Страшни приказни

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од LudaDevojka, 24 април 2013.

  1. LudaDevojka

    LudaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    41
    Кревет.
    Ова е всушност вистинска приказна. Млад брачен пар, веднаш по нивната венчавка, изнајмиле соба во хотел каде што сакале да го поминат нивниот меден месец. Но веќе првата вечер, во собата на хотелот се чувствувала неверојатно лоша миризба. Хигиеничарките на хотелот ја исчистиле собата 3 пати, но миризбата не си одела. Додека парот се пакувал да се премести во друга соба, сопругот случајно го тргнал горниот дел од душекот, мислејќи дека неговата жена таму ги ставила куферите, но наместо куфери, во креветот се наошало полу распаднато тело на жена.


    Кловн.
    Една дадилка во САД, откако ги легнала децата во кревет, решила да гледа малку телевизија додека не се вратат родителите на децата. Но во дневата соба приметила кукла клован која и била морбидна, бидејќи се чувствувала како да ја набљудува. Таа се јавила на таткото на децата за да го праша дали може да гледа телевизија во нивната спална соба бидејќи се исплашила од куклата кловн. Но таткото во истиот момент кренал паника, наредувајќи и на дадилката веднаш да ја напушти куќата заедно со децата. Девојката прашала зошто, а човекот и одговорил бидејќи тие немаат кукла клован а децата веќе му кажале неколку пати дека ја виделе куклата, но тој мислел дека тоа е дел од нивната имагинација. Но веќе било касно за бегање... На крај се испоставило дека тоа не била кукла туку пореметен човек со џуџест раст кој пред неколку недели избегал од болница и се криел во нивната куќа.


    па ајде вие сте на ред :lol:

    ако има ваква тема слободно клуч
     
    На Emchiii, sugarlips, Twinkles и 4 други им се допаѓа ова.
  2. esperansa777

    esperansa777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    224
    ме по*ра oд страв :o
     
    На LovelyGirl3, RiRii и LudaDevojka им се допаѓа ова.
  3. psychic

    psychic Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    1.229
    последната ме уплаши
     
    На elka.timova му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    68
    ^мене пак, втората ме насмеа на крајот
     
    На LudaDevojka и connie им се допаѓа ова.
  5. Dark-Lady

    Dark-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    784
    Мммм обожавам вакви :D
    Еве нешто и од мене:
    Срекен роденден.
    Беше една вечер кога имаше олуја и ветерот дуваше многу силно,а дождот пагаше и удираше по прозорците од мојата соба.Освен дождот и ветрот слушнав и еден необичен звук по прозорот.Бев уплашена а и истовремено сакав да знам што е тоа.Излезов од куќата да видам што е.Видов една мртва мачка како лежи целата облеана во крв.Од страв не можев ни да размислувам. Но кога се прибрав здогледав една порака која на која пишуваше ЧУВАЈ СЕ.
    Веднаш истрачав дома и легнав да спијам.Сонував како некој ми зборува дека или јас ке умрам или некој од моето семејство.Кога се разбудив мајка ми беше над мене и ми кажа дека баба ми умрела.И до ден денес се плашам кој ми го остави писмото. :)




    Бледиот Матијас.
    На почетокот на летото најдобрата другарка ме повика да отидам со неа на неколку дена во нејзината куќа на село.Хелена знае се за мене,како и јас мислев дека знам се за неа.Но втората вечер сватив дека нешто не е во ред. Очиите и беа темни и одвреме-навреме изгледаше како да не ме познава. Кога пристигнавме во куќата нејзините родителе не беа таму,па гледавме филм на ДВД.Хелена одеднаш скокна од креветот и почна да мавта со рацете.Отрча во бањата викајки на некој да ја остави на мира.Птрчав по неа и застанав пред вратата.Кога видов..не можев да им верувам на своите очи.Хелена клечеше на подот а до неа стоеше мало дете,блед во лицето.Слушнав дека нешто и шепоти на увото а потоа си отиде лебдејки во огледалото.Бев во шок не не и спомнав ништо на Хелена дека видов.Идните три дена беше супер.Кога се вратив дома одма отидов кај Хелена да и дадам еден фустан што го остави кај мене во куферот.Мајка и ми ја отвори вратата.Во ходникот стоеше една слика на која беа Хелена и нејзиното семејство и малото дете што се појави додека бевме на село во куката.Јас веднаш прашав кој е тој.А мајка и ми одговори дека тоа било братот на Хелена,Матија.Умрел во првата година,не знам зошто хелена не ми кажа за него,но знам дека малиот Матија се вратил по нешто.
     
    На Twinkles, Aryana, elka.timova и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Dark-Lady

    Dark-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    784
    Еве уште некои од мене. И се извинувам што праќам одговор два пати по ред.
    • Креветот на мртвиот

    Имав 12 години. Да напоменам,уште од 10 години почнав да ги "растам" ноктите - беа цврсти и, за разлика на моите другарки моите нокти виткајќи ги не се кршеа, за тоа секогап,по цел ден ми завидуваа. Конкретно го опишав изгледот на моите нокти, да се вратам на расказот. Ја изгледав ноќната комедија, и отидов да спијам. Си легнав во 12 часот- полноќ. Половина час неможев да заспијам - се вртев цело време. Легнав удобно( на грб), и почнав да го слушам тикањето на часовникот( одбројувањето на секунди). Во нашата куќа ѕидовите се тенки, поради тоа можам да слушам што зборуваат моите родители, на пимер во кујната.И така, си лежам, ги слушам стрелките на часовникот, слушам во ходникот, кој ги спојува двете соби,кујната, дневната и гостинската соба, решив да ја проверам "острината" на мојот слух,и почнав да ги слушам стрелките на часовникот од гостинската соба - ги слушнав и нив.Но заедно со нив, слушнав и тивки чекори. Не ми беше сеедно! Вратата во мојата соба е отворена, и на моите родители исто така, јас слушамкако хрчи татко ми, и како спие мама. Имам една мачка, која живее надвор. Чекорите продолжуваа да тропаат, сега тие како да одеа по ходникот. И одеднаш како да дојдоа до мојата соба и на моите родители, и како да застанаа. (!!!) Моето срце силно чукаше. Нога на ЧОВЕК(по звукот како да беше бос, во почетокот на собата немаме тепих ) стапна во мојата соба. Неможете да си претпоставите колку само ми беше страв! Таа бавно се приближуваше кон мојот кревет.Лежев и почнав да се штипкам по образот за да се разбудам но не беше сон - ги виткав ноктите од страв.
    Гледав најмногу што можам, за да видам што се приближува кон мојот кревет, но ништо не видов. А,тоа доаѓаше се поблиску. И еве го до мене. Слушам тешко воздивнување. Тоа стои одма до мојот кревет.А јас неможам да викнам - како да имам нешто во грлото. И одеднаш викнав. Викав најсилно што можам ! За родителите што посокоро да дојдат, и да ме земат одовде. Дојдоа родителите,го вклучија светлото, а јас -бела, како бел ѕид, а на постелнината капки од крв - не контролирајќи се од стравот си ги разранив рацете . Ни стана јасно, сега купивме нов мебел -но,неодамна имаше стар кревет, на кој јас спиев. Претходниот сопственик умре, оставајќи го сиот свој имот на внуците. Тие го распородадоа мебелот и куќата. Откако човекот ќе умре, се смета дека се што тој користел треба да се запали... Една позната соседка, која била сосетка и на претходниот сопственик ни кажа дека тој кревет, бил креветот на кој тој умрел.

    ЧИЧКО MИ

    Се викам Игор. Чудно нешто се случи со мене,кога имав 12 години(сега имам 16). Не сум психички заболен,ниту пак се дрогирам !!!
    Моите другари обожаваа да ми кажуваат страшни-бајќи. И еднаш ми раскажаа една совршено-страшна историја. И така.Беше ноќ.Негде околу 3 часот.Јас легнав во 2 часот и долго време неможев да заспијам,размислував на секакви страшни работи иако несакав. И одеднаш слушнав како некој тропа на вратата. Си помислив каков идиот ќе дојде во 3 часот навечер.И решив дека ми се причини.Тропањето се повтори,но овој пат на вратата од мојата детска соба. Па не ми беше сеедно. Се свртев кон ѕидот и се обидував да заспијам.Но,тропањето ми се чинеше се посилно и поблиску...Јас дури почнав да ги затнувам ушите.И одеднаш почувствував дека некој стои близу до мене, и дише на мене. Почнав да се тресам, и почувствував дека некој е позади мене и ме гледа. Неможев да се контролирам, се повеќе се тресев. Но на тоа што стоеше позади мене како да му се допаѓаше дека се плашам од него. Крцкањата престанаа, и како да престана да дише на мене.Но,одеднаш тоа нешто ме фати за врат и почна да ме дави. Умирав од страв, бев беспомошен. Чувствував дека веќе се давам.До мене лежеше телефонот.Јас го земав, и го удрив нештото кое ме гушеше со телефонот. Давењето престана. Јас воздивнав, и ми олесни ..Конечно заспав.Дојде утро...Се приближив до огледалото, се погледнав но, на вратот неможев да најдам никакви траги. Можно ли е тоа да беше сон?! Дури кога ми заѕвони мајка ми и ми кажа дека умре мојот чичко,кој инаку многу пиеше и ми ветуваше дека ќе ме земе со себе кога ќе умре, јас сфатив дека тоа не беше сон... На погребот,ги погледнав ноктите на чичко ми.Тие беа скршени, и на нив имаше свежа крв...Како така?Нели тој умре неколку дена наназад. За тоа време крвта ќе се засушеше... Јас незнам што беше тоа: Вистина,или пак моите другари ми ја уништија психата со своите приказни . . .

    После погребот го сонував чичко ми. Не памтам што се работеше во сонот.Само ги помнам зборовите ,,ЌЕ ТЕ ЗЕМАM''


    • Чичко

    Ова беше негде во средината на јануари.Јас и Тони- мојот англиски пријател од интернет - разговаравме по веб-камера. Разговаравме 10 минути. На 10тата минута требаше да излезам надвор, бидејќи некој ми ѕвонеше на врата.
    Јас се приближив кон вратата, погледнав низ дупчето, никој немаше. Само што зачекорив кон собата - пак некој ми ѕвони на вратата. Повторно погледав од дупчето, и повторно никој немаше. Веќе помислив, дека некој се шегува и спокојно влегов во својата соба,го земав лаптопот за да продолжиме со разговорот.
    Лицето на Тони беше ужасно, имаше направено чудна гримаса.
    - Hey, what's with you'r face? (Эи, што е со твоето лице?)
    - D.. dude, when you was afk I have seen a man (Еи додека не беше ти тука,видов маж)
    - Man? What's man? Where? (Маж?Каков маж?Каде?)
    - In your room, there was a man without hair, and he looked at your side... (Во твојата соба, таму имаше човек без коса, и гледаше кон тебе)
    Тогаш ми текна дека, пред 2 години умре чичко ми. Не сфатив зошто се ишиша келав. А другар ми нема што да ме лаже,тој е чесен. Му верувам...
     
    На Twinkles, Aryana, Fashion.n.a.d.e.44 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Angelinkka

    Angelinkka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    152
    Dark-Lady, баш ме наежи со овие твоите приказни.. И јас ги обожавам.. Сега една од мене:

    Писма

    Бев 17 тогаш, бевме на екскурзија, па додека преспивавме во хотелската соба со пријателките јас почувствував некакво шушкање.Но, во тој момент не сакав да размислувам за тоа, само сакав да се забавувам. Кога другарките заспаа, јас сеуште размислував, кога конечно, бев готова да заспијам, некој тропна на вратата. Јас сосема се здрвив, да отворам или не? Решив да видам кое, низ дупчето и видов дека оној од хотелот е. Отворив. Тој ми подаде едно писмо, не можев да дишам, зар повторно? Со растреперена рака го примив писмото и почнав да читам: Убавице ова е последно ветувам, бидејки моите предупредувања завршија, ти не ме послуша, сега јас ќе морам да го завршам тоа! Откако ќе го прочиташ писмово, збогувај се со сите Невена! Тогаш се сетив на сите писма, сите писма од тој непознат човек. Почнале да стигнуваат, уште од истиот ден кога мајка ми дознала дека е бремена, во нив се пишувало, дека треба да абортира, ја заплашувал и се заканувал и се така, но мајка ми не го послушала. Откако сум се родила, писмата престанале да стигнуваат до мама, оттогаш писмата биле упатени до мене. Стигнуваа се до тогаш, но сите престанаа да се грижат бидејки писмата стигнуваа и стигнуваа никакво дејство. Но, во тој момент бев незаштитена, сама во непознат град, ме облеа ладна пот... Не можев да се помрднам, ниту нешто да речам, имав кнедла во грлото. Повторно истото шушкање од претходно, успеав да изнајдам сили да се свртам, кога пред мене што да видам перд мене стои мајка ми со огромен кујнски нож во рацете и целата мокра, изгледа се криела во кадата во купатилото. Бев тотално збунета... Мамо?-успеав да речам. Таа почна језиво да се смее... Мамо?-реков молежливо со насолзени очи. Ти не требаше да се родиш!-почна да се дере таа, се прашував зошто другарките не се разбудија и погледнав кон креветите, кога што да видам сите беа облеани со крв. Почнав да плачам. Зошто мамо, зоштооо!?-повторував. Мори јас не сум ти мајка, јас сум ти тетка, а да не беше ти сега мајка ти ќе беше до мене, ако абортираше татко ти ќе се налутеше и ќе се разведоа и мајка ти ќе се вратеше кон својата драга сестра и ќе бевме неразделни, а сега не сум ја ни видела својата единствена сестра близначка! Тиси виновна тиии!-почна да се дере и се стрча со ножот кон мене.... Си реков толку е, готово е со мене! Кога во тој момент во собата влезе класниот со полиција! Тие ја однесоа со нив, а мене веднаш ме одведоа во болница за да видат да не ме повредила! Тој настан засекогаш ќе ми остане во моите сеќавања, и од таа ноќ постојано имав кошмари, постојано посетував психијатри, но сликата од крвавите другарки и полудената тетка, не исчезнаа од мојата глава....
     
    На Twinkles, AcousticLove19, elka.timova и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    14.721
    Допаѓања:
    12.460
    Пол:
    Женски
    Буууу страшно...немам коментар, ова срце да те фати.
     
    На Kaylie, elka.timova и tamara.jordanovska13 им се допаѓа ова.
  9. psychic

    psychic Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    1.229
    ова не е за навечер :D
     
    На MaggieTatum, elka.timova и tamara.jordanovska13 им се допаѓа ова.
  10. LudaDevojka

    LudaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    41
    Леле колку ме исплашивте :sweat: :sweat:
     
    На eliesaab, elka.timova и tamara.jordanovska13 им се допаѓа ова.
  11. LudaDevojka

    LudaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    41
    Некој таксист возел низ град, празен. Го сопрела некоја девојка, била многу убава, дотерана, со еден збор прекрасна. Му рекла да ја вози до Црниче до црквата Св.Петка. Само што стигнале пред црквата, таксистот погледнал во ретровизорот на задното седиште и имал што да види...Убавата девојка почнала да си го менува ликот, од убава девојка се претворила во стара баба облечена во црно...Од возбуда се парализирал и не можел да се помрдне. Го прашала колку треба да му плати...дечково изваден од памет и одговорил не сакам ни пари ни ништо само излези и остави ме...уште два пати го прашала истото, а таксистот само ја молел да си оди...На крај го прашала "А знаеш ли која сум јас?"...и одговорил дека не знае...."Јас сум Св.Петка" му рекла и исчезнала...Кога се совземал малце, отишол прво да им раскаже што му се случило на колегите, а потоа дома на неговите...Утредента кога се разбудил го нашле психички тешко пореметен....Го носеле по цркви, манастири, бајачки ама ништо не помогнало...некоја жена им рекла-Кога го прашала светицата колку треба да му плати, требало да и побара три камења, еден за здравје, друг за среќа и третиот за љубов....сега вака ништо не можеме да му помогнеме... :!:
     
    На 076569327, Twinkles, elka.timova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tamara.jordanovska13

    tamara.jordanovska13 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Epa vaka....xD
    Si bil eden taksist vozel taksi i se kacila edna zena vo negovoto taksi i i bilo mn ladno i go zamolila da go dade negovoto palto bidejki i bilo mn ladno toj i go dal i utre denta otisol da si go zeme. I tropnal na vrata i iskocila nejzinata majka i toj ja pobaral devojkata no majkata se natazila i rekla deka kerkai i bila mrtva. I utre denta toj otisol na grobot na zenata i go videl negovoto palto zakaceno na grobot i si go zel paltoto. Utre denta taa pak se kacila vo kolata i toj ja pital kako e taa ziva? I taa rekla deka e cicac na krvta i mu ja iscicala krvta i toj umrel.
     
  13. tamara.jordanovska13

    tamara.jordanovska13 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    edno momce koa otislo na gorobista da go
    poseti grobot na svojot dedo videl ponataka
    devojce kako place .se doblizil do nego i ja
    prasal zasto placela i i dal liazvce za da se
    smiri ..i devojcevo neprekinato placelo
    placeolo i ovoj ja prasuval sho i e i ovaa se zavrtila nakaj nego go fatila za raka i go odnela
    na nejziniot grob ..ona bila mrtva i placela
    bidejki ne e veke megu zivite ..i detetvo od
    strav se onesvestil i koa dosle negovite da
    vidat sho go nemalo nemozle da go najdat
    detetvo kako da propadnalo vo zemja go nemalo nigde ... :worried:

    Ova e vistinska prikazna :) Edni momci vozile i i se rasipala kolata i sesile
    dA odmorat xD bile 2 i sakale da se odmorat i
    si legnale na edna karpa i otedns na edniot mu
    se prikazuvalo glas i nekoja crvena boja vikala
    trgni se od moeto mesto toj mislil deka e
    samo son i nisto ne prezemal i koga stanale sabajle videle deka spiat na grop toj grob bil
    na nekoja zena sto se samoubila edniot mn se
    isplasil imal trauma i nemozel ubavo da
    zboruva.
    [mod-kirilica:3k9zl1vt][/mod-kirilica:3k9zl1vt]
     
    На Twinkles и LudaDevojka им се допаѓа ова.
  14. tinka-mace

    tinka-mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми личи на глупа приказна измислена од тебе! :!: Поглупост немам прочитано.. Боже помагај. :|
    Работава „Некој плаче додека пишува, а друг се смее додека чита“ Не ми се верува какви деца постојат.. Немој да се навредиш те молам ама стварно се гледа дека си го измислила ти!!!!!! :!:
     
    На 4rever.unique, sweet-star, xoxo..gossip-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Женски
    И за ова го имам истото мислење. и види си напишала ова е вистинска приказна.. тоа значи дека претходниве две се лага и се измислени од тебе?? Убаво рекле старите „На лагата и се кратки нозете!“ :^)
     
  16. tinka-mace

    tinka-mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Женски
    Точно... :D
     
  17. ana-sweet

    ana-sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    185
    Кога веќе измислувате приказни барем убаво составувајте ги речениците |(
     
  18. Iskiw4eee

    Iskiw4eee Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    lele ne ste normalni beee
     
  19. Iskiw4eee

    Iskiw4eee Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    јас пред некој ден може да се каже дека имало веќе два месеци ама сигурно и сестрами учеше во кујна татко ми и мајка ми спијеа а јас секако на компјутер и на фејзбукот ... али незнам требаше да барам некои пнг слики онд гугл и барам барам.. и одеднаш ми се појавува нешто вакво >>> највпечатливите ликови од хорор филмовите и си викам па ајде да видам кои се и си отварам и таму го видов оној кловнон што е и имаше еден дел од филмот леле ама е страшенн ауууууу
     
  20. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    леле кога читам сама самоп се вртам :o :o :o се тресам од став аааа леле се испотив
     

Сподели ја оваа страница