Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.888
    Допаѓања:
    12.010
    Пол:
    Женски
    Ова го најдов на интернет, не знам што точно ти треба..

    Во романот Тристан и Изолда се зборува за љубовта помеѓу двајцата љубовници кои се сакаат се до смртта,па и по неа.
    Негова мајка е Бланшифер сестрата на кралот Марк.

    Романот започнува со настан кој го опишува раѓањето на Тристан.
    Риволан стапува во војна со Морган во која војна и загинува,а детето што Бланшифлер го носела се раѓа.Таа детето ќе го нарече Тристан затоа што е роден во тага,а потоа и таа умира.

    Рохалд Верниот го зел Тристан и го одгледал.По неколку години Тристан станал најдобриот борец,но тој бил грабнат од трговци кои го одвеле кај кралот Марк.Меѓутоа тој мн се зближил со кралот и станале најдобри пријатели.

    Кај кралот Марк пристигнам Морхолит од Ирска и барал да му се плаи данок.Тој барал некој со кој ќе може да се бори.

    Тогаш како негов противник се јавил Тристан бидејќи другите немале храброст.Тристан победил во овој меч но бил ранет со отровен меч.Знаел дека нема уште многу време па бил ставен во чун без едра и пуштен во морето.
    Со чунот стигнал до Ирска каде го нашла и излекувала Изолда(внуката на Морхолит).Тристан излекуван сфатил дека може да биде откриено кој е и избегал!
    Откако се вратил кај кралот Марк ,по извесно време почнал да ја бара Изолда Русокоса,златокосата убавица и да ја земе за да му биде жена на кралот.
    За да можат да ја земат за жена требало прво да се победи некој змеј.Тристан,добро вооружен успеал да го победи змејот,му го отсекол јазикот но повреден паднал покрај езерото.

    Еден од двојраните кој сакал да се ожени со Изолда го нашол мртвиот змеј и го однел кај кралот правејќи го победник.

    Но изолда и нејзината помошнична не му верувале на двојранинот па на местото каде што живеел змејот го нашле Тристан и излекувале.
    Меѓутоа Изолда го видела мечот од Тристан кој бил скршен и го споредила со делот кој бил забоден во главата на нејзиниот вујко и така сфатила дека Тристан е неговиот убиец и сакала да го убие.

    Но тој успеал да ја убеди да не го убива туку да дозволи да излезе на двобој со Агвинегеран(двојраникот кој се претставил како убиец на змејот).
    Тристан и Изолда прават голема грешка кога ќе се напијат ненамерно од љубовна напивка и тука започнува нивната невозможна љубов.
    Иако Изолда се омажила со кралот Марк никогаш не престанала да се гледа со Тристан.Тие станале љубовници!

    Кога кралот го дознал тоа бидејќи го издале некој подмолници го протерал Тристан од кралството.
    Меѓутоа Марк помислил дека можеби згрешил па го вратил назад.
    Се станува јасно кога кралот ќе ги фати на дело.Тогаш дури и ќе сака да ги убие.
    Тристан и Изолда со божја помош се спасиле и живееле заедно во тешки услови на планината.
    Иако нивната љубов била силна почнале да чувствуваат грижа на совест и Изолда се вратила кај Марк,а Тристан заминал по море.
    Тие повторно се гледале тајно иако Тристан веќе имал и друга жена Изолда Белорака.

    Тристан бил ранет со смртен меч и негова последна желба била да ја види Изолда.Братот на жена му ветил дека ќе ја донесе.Ако успее во таа мисија ќе крени бели едра на бродот ако не црни.

    Целиот овој разговор го слушнала жена му и сакала да се одмазди.
    Корневал успее да ја донесе Изолда Русокоса,но жена му го излажала дека платното е црно па тој од тага починал.

    Кога Изолда го видела мртов го прегрнала и таа умрела со својот сакан.
    Кралот Марк кога дознал за нивната смрт ги закопал во најувабите ковчези.
    Околу гробот на Тристан никнала капина и се спуштила на гробот на Изолда.Таа била сечена но преку ноќ повторно растела.
     
  2. Haki

    Haki Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Aj pomognete mi treba da napisam sostav za "Зошто да не помогнам,израдувам и утешам
     
    На anastasija-007 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    56
    може некој да ми помогне за "Компаративна анализа на Онегин и Харолд"?
     
  4. ana-sweet

    ana-sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    188
    Да не има некој нешто кратко за младите и Европската Унија?
    за социологија ми треба :)
     
  5. Ellyyy

    Ellyyy Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ИТНОООО! Ми требаат состави на теми:
    1.Печалбарството-немирен плач во душата на човекот.
    2.Образованието-клуч на успехот.
    Ве молам ако можете да ми помогнете, за утре ми се.. :(
    Благодарам однапред! :)
     
  6. MissKlea

    MissKlea Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    3
    Mi trebaat sostavi za utre ve molam mnogu mi treba vi BLAGODARAM odnapred :* eve gi dvete temi:
    1: Na krajot na 8 godisnoto obrazovanie
    2: Vo sto e ubavinata i goleminata na nasata vozrast
     
  7. Ellyyy

    Ellyyy Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Образованието на еден човек е едно од најважните нешта, поточно права кој секој од нас го има и доколку знае правилно да го искористи може многу да постигне во неговиот живот. Тоа не е нешто што се стекнува веднаш, тоа се стекнува во текот на подолг временски период, се надоградува континуирано со огромен труд и работа. Сето тоа образование ние го добиваме пред се` во училиштата, од луѓе кои се образовани и имаат желба нивното знаење да ни го пренесат и нам.
    Во текот на изминатото мое 8 годишно основно школување јас научив многу. Во првите години од школувањето научив да читам, да пишувам, ги научив основните математички операции. Со текот на времето учењето стануваше се` поинтересно, осознавав се повеќе и повеќе за светот околу мене, за животот, за луѓето...сето тоа ми помогна на еден начин да формирам слика за моето општество и како тоа функционирало порано и како функционира денес. Покрај учењето тука неминовни беа и детските игри со моите соученици, радостите и тагата што ја споделувавме заедно. Сето тоа е само еден период од животот, само еден дел од школувањето. Со завршувањето на 8 то одделение завршува и тој период, а започнува еден нов, еден нов почеток а тоа е средното образование. Започнуваат нови пријателства, се запознаваат нови нешта, се добива ново искуство кое никогаш нема да се заборави....Сето тоа ме очекува за неколку месеци, поточно откако ќе заврши летниот распуст....
    Затоа збогум училиште мое....збогум за прекрасните денови поминати во твоите клупи, во твојот двор....збогум за твоето училишно ѕвонче кое што понекогаш со нетрпение го очекувавме....нема никогаш да те заборавиме...
    Eve, se nadevam deka ke ti se dopadne, ako mozes sega i ti mene da mi pomognes.Eve gi temite.
    1.Печалбарството-немирен плач во душата на човекот.
    2.Образованието-клуч на успехот.
    Ako mozes sto pobrzo da mi pomognes, zatoa sto i mene mi se za utre :*
     
  8. Nicki.M

    Nicki.M Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    уфф :envy: ми треба состав на тема крстопатот од мојот живот..за тоа какви ми се идееите за ппонатаму во животот ,можело да напишам нешто за предностите и мааните за тинејџерските години за што ке се одлучам за понатаму да работам, па ако има некој нешто вакво нека пише :)
     
  9. SmilerGirl

    SmilerGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    213
    Дали некој од вас има состав за ликот на Аџи Трајко(од бегалка) ? :wasntme: :angel:
     
  10. Selah

    Selah Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Итно ми треба состав за љубомора. Однапред благодарам!

    Итно ми треба состав за љубомора. Однапред благодарам! :)
     
  11. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    37
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    499
    сигурно си или 8 одд или 4 година, обично вакви состави ни даваат тогаш :) . Па почни да пишуваш најпрво за животот, што е смислата на животот, тоа нека ти биде вовед, потоа пишувај што сакаш да бидеш ( да учиш), твојата идна професија, па надоврзи се дека не сакаш никогаш да пораснеш дека ќе ти недостига детството и младоста, сите тие прва заљубувања и тн. дека сега всушност патуваш, на некои места погледнуваш но никогаш не остауваш. мислам дека малку ти помогнав
     
  13. Mati333

    Mati333 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Мене ми треба состав за :
    -содржината на Бегалка од Васил Иљоски
    -добрите и лошите особини на Чорбаџи теодос од истоимената драма
    -Карактеристиките на Цвета од Македонска крвава свадба
    ако најдете или имате напишано барем една од темиве пратете ми ја во лична порака или ове
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.888
    Допаѓања:
    12.010
    Пол:
    Женски
    Овде ја имаш цела лектира Бегалка.
    А ова не знам колку ќе ти помогне, ама ете..
    Вистинската љубовна драма се случила во дваесетите години на минатиот век. Кумановските Ромео и Јулија ги оживеал писателот Васил Иљоски во делото “Бегалка”, кој бил школски другар на Величко, или Бошко во делото.

    Ленче Кумановче навистина постоела и во реалниот живот се викала Сава. Била ќерка - единица на чорбаџијата аџи Трајко и немала мајка, туку ја одгледала маќеата. Вистинскиот Бошко, пак, беше Величко, по потекло од Кокино. Имал меана, ама бил сиромашен, зашто само што дошол од село во град. Ленче била таксана за некој учител во градот, кој бил многу богат. Но таа била вљубена во Бошко. Тој бил убав и не и пречело што е сиромав и работел во меана. Во тоа време била голема срамота мома да се мажи на своја рака, па прочуениот чорбаџија аџи Трајко за ја одбрани честта на ќерка му и да го спаси семејството, лично заминал да ја моли да се врати дома. Но, таа не сакала да го слуша излегла на чардакот и му кажала дека повеќе никаде не оди без Бошко. Аџијата не се противел многу на одлуката на ќерка му и си заминал без да прави проблеми. Брзо потоа се смирил со нив, бидејки не сакал единственото дете да му живее во сиромаштија и далеку од него. Го прифатил Бошко и го довел за домазет во неговата куќа.

    Љубовната драма на кумановските Ромео и Јулија ја оживеал Васил Иљоски, кој бил школски другар на Величко.
    Ова е уште по кратко.
    Дејството во пиесата ја прикажува љубовта на убавата Ленче која била таксана за Досе, син на богат трговец. Но, таа била вљубена во младиот занаетчија Бошко. Тој бил убав и не и пречело што е сиромав. Бидејќи нејзиниот татко, Аџи-Трајко, се спротивставувал на нејзината желба, таа одлучила како бегалка да живее со Бошко. Таткото бил скршен, немоќен и чувствувал голем срам и бес затоа што бил погазен неговиот збор и токму поради тоа се плашел да прости. Во тоа време била голема срамота мома да се мажи на своја рака. Сепак, прочуениот чорбаџија Аџи-Трајко, за ја одбрани честа на ќерка му и да го спаси семејството, по многу негодувања, на крајот морал да ја прифати љубовта на Ленче кон Бошко.
    Приказот на темата во пиесата преку градбата на драмското дејство со постојана испреплетеност на настани, кои се движат од комични кон трагични и обратно, овозможува таа да е актуелна и денес.

    Чорбачи Теодос:
    „Чорбаџи Теодос“ е комедија на интригата што ќе ја подметне итриот Арсо за да го исмее чорбаџијата. Инспирирана е од анегдотата за присилното кумство. Освен тоа, во неа има многу битови и социјални елементи.
    Темата е забранетата љубов на двајца млади, а идејата е да се исмее надуениот чорбаџиски свет.
    Дејството се случува во Скопје, во турско време. Драмата е составена од три чина, а драмското дејствие е развиено во четири етапи.

    Содржина

    1 чин

    На почетокот е прикажана куќата на Чорбаџи Теодос, рано наутро, кога сите се будни, освен чорбаџијата. Преку смешните сцени се претставени односите во семејството. Имено, часовникот застанал и на сите им е страв да го разудат чорбаџијата. Тој треба на време да стане за да оди да го види лозјето на Арсо, кое ќе му го земе заради неговите долгови. Жена му на Теодос, Кева, се туфка дали да влезе кај мажа си. Таа знае дека тој секако ќе и забележи, и ако го разбуди прерано и ако го разбуди предоцна. И нивните слуги, Наца и Спиро, исто така не сакаат да ризикуваат и тие да бидат виновни за нерасположението на господарот. Затоа, одбиваат да го разбудат.
    Во куќата доаѓа и Ефка, која сака уште еднаш да ја помоли Кева да зборува со својот маж за Стојанка и Томче. Таа е тетка на Стојанка, сиромашна, но убава и вредна девојка, која сака да помогне во остварувањето на нивната љубов, за која Теодос не сака да чуе. При убедувањето таа ќе и рече на Кева:

    Ефка: Другачки сме, сестро, се знаеме уште од малечки, можеме да си кажеме баре маките...Не омажија за невидени и нечуени... А тие што си ги сакавме, ги оженија за други... Ете, толку години поминале, а меракот трае и тлее како запретан жар во срцето... И само пече и боли.

    Преку овие зборови се гледа судирот на старото и новото. Нив ги омажиле родителите за оние што им ги одбрале, но повеќе не мора да биде така.
    Се појавува Томче, убаво момче, со танки мустачиња, густа кадрава коса, убаво облечен, но целиот блед, потиштен и огорчен. Во разговорот со мајка си, тој е решен одлучно да му се спротивстави на таткото и да ја земе за жена Стојанка. Се сили, дури и тргнува да го тепа. Но, кога му велат да го разбуди за на лозје, тој се повлекува, го покажува својот страв и нерешителност.
    Никој не се осудува да го разбуди чорбаџијата и на крајот чекаат тој сам да стане. Неговото будење и неговата личност се комични од почетокот до крајот на драмата. Всушност, и целта е таа: да се исмее чорбаџијата, неговото однесување, неговото претерување.
    Кога станува, сака сите да се вртат околу него, да му помагаат, да го облекуваат, да го четкаат до последното влакно, да не му остане ни една трошка нечистотија на него. Со сите е груб, надмен, ги омаловажува и ги смета за многу пониски од себе. Тој е големиот газда.
    Томче доаѓа да зборува со него, но не храбро како што посакува туку со наведната глава. Иако ја искажува својата желба и намера, тој не може да му се спротивстави на татковото бескомпромисно НЕ.
    Смешна е и појавата на слугата Спиро, кој понекогаш се заборава и зборува исто како Теодос, повторувајќи ги неговите зборови и имитирајќи му го гласот и начинот на зборување. Иако тој воопшто не мисли така, му вели на Томче дека Стојанка не е за него, дека таа имала црно под ноктите, дека е нечиста и недостојна.
    Пред да тргне на лозје, Кева уште еднаш се обидува да зборува со Теодос за Стојанка, но тој и одвраќа:

    Теодос: А и каква може да биде девојка од таква куќа? Татко и самарџија. Со него ли да се засватам? Поарно самар на грбот да си ставам. Таа да ми влезе во куќава! Каков ред, каква чистота ќе биде? Не врткај ме повеќе, работа ме чека, не е ред!

    2 чин

    На почетокот од вториот чин е претставена чистата и силна љубов меѓу Томче и Стојанка, но и притисокот кој таа го врши за побрзо разрешување на ситуацијата. Таа вели дека до вечер мора да знае дали тој ќе ја земе, зашто и други момчиња се интересираат за неа, а и за да не се посрамува пред светот.
    Арсо, пак, на пат кон лозјето кое го загубил заради долгот кон Теодос, смислува начин како да си го задржи. Тој е ведар и расположен иако се наоѓа во таква ситуација.
    Дејствието се префрла на група Роми кои бараат нов кум за бебето што им се родило, бидејќи стариот умрел. Според обичајот, првиот што ќе наиде треба да им стане кум.
    Арсо ги здогледува и почнува да си замислува колку би било убаво прв да нагази Теодос за да може да му се потсмева.
    Прво налетува пијан селанец, кого Арсо едвај успева да го одврати. Му нуди да оди кај него дома каде ќе му дадат газија и сол, но сомничавиот селанец не може да прифати дека некој ќе му даде нешто без пари или друга услуга. Арсо успева да го убеди дека на тој начин сака да си ги искупи гревовите, а симпатиите и довербата ја добива кога му кажува дека се тие исти, дека и тој чека пајак-крвопиец кој заради долгови ќе му го лапне лозјето.
    По него се појавува и Спиро, слугата на Теодос, кого исто така многу тешко ќе го врати, но сепак успева. Му дава клуч од дома, кој божем го заборавил кај себе, па неговите не ќе имаат со што да заклучат. Ако не оди Спиро, ќе мора да оди Арсо, па така Теодос повеќе ќе се нервира чекајќи го да се врати.
    Конечно, патот е расчистен и се појавува Теодос. Тргнуваат заедно кон лозјето, но Арсо се подвраќа божем заборавил нешто таму каде што прилегнал да го чека, а Теодос продолжува сам - нагазувајќи право на бебето од Ромите. Тој се наоѓа во небрано, но никако не сака да прифати да им биде кум.

    3 чин

    Дејствието се случува на Арсовото лозје, каде Теодос ја проценува неговата вредност. Таму доаѓаат Ефка и Стојанка. Арсо се обидува да и помогне на Стојанка и да го одоброволи Теодос. И покрај фалбите на Арсо, дека таа е убава, вредна, брза, чиста, Теодос се однесува надмено, не сака да ја погледне и луто ја навредува неприфаќајќи ја чашата со вода од нејзината рака.
    Се слушаат свирки од далеку и се приближуваат Ромите за да го развеселат својот нов кум. Арсо ликува заради чувството што тие го предизвикуваат кај Теодос. За уште повеќе да си поигра со него, му вели да се скрие во колипката која е нечиста и полна со болви. Теодос ќе мора и таа грозотија да ја истрпи, само за да избега од поголемото зло. Ромите со свирките, мезето и ракијата, се подготвуваат да си одат, бидејќи не го нашле Теодоса, но Арсо им дава знак и тие велат дека ќе одат дома кај него. Вознемирен, Теодос излегува од колибата, целиот извалкан и прекриен со слама. Од мака, иако прво одбива, тој заседнува и почнува да пие со Ромите, прво од чаша, а потоа и од заедничкото шише. Тој никогаш не пиел алкохол, не пушел, а најмалку помислувал да седи со Роми и да го прави тоа со нив. Не може да се помири со тоа што му се случува и вели:

    Теодос: Јас на овој ред! Јас ова да го дочекам во мојот живот... Е, што ти бил животот. Лажовен, лизгав: одиш, одиш, исправен, силен, чист и - одеднаш паднат во кал, извалкан, смачкан... Живот!...

    Ромите и Арсо успеваат да го фатат Теодоса и на оро, па дури го натерале да го заводи орото, како вистински кум.
    Доаѓаат жените, Кева и Наца со ручекот и не можат да им поверуваат на очите. Тогаш и Теодос се освестува и почнува да го негира и одбива кумството. Се појавува и Томче, и тој како татко му опијанет. Решен е да го истера своето по секоја цена. Тој дури се заканува со нож дека ќе се избоде, ако татко му не му даде благослов за Стојанка. Теодос, сосема избезумен, очаен, ромски кум и самарџиски сват, не може да најде излез. Тогаш Арсо, во замена за лозјето, му нуди помош. Му предлага да му дозволи на Томче да ја земе Стојанка, но и да го земе кумството. Томче се би направил за својата љубов и затоа ја прифаќа спогодбата.
    Теодос исмеан дури и од слугите си заминува да се скрие од срамот.

    Четирите етапи во драмата се:
    1. експозиција - семејната атмосфера и прикажување на доминантниот лик;
    2. заплет - воведување на конфликтот меѓу Арсо и Теодос;
    3. кулминација - подметнувањето на кумството;
    4. расплет - ослободување од кумството и дозволата за женидба.


    Ликови

    Во комедиите на интриги, ликовите не се целосно изградени, туку се типизирани (со нагласени особини).
    Чорбаџи Теодос е претставник на власта и парите. Тој сите ги гледа од високо, со понижување, потценување и ароганција (и жена си и сина си). Тој е жртва на сопствените предрасуди и фрустрации.
    Арсо е претставник на средниот сталеж кој се повеќе тоне заради крвопиите како Теодос. Тој е благороден човек кој освен на себе си, сака да им помогне и на другите (на Стојанка и на Ромите). Ја смислува целата интрига затоа што е бистар и снаодлив, зашто е ведар дух, а и сака да го види својот крвник малку да падне за да го исмее и барем малку да му биде полесно на душата.
    Томче е младо момче кој е носител на новото, поинакво сфаќање, кој сака да се ожени од љубов за многу сиромашна девојка. Тој е патријархално воспитан, го цени, почитува и се плаши од својот татко. Без негово одобрение тој нема да се ожени.
    Кева е сопругата на Теодос која би требало да живее убаво, богато и лагодно. Но, во патријархалниот дух и таа му е потчинета, работи се за да му угоди на домаќинот, се плаши од него и од неговите бурни реакции, се плаши да му се спротивстави и да го каже своето мислење.

    И уште две по кратки за Чорбаџи Теодос..
    „Чорбаџи Теодос“ е уште едно врвно остварување на маестралниот Васил Иљоски, чии драми и до ден денес се популарни кај читателите, а нивните изведби на сцена претставуваат апсолутен рекорд. Според видот оваа драма е комедија, напишана во три чина, во којашто главно и централно место заземаат деспотизмот, педантноста, лихварството и точноста, болни особини, насликани токму преку ликот на чорбаџи Теодос. Или уште подобро кажано во ова свое дело Иљоски ги исмева карактерните особини и недостатоци на чорбаџискиот перфекционизам.
    Дејството во драмата се случува во Скопје, во турско време. Збунетоста кај ликовите е присутна уште од самиот почеток.
    Часовникот застанал, а чорбаџи Теодос сè уште спие. Тој доцни на средбата со Арсо, чие лозје треба да го превземе поради неплатен лихварски долг. Ниту неговата жена Параскева, ниту неговиот син Томче, а уште помалку измеќарите Спиро и Наца, немале храброст да го разбудат чорбаџијата и да се соочат со неговите критики. Кога Теодос конечно станува, забележува дека доцни и како по обичај најпрво им замерува на сите што не го разбудиле, а потоа тргнува кон лозјето на Арсо, којшто веќе е помирен со мислата дека ќе остане без лозјето. Додека Теодос сè уште е на пат, Арсо забележува група Цигани со новороденче, кои го чекаат кумот - односно првиот што ќе наиде. Арсо потајно се надева дека Циганите ќе го задржат Теодос и тој ќе заборави на неговото лозје. Дел од тоа и навистина се случува.
    Чорбаџи Теодос наидува и Циганите од тој момент му се залепуваат како пијавици, велејќи му дека тој е кум на детето. Теодос строго се противи да се ороди со Циганите, сметајќи ги за нечисти и црни. Тие за него се само обично ѓубре, под чии нокти има само црна кал. На моменти и се ослободува од нив, но Циганите повторно се враќаат со музика, мезе и пиење и како кум на детето го принудуваат да јаде и пие со нив. Тој упорно се противи и одбива да го стори тоа, но нема каде да побегне кога дознава дека целиот град веќе знае дека тој јадел, пиел и се валкал по земјата со Циганите. Едноставно пропаѓа од срам и сака да го голтне земјата. Подготвен е баш на сè само за да се ослободи од наметнатото кумство и од Циганите.
    На крајот оди и против сопствените принципи - дури и му дава благослов на својот син за да се ожени со сиромашната девојка Стојанка, за која порано не ни сакаше да слушне за таа да му биде снаа, со цел тој да го превземе кумството, а исто така одлучува да го почека Арсо да му го врати долгот, без да му го одземе лозјето. Тоа е цената што чорбаџи Теодос треба да ја плати за да се куртули од „неволјите“ во кои западнал...

    Лица: ТЕОДОС, богат трговец и лихвар; КЕВА, неговата жена; ТОМЧЕ, негов син; СПИРО И НАЦА, маж и жена, слуги на Теодос; СТОЈАНКА, сиромашна девојка; АРСО, бакал...

    Во дидаскалиите автрот подробно ги опишува ситуациите и состојбата на ликовите.

    Драмата започнува во простор исполнет со ред и чистота, рано изутрина пред да изгрее сонцето. Но и покрај сиот склад и гламур во домот, со самото појавување на Кева, се чуствува зачмаеноста. Таа е покорна, остарена, се плаши да го разбуди својот маж. Нивниот однос е сосема подреден, таа робува на неговата бесчуствителност. Во разговорот со Спиро и Наца, узнаваме за проблемите на тогашниот живот. Се провлекува проблематиката на материјалното со она на љубовното, односно проблемот на патријахартот преку однапред склучените бракови без прашање на главните ликови во него. Судбината се поигрува, како што ниту Теодос не е прашан во младоста дали би сакал да се ожени со Кева, а ниту пак таа, така сега ниту Томче не се прашува за неговата иднина. Од разговорот помеѓу Ефка, тетката на Стојанка, и Кева, узнаваме дека тие се вљубени, но дека нивната љубов не му годи на Теодоса, за него таа е Циганка, со црнки под ноктите. Ефка и Кева имаат намера да наместат средба на нивата помеѓу Теодоса и Стојанка, сакаат таа со нејзиното воспитание малку да го омекние, за да се предомисли.
    Комиката е присутна, Спиро е како еден вид нејзин стожер, неговиот поглед на сетот е низ призмата на смеењето, а тоа се гледа најдобро во ситуациите околу стравот да се разбуди газдата. И Томче е исплашен. Доцнат со будењето, со што откако Теодос станува ги куди сите.

    Вториот чин се одвива на отворено. Најпрвин Разговараат Ефка, Стојанка и Томче за настаните. Стојанка е понижена од однесувањето на теодос, а нејзиниот сакан не може да ја одбрани. Ефка го советува Томчета да се опијани пред разговорот, нешто по кое овој ќе ја изговори репликата:
    „Или да се опијам, или да се убијам...“

    Потоа на сцената се појавува Арсо, кој го чека Теодоса и ги приметува циганите. Тие бараат нов кум, а адетот е да им биде кум тој што прв ќе налета на нив. Арсо, поигрувајќи се со останатите, ги мести настаните така што Теодос прв доаѓа. Тој најпрво се противи, но Арсо успева да го убеди. Теодос се опива од ракијата притоа гадејќи се од шишето и од навиките на циганите. Тој не може да се помири со несреќата.

    Третиот чин продолжува во лозјето на Арсо, тој всушност иако му е борч на Теодос, не сака да му го достави лозјето, сака, за парите, Теодос да го почека уште малку, но Т. Не се согласува. Но сега Теодос е во други маки, а доаѓа и Томче. Тогаш на Арсо му текнува како да ќари од настаните, како да ги прескокне нечовечкото во чорбаџијата. Се договараат Томче да го преземе кумството ако му биде дозволено да се ожени со Стојанка, а и лозјето да остане не гибнато. Теодос се согласува, тој ги прекршува своите принципи поради своите недостатоци, нему му е пречка сликата на граѓаните за него, тој по микоја цена не смее да биде цигански кум. Доаѓа до прекин на патријахалното кобно однесување- за љубовта да одлучува третиот, неискрениот и нељубениот.
     
  15. Blabla16

    Blabla16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    118
    На мене ми треба нешто за Рајко Жинзифов и за неговото творештво, како и за Зборникот на Браќата Миладиновци меѓутоа тоа да не биде копирано од википедија или од некоја друга веб страна. Ако имате некаква инспирација или ако некоја од вас има сочувано некој состав од средно на овие 2 теми - ве молам помогнете :^)
     
  16. emi20001000

    emi20001000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Може да ми смислите состав на тема Книгата прозорец кон светот :D ми треба за утре сабајле :(
     
  17. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    5
    Девојки итно ми треба помош, утре правам последна писмена и ми е многу важна
    Се работи за насловот
    КУЛТУРНО-ИСТОРИСКАТА ВРЕДНОСТ ЗА ПОЈАВАТА НА ПРВИТЕ ПИСАТЕЛИ НА НАРОДЕН ЈАЗИК И ПРВИТЕ ПЕЧАТЕНИ КНИГИ
    Ве молам ако има некој нешто слично на ова да ми помогне, или да ми кажете страна каде што можам да побарам помош
    Благодарам однапред :)
     
  18. mariamaria

    mariamaria Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дечки може ли да ми напишете некој состав за ликот на Аџи-Трајко? :))
    Однапред благодарам :)
     
  19. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    5
    Девојки...ми треба итно состав на тема Две мајки-две инспирации..според афтобиографијата на Гриогор Прличев..па ве молам ако не ви е тешко..да ми погомнете..
     
  20. tina55

    tina55 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Помош!!!

    Ве молам помогнете ми утре правам писмена по македонски јазик на теми:
    тинајџерството, драматизација за топлината во моето семејство и лектирата Марта.Ако може барем една тема да напишете. Ви благодарам однапред!
     

Сподели ја оваа страница