Не видов до сега ваква тема, но овде каде што студирам има многу девојки кој што се во брак и земаат стипендија без да гледаат просек, даваат некој потврди дека се омажени и толку.Исто така имам колешка која што роди дете пред 1 месец и и дадоа помош од 2000 евра затоа што е студент. Ме интересира дали во Македонија студентите имаат некој вакви права? Или од општината? Знам дека за трето дете имаат нешто, паднавме на муабет па ме интересираат коментари.
А каде студираш? Инаку мислам дека во Македонија студентите кои се во брак се вонредни и имаат такви права.
Немаат таκви пρава, фаκултетот не го засега дали ти имаш деца или не и дали си во бρаκ или не.Вонρеден студент може да биде сеκој, исто и овие лица можатда бидат ρедовни аκо постигнуваат да имаат вρеме за се.Κај над не даваат стипендии на лица κои стваρно заслужиле или имаат потρеба од нив, а не паκ да даваат на овој основ.
Па братучетка ми така ми кажа дека имало такви случаи и затоа кажав така ако сум грешка поправете ме. Иако сум средношколка и јас знам што се случува во нашата држава.
Работава чула не разбрала. Во странство може да дадат по основ дека си добил дете и спаѓаш во категорија социјално загрозени. Ќе му дојде нешто како еднократна хуманитарна помош за да се опреми детска соба и се повзрано со детето. Но и тука треба да се исполнат многу услови за тоа кој воопшто смее да поднесе документи и да ја добие истата. Едно е да земаш стипендија, друго е кредит а трето хуманитарна/социјална помош. Важни се приходите во домаќинството.Мажен не мажен никој не го интересира и на тој основ не се даваат пари. Можат да аплицираат за поголем/заеднички стан во студентски, да бараат социјално...ама на основ венчан не и да добијат стипендија.
Премногу утописка работа! Тамам работа ако спроведат ваков закон, јас одма се мажам. А верувам и многу други. И така студирам, едно парче хартија ако може толку да ми смени, супер, за разлика од другите ќе не мора да лижам професорски газови за 2 поени плус или за семинарска за да имам 10ки за да земам стипендија или да бубам место да учам со разбирање. Толку будали кога за без пари си ја продале младоста и останале бремени само за да се омажат, зошто не би се омажила за една година да земам стипендија. Не бе нема ни да дипломирам и така сега ни диплома не се бара при вработување. Луѓе магистри земаат иста плата со тие со одвај завршено средно хахахахахах Што убаво! Што убаво! Нели вие така сакавте ?
Абе не е за мене, знам дека една со мене што учи многу пари зема па затоа ме интересираше прашуваше како е во македонија Инаку тоа е кога биднало веќе, ај барем ќе си доврши факултет нема да остане како некои што раѓаат и крај.. јбг
^нема правила верувај, тој што сака ќе биде упорен до крај. Јас 2 семестар останав бремена....еве шести го запишав.....бев упорна, беше напорно, ми падна просекот за една оценка.....финансиски е тешко ама морам, со тоа утре лебот дома ќе му го носам.
Па искрено во право си, девојчево ако 2ра година ама цртеж нема пропуштено, со маж и како се слагаат стварно им се чудам. Заедно го чуваат, тој и работи и многу се труди. Нашиов факултет не бара учење така да се снаоѓа...Ете барем не се откажа, за разлика од едно друго девојче што уште 2ри месец незнам дали беше (на роднини на мм им е снаа) остана бремена и толку, ни школо ни работа...Барем ова со стипендииве е добро што можат да продолжат.
Добро е што таа првата студентка не се откажа, ем ќе заврши факултет и ќе си најде работа, ем ќе си го гледа детето. Повеќето прават како онаа втората. Пример мојата снаа од втор братучед. Каде студираш, ако не е тајна?
Во Софија.. Инаку тоа е, уз муабет само збоевме за факултети онака затоа што баш нема ни година кога се омажи оваа другава што е снаа роднини на мм, и знам дека и беше срам да студира и глупо т.е сверква и и забрани уште не и ни дава она да збори, прашувам сега што ќе праиш и свекрва и вика нема да учи, треба да и е чисто дома, јадење абе глупости! Оваа дугава си кажа, ќе си најдам работа после, ем млада ем слободна ќе бидам, да работам и се. Дури планираат да шетаат низ Европа, браво!
Па оваа вторава што се откажа значи не се откажа по нејзина желба,туку по желба на свекрва и,ама мојата снаа од втор братучед има 23 години,а братучед ми 34,а кога се вериле таа ни средно немаше завршено и одела на факултет само колку да се рече дека одела,а инаку вонредна студентка била,сакала да се прави важна и причината што била вонредна студентка била демек бракот и бременоста,а сега се фали дека дипломирала,ова,она,а никаде не може да си најде работа. И за се е виновна власта,демек,а незнае 2 и 2 да собере,Едит:Не живее во Македонија,туку во Албанија живее.
Koга ја видов темава мислев ова го донесле сега како додаток на малоумните мотивациони пропаганди што ги форсира владава. За малку ќе станев блага вода да си земам. Среќа не се десило . Уште тоа фали. Кај не даваат стипендии само врз основа на просек туку ми калкулираат тука примања/давачки, па ај сега уште пред матичен да те испраќаат . После следи она 3то дете. Па кредити за станови. Мижи да ти баам работава. Нема проблем, јас животов на кампањите од владата да го посветам . Се оддалечив од темава тотално, се извињавам, ама ми дојдоа наливи на фрустрации .