Ама не му се пликови, туку како флеки црвени рамни со кожата. Му бледеаат и ако поплаче малку му се вцрвенуваат
а на лекар да го однесеш да прашаш?Има вирус со Т па осип по тело.Но се раб за мало бебе па подобро е лекар да го види
Утре обавезно одиме на доктор. Сега читав на интернет според симптомите е вирус, сличен на сипаница, трае неколку денови и се повлекува само од себе.
Нека го види доктор. Може да е алергија на нешто, може да е исип после вирусна инфекција...има еден куп можности, затоа право кај матичниот
мајки од кога почнавте да ги носите бебенцата на педијатар и на колку време,прашувам за новороденчињата.Ние имаме една недела ни рекоа од систина на една недела но не сме од СК па ке си најдеме тука педијатар.И вакцините невги примивме зошто сме малечки на килажа.Има некоја посебна книшка за ваквините како евиденција или како оди тоа?
Па обично се препорачува контрола по 7-10 дена. Има книшка за вакцини, ја отвораат кај што вакцинираат. Прво посетете педијатар, па тој ќе ве советува кога со вакцините. Не е на одмет да се почека да потпораснат малку децата, со оглед на ниската родилна тежина. Не спомна дали се предвремено родени?
Nie sme 3meseci i ne vratia oti kerkickata nemala dovolno kilaza za da ja primi.ja prasav da ne smeta sto ke odlozuvame -rece ne smeta duri i podobro e da ima poveke kg.i pojak imunitet.taka da ne se sekiraj neka ojacaat malku pa vakciniraj gi.
Веќе сте дома, Мими? Како сте? Почнавте ли со доење? Како се снаоѓаш? Имаш ли помош? Кажувај На педијатар треба да ги однесеш после една недела. И на почетокот јас го носев малото еднаш неделно (првиот месец). После тоа еднаш месечно. За вакцините, таму кај што вакцинираат ќе ви отворат картончиња, ќе имаш едно за тебе, а едно таму ќе стои. А, и ме интересира, спијат во едно креветче?
Како да натерам дете да спие ноќе? У 2 заспива, у 12 дење станува, нормално станува на 3 саати за јадење. Викендов легнуваше во 10 вечер до утре до 10, ама сега некако се помести. Не знам како да и го сменам спиењево. Ко тинејџерка да чувам, не бебе.
Е неможеш да го натераш Како им се сака така,ја па од мојава неможам ако сум негде нагости да поседам заспива во 18н 19н многу ретко во 20н а се будиме стандард во 6:30 кога и да легне како навиена тогаш се буди
Леле и ние го имаме истиот проблем ако најдеш решение кажувај Синко уште бара на 2 саати да цица,а некогаш и на 3.Навечер си спие околу 8 саати без проблем,само преку ден не спие многу.Кај 8 ми заспива и спие докај 11 и дежураме после со мм до 3 додека да се изнаигра и да побара да цица па така да заспие нз цице .
Дали кога вашите малечки ќе се изгребат на лице ги мачкате со нешто и со што?Синко се изгреба и крфца му потече малку ,го намачкав со мајчино млеко.Совет?
Што користите за црвенилото ,кое им се појавува на вратчето? Пробав со пудра, павловичева, џин џира ,повеќе пати дневно му го поминувам со влажни марамици. Но нема некој резултат?