Дали ќе може да ми дадете идеи за подароци за свадба за кум, старосват и старосватица? Дали е доволно само часовници за машките и ланче и обети за женските или е малку?
ние на кумот му купивме часовник околу 150евра беше плус кожни паричник и каиш. Сингл е, кума немаме а на неговите родители постелнина.
Што мислите, дали е во ред старосватицата или друга блиска гостинка да ја помине цела свадба во иста облека, и дневниот дел и ноќниот?
Па на една другарка и кажаа дека е близок гостин на свадба, дека не требало истиот фустан да го носи и во ресторанот туку требало нешто посвечено. И јас немав слушнато за тоа претходно, затоа прашувам.
Zdravo Za vo matichno se nosi li neshto? Nekoj poklon buket cvekje? prvpat sum starosvatica kaj najdobra drugarka ve molam sovet
Дали вашите старосвати играа некоја улога на вашата свадба? Кај нас беа вујкото и вујната на мм Од Прилеп (со адет дека ќе треба да ја чита молитвата старосватот во црквата Оче Наш) Свадбата беше во Охрид.. Тамо попот и не даде некоја задача на старосватот (старосватицата и да не збориме, таа нели е само пратечи ) И дури ни круните не ни ги смени.. туку само стоеа до нас како поддршка, и кружењето што е нели после..ги придржа малку свеќите, и тоа беше тоа.. Некако во еуфоријата јас не ни придавав значење на ова , но кога ќе се навратам вака малку ми е криво зошто така испадна, како никоја задача да не зададе попот, а си очекувал како старосват некоја улога... Само што си нагласен за старосват, даваш пари,поклон....а нз.. Некако ми падна жал.. Сепак тоа е различно од град до град, но можеби и ние требаше да речеме 'попе,нашиот старосват сака да ја чита молитвата' или 'ќе ни ги смени и тој круните?' Но кај да ти текне се во моментот .. и така Ваши размислувања?
Во скопје никој не чита ништо. Само вино се пие прстени се менуваат и круни, се врти околу масата и толку. За 30мин 100евра
Здравоо дали знаете некоја страна на инстаграм или на фб да ми препорачате за декоративни свеќи конкретно ми треба за декорација на свеќи за во црква
Здраво, Дали знаете, дали би било проблем венчавањто во црква да биде со старосватица муслиманка? Благодарам
Со оглед на тоа што во некои цркви бараат крштеница од сведоците,или прашуваат дали се крстени, да би било проблем.