1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    melani985, спакувај си ги куферите и оди си од кај него, тој не те заслужува! Веројатно му се допаѓаш како цимер, му одговара да ги делите трошоците, се чувствува сигурно покрај тебе но ти не си му доволна. Немој да се спуштиш на тоа ниво да постапува со тебе како него ќе му текне -` исели се од станот/ сега всели се пак`, `ајде да правиме пауза/ ајде да се смириме`.
    Исто така, ако се покајал за тоа што така се понел, сега ќе разговараше со тебе не еднаш, туку сто и еднаш за твоите стравови и несигурности во врска со него и ќе се обидеше да те увери дека ти си му најважна а не да ти вика дека си правиш филмови. А што се однесува до правењето филмови, мислам дека си во право и дека веројатно брка некоја друга штом одеднаш почнал да обрнува внимание на надворешниот изглед. Не дека тоа само по себе нешто значи, но кога ќе го поврзеш со останатото негово однесување, и сегашно и во минатото, ништо чудно набру пак да ти рече дека е време да направите пауза.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    мелани 985 иако се сложувам со останатите членови затоа што кога јас би била на твое место би си заминала, сепак ќе ти дадам поинаков совет од нив. Тргнувајќи од фактот што кога некого сакаш, многу е тешко да си заминеш, без разлика колку и да те повредил.
    Овој совет би и го дала на својата најдобра другарка ако и само ако е премногу заљубена. Затоа што понекогаш ти е потребно да те удри реалноста во лице за да сватиш на што си.
    Според мене мислам дека твојот дечко првично заборавил зошто започнал врска со тебе. Сигурно тоа не било затоа што си добричка и финичка и добра домаќинка која секогаш ќе го чека дома. Сигурно те приметил затоа што си му била забавна и атрактивна. Но како поминувало времето ти си се одомаќинила.
    Што е и во ред, но дечкоти има професија во која е постојано опкружен со атрактивни девојки. Понекогаш мажите треба да ги почукнеш за да видат што всушност имаат околу себе. Мој совет би ти било да се средиш, да ја разбудиш убавата девојка во тебе, да излегуваш со другарките, па и малку и да флертуваш. Премногу си се сконцентрирала на него. Мислам дека на ниедна жена не и треба упатство за да ја разбуди љубомората кај дечкото, само понекогаш сме толку сигурни во врската што забораваме да бидеме атрактивни и одбираме да бидеме домаќинки. Направи да бидеш приметлива , а не само девојка која секогаш ќе го чека дома.
    Е сега нема да биде ова толку розово. Овој совет ти е меч со две острици. Од една страна можеби токму твојот дечко го чека ова -идеална можност за да ти раскине. Да рече дека ти си таа која шарала а тој направил се. Ако се случи ова барем ќе знаеш дека си направила се , па дури и си помислила дека е твоја вина, но едноставно не те сакал. Од друга страна може да се случи кога ќе излегуваш и да го пронајдеш оној кој ќе ти обрнува повеќе внимание од твојот дечко. Па може и ти сама ќе ја завршиш врската но овој пат ќе бидеш свесна дека врската за која се бореше и за која мислеше дека е совршена е всушност одамна пропадната.
    Е сега може и да се случи и она розовото-обратното, да не бидам толку песимис. Можеби навистина на твојот дечко му требало повторно освојување, можеби заборавил што има крај себе. Па се ќе помине како ништо да не било - повторно да бидете онаа супер двојка како на почетокот.
     
    На Nausicaa, melani985 и DElena им се допаѓа ова.
  3. DElena

    DElena Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да ве известам како поминав.. Му пишав и ништо, дури ни А не врати. Па мене кој и да ми пише без разлика дали ми се свиѓа или не, би му вратила, ако не друго барем културно да го одбијам, не вака со игнорирање. Незнам во последно време се вака ми се случува. Порано бев девојка која секогаш иницира прва и секогаш и успева. Сега во последно време не е така. Почнав да губам и самодоверба и храброст да ги правам првите чекори. Мислам дека добри момци веќе не постојат или пак јас налетувам се на такви какви што не треба... :worried:
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Не се обесхрабрувај. :) Си направила чекор, знаеш на што си и сега главата горе, напред во нови походи. ;) Ни е прв ни последен. Подобро што останало вака уште на сам почеток. Не смееш поради ова да намалуваш самодоверба ... Дотерај се, исполни се со позитива и глава горе. :) Ќе дојдат некои нови дечки. :wasntme:
     
    На Valerin, Hipica и kolovoz им се допаѓа ова.
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Дечко ми ме просветли со една прекрасна вест што ме акна од земја.
    Еве уште не можам да си дојдам при себе,Ќе одел вечерва на журка.
    ЗНачи ќе одел...јас тука не сум никаде во планот.
    ОК е некогаш да ги оставиме на раат нашите дечковци,ама сознанието дека сум го запознала на таква журка,и знам како тој изгледа кога е на таква журка ме отепува.а и плус алкохол у венама.
    Го припитомив 8 месеци,беше лишен од такви работи и вечерва ќе одел
    Од каде да знам колку ќе биде мирен таму,ако седам дома навистина нема око да склопам мислејќи го.
    Се думам дали и јас да одам,а да не му кажувам.
    Или едноставно да трпам па да му вратам покасно.или да бидам само лута.
    А се да биде нормално нема шанси огромен бес чувствувам морам нешто да превземам.
     
  6. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Остави го,нека оди.Некој ако сака да направи нешто и да го врзеш ќе најде начин.Дај му малце слобода,на сите ни е потребна,а вака "припитомувајќи" го не правиш ништо,само му даваш поголем повод кога ќе излезе некаде да не знае како да се понаша,оти нели не е излезен долго време.За мислење,сигурно ќе го мислиш,ама пробај да не го бараш,нека се јави тој кога ќе со оди.А за враќање не се согласувам.Ако сакаш да излезеш направи го тоа заради тебе,да си поминеш убаво,а не за да вратиш.
     
    На Hipica и anichka94 им се допаѓа ова.
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Ти реков да не одиш прва, мислам океј како сакаш. Но види он дали ќе ти пише. Убаво е што го правиш првиот чекор. Мислам дека не си му била по мерак, иако спиевте заедно. Сега или е разочаран, или ќе најде друга да однесе во кревет.

    Малце олади, нека помине време и ако толку сакаш пиши му пак
     
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Tи го направи своето, а нормална повратна реакција нема.
    Како што кажа некој погоре, добро е што сево ова вака се расплете брзо, за да знаеш навремено да се тргнеш настрана.
    И ни под разно немој да дозволиш таков ординарен panties hunter да ти влијае на самодовербата и храброста.
    Напротив, има многу девојки кои не би го направиле тоа што го направи ти, особено после ноќ во која ти е јасно дека момакот сакал секс. Секоја ти чест, браво, и само храбро во нови походи!

    Искрено, не те разбирам... Да му вратиш... за што? За тоа што излегува на журка без тебе?
    А како би му вратила? Ќе излезеш и ти без него на сличен настан?
    Колку што знам, двајцата сте имале свои животи пред да бидете заедно... Не гледам како се изгубило тоа право сега, кога сте во врска. Тој очигледно не го заборавил тоа и си го користи правото... што ќе направи, или нема да направи, е исто така негово...
    Во меѓувреме, причина за лутење немаш, никаква. Имаш само причина да размислиш зошто и колку (не) му веруваш на дечко ти.
     
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Аничка наместо да му лутиш на дечко ти што иде на журка подобро организирај се и ти со другарки на кафе,театар и слично затоа што вака како што си го напишала постот звучиш посесивна личност и тоа може да го налути дечко ти затоа што ти него пробуваш да го контролираш.Како тој ќе се забавува на журка тоа е негово,дали тој ќе испие две чаши вино или едно литро пиво сеедно.Не разбирам за што си загрижена дека тој има лошо пијанство па прави проблеми или се плашиш од изневерување ?Ако го притиснеш сега со забрани и ограничување на дружење се плашам дека ќе си направиш проблем без причина.Поз
     
    На anichka94 и Hipica им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Е значи, ништо лично кон тебе Бокче, ама сафрата ми ја креваат таквите што откако случајно нешто ќе испадне како што тие предвиделе, велат Ти реков.
    Работава беше или џа или бу; или ќе и‘ врати или нема да и‘ врати. Не ја погоди ти точната од педесет опции па сега тука да се расфрлаш со Ти реков :D
    Шалата на страна, со тоа што и‘ кажуваш како згрешила што не те послушала нема да и‘ помогнеш. Добро ја советуваа, ништо не е страшно, и мене лично ми се случило. Живот иде даље.
     
    На kolovoz, natemila, Captain-Omni и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    20.854
    DElena тоа што не ти пишал ништо покажува само каква личност бил.И што всушност само сакал со тебе.Можел барем онака нешто да ти пише,потоа да ти стави до знаење дека не сака да има ништо повеќе меѓу вас.Убаво што си му пишала,сега знаеш на што си и нема да размислуваш понатаму и да се каеш што не си му пишала.Инаку, ич да не се секираш што не ти пишал,твоето си го завршила,ништо не ти вратил и животот секако продолжува. Сепак,за друг пат најверојатно ќе знаеш со кого,како и кога треба да се впушташ во било што.
    И секако она што ми падна во очи,нели ти беше барем малку страв да отидеш со непознато лице во неговиот дом.Да му кажеш не сакам да имаме секс и тој сигурно ќе те послуша,иако во случајот било така.Од кај знаеш што се може да ти се случи на негова територија,почни од силување па до многу пострашни работи.Секакви ги има.За друг пат треба да си повнимателна.Морав да ти укажам на ова,а секако ти си знаеш.
     
    На kolovoz и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Баш така, она на крај краева, не ни требала да оди со некој од друг град, дома што не го ни знае. Не ја легнал, ама затоа си спиеле заедно. Овој сега магаре ќе ми се прави, што не му успеало тоа.А она му пишува прва....Ако не сакаш мое мислење да го читаш, па игнорирај ме. :rofl:
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    DElena, важно ти твоето си го направила и барем нема да ти биде жал што не си пробала, нема да се туфкаш `е да му пишев може сега ќе бевме заедно, да му се јавев итн`, вака си знаеш на што си. Исто така, максимално се согласувам со hello-kitty.90, другпат немој да одиш дома кај дечко кој не го знаеш. Колку и да ти е убав, згоден и забавен, мувајте се на некоја клупа, на некој скали, немој да одиш кај него! Се може да се случи, може дечкото да е некој психо и од една пијана и наивна одлука на крај ќе носиш трауми и лузни до крајот на животот.

    anichka94, да знаеш дека ако некој сака да вара, верувај ќе најде време и место за тоа! Може да ти биде сопруг, заедно да живеете, што се вика цело време може да го држиш на око и пак ќе те извара - ќе ти каже дека ќе оди до продавница да купи цигари или да уплати спортска и трк кај швалерката. Затоа, ако дечко ти не ти дал досега сериозен повод за љубомора, насмевни се кога ќе ти каже дека ќе оди некаде со другари и посакај му убав провод :) На сите нас ни треба слобода и повремено откачување и нема лутење ако дечкото сака понекогаш да излезе со машко друштво да се издува.
     
    На anichka94, kolovoz и Daleron им се допаѓа ова.
  14. melani985

    melani985 Нов член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0

    Ви благодарам на советите, еве денес го барав додека беше на работа и ме откачи за неполна минута :worried:
     
  15. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    /quote]Ви благодарам на советите, еве денес го барав додека беше на работа и ме откачи за неполна минута :worried:[/quote]

    Може има работа па неможе да ти се јави? Не сериозно, оди си од кај него, па да видиме тогаш како ќе биде. Мислам ептен рано почнавте да живеете заедно.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.253
    Допаѓања:
    124.635
    Мелани, јас кога сум на работа, во 90% од случаите, и мајка ми ја откачувам, не па дечко ми, брат ми... Кога е гужва, не можам муабети од типот, срцка, мрцка.
    Дома барај внимание, не додека работи. Јас не му се јавувам на дечко ми на работа.

    И ова е добар пример зошто треба да живееш со некој пред да се омажиш. Оти додека сте покафиња, ручоче, пола саат у кревет, се е океј. Ама кога живеете заедно, за 6 месеци прска тиквата - не си одговарате карактерно. АКо сте си одговарале, ке сте го преброделе ова.

    Јас би му раскинала - не трпам мажи на кои не сум има најбитна во животот, што се сликаат со други жени, и кои што немаат трпение кон мене.
     
    На kolovoz и Daydream им се допаѓа ова.
  17. melani985

    melani985 Нов член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Работава е шо порано не беше вака. На моменти прави планови ние вака ќе направиме, а на моменти го осеќам како сосема друга личност. Доаѓа од работа легнува спие и толку. Сепак може и ке ве послушам ке се тргнам од него. Дека делиме се веќе не можам да си купам едно обично блузиче. Секогаш парите се испланирани за нешто да не се фрлаат за џабе, а кога излегуваме тогаш може да потрошиме колку му е воља. А ако нешто посакам јас тоа е за џабе лискање пари. Или ке рече почекај следниот месец. Ова е само еден од примерите. Извинете девојки што ве испозамарав со случајов мој ама стварно сум очајна не верував колку може една личност да се смени за толку крако време :|
     
  18. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Тоа е тоа, луѓето се менуваат од подобро кон полоши, или од полоши кон уште полоши. Најубаво е да се тргнеш на страна, замини си од кај него, иди кај твоите. И види што како ќе биде. Зарем не ги чува парите за да части друга, или поважно е он да си купи нешто или да ги истроши парите за небитни работи. Тоа не е фер спрема тебе, седни го и збори со него. Или па ставете пауза па да видиш што како ќе биде
     
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    волкот влакното може да го смени но не и карактерот...
    Мелани ќе се сложам со CKA дека сте избрзале,мислам дека не си го познавала доволно. Неможам да одредам колку години имаш затоа што едно ти пишува во профилот а реално ми делуваш како на некоја дваесет годишна девојка која имала многу очекувања. Не за друго спомна дека дечкоти работел како келнер па нивната плата е околу 12000. Ако одвојам за сметки околу 5000 затоа што реално толку изнесуваат му остануваат 7000ден. Незнам дали ти работиш ама според коментарите ќе речам дека неработиш. Не дека сакам економската состојба да ти ја анализирам ама тргнувајќи од себе многу е тешко да живееш со толку мала плата. Сигурно она што го кажуваш дека прави планови но ништо на крај од нив е поради финансиската состојба во која е.
    Претходно те оправдував ама како продолжуваш со постовите повеќе ми делуваш како некое девојче на кое не му било јасно што значи заеднички живот.
    Еве ќе ти кажам за себе. Немаш претстава колку пати му имав спуштено на дечкоми затоа што работев со клиенти, а ако па недај боже ми се јави во моментот кога се направила некоја грешка му викав нему како он да ми е крив. Имаше денови кога ќе си дојдев дома и не сакав да го гледам. Ама се разбиравме едноставно живееме во такви времиња. Работата не ти е сигурна, платата ти е мала а стресот ти е секојдневие. Знаеш ние колку планови имавме .... :D
    така што можеш да му се лутиш ако не ти покажува доволно љубов затоа што реално во овој свет само тоа и ни останува а на останатото ако го сакаш доволно ќе се привикнеш.

    а... ќе заборавев ова е за Бокче -злато мислам дека една од причините што си сам -немаш девојка е фактот што сакаш секогаш да си во право и упорно го ставаш тоа на пиадестал. Мислам дека и другарите ти го замеруваат тоа па затоа не се трудат да ти најдат девојка. Во иднина и да си бил во право потрудисе да го задржиш тоа во себе . Затоа што сите сме свесни кога грешиме, не ни треба дечко за да ни вика ЕЕЕ ТИ РЕКОВ -ЗГРЕШИ, ЈАС БЕВ ВО ПРАВО! Туку бараме некој кој ќе не разбере и кога грешиме.....И едвај чекам да си најдеш девојка, баш ме интерсира што проблеми ќе имаш. ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Мелани, не џабе има тема на Фемина `Финансиите во бракот`, возрасни луѓе не може да се снајдат по тоа прашање а камо ли млад пар чија врска е ионака на климави нозе. Прсти ме чешаат да го направам дечко ти лом ама нема тоа да го направам се додека не ни дадеш повеќе информации за вашата врска. Најнеблегодарно е да се прашува за нечија финансиска ситуација ама, ако сакаш објективен совет, ќе мора да пишеш отприлика како стоите и кој најмногу ја сноси финансиската одговорност кај вас.

    Во случај да сте 50 -50 (што е толку ретко денеска) и имате заеднички фонд, логички е со тие пари да се платат сметки, да се купи храна, средства за хигиена, карти за автобус, некој ситници и слични. Ако не штедите двајцата за нешто заедничко (одмор, викенд, телевизор), фер е остатокот од парите да го поделите меѓу вас- ти овој месец ќе си купиш нови чизми, наредниот месец тој ќе се поднови со нова јакна. Е сега, двајца да даваат, еден да користи не е нормално и тука веќе станува збор за користење но, бидејќи не знам како е кај вас, не би пишувала понатаму без да знам повеќе.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.