1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сос за шпагети

Дискусија во 'Рецепти' започната од milena-21, 25 ноември 2009.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    [​IMG]

    Џули, официјално изјавувам дека се предавам :!: :tmi:

    Го направив сосот за инает, го правев и си викав “ма што и е на таа Џули, се пржеле краставици, е ај да видам жити се што ќе испадне, кај се видело да се мешаат пржени краставици и домати- како ќе и пишам на темата дека не е убаво :devil: “, ама не испадна така :)

    Ги ставив тенко насецканите парчиња краставица, додадов рендан домат и така пржев одреден период па додадов кечап а потоа ставив зачини (црн бибер, малку зачин со лукче, босилек, чубрица и по грешка оригано, додека да сфатам дека не е босилек :lol: )

    Мене ми беше превкусно, нешто ново и поинакво- а и татко ми го бендиса :emo:
    Мајка ми и брат ми не го ни пробаа, грозно им изгледало- ама они се друга приказна :D .

    Дефинитивно ќе го направам пак :*
     
    На enca.69, Trendafilka, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64

    Јас го направив со патлиџан место кечап и не ми се допаѓа така,можда со кечап би било поубаво . ;)
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Бидејќи сите гледам дека сосовите ги правите со запржување на кромид, на една кулинарска емисија дознав дека ако сакате да не ви изгори кромидот, треба да го посолите. Јас не го знаев ова, па може има и други кои не го знаат, па да споделам :)
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Вчера првпат го направив сосот со мелено месо и морам да признаам: се надминав себе си! :clap: :clap:
    Кромидот ситно се сечка (колку поситно толку поубаво- а јас за таа сметка го сечкам на блендер)
    Малку се пропржува, и после се става меленото месо. Ставаме црн пипер, вегета, сол и кари и оставаме месото да се испржи. По 5 минути ставаме маринирани шампињони и доматен сос, јас ставам домашен, бидејќи свекрва ми како го прави....мммхмхмх прсти да излижеш, и така се остава да се крчка на тивко. Во меѓувреме си ги ставаме шпагетите да се варат и така за некои 20- тина минути имаме прекрасен оброк. На крај одозгора малце пармезанче...и лелелеее пак ми се пријаде :D :D :D
    Бон апетит!
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Џули бе! Пржена краставица ај некако, ама кечап во сосот? КЕЧАП? Ова да го кажам на моиве Италијани ќе ме обесат на сред Верона :D

    Мислам кечап и сос за шпагети најголема грешка која може да се направи. Да не мислеше пасато а? :?:

    И? Ја пржевте краставицата? Не можам да замислам, ова ќе да е некој локален рецепт. Чисто некад ако се досадувам ќе го пробам, ама не би да расипувам нешто што е свето италијанско со локални варијации. Извини Џулс :angel:
    Ама не викам дека не ти давам шанса, ќе пробам ;)
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.296
    Допаѓања:
    101.387
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за кечапот. Јас на тестенини ставам или патлиџани пржени или доматно пире. Кечап само на брза храна.
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Кечапот беше во минимална количина, чисто да даде густина- а инаку ставив 4 рендани домати :)
     
    На MistichnA28, julie77 и nena2010 им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ете така. Нена и Пирамид, што сакате ставајте јас си ставам кечап ама многу густ сличен на доматен сос. Додека после во ладни периоди го заменувам со домашен сос. Ви кажа Сесилија зошто се додава.
    И не не е локален рецепт. Туку од ван граници.
    Ако ви е чудно не пробувајте
     
    На MistichnA28 и marama им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.074
    Денес за ручек-шпагети со следниов сос: :)
    Се пропржува лукче на маслиново,се пропржува и сусам-само на тивко да не загори,се додаваат ситно исечкани маслинки(и печурки-јас оти не јадам не ставив),се додаваат зачини-вегета,црн и црвен пипер,потоа се додава една конзерва туна.Откако ќе се запржи малку,се додаваат ситно исечкани малечки доматчиња-шери мислам се викаа,и на тивка убаво да крчка.Се додаваат шпагетите ,се мешаат со сосот оставете ги неколку минути со сосот на оган.
    Бон апетит!Прсти излижавме :mm: :mm: :mm:
     
    На kate-the-great, FBI, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Arogantna

    Arogantna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ми ја погодивте темата значи в крај :D Обожавам шпагети !!!!!!!
    Јас имам малце поинаква рецепта значи место мелено му клавам соја она ситната шо е и супер ми е :D
    другото е иста процедура :P И така ми се јадат шпагети ама пошто никој не ми прај ќе треба јас да се напрегам :D Ама зато сама ќе си јадам па :rofl: Па пробајте ова со сојата и кажете дали ве бендиса или (евентуално :devil: ) не :geek: :lol: :rofl: :*
     
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Пред неколку саати вечерав макарони со ваков сос.
    Ставив во тавче 2 домати(значи нема мерка јас ова дека само за мене доволно ми беа)претходно изрендани,за да не чекате мн да се пржат.
    Додавате малку масло,босилек,оригано и сол,го пржите некое време ќе видите ќе згусне малку,па тргнете го.
    Едноставен а превкусен е!ЈАс над него си додадов и сирнце и се беше ептен вкусно.
     
    На barcagirl.999, FBI и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Еве еден едноставен рецепт за шпагети, пред неколку месеци го пробав и ми стана омилен.

    Се пропржува лукче и дробено сирење, тоа се истура врз шпагетите. Се мешаат шпагетите со многу кари зачин. Се јаде со загреан доматен сос (Томатело) зачинето со оригано.
    И бело вино разбира се. Пробајте, многу е добро. :)
     
    На eli25 и MistichnA28 им се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Meленото месо го прзам малку со кромид и морков ситно исецкани и му ставам сол, вагета, бибер откако ќе се испржи месото ставам Томатело и го оставам така 3-4 минути да прокрчка... готовиот сос го ставам на варените шпагети и си јадам :D њам њам :inlove:
     
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ај и јас да ви го пишам мојот рецепт за болоњезе, велам мој зошто еднаш во недостаток на оној од кесичка експериментирав во кујна и на моиве дома многу им се допадна.
    Рецептот е следен, прво се пропржува кромид, најчесто една поголема лажица и две чешниња лукче, претходно ситно исецкани во блендер.
    Следно е мелено месо,најчесто пола кило, и се мешаат заедно, потоа додавам еден излупен и испасиран во блендер домат и зачини, сол, вегета, малце сушен лук, морско оревче, сушен магдонос и малце рузмарин.
    Се остава да се крчка некое време а потоа му додавам смеса од (една лажица брашно, и две лажици црвен пипер со млака вода-измешани на страна, ама добро измешани да нема грутчиња).
    Откако ова брашново и црвениов пипер се додаваат се остава уште некои 10-20 минути да се згусне и потоа следи една-две лажици доматен сос/доматело или кечап.

    Лукот му дава некој посебен шмек, и затоа ставам првин свеж и потоа и сушен.

    Пробајте нема да зажалите.
     
    На FBI и eli25 им се допаѓа ова.
  15. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Во отсуство на омилениот сос болоњезе, сакав да направам сос од она што го имам дома, што било, само да има нешто да ставам над шпагетите ( или макарони ) :D .
    Малку брашно се става во тава на оган да се загрее, се додава ептен малку млеко колку да не загори, е сега главниот вкус го дава јогуртот, значи се става јогурт, количина по желба, јас ставам повеќе за да има покиселкаст вкус, се додава зачини шта год хочеш :D јас додавам вегета, кари, чили, понекогаш оригано, а најубав излезе и кога му додадов од зачините маги за пилешко со вкус на пиперка, тогаш беше .. :drunk:
    Само внимавајте на густината, да не ви биде премногу течен, ако претерате со јогуртот, додајте уште малку брашно и убаво промешајте.
    Ако сакате да има потежок вкус, додадете малку рендан кашкавал и промешајте додека се растопи. Верувајте, сосот е превкусен, пробајте го, па ќе пишите впечатоци :)
     
  16. MistichnA28

    MistichnA28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7


    Е аман де, и јас ставам КЕЧАП за густина не знам шо е толку чудно тоа ... :roll:


    И јас вака си ги правам и многу се вкусни , а и повеќе ги сакам црвените сосови (тие кои содржат домат во нив) одколку белите сосови за макарони и шпагети . :clap:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Последна измишљотина за сос за шпагети од тоа што имав по дома е -
    На маслиново масло се пропржат 2-3 чешњина лук и се додаде ситно сецкана сланина. Сето тоа убаво се пропржи. На сварени шпагети се наренда кашкавал и одозгора се истури испржената сланина (од маслото врело се стопи кашкавалот и е фантастичен шмек) и најпосле ситно сецкан босилек.
    Што убаво кој си е по мрсначко :$
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MySkin

    MySkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас секогаш си го правам истиот сос :)
    На загреано маслиново масло ставам свежи печурки (исечени секако) да се пржат малце и во тоа ставам доматен сос (Томатело)..после ставам зеленчук,обично златна мешавина тие што се замрзнати,претходно сварени нормално..на крај ставам оригано,кари и магдонос..немате поима колку е вкусно :D
     
  19. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    мене најубав ми е сосот од печурки го има во ес п маркет е сеа за спремање тоа незнам мајка ми е по тоа :D
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Денес ќе правам еден сос за шпагети кој и порано го имам правено, па денес повторно се сетив на него и си реков да го направам. :)

    Се става тавче на оган и во него се пржи пилешкото месо на потенки мали парчиња. Откако ќе се испржи се додава солена хопла и се меша, а во меѓувреме се додава и кари зачин (јас препорачувам повеќе од овој зачин бидејки е повкусно). Настрана, во тенџере се вари мешавина од грашок, пченка и морков (оваа мешавина можете да ја најдете во маркетите).
    Откако ќе се свари во тавчето се додава и од мешавината и така се меша од прилика две минути. Доколку сакате можете да додадете и повеќе зачини во тавчето...На пример вегета, или нане...Меѓутоа овие зачини комплетно би го промениле вкусот на јадењето па не би ви ги препорачала, со исклучок на вегетата секако. :!: Шпагетите ги додавате во тавчето, и се заедно уште малку варите на оган со цел да се соедини. Превкусно е, а и не е многу тешко па можете да пробате.
    Добар аптетит! ;)
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.