1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    18.070
    Купете трицикл ако немате,иста мака имав со првото во трицикл уживаше
     
    На Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.820
    Допаѓања:
    6.267
    Пол:
    Женски
    Е тоа планирам и јас да купам, ама ете во моментот не ми текна да го кажам како совет. ;)
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.820
    Допаѓања:
    38.332
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да го игнорирам, он целиот се нафрла кога плаче хистерично, во лицето станува целиот со црвени флеки. Кенгур исто не дава, нема шанси да го наместам, сголем е
    Сеа и другарките ми предложија ова, ете му се ближи роденден ќе нарачам на бабите за подарок:D
     
    На atz1995, Sofi.ja, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    17.866
    Пол:
    Женски
    До кога трае оваа фаза, ако е фаза воопшто. Кога го хранам јас 1/3 од кашата ја јаде без бунтување и анимации, после тоа нагло збеснува, излегува од столче, бара нов предмет на секоја минута за да се занимава дур јас давам јадење, фрла се по земја па се нервира ако не му го дадам. Најмногу од сѐ мразам кога се јаде да се прават паралелно и други активности. Така детето не е свесно дека јаде, не е фокусирано на самиот процес. Ама ако не е така нема да јаде, ќе живее на млеко. А ако е анимиран и занесен во играта отвара уста и изедува сѐ.
    Само кога јаде сам не прави вака. Си седнува и си мљацка со страст. Мислам дека не сака да го храниме ние, ама не може сѐ да е на парчиња. Има работи кои што морам јас да му ги давам. Со душа го чекам моментот кога ќе се научи да јаде сам со лажица/виљушка. Тие што ви се хранат сами децата, кога научија?

    *Оф топик. Какви мултивитамини давате? Користев Well Baby, сакам сега да пробам нешто друго.
     
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Земи повеќе лажици, полни му ги ти и оставај ги во чинија сам да си ги земе да јаде.
     
    На 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.820
    Допаѓања:
    6.267
    Пол:
    Женски
    Од кога давате цитруси и како? Прочитав дека пред годинка никако ради киселоста. И дека биле тешки за желудничето на бебињата. Некој намерници баш не сум паметна кога да ѓи воведам.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    17.866
    Пол:
    Женски
    Пробано е, повеќе ги треска од чинијата и лета храна насекаде него што јаде. Изгледа треба да издржам хаос некој период за да се научи.
    Одамна. Негде пред 9 месеци прво мандарина му дадов, после тоа лимон и портокал. Обожава мандарини и јаде секој ден скоро.
     
    На Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.820
    Допаѓања:
    38.332
    Пол:
    Женски
    И јас одамна, некаде околу 8ми.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    24.003
    Фаза е, долга, ама проаѓа Дај му нешто во рака да грицка. И трицикл е супер опција.
    Не се оптоварувај многу дека јаде несвесно. Сега го открива светот, се е поинтересно од тоа да седи во стол и да го ранат. Јас сум само против гледање во телефон, играчки и други работи ми се ок да се користат

    Рано ви е за вилушка, лажица, после 2г тоа го усоврши, ама моето дете јадеше парчиња со рака од кај 8м, и еве и на 4 ипол години уште има работи што ги јаде со рака... а не е дека не знае да користи лажица и виљушка.
     
    На 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Па ќе треба :D Мислам дека хаосот е неминовен додека научат сами да јадат.
    Јас имам уметнички дела на ѕидот позади хранилката од тоа диригирање со лажиците.

    На околу годинка моево престана да мавта и фрла храна наоколу. Јаде колку што му се јаде, кога ќе заврши дига само раце да го извадам од хранилка. Со лажица и вилушка сака да јаде, ама се уште е во фаза на учење, мислам дека до 2-3 годинки им се усовршува техниката.
    Моментално лажицата знае правилно да ја донесе до уста без да потури се, ама не знае да земе од чинија со неа. Со вилушка некогаш успева да прободе од храната, па е горд на себе кога ќе успее и се смешка задоволно. Кога ќе му здосади од приборот, продолжува со раце да јаде.
    Вчера на пример, јадеше макарони болоњезе, почна со раце, продолжи со вилушка и доврши со раце.
    Резултат најадено прасе :D
     
    Последна измена: 27 март 2024
    На kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.820
    Допаѓања:
    6.267
    Пол:
    Женски
    @1209 @Bella_Stella фала ви. Сакав утре мандарина да му дадам но наидов на таква информација и ме збуни скроз. Сепак ќе му дадам.
    А како ги давате свежи ги ставате во оброк или како?
     
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    35.265
    Пол:
    Женски
    Јас сега пред два дена воведов портокал. Првиот ден од готова каша дадов, а потоа свеж. Или сокот го цедам или блендирам парчиња. Може и да се дава парчиња ако јаде така и соодветно сервирани.
    Ако видиш реакција на пример на лице, зацрвенето газе и сл., ќе паузираш некое време, па пак ќе дадеш понатаму.
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    17.866
    Пол:
    Женски
    Не знам некако грижа на совест имам дека треба да е анимиран од предмети за да се најаде, ама во разговор со повеќе мајки на деца од слична возраст сфаќам дека е период кај сите. Екрани во никој случај немам намера да вклучам само за да јаде, подобро ќе седи гладен па ќе прејаде кога ќе помине инатот. Општо сме дома без тв цел ден зошто многу му го одвлекува вниманието, ако се вклучи директно кај него оди и го тегне, ги пипка луѓето итн.
    Моето почна на 9+ месеци официјално да јаде парчиња. Претходно јадеше блендирано од 6м, па пасирано од 7+м и полека транзитиравме кон парчиња. Не знам дали дека поголем беше веќе, никогаш не фрлал храна на земја. Освен кога ќе грицне некое парче, па сака да земе ново, тоа во рачето го пушта, ама после пак си го зима. За прибор и јас мислев дека е рано, чекам да ми стигнат тие лажичиња и вилувчиња за БЛВ, па ќе пробам. Кратките ги имам и пробувам да му полнам, носи до уста, ама повеќе за да ја гризе лажичката, не сфаќа дека се храни мислам. Како и да е, ќе научат се во свое време, само трпение.
    Свежи. Ги чистам од ципата и ги јаде на bite size парченца.
     
    На KuklickaSk и Ceneva им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Имам пишувано, знаеш дека се вратив релативно рано и искрено имав многу грижа на совест и прашалници како ќе биде.

    Моето искуство вика дека ќе помине тоа првичното горчливо чувство дека си го оставил детето, ама дај си време да ти слегнат работите.

    Вториот совет не знам колку е применлив ама ако е изводливо некако да се гледате на паузи, искористете и такви моменти.
    Јас на почетокот дека ќерка ми беше мала секој ден користев паузи за доење и или јас одев дома или со маж ми шетавме низ локалниот парк па сите заедно пиевме брзинско кафе негде на сонце.
    Од оваа перспектива мислам дека тоа многу ми даваше убава енергија иако па целата таа организација си носеше одредена логистика.

    Индивидуално е тоа како секој се чувствува, ама еве искрено кога ми помина таа првата бура на емоции, генерално позитивно почнав да ја доживувам промената дека одам негде, работам, се вратив во некоја динамика. Притоа мислам дека успевам да се посветам на детето од секој можен аспект, не чувствувам дека сум отуѓена од неа, напротив, цело слободно време и го посветувам и мислам дека е доволно квалитетно.

    И најважно, во цела таа комбинација помеѓу градинка, мене и маж ми, детево оддава баш таков вајб дека е среќно и дека и неа и прија промената на луѓе во текот на денот.

    Како и да е со лесно и не си прави притисок, ќе си легнат работите и мислам дека ќе ти се излуфтира малку тоа чувство што го имаш сега.
     
    На CareTee, strelec231992, Lavender13 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Не сум ги користела, и јас давам Wll Baby ама последно BabyVit ми ги предложи педијатарот.
     
  16. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    99
    Од кога почнавте со витамини? Ништо не ми кажал педијатарот па не сум давала воопшто до сега (7м)
     
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    2.968
    Фала мајки. Тежината не поминува искрено, неделава бев и во канцеларија и таму одев неколку пати во вц за да се исплачам. Не очекував дека ќе бидам толку емотивна, искрено мислев дека подобро ќе го поднесам периодов. Најтешко ми е што имав можност за подолго породилно отсуство, но мораше да го најавам пред да се породам...тогаш мислев дека и една година ќе е многу, сега не можам да се помирам со оваа моја одлука.
    Тежината ми е поради фактот што еднаш се толку мали! Времето поминува пребрзо, се чувствувам дека во тие 8 часа ќе го пропуштам најквалитетното време со него, посебно кога сум во канцеларија, му доаѓа само час, час и пол квалитетно време со него, тоа ми е премалце искрено! Голем шок од 24/7 заедно до ваква динамика....имам опција да намалам работа, но поради финансии нема да е возможно додека мм не се врати на работа. Извесен период ќе мора да гураме вака, ќе голтам кнедли, нема друго!
     
    На CareTee, elenaklasik, kozuf и 5 други им се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    4.901
    Кога почнаа моиве вака да прават едно време го толерирав хаосот после почнав да им давам вилушка сами да јадат и едно време правев само јадења кои може да се боцкаат за да јадат. После помина таа фаза прифаќаа и да им давам со лажица па после пак почнаа да бојкотираат и сега пак сме во хаос фаза зашто јадат сами и со лажица. Лигавчиња никогаш не прифатија и тоа е, 3 пати се пресоблекуваме хранилките се лом, околу нив е лом и тераме додека не се усовршат.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DaisyDoo

    DaisyDoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    9.884
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека за некој ден ќе треба да си одам од темава и панично да барам совети од темата за тодлери.
    Една година ќе ми прави детето. Една година од “овде мора индукција“. :D

    Да не сум скроз оф топик, да прашам дали некоја мајка давала Трицеф антибиотик на 1 годишно дете?
    Кој пробиотик сте го давале, баш ми потенцираа да давам оти Трицефот бил тежок.
    Давам Waya, има некој што е подобар да го давам периодов?
     
    На le.soleil, 1209, TheSecret и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    3.597
    Пол:
    Женски
    Waya давам цело време. Има пиено Трицеф, исто со Waya си продолжив.

    Од новороденче тој пробиотик и одговара и кога имало потреба да давам само таков земам. Не експериментирам многу.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.