2 пати ќе си се искака сигурно, еднаш сабајле после овошната каша, тоа е веќе сигурно и попладне пред бањање ќе си се искака, така ни е ритуалот секој Божји ден и до сега сме немале проблем со какањето, метаболизмот му е таков и му работи брзо, па затоа не може да става многу на килажа, се што изеде искака и сме слабички за наша возраст ама пак хиперактивни сме, не седеме мирни ни секунда, кај и да е ќе прооди и шета насекаде сам сака да оди.....нека е жив и здрав само па килажата мислам дека не е битна.
     
  4. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Може е глупо прашање ама за да бидам сигурна: на колку време го менувате памперсот?
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас на 3 часа му го менувам памперсот на син ми до само раѓање па се до денес
     
  6. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Глицерински чепчиња и глицерински сапун ти е исто
    Детето си се олесна ,сапунчето одма излезе ,тоа е само едно зрно како грашак :D
    И што ако му ставив?
    Зар "старите"не биле родители и не се грижеле за своите деца?Или им ставале било што нели?
    Јас кашлица на двете дечиња никако неможев да им смирам ниту со антибиотик (од педијатар) и на крај бабински лек (домашен сируп) ми помогна
    Еве и со дерматитов никаков лек не ни помага и ќе мора да порачувам домашен лек од постар човек од кој многу луѓе виделе дерман(и човеков го најдов на интернет,како што отварам фемина така отворив и друга страница ;) )
    Не се за сите болести докториве
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Мамички дали знаете дали во патекиве се продава гроздова вода (Gripe Water)?
    Прочитав на интернет дека е природен лек и многу помага за гасови и грчеви
     
  8. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Малата не е какана скоро 2 дена знам ќе кажете нормално е до 7 дена но постојано плаче и се напиња дури црвенее незнам како да и помогнам дури и дур спие напнува.
     
  9. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    6
    СО ПОМОШ НА ТОПЛОМЕР ДА СТАВИТЕ ПАВЛИЧЕВА ВО ГАЗЕТО А НЕ ДА ГО ДРЖИТЕ ТОПЛОМЕРОТ ВНАТРЕ
    Се мисли на дигитален термос мајки. А инаку детето во принцип и по совет на педијатри треба да кака најмалку по 1 во денот. А јас имав мака со синот какаше на 2 3 дена и педијатер кој работи во ремедика ме советуваше наместо свекици да му ставам дигитален топломер намачкан со павличева маст.
     
  10. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Абе може е нормално ама реално ни на возрасен не му е сеедно кога не може да оди по голема нужда а не па на мало бебе.
    И мојата мала е иста, плаче, се напнува и се вцрвенува цела во главчето, а не е какана од ноќеска.
    Едноставно не функционира кога не е какана. Тешко и е да цица, мака мачи да заспие и нон-стоп плаче.
    3 дена не спиеше како што треба. Се буди секој пола саат-саат, цица по 5мин и плаче а јас неможам да ја слушам затоа што ептен е очиглено дека е во болка ;( Вчера спиеше добро и еве од пред некој саат пак иста песна :worried:
    Овие чепчињата што ги зборите, треба да одам на педијатар да ми ги препишат или може да ги земам сама?
    Читав за тој чајот од билна аптека што е од грчко семе и не знам што друго, може ли тој да помогне?Навистина не знам што да правам...
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Кога ќерка ми еден период имаше проблем со какање (7 дена), а беше бебе само на цицање, педијатарката ми викаше дека ама воопшто не е проблем се додека мешето не е тврдо и таа има гасови (односно-си прди). Важно било да се следи само дали има гасови, зашто тоа покажува дали има застој во цревата некаде (е тоа било опасно). И пипнете го мешето, дали е нормално или тврдо.
    Исто, многу е важно дали бебето е само на цицање или е со дохрана. Ова што го кажувам е за бебиња кои се САМО на цицање.
    Ако претера со некакање (повеќе од 7-8 дена) тогаш може да се стави чепче или да се даде сирупче за таа намена, ама тоа треба многу, многу, многу ретко. Какањето со било каква стимулација не е добро за бебето, дури се случува ако често се стимулира бебето да не може да се искака без поттикнување (чепче или било што друго).
     
  12. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    мамички имаме земено топломерче дигитално,на него пишува да се стави под јазичето на бебето или во газе,под јазиче не додржуваме,а во газе ми е страв да го ставам да не го повредам,и не знам колку одприлика треба да се држи?

    Малку помош ...

    Пошто сега се оди со компјутерско закажување прегледи,треба да закажам и за на педијатар ?Бидејќи немам уште одбрано иначе од Тетово сме.
     
  13. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Откако се разбуди малата од сабајле не престана да плаче.
    Очигледно е дека ја боли нешто.Плаче без престан силно и онака со болка (и тоа почна со солзи да плаче па пак стара песна, плаче она плачам јас) А и многу повраќа, сега е како засирено.
    На јазикот приметив дека има бели наслаги а мене ме чешаат градите.
    Прашањето ми е, ние до сега не сме биле на лекар. Немаме матичен.
    А затоа што е сабота не знам каде да ја однесам. Живееме во Ѓорче.
    Знае ли некој дали работи амбулантата таа што е позади пазар, или треба да ја носам на друго место?
    Ве молам за одговор побрзо за да знам што да правам
     
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Белите наслаги во устата се афти, кај син ми исто така се појавија пред 2 месеци и плачеше без престан ама имаше и температура па му препишаа маст Дактарин и за 2,3 дена се повлекоа. Да не е и кај вас такво нешто, штом плаче сигурно го боли нешто, бебе за џабе не плаче :worried:
     
  15. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Најдобро однеси ја во амбулантата во Ѓорче, таа е дежурна амбуланта и работи и за викенди и празници.
    Најверојатно се работи за кандида или соор, во тој случај помага раствор од сода бикарбона натопен на газа со која ќе ја премачкуваш усната празниза и нистатин капки. Истовремено треба да ги третираш и твоите брадавици да не си ја пренесувате. Ама најдобро ти е да одите прво на лекар да ве види.
     
  16. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125

    Ве мислев па да прашам како сте? Што ви кажаа?

    Се надевам сега е подобра.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  17. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Сега сме во болница
    Бев во ѓорче и таму ни рекоа увото ама дека повраќа многу ај за секој случај не прати на детска клиника и фала богуа однесов и што не пратија тука.дехидрирана била.во амбуланта прегледен ко крпа.
    Тука не знаат зошто повраќа толку па сега сме на обсервација.се тепаме од плачење и двете денес
     
  18. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Најверојатно е кандида во прашање. Можеби не ни повраќа засирено,туку си се меша повратеното со белото од устето. Ќе ви кажат и на лекар и ќе ви дадат совет што понатаму,не се секирај ќе се среди се. Сега како е малото?
     
  19. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Сеуште мака мачиме со запек..пиеме и чајче и џабе се..да и дадам лимон со водичка??? или некој др лек дај кажете..ова не може да е нормално, повеќе од 10дена се мачиме :(
    Иначе станува збор за 1 месечно бебе
     
  20. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60

    И моите бебе е на АД млеко, сега има 4 месеци и уште има помалку проблеми со запек ама полека се регулира. Но не траело да не излезе 10 дена, мислам дека многу е 10 дена да се мачи. Јас сум пробала и со чепче, како водичка е, купи од аптека мислам дека ке му помогне. А јас и маслиново масло му давам но малку, пола лажиче од малите лажици пошто мало е уште, ке му давам ден два и ке искака. Давај му преку ден па види како ке реагира. Ама јас со маслиново почнав некаде од 2 месеца.
    Пробај и со топломер намачкај го малку со павловичева, за да го стимулира и држи му ги нозете стискани кон стомачето (само пази да не го стискаш многу да не го повредиш) и масирај му го стомачето, јас понекогаш и така правам. Се надевам дека ти помогнав со овие идеи, пошто знам колку е жално да го гледаш како се мачи.
    Се консултирав со неколку доктори и сите ми рекоа дека не е ништо сериозно со тек на време како што ке расте ке му се регулира столицата, и ова знае да се случува кај деца што се на ад. Иначе какво млеко користиш?

    И пошто има обично запек, млекото прави му го поретко. Јас обично на малиот му спремам млеко секогаш со една лажица памлку. Пр. Ако му спремам млеко 90мл обично треба 3 лажици прашак но јас му ставам 2 лажици.