1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сос за шпагети

Дискусија во 'Рецепти' започната од milena-21, 25 ноември 2009.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Сос ала Георгина :)

    Неколку зрели домати ги лупам и ги сецкам на ситни коцкички, ги пржам на загреан зејтин, додека ги промешувам си ги пасирам со вилушката се додека не се добие некоја средна густина. Ги зачинувам со сол, малку бибер, ситно сецкан магданос и оригано. Со зачините пропржувам уште малку и ги тргам на страна. Некои ставале и лук ама пошто јас нејќум со очи да го видам ми се чини дека оваа варијанта е подобра :D

    Откако се спремни доматите, исто во малку зејтин пропржувам претходно средно исецкани печурки ( само да не бидат во тегли, конзервирани и тако даље) значи свежи ги има во маркетите наравно, заедно со коцки кулен. Во ова ставам само маалку вегета.

    После ги мешам заедно со доматите, не знам за вас ама мене на овој начин некако ми се многу позадржани вкусовите отколку да бутам се во доматите и да ги пржам заедно.

    Претходно сварените и изладен шпагети ги полевам со сосот и одозгоре рендам мнооогу кравјо сирење.

    Мераци ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Браво бе жени за рецептите :clap: Некои од нив и пробав, вкусни се.

    Јас знам еден многу лесен рецепт. Ќе ставеш да се пржат кромид и печурки, па потоа ги додаваш веќе сварените шпагети. Ќе го ставеш потребниот зачин и ќе изрендаш кашкавал. Кога тој ќе се стопи ќе го сервираш во чинија и ќе си ставеш мајонез и буковец. Мераци! Да го пробате!

    И совет плус: Кога и да подготвувате сос ставајте босилек (една од тајните на италјанската кујна).
     
  3. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    сосот од печурки му е мајката го има во секој супер маркет ако не пробате ке се каете :)
     
  4. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Го обожаааваам! :)

    Значи : Затоа што сум антиталент за овие работи :tmi:

    Мајка ми го прави некако со мелено мевце , со доматчиња...со некои си зачиини ...ама битно мене ми е најубав !

    Прсти да излижеш. Еве сега баш ќе и побарам :)

    Ете јас... не кажав ништо корисно .. само да си кажам дека мноогу сакам зачинета храна :rofl: :lol:
     
  5. n.a.k.e

    n.a.k.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    7
    sos znam samo eden...koga ke pustats na ogin mast ili puter togas ke dodades edna konzerva riza i malce kecap i se przi i potoa go prelivas na makaroni ili spageti ;)
    [mod-kirilica:2pfahq0f][/mod-kirilica:2pfahq0f]
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Сос од модри патлиџани

    На загреано масло се пропржува исецкан кромид.
    Потоа се додава некоја сецкана салама, може и сланина или малку сварени пилешки гради. Што ви се наоѓа. :)
    Во меѓувреме, модриот домат (доволен ви е еден) се сече исто на коцкички, се посолува и се остава малку во вода, некои си 10 минути, да омекне и да се обари.
    Се додава врз пропржениот кромид. Го пржите така неколку минутки на потивко, додека не добие некоја златно-кафеава боичка и не омекне.

    Готовиот сос, јас го земам најчесто оној од Кам маркет, се мешка со 200 мл. ладна вода, или 250 зависи која густина ја сакате и се додава врз кромидот и модриот домат.

    Се остава да се свари на потивок оган. Доколку ви е редок, додавате лажица брашно, малку кечап или доматен сос од тегла.
    Ако ви е премногу густ , нормално си додавате вода додека не го разредите.

    Од зачинки - по желба, сол, вегета, кари, оригано, рузмарин, ма што ви душа сака.

    На крајот откако е сварен и сте ја добиле посакувана густина, додавате свежо исечкан магдонос и лук.

    Полевате врз сварените шпагети, тестенини, врз него наросувате пармезан и доживувате оргазам.
    :P
     
    На Samomarija.056 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ Jас имам јадено макарони со сос од модар патлиџан и рендан кашкавал, и пред да ги пробам бев скептик, ама од кога пробав :mm: :mm: :mm: :mm: ми се заарни!
    а јас сос бучкуруш си правам, мајонез сиренце и тоа :)
    некогаш томато сос со пржено мелено и рендан кашкавал во самиот сос, супер е исто ко лазања, ама го избегнувам тежок ми е на стомакот
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    И мене меленото месо после ми прави тегоби во желудникот. :(
    Во комбинација со сос е желудочно убиствено. :D
    Затоа бирам пилешко, печурки, зеленчуци... имам и еден сос со рендан морков, за него бев многу скептична, зашто обично го прткам од супата подалеку :D , ама сосот е неверојатно добар.
    Морковот во комбинација со доматен сос како Томатело оди фантастично.

    Да го најдам ќе го напишам и него. ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па тоа ти е нешто као болоњезе нели? Или се лажам? Само јас и месото нешто посебно не се дружиме веќе - онака, од зорт ептен :lol:

    Се варат морковите и се пасираат. А претходно сосот се прави нешто као Георгина што пиша. Значи зрели домати исецкани па пасирани, со зачини - обавезно босилок а јас додадам и малку конзервирано пасато (пасирани домати) чисто онака да загусти сосот и потоа се додаваат пасираните моркови.
    Зачини: црн бибер, малку вегета, босилок (свеж по можност), оригано исто свежо, и во сосот ставам рендан пармезан. Ова една Италијанка ме научи.
    Башка што одозгора ставам пак многу пармезан. Абе да можам од пармезан би живеела :D

    Во суштина сфатив една работа, да ми го поживее Господ сто години оној кој ги измислел тестенините, затоа што за сосот е лесна работа после особено ако човек има малку имагинација за готвење.
    Најлесното нешто што може да постои и мислам дека ретко кога може да утнете некој рецепт.

    Основата е таа. Па сакале вие после додадете малку лук, или сецкан пропржен кромид, или сецкана шунка, или сланина, или печурки.

    Белата варијанта на сосовите е исто варијабилна. Јас обавезно пропржувам прво една главица кромид, потоа додавам зачини, залевам со слатка павлака, додавам едно триаголниче зденка сирење за загуснување на сосот, и додавам сецкан рокфор (затоа што обожавам мувлосани сирења). Евентуално на кромидот пред да ја додадам павлаката додавам печурки и ги пропржувам. Евентуално ако сакате карбонара се додава јајце нели и сланина се пропржува исто.

    И што би рекол Оливер Млакар - и једна жлица вегете. Јас правам варијација - и пуно пармезана на крају :D

    Абе вива л’Италија - не спаси од стоење покрај шпорет со саати а сепак не најаде сите :)
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е истиот сос со домати и босилок јас го правам, ама понекогаш додавам и свежа краставица. :)

    Значи излупена свежа краставица исецкана на тееенки кругови се пропржува со сецкан домат ... се додава сос или кечап или нешто слично што имате. Кој сака може да додаде чили или сецкана зелена лута пиперка ... се зачинува со сол, бибер, ситно сецкано лукче и на крај обавезно босилек. Се поливаат шпагетите ... И имате превкусни шпагети на мени ... Ова оди добро со винце. :d:
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Свежа краставица пржена??? :puke: Краставицата е можеби единствениот зеленчук кој не би препорачала термички да се обработува.

    Јас во последно време сосови правам единствено кога правам лазањи, и тоа е секако болоњезе за кој има доволно рецепти овде. Кога не ме мрзи си правам и сос со стек.

    Се сецка стекот на коцкички, се зачинува и се пржи. При крај на пржењето додавам домашен сос од домати. Ставам врз шпагетите, наросувам оригано.

    Некогаш само испржен стек накоцки, одозгора рендан кашкавал и малку кечап.
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050

    Свежа краставица пржена??? :puke: Краставицата е можеби единствениот зеленчук кој не би препорачала термички да се обработува.

    Ти не си пробала па да кажуваш дали чини или не.
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    И мене ми е чудно пржењето на краставицата- не сум ни помислила дека може да се пржи зеленчук кој 90% се состои од вода :wasntme:
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ее и мене ми беше чудно ама се додека не пробав. Затоа не е лошо да се проба прво па да се коментира, нели... :)
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Имам пробано еднаш ПО ГРЕШКА.

    Не баш апла пржена во зејтин, туку напраив сендвич па го стаив на тостер, а внатре претходно стаив и краставица зашто првично беше планирано свеж да го јадам. Леле луѓе коа пробав ми се згади животот. Тоа краставицата се исушила, се згужвала, башка добила и мирис некој гаден, го умирисала и лепчето, а за вкус да не коментирам. :puke:

    И си мислам тогаш... добро Мајо каде си видела и чула краставица да се готви?! Нигде. Али еве сега слушнав од Јуле :lol:

    А да ја пржам во зејтин, не ми иде бре... Исто ко лубеница да стаавам да пржам.
    Али како сакате, секој со својот вкус ;)
     
  16. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Во лето нај‘есто го правам овој сос :

    се рендаат 3-4 свежи претходно излупени домати се ставаат во тавче да севарат да се згусне смеата -да се направи пола и се додава маслиново масло сол и мало лажиче шеќер да ја неутрализира киселоста на доматот свеж босилек вегета бибер . Сосот се става на сврените шпагети и одозгора се става мнногу пармезан.

    Бел сос :

    Пола литар неутрална павлака се загрева нативок оган се додава рендан кашкавал да се стопи се додава 2 лажици кечап или доматно пире малку сецкана шунка и се зачинува со сол бибер и вегета.

    Овој сос е многу потежок и брзо заситува . :)
     
  17. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Јас кога правам шпагети обично си ги јадам со кечап, павлака и еден куп рендано сирење. :inlove:
    Иначе многу се вкусни и со пропржени шампињони, и пред да ја извадите тавата од оган се додава павлака и малку сол. Може и некој зачин, по вкус. Како кој си обожува така нека си ги прави :)
     
  18. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Најдобар сос за шпагети ми е фунги. Свежи шампињони, павлака за готвење без шеќер и тоа е тоа. Мн едноставно, брзо а вкусно.
     
  19. malena-mk

    malena-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    лажица маргарин
    1 павлака
    200гр. фета сирење

    измиксајј доброо и додај во шпагетите :D
    највкусно!!!
    а и може да се користи како намаз...
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Majка ми пржи сецкана сланина, со печурки и многу оригано, и после од кога ќе се изпржи сланината ја додава палваката да се подрастопи и да се стопли :x сосов е прсти да изедеш
    !!!
     
    На NB86 му/ѝ се допаѓа ова.