Доено бебе може и цела недела да не има столица,ништо страшно не паничи.Дали мешето е тврдо или меко?
Јас од полни 3 ја ставив .И тоа ми е најискористено нешто од опрема за бебе.И дома кога раб нешто ја носев во кенгур,јадење кога спремав,вода кога полнев рацете ми беа слободни .
100% ќе ви го продолжат повојот, со евентуална можност да намалат на една тетра, ама ако е девојче и тоа не ми се верува
Јас имам слинг марама, далеку подобра е од кенгур...кенгурот е тежок за носење за тебе, цела тежина ти е на грбот, а и полош е за колковите од бебето. Ако немаш веќе земено кенгур, размисли си за ова. Толку е лесна за носење, не сеќаваш дека носиш нешто. Го ставам уште од месец во неа. Имаш различни варијанти на носење за новороденче, за бебе кое ја држи главата...
И цитрусни јадам Значи се си јадам освен Грав и Зелка друго се. И овошје секакво и зеленчук секаков и нема гајле мали ни грчеви ни нишо. Првите 40 дена пазев што да јадам, сите ова смее она несмее- и кога да видам двајцата слабокрвни....па после одма почнав се да јадам една недела имаше малку појаќи грчеви и до 2 месеци му поминаа скрос, му се навикна меше на секаква храна да внесувам јас, сега здрави и двајцата јаки Првите два месеци ми качуваше по 2кг што е многу, а третиов 1200гр... Така да мој совет за сите да не се ограничувате со храна ова смее она несмее тоа се само глупости ручкајте шо ви душа сака!
Ако се е ОК и е оформено како што треба која е потребата од широк повој.тука во ск кога ги носат во државна установа обавезно широк дали ОК или не само широк ти вика ни ти објаснува ни ништо не те ферма јас ја однесов на приватно ама барем док ме седна како човек и се ми објасни како да ја држам под кој агол и тн за широк не ни спомна и кога се е ОК за шо да го склетисувам детето.
Те читам од пп си,мила,и на следниот пρеглед ќе ви ги пρодолжат тетρите,до 6месеци ќе ви κажат да ги носите,иаκо се е оκ. Јас од стаρт по една пелена му ставав,ниκогаш две.
Мене ми е жал да го зовривавам детето.Во најжешкото да носи тетри бог да чува ....Ова само кај нас го има бре ,да беше зима друго е ,баш ме интересира што ќе ни кажат
Видоевски тврди дека и да има детето деформитет било каков тоа повојот нема да го среди. Во странство како широк повој доволен е само памперс.На мојата ич не и ставав.
Јас па се ггрижам што мојата по 1200 качува. Јас лимон со риба јадам. Мајка ми вика поле 40 дена ми давала вода со лимон, и сите така давале. Грчеви веќе немаме, освен кога се налапаав колбаси пред некоја недела. Лешници каснувам. Вода давате? на 2 и пол месеци сме.
Каква слинг марама си зема,ако може цена да ми кажеш и од каде си ја зема, баш сакам да си земам,бебуш е еден месец,ама не знам да не и е топло у марамата па џабе да ја земам
Поклон ми е, појма немам од кај е земена ...извини , а за топло, без гајле, ќе ја користиш навечер летово а потоа цела есен...кога ќе видиш, жешко си е жешко-и во слинг, и во кенгур, и во количка
Навикна да ми спие на едната страна особено што навечер цица и лежиме на таа страна -на десно, и гледам главчето како да му е малце вдлабнато ,се враќа ли во нормала формата на главчето кога ќе зарасне , те од самото растење?Ова инаку се вика плагиоцефалија
Плагиоцефалија се појавува кога бебето лежи исклучително на грб и со тоа се плеска задниот дел од главата.