Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    Како доаѓа до спонтан абортус? Која е причината за да се случи? Дали бактерии или некои други проблеми или пречки го предизвикуваат? Кои месеци во бременоста се критични и дали може да се спречи спонтаниот абортус? Имам доста слушано, а и мене ми се случи, т.е имав спонтан абортус.
    Ве молам пишете. Ви благодарам.
     
    На Srcu6kaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    187
    и мене ми се случи во првиот месец правев некои тестови се беше у редо и докторо ми кажа дека најчесто заради некоја бактерија доаѓало до спонтан али кај мене се беше во ред немаше ништо и пак го прашав и ми вика тоа неможе да се објасни на секоја 3 и се случува............ти во кој месец имаше спонтан?????
     
    На Srcu6kaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    58
    Еве и јас Ви се придружувам на оваа тема - го поминав истото пред 6 месеци.
    Зошто доаѓа до спонтан абортус?
    Е на тоа прашање мислам дека ниеден доктор неможе да ти даде точен одговор, најчесто причината се бара во постоење на одредена бактерија(хламидија,уреаплазма и микоплазма), исто една од причините може да биде покачен Пролактин, Тиреостимулирачки хормон (TSH), но најчесто драги мои е (го цитирам мојот гинеколог!) НЕКВАЛИТЕТЕН ГЕНЕТСКИ МАТЕРИЈАЛ (јајце клетка или сперматозоиди) КОЈ Е НЕ ВО СОСТОЈБА ДА ПРОДОЛЖИ СО СВОЈАТА ПРАВИЛНА ДЕЛБА, ПА ДОАЃА ДО ЗАСТОЈ НА РАСТОТ И ПРОИЗВОД СПОНТАН.
    Критични месеци - па најчесто сите месеци си имаат своја критичност, мене ми се случи во 3 месец (10 гестациска недела, а плодот стагнирал на 8), на повеќето мои пријателки кои за жал поминале низ ова нашето им се случи во првите 3 месеци, мада не е правило.
    Најболното од се е тоа што ЈА ТЕПА ПСИХАТА НЕНОРМАЛНО ОВА НЕШТО, но има и своја добра страна на некој начин - БАРЕМ ЗНАЕМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ОСТАНЕМЕ БРЕМЕНИ!
    ШТО ЗНАЧИ ГЛАВА ГОРЕ, НЕ БИЛО ЗА НАС ТОА НЕШТО, САМО ОПУШТЕНО, НАПРАВЕТЕ СИ ГИ СИТЕ ПОТРЕБНИ ИСПИТУВАЊА( брисеви и хормони ), И ПО 3-6 МЕСЕЦИ - ВО ПОХОД!
    СЕ ШТО Е ЗА НАС ВЕРУВАЈТЕ ЌЕ СИ ДОЈДЕ!!!!!!!!!!
     
    На Twinkles, feminka85, ddevojce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    187
    тара преубаво си објаснила!!!!!!!!!!ние сега се обидуваме за пак да останам бремена ама ме плаши тоа што еднаш имав спонтан да не ми се случи пак.........
     
    На Srcu6kaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    58
    Драга моја виртуелна пријателке, доколку си ги обавила сите испитувања, значи ПАП-тест, микробиолошки брисеви ( хламидија, микоплазма, уреоплазма и цервикс ), хормони ( пролактин, TSH-тиреостимулирачки хормон и коагулација ) и ако сите резултати се како треба ВООПШТО ДА НЕ СЕ СЕКИРАШ!!!!!
    Пролистај по останатите форуми ќе видиш дека оваа работа се случува само еднаш ЕДНАШ и толку, е сега за жал кај нас двете беше во прашање прва бременост, па сето тоа го проживуваме максимално емотивно, но верувај нема гаранција дека ако ти претходела здрава прва бременост нема шанса да се случи ваков пекол со наредната ( БОГ ДА НЕ ЧУВА! ).
    Јес да е крајно болно и тешко, и дека милион пати ќе ти пројде низ глава ЗОШТО ЈАС, ДА НЕ ИСПАДНАТ КОМПЛИКАЦИИ ЗА НАРЕДЕН ПАТ, ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ( скраја да е! ).......прашања колку сакаш за да се измачуваш сама себе, но имај на ум една работа - мајка природа си прави своја ПРИРОДНА СЕЛЕКЦИЈА и знаеш како,можда е болно ова што ни се случи , но што ќе беше ако плодот имаше некаков недостаток...........не е ова да се тешиме, ова е сурова вистина, и поради таа природна селекција секоја 3 бременост завршува неуспешно :( :( :(
    Болни искуства како нашите има колку сакаш, 99 % имаат одличен финален производ, така да ТУКА СМЕ ДА СЕ ПОДДРЖУВАМЕ, САМО ОПУШТЕНО И СЕ ЌЕ БИДЕ!!!!!!
    Ти посакувам што побрзо II цртички, и ние работиме на случајот, така да СИГУРНА СУМ ДЕКА ОВАА ГОДИНА од оваа тешка тема ќе се отселиме на тема ДЕТАЛИ ОД UZ!!!!!!
    :* :* :*
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    58
    и да не заборавам, тоа сигурно и твојот гинеколог ти рекол - ЗЕМИ СИ ФОЛНА КИСЕЛИНА СО ВРЕМЕ, ЗНАЧИ ПИЈ ЈА НОН - СТОП ДУРИ РАБОТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ БЕБОЛИНО,многу е битна во првите 6 недели од бременоста (кога па баш и не знае жената дали е бремена или не), ја си зедов МАМАВИТ витамини и минерали, 380 ден. , фантастични се нити да се осекаш потечено од нив, нити се дебелееш, а фолна имаат дури 1мг , за разлика од чистите таблетки кои се 0.4 мг што значи се БОМБИ ОД ФОЛНА КИСЕЛИНА :) ;)
     
    На Srcu6kaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    187
    јас од фолната киселина ги пијам folic acid фармацевката тие ми ги препорача и витамин Е од фолната по едно на ден а од Е по две на ден
     
  8. tejcence

    tejcence Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    samo sto pred 5 dena imav abortus vo 10 gesticidna nedela srceto na moeto bebe prestanalo da cuka pa morav da go abortiram a imav i krvarenja,ova mi bese prva bremenost da znaete samo kolku bolno go podnesuvam ova :sweat: mnogu mi e tesko si vikam ke bide podobro i podocna bak sum luta samata na sebe ponekogas nemozam da izdrzam ve molam dajte sovet :sweat:
     
    На Srcu6kaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Beluvce84

    Beluvce84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    tejcence spontan i se slucuva na sekoja treta zena, jas pred 7 meseci imav spontan vo 6 ta nedela i kaj mene bese prva bremenost i mi bese mnogu tesko no mora da imas hrabrost...jas ja sobrav cela sila, bidejki bese bez kiretaza pauziravme posle toa 3 meseci i eve sega povtorno se obiduvam da zabremenam...no nemoj da se deprimiras toa e poloso...bidi silna i hrabra bidejki smao hrabrite uspevaat
     
    На Srcu6kaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stevemila

    stevemila Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Здраво мила. Знам како ти е. Поминав низ тој болен период, најболен во мојот живот. Пред речиси три години имав спонтан абортус во првиот месец од бременоста. Правев секакви испитувања и се беше во ред но, ете јас уште никако да забременам. Поминувам низ тешки моменти секојдневно. Осамена сум и тажна. Сопругот е во Швајцарија, сама сум. Правев HSG проверка на канали и се е во ред, брисеви и тоа е во ред. Пред еден месец бев на лапараскопија и тоа е во ред. Што понатаму? Не се издржува повеќе ова. Со среќа, а ти не биди лута, така требало да биде. Ниедна мајка не сака да го загуби своето бебе. :(
     
    На Srcu6kaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pandelka

    pandelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    64
    И јас го имав пред 11 дена, ми беше 6- та недела, едноставно изгледа не се развиваше, лош спој на хромозомите, сите недели имав кафеаво, акога прокрварев имав силна менструална болка,пред очи ми е крвта што истекуваше од мене и тоа лигавото, добив чистење без анестезија, незнам дали тоа се вика киретажа, затоа што на отпусното пишува ревизија, душа ме боли, поготово после вонматеричната бременост што ја имав септември, и после која останав само со десен јајцевод, докторот што ме чистеше ми рече пауза од 3 месеци, матичниот ми рече 2 /3 менструации, една докторка што мн ја почитувам ми рече 6 месеци, но предходно да направам микробиолошки тестови...се со нешто се занимавам за да не мислам, ама мислите ми се пак таму, и кога никој не ме гледа од дома се расплакувам за да ми олесни малку, ама тежината е голема, кога ќе легнам ќе се допрам за стомак и ќе свенам во моментот, маж ми се труди да ме развесели, се некаде ќе ме однесе за да немислам, но само што ќе видам трудна или бебенце ме кине......но со Господ напред септември, октомври со нови сили, за нов почеток, трета среќа, за близначиња...
     
  12. elenie

    elenie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Eve i jas da podelam edno vakvo iskustvo so vas... Na 22 mart trebashe da dobijam menzis i istiot den ne dobiv, vecherta kupiv test i se pokaza pozitivno... Duri ne mi se veruvashe deka sum bremena..Utredenta bev na lekar se potvrdi bremenost i taka se do 7-ma nedela koga imav bolki vo stomakot kako menstrualni..Na 11-ti April bev na lekar, a denta mi se pojavi kafen sekret i mi dadoa progesteron, vecherta dobiv pogolemi bolki i otidov vo drzavna vo 3am, kade shto pri pregledot prokrvariv:( poludev! Nesakav da ostanam, bidejki vo toj moment bev ubedena deka doktorot me povredi pri pregled, me stiskashe za stomak silno, mi turkashe sonda, mi vikashe deka ne im raboti ehoto i problem e deka nemoze da vidi... Na krajot mi kaza deka go izgubiv plodot vo toj moment, a pri doaganje imashe srceva reakcija. Od tamu otidov vo Sistina i mi napravia Revizija. Poludev, vriskav,plachev, vo toj moment nesakav toa da go prihatam, bukvalno beshe chustvo na gubitok na dete. Sledniot den bev vo son, silno posakuvav da go imam ushte bebeto i taka sekoj nov den, NO sega kolku shto go sakam toa bebe, sakam da pomine pobrzo vreme da imam drugo bebe. Prichinata za gubenje na bebeto ne se znae!!! Pomina 1 mesec ushte nemam menzis, a simptomi imam 1 nedela. Slusham iskustva deka i posle 3 meseci od spontan zabremenuvaat i ragaat zdravi bebinja, dali nekoj ima losho iskustvo, za shto ne preporachuvate tolku rano povtorno da se zabremeni?!

    Dopolnitelno na moeto iskustvo, a mnogu vazno, jas za vreme na bremenosta postojano imav negativno chuvstvo deka neshto ke se sluchi i od taa prichina na nikogo ne kazuvav deka sum bremena. Sekoj stres na rabota go prezivuvav so bolki vo stomakot, odnosno postojano bev nervozna i se mi precheshe i mi se placheshe, koga na krajot od posledniot den od bremenosta kerka mi pochna da povraka, mene ushte poveke toa me voznemiri i zavrshiv kako shto zavrshiv. Dali smetate od nechie iskustvo deka e mozno od napnatost da se dobie spontan i kako bi mozelo da se izbegne voznemiruvanjeto za se i seshto, pa duri i koga nema potreba za vreme na bremenosta??? Dali mozebi e dobro B vitamini vo pojachana doza ili ima neshto shto e bash za smiruvanje na hormonite?

    [mod-kirilica:3pakykgp][/mod-kirilica:3pakykgp]
     
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.432
    Имав три спонтани еден по друг и на ниту една од вас не и посакувам да помине низ што сум поминала јас. Сега фала му на Господ имам две живи и здрави дечиња но пак понекогаш размислувам на загубените.... Зошто починале, какви биле, на кого би личеле....
    Спонтаните станаа многу честа појава. Буквално секоја втора жена што ја познавам има по некоја неуспешна бременост. Морате да гледате напред и да се тешите дека така требало да биде. Како што пиша Тара, природна селекција. А дечиња ке имате сите, ви гарантирам!
     
    На b-baby и tanjadj им се допаѓа ова.
  14. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    25
    Zdravo devojki.... malku me isplasi toa sto skoro site od vas imale kafeav iscedok pred spontaniot. Jas go imam vekje edna nedela propraten so ogromni bolki. :(:(:( Sega e vekje se smireno. Nitu krvaram nitu imam bolki. Bremena sum 6ta nedela i primama Progesteron Depo. Za vreme na iscedokot bev na lekar i mi rece deka izgleda se vo red i deka ke treba da pocekame uste edna nedela za srceto, no jas pak sum isplasena. :( Dali i mene ke mi se sluci istoto??? :(:(:(:(
     
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    253
    офф болна тема еве и јас вчера имав чистење...не развивање на плодот...се утепав од плачење и мене ми е втор спонтан,сега ке треба да чекам да ми дојде вештерката па да помине и да одам на испитувања брис хормони и се тие работи...многу сум тажна...сепак огромна благодарнсот на доктор Триводалиев кој иако прв пат отидов кај него човекот се убаво ме прегледа ми објасни и најбитно ми даде голема утеха и совети...колку е грозно чуството кога те спремат за во сала и свесна си дека еден незапочнат живот згласнал... ;( ;( ;( ;(
     
  16. Beluvce

    Beluvce Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    девојки многу ми е зал за васите загуби, и јас спагам во васиот список, во октомври 2010 на втор обид останав трудна, бев пресрекна кога едно утро се разбудив и видов кафен исцедок кој покасно по 2-3 саати бесе свеза крв на болница ми реце докторкта дека сум 6 та недела но плодот не се развивал, примав таблети вагинално за да ми запри крварењето иако крварев само 3 дена во тие 3 денови преку крв го изгубив плодот.тоа бесе 26 ноември.следна менструација добив на 7 јануари.направивме пауза 4 месеци и ги направив потребните испитувања се ми бесе ок.не ми казаа прицина за спонтаниот освен дека спонтан дозивува секоја трета зена.еве сега од март веке три месеци се обидуваме повторно за бебе, па се надевам дека ова лето ке не израдува.
    SAMO HRABRO
     
  17. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    60
    Леле колку не ја сакам оваа тема.Имав спонтан во 2004,па уште два спонтани во април и септември 2010.Ужас на никој не му го посакувам тоа да му се случи.Имам дворога матка па можно е да е од тоа зависело од местото каде ке се имплантира плодот :?: Но за оние со дворога матка не се секирајте имав нормална бременост во 2007(моето прекрасно синче) и еве сега сум 27 недели бремена знамци не ви треба никаква интервенција за дворога матка.Ке си останите бремени и ке си имате бебиња.А за кафеавиот исцедок кај мене почна кога бев 10 недели бремена и секој ден по малку до денес го имам и не вервам дека ке престани ама еве се е во ред со бебето а во 12 недела и прокрварев црвена свежа крв ама многу малку (само еднас кога се избришав)нормално за се необично со ке се случеше трчав на доктор од страв после спонтаните.А тука после спонтан не прават никакви испитувања единствено почнуваат со испитувања ако имаш 3 спонтани едно по друго .Па кој може да го поднесе тоа???Ама еве сега се е во ред.И кога овој пат останав бремена му кажав на докторот нормално за спонтаните е ако де ми вели.Па кажи некој совет шо да прам ако можам да спречам пак да се случи и знаете што ми рече???Ништо не можиш да направиш(што сите го знаеме ама ете мислев како без секс или такво нешто а тој ништо ебај си се ми вели ) и ми вели до 8 недели 8 од 10 жени имаат спонтани од кои повеќето не ни знаат дека се бремени,зашто некој нели покасно прави тест.Е фала многу докторе на утехата.А во април 2010 имав спонтан после 3-4 дена од како ми каснеше,значи ако не маправев тест и бев на лекар да ми потврдат со крв немаше ни да знам дека сум бремена ќе си мислев само дека ми закаснал овај месец.
     
  18. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Розе СК немој да гледаш се така црно...слушај го матичниот..примај ја терапијата..повеќе лежи одмарај, немој да бидеш под стрес..психицката напнатост многу лошо влиае брз плодот. Смири се ќе биде се во ред со тебе и бебчето
     
    На RozeSk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pandelka

    pandelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    64
    Психата е најлоша, се си мислам дека кај мене беше од тоа, помислата да не сум пак вонматерично ме убиваше, а потоа беше кафеавиот исцедок, треба само мозокот на пасење и премногу лежење, ни тегнење, ни клекнување ништо ич, баталете ко ке ви речат, на пример ко мене свекрвами ,демек тие со толкави стомаци малтер мешале, а ние сме биле премногу кревки, лажицата ни била тешка...btw мене ми помина еден циклус , за некој ден го очекувам и другиот, летово планирам да се опуштам, затоа што ми треба, психички сум катастрофа, се ме носи паметот на двете бремености, од септември здравје со Господ напред, со нови сили, освежени, одиме на трета среќа...Господ на сите да ви помогне...кисче..
     
  20. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    25
    Ете ме и мене со киретажа... :(. Ајде здравје, штом било еднаш, ќе биде пак
     

Сподели ја оваа страница