1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страшни приказни

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од LudaDevojka, 24 април 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Изгледа штом се нафатив да читам вакви нешто ќе си дежурам ноќее -.- аххх што ми требаше
     
  2. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    И да,баш пред спиење ми требаше да ги читам. |(
    Ај да си легнам јас порано,да не мочам во гаќи подоцна или пак да дежурам цела ноќ. :lol:
     
  3. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    имав 21 година кога почина мајка ми ненадејно мозочен удар бев студентка живеев во ск,моите бт,морбидно е тоа што вечерта пред да се случи тоа сонував како одам со такси на гробишта и како таму имало многу љуѓе што чувале нечиј гроб и не ме пуштале да видам чив гроб,се разбудив цела препотена во таа есенска ноќ и си реков се е ок се слушнав со мама, со тато со брат ми сите се добри зошто ваков сон и место не ме држеше цела вечер,не ни спиев чекав да дојде 8h да се јавам кај моите и кога веќе почнав да се јавувам никој не можев да добијам од нив беше јасно дека сонот носеше лоша вест они биле на болница се бореле за животот нејзин,во 9h ми се јавија ме кажаа дојди одма бт не е добра мама и кога стигнав кај 14h што ќе видам во кома беше ме чекаше мене да ме слушне за последен пат бев со неа 10 15 мин.неможев да издржам повеќе само што излегов за кратко почина и од тогаш не сакам да сонувам ништо... не ми носат тие сонови добро
     
    На thelittle17, angelche16, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Другарка ми ми ја кажа оваа, а и брат ми ја читал..
    Четири браќа сакале да се извозат со автомобилот, но пред тоа отишле кај мајка им. Таа им рекла полека да возите и господ нека е со вас. Тие на тоа вратиле за Господ нема место со нас, ако сака во багажникот. Така тој ден тие направиле сообраќајка и колата целата се превртела и целата била сокршена, па лугето загинале на лице место. Кога полицајците го отвориле багажникот таму имало табла со јајца, од кое ни едно немало скршено :|
     
    На thelittle17, Istata od vcera, orevka и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Значи некои што ги прочитав дури ме намовнаа ууууу :o
     
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Луѓето умреле, а јајцата не скршени ОМГ :o . И навистина не треба да се навредува името Господово, не сум баш религизна којзнај колку ама ови Атеисти и пол се :x .
    Патем некои се баш смешни,на почетокот,ама другите трагедии... :tmi:
     
    На Istata od vcera, sugarlips, Samara Morgan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    decki izvinete za latinicava od tel. sum. Abe dali se ova vistinski prikazni. kazete iskreno posto jas vejke poveruvav. Sedam i citam vejke celata zdrvena i idi sestra mi i naednas mi vikna na ime. Abe krvta mi se zdrvi...:| :|
     
    На Samara Morgan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    348
    Ќе нема спиење за мене. Навистина страшни работи.
    Инаку верувам дека приказните се легенди или пак измислени. Вистина тука нема, ама морничаво е за читање.
     
  9. mhmrj

    mhmrj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Истото и со мене ќе биде вечерва... што ми требаше да ја читам баш оваа тема ... :tmi:
     
  10. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Абе женски ептен страшно .. :^) јас така сум страшлива па уште ова ми треба...
    Јас знам една кога двајца другари биле на водно со кола и вратата им била подотворена..наеднаш се отворила скроз и пак се вратила на исто место кај што била , било лето така да немало ветер.. :?:
     
  11. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Двајца другари тргнале да одат во црква со автомобил, ама возејќи ја одминале црквата. На пат ги сретнала некоја баба и ги застанала како демек да ја однесат до некое место. И кога се качила она у кола ги прашала кај идете и овие и кажале и бабава им рекла дека ја одминале црквата. Другариве тргнале да се враќаат назад, а бабава останал со нив во кола. И кога на пола пат она исчезнала од кола. Кога стигнале во црквава, ја виделе истава баба тука, внатре.. двајцава другари паднале у кома и после три дена се освестиле и ракажале што се случило. :?:
    Ова е виситна, и го кажувала некоја колешка на мајка ми што ги познавала нив .
     
    На Bitter-Sweet и Samara Morgan им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ова е вистинска случка ја имам прочитано, мислам дека беше од оние на гледачката Драгица што и имаат раскажувано луѓе кои и си бараат помош од неа.

    Некој таксист (истиот кој бара помош од Драгица и самиот си ја напишал случката) си возел навечер такси, и доцна во ноќта на улица го застанале и дали бил еден или двајца патници не паметам точно, тие се качиле позади во колата и му кажале вози па ние ќе ти кажиме каде да застаниш. Човекот почна да вози ама толку тешка миризба почнала да се шири во колата што не можел да издржи повеќе, наеднаш цело тело го чуствувал ладно и почнал тешко да диши. По некое време овие му кажале, застани овде и се симнале. Тој едвај се вратил до дома. Утредента тргнал по истиот пат да оди да виде кај точно ги симнал, кога стигнал до местото видел дека тоа е уствари некоја стара гробишта. Човекот после таа вечер неможел никако да спие ноќе и постојано телото му било ладно. Од тогаш возел такси само преку ден, и во градот а штом ќе се затемнело право дома.

    Ова пред некоја година го читав ама душа ми излезе. :worried:
     
    На Bitter-Sweet, sugarlips, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
  14. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    1. Не можам да се движам, да дишам, зборувам или да слушам, толку е темно цело време. Да знаев дека ќе биде олку осамено, ќе побарав да бидам кремиран. 2. Го покривав пред спиење, кога тој ми рече: „Тато, провери дали има некое чудовиште под мојот кревет“. Погледнав под креветот за да му биде интересно, и тогаш го видов него, уште еден тој под креветот, се ѕвери во мене и треперејќи ми прошепотува: „Тато, има некој на мојот кревет“. 3. Докторот му кажа на ампутираниот човек дека може одвреме-навреме да чувствува како раката да е сè уште на него. Никој не го подготви доволно добро за моментот кога почувствува како студени прсти му поминуваат по неговата веќе непостоечка рака. 4. Не плаши се од чудовиштата, само погледни дали се таму. Погледни лево, погледни десно, под креветот, зад плакарот, во плакарот, но никогаш не гледај нагоре, таа не сака да биде видена. 5. Се разбудив од звукот на тропање во стакло. Прво помислив дека е од прозорецот сè додека не слушнав дека повторно доаѓа од огледалото. 6. Се прашуваше зошто има две сенки. Сепак, имаше само една сијалица. 7. Насмеаното лице се ѕвереше во мене во темнината преку прозорецот во мојата спална соба. Живеам на 14-ти кат. 8. Во телефонот си најдов слика од себеси како спијам. Живеам сама. 9. Само што си го видов одразот. Трепна. 10. Вечерва работам сам во ноќна смена. Во визбата видов лице кое гледа во безбедносната камера. 11. Ги донесоа куклите во пластични кеси со меурчиња. Од другата соба слушнав како некој ги пука. 12. Си доаѓаш дома, уморен после долгиот работен ден, се спремаш да се опуштиш сам во ноќта. Посегнуваш по прекинувачот да запалиш светло, но веќе има друга рака врз него. 13. Ќерка ми не престанува да плаче и да вреска по цела ноќ. Ја посетувам на нејзиниот гроб и ја замолувам да престане, но тоа не помага. 14. Почнуваш да тонеш во сладок сон кога слушаш како некој го довикува твоето име. Живееш сам. 15. Лежиш во креветот, а нозете ти вират надвор од чаршавот. Чувствуваш рака која те грабнува за стапалото. 16. Луѓето на погребот никогаш не излегоа од катакомбите. Нешто ги држеше вратите на гробниците затворени однатре. 17. Жена ми синоќа ме разбуди да ми каже дека сме имале натрапник во куќата. Таа беше убиена од натрапник пред 2 години. 18. Сонував нешто убаво кога ме разбуди нешто што звучеше како мавање со чекан. После тоа, од моите гласни врисоци, едвај ги слушав придушените звуци на земјата која удираше врз ковчегот. 19. Последниот човек на Земјата седеше сам во соба. Некој му затропа на врата. 20. Откако се вратив од работа мртов уморен, видов како девојка ми го лула нашето бебе. Не знам што беше позастрашувачки, тоа што мојата мртва девојка го ниша нашето мртвородено дете или фактот дека некој го обил нашиот стан за да ги внесе. 21. Слушаш како мајка ти те вика од кујната. Таман да тргнеш надолу по скалите, слушаш шепот од плакарот: „Не оди таму злато, и јас го слушнав истото.“ 22. Никогаш не заспивам. Но, постојано се будам. 23. Белешка од една медицинска сестра: Родено со 3,4 килограми, долго 45 см, има 32 целосно израснати заби, тивко е и константно се смее. 24. Таа појде горе да го провери бебето коешто спиеше. Прозорецот во собата беше отворен, а креветот беше празен. 25. Колку повеќе ја носев, толку повеќе како да сраснуваше за мене. Таа имаше навистина убава кожа. 26. „Не можам да заспијам“ – рече таа тивко додека се пикаше до мене во креветот. Се разбудив мртва ладна, стегајќи го во рацете фустанот во кој таа беше закопана. 27. Да известуваш прв кога ќе се случи сообраќајка е многу трауматично искуство за еден полицаец како мене. Но денес, кога смачканото тело на малото мртво момче врзано на седиштето, ги отвори очите и почна да ми се смешка, додека се обидував да го извлечам, веднаш знаев дека тоа ќе биде мојот последен ден на работа. 28. Отсекогаш мислев дека мојата мачка има проблем со зјапањето, секогаш изгледа како да се ѕвери во моето лице. Вака беше сѐ до денот кога сфатив дека гледала зад мене.
    Превземано од www.kafepauza.mk
     
    На Bitter-Sweet, Samara Morgan, citiesinflames и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Сакаме уште :$
     
  16. Be.Free.28

    Be.Free.28 Нов член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Еднаш еден возач на автобус со својот автобус пренесувал луди луѓе од една ментална болница до друга.Сакал да се одмори од возење па излегол од автобусот.Кога се вратил лудите луѓе некако успеале да избегаат.Тој се исплашил да не ја изгуби работата,па затоа отишол на некоја автобуска станица и чекал патници.Тие што влегле во автобусот ги однесол во ментална болница.Таму им требало повеќе години за да сфатат дека се за работи за грешка и тоа не се лудите луге,но повекето од патниците полуделе на тоа место.Лудите кои избегале од автобусот уште не се најдени.

    Се надевам дека е доволно страшна :)
     
    На Istata od vcera, sugarlips и untouchableGirl им се допаѓа ова.
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Аман те бе и вие..Малку се морничави да,малку повеќе ама навечер да не спиете за едни приказни :x :x .
    Си намалувате од лепота 8)
     
  18. NineTailedFox

    NineTailedFox Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    1. Последниот човек на планетава седи во мрачна соба. Одеднаш слуша тропање на вратата.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Од тие 28 хорор приказни само 5 не ми се јасни, ќе може некој да ми ги објасни?
    Мислам, мислам и никако не сфаќам за што се работи. :^)
     
    На Samara Morgan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    И јас не успеав овие пет да ги сфатам. На крај видов дека другите само. сакаат да. бидат плашени. Тие како да се задоволуваат со тоа. што срцето ќе им чука побрзо... Не можам ниту нив да ги одгатнам, а уште помалку овие пет приказни... :?: