Сос за шпагети

Дискусија во 'Рецепти' започната од milena-21, 25 ноември 2009.

  1. milena-21

    milena-21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Пишете некој интересен сос за шпагети. Јас правев неколку, но сакам да пробам нешто ново. Пишете некој што веќе сте го пробале и е вкусен :roll:
     
  2. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    78
    овој сигурно го знаеш ама мене ми се допаѓа
    запржи сецкани шампињони, откако убаво ќе заруменат, додај брашно, пропржи уште малку па додади млеко (сол и зачинки по вкус)
    пиши некој од тие што си ги пробала
     
  3. Mija

    Mija Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    19
    Најпрвин потпржуваш мелено месо со малку кромид и вагета и откако ќе биде готово додади кечап или може и рендан патлиџан и остави го тоа уште малце да динска.После само додади го на претходно сварените шпагети :)
    Пробај па можеш да ми пишеш како ти се допаѓа. Поздравче
     
    На TheSecret, bebeto93 и Sm.real им се допаѓа ова.
  4. majatri

    majatri Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    20
    Јас најчесто зимам од готовите сосови во тегла и ги додавам во испржено мелено месо, во нив си има зачини и вкусни се.
    Или пак ако немам пржам месо, додавам патлиџан, или полесно, доматно пире, претходно може кромид па и некое лукче ако јадете плус зачини и толку.
    Поздрав
    8)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyketi

    babyketi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    502
    На маслиново масло се пропржува еден кромид и пола главичка лук-сецкани.
    Се додава сецкана сланина по желба од 200-300гр.
    Се варат шпагетите (пола од 500 гр.) и откако ќе се процедат се враќаат во тенџерето во кое се вареле и им се додаваат две јајца изматени со малку бибер.
    Откако јајцето и шпагетите ќе се соединат,се додава испржената сланина(цело тавче) и се промешува.
    Оди добро со црвено вино.
    БОН АПЕТИТ!
    Иначе рецептот го кажуваше Том Круз во Опра шоу.
    Пробан ми е и многу е вкусен,а многу бргу се прави. ;)
    Поз.
     
  6. vesna11

    vesna11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Рецепти за сосови еден куп ама најдобар е кога ќе си направиш гулаш па со шпагети мммммммм немам зборови
     
  7. LaRagazza

    LaRagazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    86
    Сланина сецкана на парчиња малку се пропржува,после се цеди зејтинот само сосема малце да остане на тавчето.После тоа се додаваат печурки, малце да се пропржат и на крај се додава БЛАГА хопла (ама ке ја посолиш со вегета или сол и ќе ставиш кари и оригано малце) Се пржи се заедно десетина минути додека не стане густа хоплата.Се јаде со макарони,вкусот е прекрасен не се осеќа дека хоплата е блага.Пробајте
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.780
    Допаѓања:
    10.950
    Си го направив вчера, и супер ми дојде:
    Мала главица кромид и едно чешне лук ситно сецкани се пржат на тивко, да омекнат сосема.
    Кога ќе бидат испржени, се додава една мала конзерва туна и се меша. Се додава сос од домати (може Томатело, за да биде потечно), пола лажичка сенф и неколку ситно исечкани маслинки. Се меша да стане густо, се зачинува со сол, бибер и малку оригано. Јас си ставив и кари, но ако не сакате мешавина од зачини, останете на провереното оригано.
    Кога ќе се искрчка добро сосот, се полева врз шпагетите. Ептен е вкусно.
     
    На teletabis4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pavlina64

    pavlina64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Се зема пола литар неутрална хопла , се додава 1-2 чаши вода , се загрева. Се додава 2 кеси ,,Фант болоњезе сос“ се вари колку да се згусни. Се прелева преку варени тестенини (за овој рецепт јас користам машнички) . Одозгора се става 2-3 виршли сечени на тркалца. Се става да се потпечи. Пред вадење се посипува со рендан кашкавал . Се враќа уште малку во рерна. Многу е вкусно, зачините од ,,Фант болоњезе сос“ му даваат посебен вкус на ова јадење.
     
  10. Peace.Love.Happiness

    Peace.Love.Happiness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    18
    Јас правам обично едноставен сос со зеленчуци...
    На маслинов зејтин ставам сецкан кромид, додавам, печурки, пиперка, и на крај патлиџан... Патлиџанот кога имам повеќе време го потпекувам во рерна и после го лупам и го ставам во сосот.
    Многу брз едноставен и лесен, а што е најважно вкусен сос....
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    1.337

    Како бе блага? Онаа што е за торти? :o
     
  12. gorgi-dzole

    gorgi-dzole Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Најубавоо иа и многу го јадам го обожавамм ИТАЛЈАНСКИ сос БОЛОЊЕС СОС прекрасноо..
     
    На kuklica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    3.539
    Eve vi domasen recept za bolonjeze sos za spageti. Zemate 2-3 glavici kromid i 2-3 morkova, kromidot go seckate mnogu sitno a morkovot go izrendate na rende na najsitnata strana, polijte so voda da ja pokrie celata smesa i malku povekje voda od smesata. Seto toa se vari na tivok ogan dodeka ne ispari celata voda. Pred da ispari celata voda dodavate 400-500gr meleno meso i malku zejtin (puter...) i go przite dodeka ne ispari celata voda i se isprzi mesoto. Pred da se isprzi mesoto dodadete sol, vegeta...zacini po zelba i kecap okolu 200-300gr zavisi po zelba.Seto toa dobro go isprzite. Spagetite gi samo svarete i izmijte so ladna voda, ne gi prevaruvajte da ne bidat tolku meki i posipete so sosot. Vo sosot po zelba moze da se dodade i 2-3 lukcinja iseckani sitno ili drugi zacini po zelba, nekoi stavaat origano, no prvicnata ideja e taa i e fantasticen ke vi se dopadne ;)
     
    На stojanovskasa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivana3

    Ivana3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Прочитав се и тотално утнување-можно ли е толку нездрави продукти да конзумирате, само прженици и тоа месишта, грозно. Храната динстајте ја секогаш со малку вода, поклопено тавче на тивок оган. сланина и такви причинители за болести се оут, покрај овој турбо ацтион, стресен начин на живот.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ivana3

    Ivana3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Доволно е да издинстате печурки, не додавате вода во нив,зашто како знаете тие самите пуштаат значителна количина од нив самите, значи сосема малку-може и на крајот одкако течноста ќе испари, попрскувате маслиново масло или масло по желба и еден испасиран лупен домат, се зачинува по желба и тоа е тоа-здраво и вкусно. задолжително сецкано лукче на крајот, повторно по желба на конзументот...
     
  16. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    10.644
    вака:ставате маслиново масло или масло за готвење,откако ќе се загрее се истура сос од домати или може замена кечап..(може претходно и сецкани домати малку заедно со сосот)..се пропржува малку па се додава лукче сецкано,може чили или ако сакате сецкана лута пиперка..бибер,сол..тоа се се пропржува..колку малку да згусне сосот и на крај босилек..ова најмногу оди со шпагети..а може и со макарони или др тестенини кој си сака..за да биде јадењето до крај целосно вкусно, со ова јадење оди и чаша црно вино ;)
     
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    931
    Сос за шпагети купувам од КАМ во кесичка е и тоа се пржи со мелено месо.За мерак :D
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    26.848
    Да, одличен е. ;)
    Што се однесува до здравиот начин на живот, не верувам дека некој ги јаде секој ден. Така да еднаш во неделата сите можат да си дозволат каков сос сакаат, макар бил и со сланина. Мое мислење. Животот е за уживање и нема да трае 150 години, а да се разбереме - тие прженици се далеку повкусни од секакви блуткави, безлични, безвкусни додатоци и јадења. ;) Колку години од животот може да ти одземе сосот за шпагети како нездрав додаток? Јас сум подготвена да ризикувам :D признавам гурман сум, сакам зачинето, сакам убава храна.
    Скоро сите сосови ми се допаднаа, ќе ги пробам сите, до еден ;)
     
    На Valentina.Vaki, joana18, danielka0507 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Женски
    Јас многу го сакам овој сос кој често го правам и многу е едноставен и вкусен.
    Се пржи еден кромид,потоа му се додава лук,па печурки се тоа се пржи заедно и на крај кечап(пикантно лут) и се меша додека да се згусне.Јас ставам и оригано за мирис :)
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.760
    Допаѓања:
    2.440
    Потребни состојки:
    малку Црн пипер
    500 грама Тиквичка
    малку Сол
    50 грама Печурки
    1 Мешан зачин
    75 милилитри Маслиново масло
    2 чешниња Лук
    100 грама Домат
    1 Главица лук
    300 грама Шпагети


    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 20 мин.

    За сосот од тиквички, излупете и тенко исецкајте ги лукот и кромидот, а тиквичките исецкајте ги на долгнавести парчиња.

    Остатокот масло загрејте го во тава за пржење, додадете го лукот, кромидот и тиквичките, па динстајте околу 3 минути, повремено мешајќи.

    Додадете ги зачинските билки и динстајте на тивок оган уште 1 минута, па додадете ги печурките, солта и црниот пипер.

    Доматите исецкајте ги на ситни парченца и додадете ги во тавата.

    Кратко загрејте, повремено мешајќи. На топлите шпагети ставете им го сосот од тиквички и послужете.


    Доста вкусно ми изгледа ова. :)
     

Сподели ја оваа страница