1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова ќе ти послуши го пронајдов на интернет :D
    Споредбата помеѓу ликот на Дон Кихот и Санчо Пансо

    Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.

    Во трагикомичниот роман Дон Кихот, напишан во севилскиот затвор како инспирација од сопствениот живот, полн со јуначки случки и катастрофални незгоди, Мигел Де Сервантес зборува за една таква вплетканост. Низ животот на рицарот со тажно лице и неговиот весел слуга ги опишува спротиставеностите кои се дополнуваат. Главниот лик, благородникот од Ла Манча од читање многу рицарски романи сосем се изгубил и решил да стане рицар-скитник по име Дон Кихот. Човекот со висок раст, со слабо и издолжено тело, со испиено лице обиколено со побелена коса , со орловски поткршен нос и големи црни мустаќи застанува во одбрана на немоќните. Тргнува во авантури, во кои ги спасувал и им помагал на бедните, понижените, навредените. Доживувањата на навидум лудиот рицар-скитник и неговиот слуга Санчо Панса се пародија на рицаророманијата која ја зафатила средновековната Шпанија. Дејствието се одвива врз две спротивставени сфаќања: безумието на идеалистот- рицарот-скитник и трезвеното задоволство на реалистот-неговиот слуга и оружјеносец.

    Нивните настојувања да докажат кој е во право и да ги негираат илузиите на другиот се видлива несусогласеност меѓу реалното и идеалното, меѓу фантазиите и реалниот живот. Случките од едната страна се прикажани како реалност,секојдневие, а од другата како мечти, фантазија. Дон Кихот, средновековниот благородник се замислува себеси како силен и храбар рицар, облечен во блескава опрема: штит, меч и копје, преубав коњ, поубав дури и од славниот Буќефал. Реалноста била друга. Блескавоста е Äрѓосана и стара опрема, дооден коњ по име Росинант на кој му се броеле ребрата. Само затоа што секој рицар имал своја љубена во чие име се борел, селанката во која бил заљубен на млади години ја трансформирал во принцеза по име Дулчинеја. Во име на таа љубов, со желба за слава повикувал на двобој, се додворувал на млади убави дами. Се редат неговите бесмртни подвизи: борбите со ветерните мелници, тие лоши џинови, стада овци-цели војски, мешинки со вини-маѓепсани непријатели, ослободување на кралици и принцези-селанки и крчмарки. Со своите постапки предизвикувал смеа и револт. Во борбите му кршеле ребра, заби, носел модринки од несекојдневните акции. Кога не бил обземен од рицарските авантури, бил човек со здрав разум. Наспроти него,

    Санчо Панса,пак бил слуга-оружјеносец, склон кон дрдорливост, безобразлук и озборување Тој ,бил остроумен селанец, шегобиец со многу здрав разум. За разлика од својот господар овој кус и дебел селанец, јавал на магаре и постојано бил безгрижен. Преставник на едноставниот народ, во својот речник користел изрази со кој ја искажувал вековната мудрост на својот народ. Наспроти извишените говори на неговиот господар зборувал приземно и практично. Својата мудрост ја искажувал преку многу поговорки и пословици. Неговата бистрина дошла до израз кога накратко бил назначен за губернатор на еден остров. Но и покрај својата цврстина под влијание на својот господар и неговите фантазии накратко почнал да верува дека ќе стане гроф. Иако неук, со неговиот бистар ум умеел со многу мудрости да го советува својот господар. Стоејки цврсто на земјата со двете нозе, успеал да го промени својот господар, да му расчисти одредени заблуди. Дон Кихот своите заблуди ги искажал пред смртта, кога му се извинил на својот Санчо Панса за сите незгоди во кои го вовлекол.

    Сервантесразличностите на овие двајца протагонисти успеал да ги спои во една личност, да го покаже ликот на новиот човек. Човек на кој во преден план му се возвишените идеали за еднаквост меѓу луѓето, почитување на човечкото достоинство, напредокот на цивилизацијата.
     
    На The Drifter и Aleksandar441 им се допаѓа ова.
  2. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Фала многу :hug:
     
  3. Becky322

    Becky322 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ми требaaт состави по македонски јазик итно за утре еве ги темите па ако можете нешто да ми напишете поздрав.
    1.Ликот на Цвета од Македонска крвава свадба - симбол на скромност, издржливост и храброст на македонската жена
    2.Сердарод- поема за човечкото достоинство, храброст и јуначка саможртва за татковината
     
  4. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    Женски ми треба состав на тема" Зошто да не помогнам,утешам или израдувам некого ?" ве молааам бацкии :*
     
  5. tea1998

    tea1998 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Помош за писмена по македонски

    Здраво ми треба писмена правам во петок, ликтира ,,Сама,, од Горјан Петревски
    тема е -Размислувам за ликот на Теодора треба да се споредиме, да направиме споредба помеѓу мене и неа и да напишеме нешто општо сама со своите постапки значи од се по нешто треба да се напише од овие тука што ги набројав задно ... ми треба за писмена од 200 збора побрзајте .. за петок ми е
     
  6. cute57

    cute57 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    ве молам феминки помогнете ми треба да напишам состав за вечната потрага на човекот по бесмртноста... :( ама никако не можам да напишам ништо не ми теквит а за утре ми е...плссс однапред ви се заблагодаувам :$
     
  7. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Moже некој да ми каже песничка „Како мама на светот нема никој друг“ ве молам ако може побрзо благодарам :)
     
  8. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски

    ве молам..
     
  9. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Itno mi treba sostav so tema opis na likot ivlin od romanot crni ovci i likot na oto od romanot crni ovci..
    odnapred mnogu vi blagodaram :l: :l:
     
  10. Tina94

    Tina94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Случајно некој да не има есеи за романите ,,Пиреј" ,,Црно семе" и ,,Големата вода"
     
  11. beyonce1

    beyonce1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    Дане има случајно некој состав за романот Пиреј ...? :) :)
     
  12. beyonce1

    beyonce1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    Состав за ПИРЕЈ ??? :)
     
  13. Tina94

    Tina94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Ликот на Велика


    Како сто троскотната трева пиреј е истрајна, неунистива и издрзлива, така е истрајна, издрзлива и неунистива македонската зена.Пирејот е троскот кој колку сакас мозес да го кубис, корнес, но немозес да го униситшс Тој цим ја допре земјата пак се фака, озивува, потерува. Нисто не ја нисти тааа трева.

    ` Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската зена ја споредил токму со пирејот. Оваа зена не се нисти, не се истребува. Таа после сите страданја И маки повторно озивува, потерува, рагја. Таа е мајка која како Велика истрајува пред силите сто сакаат да ја искорнат розбата сто таа ја рага, мува, се гижИ за неа, ја сака. Судбината на оваа жена е лична, семејна но И колективна.Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред другите.Како и секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност и се мажи со стројници. Се заљубува во убавиот и стоен Јон, се мажи за него и како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка се грижи за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Го носи товарот на плеки го живее македонското воено секојдневие. Ја живее стварноста на туѓата војна на македонското тло. Се мачи, страда но не офка не се жали. Можеби затоа животот ја казнува. И умираат сите пет деца. Ги закопува во со крв натопена земја. Едно сабајле, едно навечер. Болката по умрената рожба И ја кине утробата, ја исполнува со неизмерна болка, тага. Маченичките доживувања ги живее во исчекување на мажот. Се надева дека барем тој ќе се врати жив, ќе ја утешИ, ќе ја сподели болката со неа. Но од фронтот се враќа пијаница, човек кој ја тепа И понижува пред сите. Човек кој се измачува од доживувањата во туѓата војна. Човек кој се јади заради страдањата што ги видел. Бесот на немоќта го истура врз Велика. Нејзината болка се наталожува, зголемува. Умира И тој кој толку долго го чекаше да се врати.

    И на крајот на тунелот бликнува светлината на иднината. Во нејзината утроба расте посмртчето на Јон. Го раѓа своето шесто дете Роден. Јар аѓа својат а светла перспектива во сета мачна И темна трагика на животот. Оваа издржлива, неуништива жена со издржливо срце ја доживува повторната среќа. Жената со длабоки мајчински чувства, трагичн пресврти во личната и семејната среќа, како пирејот пак се фаќа, потерува, оживуваа. Станува неуништива. Смогнува сили, го совладува очајот, ја разбира смислата на опстојувањето, ја разбира иднината. Тргнува во живот, во нова иднина заедно со својот Роден,
     
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Секогаш имам инспирација али сега темава ми се чини премногу глупава за пишување и не ми е некако мерак . Може помош за ,,Фејсбук,, ,треба опис на профилот, како го подразбирам фејсбук, бла бла бла
     
  15. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    2.775
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да напише состави на тема: *Не сонувај го животот, живеј го сонот* и *Состав без наслов но со повод* , или доколку има нешто напишано да го копира овде? Немора да се со многу висок стил, се работи за пријателка 8мо одделение е. Фала однапред :*
     
  16. Martina156

    Martina156 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Писмена работа

    Здраво на сите :)
    Деновиве правам писмена работа по мак. јазик ги имам темите (од лектирите и делата се за III година) па сакав да ве прашам ако има некој пишувано или знае нешто во врска со некоја од темите да ми пише...Еве ги темите:
    1. Злосторство и казна – Психичката состојба кај главниот лик Раскољников
    2.Чичко Горио – Колку љубовта може да се купи со пари
    3. Смртта на Иван Илич – Да се биде алтруист или да се биде егоист
    4. Раскази од Гогољ – Хуморот во расказите на Гогољ

    Фала однапред :) :*
     
  17. Tina94

    Tina94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Чичко Горио : Љубовта со пари не се купува

    Љубовта лугето ги прави среќни или ги фрла во очај. Љубовта која е фабула на романот Чичко Горио ги прави луѓето слепи на постапките на своите сакани.

    Таа го прати обидот на провинцијалецот Ежен де Растињак да се пробие во високо друштво на Париз. Овој сиромашен племич сонува за успех, слава, пари и љубов, но е приморен да живее во сиромаштво Во бедниот пансион на Вокер се запознава со чичко Горио, трагичниот јунак, кого го убива претераната, страсна родителска љубав спрема своите две ќерки. Несреќниот татко чија несреќа станува се поголема колку што расте неговата љубов спрема чедата, неговите две ќерки. По смртта на нивната мајка тој едноставно ги разгалил и незабележувајки ги претворил во нечуствителни, себични и неблагодарни изроди. Поведен од општо прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е содржана полнотијата на живеењето. Тој уште во нивното детство им купува скапи подароци со тоа искажувајќи им ја својата љубов, но таа релација е ѓаволски круг. Огромната љубов кон двете ќерки го фрла во судир со моралот. Тој не само што успеал богато да ги омажи, односно да ја направи едната бароница де Нисенжен, а другата, постарата, грофица де Ресто туку одејки им постојано по вољата полека станал и нивни проводаџија кој им наоѓа љубовници. Постојано на услуга во исполнувањето на нивните желби тој, инаку успешен производител на тестенини, конечно осиромашува. Тие пак го посетуваат таткото само кога од него треба да добијат пари, срамејки се од него обичниот граѓанин, бидејки тие се движат во аристократските кругови. Горио умира сам. Во последните мигови го негувале Растињак и студентот по медицине Бјаншо, кои и погребот му го платиле. На погребот на несреќниот старец не се појавила ни една ќерка. Немајки веќе што да им понуди, станува наполно неинтересен за неговите убави и богати ќерки, кои се производ на неговиот родителски однос кон нив. Родителот и неговите ќерки се слика на моралниот пад и обезвреднување на семејната врска. Некогашниот господин Горио натрупува богатство и создава положба на своите ќерќите , кои се однесуваат со него како со "лимон, кој " откато бил исцеден до капка... го фрлаат .Само парите ли са причина за тоа? Опшеството? Трагичната заблуда на стариот милионер? Несовршенството на човешката душа, која не ја познава благодарноста? Можеме да судиме од секој агол и секој одговор ќе носи дел од вистината.

    Тажна е приказната за пожртвованиот татко на себичните и неблагодарни ќерки, Уште потажна е сликата на младиот скороевич Растињак, кој ги истражува патиштата кои водат во високото друштво, откривајки ги парите како основна движечка сила. Најтажно е што и двајцата на крај разбираат дека љубовта со пари не се купува.
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FamousGirl

    FamousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    2
    Ми треба помош... :(
    Треба да пишувам на тема Илијада и на тема Митови, утре ми е за писмена, а немам ни идеја како да почнам...
    За Митови треба да се пишува општо, но може да се спомне нешто и за Митот за златното јаболко.
    Ве молам кој/а ќе може нека ми напише итно е :(
     
  19. SpringGirl

    SpringGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    2
    некое составче за Гилгамеш,Царот Едип и Евангелие по Јован? :/
     
  20. Tina94

    Tina94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Гилгамеш владател, јунак и човек

    Големата сила, моќ, надваласт не е се во животот. Пријателството и љубовта се оние кои ни го прават секој ден весел и поисполнет со среќа. Па дури и еден полубог како што е Гилгамеш има потреба од некој кој ќе биде постојано со него во добро и во лошо, а тоа е секако неговиот најдобар пријател Енкиду.

    Откако Енкиду ќе се појави, животот на Гилгамеш целосно ќе се промени. Најпрво гледаме еден горд полубог кој буди стравопочит кај луѓето, кој има бескрајна сила и моќ. Истовремено бил и тиранин, страсник и насилник, човек јунак, непокорник, но и злоделец. Нешто што ќе го идигне човечкото над божеството. Наеднаш како да гледаме друга личност, личност која чувствува љубов, среќа и болка, која би го дала својот живот за едно суштество кое што така ненадејно се појави и му стана пројател.
    Гилгамеи Енкиду се претвараат во непобедливи јунаци кои се борат за доброто и среќата на народот. Со заеднички сили го убиваат митолошкото чудовиште Хумбаба, грозниот чувар на Кедровата гора, чудовиште кое не само на народот, туку и на боговите им носел неволји. Храброста која што ја поседувале им дозволила да се спротивстават и на боговите, кои одлучуваат за нивната судбина. Гилгамеш ја одбива љубовта на Иштар.Таа го испраќа болшебниот небесен бик како казна. Јуначки со Енкиду повторно победуваат. Поминувајќи го целото време заедно со Енкиду, ги делат моментите на борба и слава, едноставно не можат еден без друг.
    Енкиду е смртник, еден ден ќе пристигне и неговата смрт... Ден на разделба кога Гилгамеш ќе остане сам. Тој не може да ја поднесе огроманата болка. Човечкото во него се бунтува и неговата душа не може да ја поднесе загубата, на некој кој оставил толку длабока трага во неговото срце.
    Неговите чувства на очај и тага ја достигнуваат кулминацијата, посилни од него и воден од истите тој тргнува во потрага по бесмртноста.
    Неможејќи да трпи тага и болка тој го минува целиот свет за да ја пронајде тајната со која ќе му помогне да стане бесмртен.

    Неможејќи да се помири со својата следна загуба, тој ја сфатил целта на животот, односно зборовите на богињата Иштар:

    „... Што ќе ти е тревката на бесмртноста?
    Врати се дома кај жената и децата.
    Направи ги задоволни
    и ти биди задоволен.
    Оди кај пријателите и направи ги среќни
    и ти биди среќен.
    А бесмртноста остави им ја на боговите...“
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.