1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страшни приказни

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од LudaDevojka, 24 април 2013.

  1. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Една тинејџерка од САД останала сама дома со својата сестричка откако родителите заминале на вечера со пријатели. Гледале телевизија, по што помалата сестра отишла в кревет, а поголемата продолжила со следење на ТВ програмите. Набргу ѝ здодеало и отишла на големиот прозорец од дневната соба. Таму подолго време ја набљудувала идиличната слика додека надвор полека паѓа снег. Уживала сè додека во дворот не забележала маж којшто се движи кон прозорецот со нож в раце. Целата исплашена, го зела безжичниот телефон, се покрила со ќебе и повикала полиција. За среќа, имало патролно возило непосредно до нејзиниот дом. Полицијата почнала да го испитува теренот и забележала траги во снегот кои водат кон куќата, но не и такви кои водат надвор. Ситуацијата изгледала сосема нелогично сè додека не забележале мокри траги од стапала и на килимот во дневната соба. Натрапникот всушност цело време бил внатре, стоел зад девојката, а таа го видела неговиот одраз на стаклото од прозорецот.
     
    На Istata od vcera, joy1, sugarlips и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    ^Аман бе немој,срцето ми застана.
    Ајде...нема спиење вечер.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Во темница сум ејјј :D
    а не смеам да пуштам струја пошто мајка ми спие тука -.-
    Ама ако, интересни ми се мене овие работи за читање, а и не дозволувам стравот да ме победи. 8) :D
     
    На veren и angelche16 им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    Приказната од Драгана мн језива :x
     
    На Marossa, dragan4eDR, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Навистина ми е многу интересно да читам вакви прикази, иако после тоа и светлото да ми е вклучено, тешко ќе заспијам.


    Проколнатиот Хотел Колорадо

    Далечната 1892 година младата Кејт Морган дошла во овој хотел, со желба да се ослободи од несаканото дете кое го носела во себе. Зела преголема доза на кинин, но кога почнале мачнините, не можела да ја издржи болката, па ги скратила маките со пиштол.
    Од тогаш, гостите пријавувале ужасни звуци во текот на ноќта, а некои од страв веднаш заминувале од хотелот. Луѓето наводно гледале сенки кои шетаат по ѕидовите, светло кое се гасело и палело и предмети кои летале во холот.


    Во Осло има еден хотел во кој од неразјаснети причини, група на 11 студенти во шеесеттите години направила колективно самоубиство со солна киселина. После тоа, години подоцна, многу луѓе доаѓале во тој хотел и иако досега никогаш немале самоубиствени мисли и желби, да го прекинат својот живот, го окончувале токму таму.

    Вработените велат дека: „зли сили го населиле ова место и залутаните души на младите кои во шеесетите ги прекинале своите животни патишта, постојано шепотат во ноќта, додека не наговорат некој да им се придружи во вечната темница.“

    Локалната полиција повеќе пати го истражувала ова место, но никогаш не биле во можност да го објаснат присуството на паранормална активност таму. Сепак, хотелот е конечно затворен пред неколку години, кога мајка на две деца извршила самоубиство скокајќи од петти кат.
     
  6. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Една студентка ја поминувала ноќта во библиотека учејќи за испитите кои следувале наскоро. По некое време сфатила дека заборавила нешто во својата соба во студентскиот дом. Се вратила таму, а не сакајќи да ја разбуди својата цимерка го зела тоа што ѝ треба додека светлото било исклучено. Кога се вратила после учењето, го вклучила светлото, а на подот ја нашла својата цимерка со пресечено грло. На огледалото во бањата пишувало: „Зарем не ти е мило што не го вклучи светлото?“
     
    На Bitter-Sweet, Нарцис., Valerin и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Абе ова не беше во некој филм,Урбани легенди ако не се лажам? :^)
    Како и да е,језиви приказни,арно што не ги читам навечер :D
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Една жена случајно се разбудила на сред ноќ и случајно го разбудила и сопругот. Таа му се извинила, а тој се свртел кон неа и веднаш ја грабнал во своите раце како да сакал да ја одбрани. На работ на нивниот кревет го виделе Греблото, со кожа на куче без крзно, како седи и гледа на другата страна. Веднаш потоа суштеството скокнало и се доближило на неколку сантиметри до лицето на мажот. Се ѕверел во нив некое време, по што тргнал накај детските соби. Преплашените родители трчале по него плашејќи се за безбедноста на своите деца, но веќе било предоцна. Кога стигнале до собата на ќерка им, ја виделе осакатена и близу до смрт. Нејзините последни зборови биле дека дека Греблото е виновно за тоа што се случило.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Еден либански фотограф како дете гледал некоја детска емисија чија цел била да ги научи децата на послушност со тоа што ќе им кажува каде одат лошите деца кога не ги слушаат родителите. Имало пораки дека „лошите деца остануваат будни до доцна навечер“, дека „лошите деца крадат храна од фрижидерот на сред ноќ“ итн. Највпечатливата сцена од таа емисија била последната, во која била прикажана една стара врата со за’рѓана брава од зад која се слуша детски врисок и како што камерата се доближувала до неа, така се засилувала и силината на врисокот. На крај излегувала порака „Ова е местото каде што одат лошите деца“.

    Еден ден тој одлучил да го пронајде студиото каде што е снимана емисијата од неговите детски денови. Успеал да го пронајде и пријатно се изненадил кога видел дека старата врата е сè уште таму и сè уште зигледа исто како на телевизија. Сепак, кога ја отворил, следувало непријатно изненадување. Таа водела во соба во која насекаде имало крв, измет и коски. Но, тоа што најмногу го исплашило бил микрофон ставен во кафез кој висел на сред соба.
     
    На Samara Morgan, citiesinflames и Kristina... им се допаѓа ова.
  10. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Млад човек оди на планина во една колиба за да се одмори од секојдневниот живот. Сопственикот на колибата му кажува дека на планината може да стане многу осамено навечер, при што секаков шум би предизвикал страв. На вратата од спалната соба имало мала вратичка за куче, и сопственикот го советува човекот да ја извади раката низ вратичката доколку му е страв и доколку го излижи кучето тогаш се е во ред. Сопственикот си оди, поминува првиот ден и човекот си легнува да спие. Во еден момент неможејќи да заспие слуша чуден шум што доаѓа од претсобјето, му текнува на советот од сопственикот и ја вади раката низ вратничето - кучето го лиже и овој спокоен си легнува да спие. Наскоро задремува но го буди удар од нешто тапо, станува избезумен и ја вади раката низ вратичката - кучето повторно го лиже. Човекот повторно легнува и заспива, по кратко време се буди и слуша чуден звук од надвор, ја вади повторно раката и кучето повторно го лиже. Најпосле човекот собира храброст и излегува од спалната, претрчува низ колибата набрзина само за да го најде кучето заковано со шајки на таванот од кујната а на ѕидот со крв напишано : „И човек може да лиже рака“

    Некој ловец/ловџија ловел животни во некоја шума но немал баш среќа и ништо не уловил. Почнало да се стемнува но решил уште малку да проба да улови па ако треба и ноќе ќе си идел дома. Веќе паднало ноќ и бидејќи ништо не уловил конечно решил да си оди дома. По неколку саати талкање низ шумата заклучил дека се изгубил. За среќа видел малечка кабина и решил да ги праша сопствениците да преспие кај нив па наредниот ден да си оди дома. Кваката на врата била скршена. Влегол внатре надевајќи се да преспие а во случај ако дојде сопственикот ќе му се објасни. Како што разгледувал наоколу во внатрешноста на кабината, тој бил изненаден дека сите ѕидови биле украсени со неколку портрети, сите обоени до неверојатни детаљи. Без исклучок, сите тие портрети зјапале во него, нивните лица искажувале омраза и злоба. Гледајќи ги портретите, ловецот се почуствувал доста неудобно. Се свтрел кон ѕидот и наскоро заспал.
    Следното утро, ловецот се разбудил и се свртел кон сончевата светлина која го заслепила за момент. По отварање на очите, тој открил дека кабината немала портрети туку прозорци.
     
    На sugarlips, Нарцис., Samara Morgan и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    По напорниот ден, Петар конечно пристигна во метро станицата. Таа беше сосема празна, со исклучок на Петар и постариот дедо кој се потпираше на својот бастун. Петар се загледа во распоредот плашејќи се дека го пропуштил последниот воз. Позади него го слушна дедото како му довикува : "Момче сите метроа запираат тука, на вистинската станица си".

    "Дури и А6?" праша скептично Петар вртејќи се кон странецот.

    "Да, да секако!" одговори дедото кој носеше капут иако не беше воопшто ладно.

    "Не ми се верува дека А6 запира тука, волку доцна во Вторник" му возрати Петар на дедото.

    "Дечко не се секирај, ова е важна станица. Јас се возам со години и години, верувај ми кога ти велам дека СИТЕ возови запираат тука."

    Само што одговори, се слушна звук на воз кој се приближуваше длабоко во тунелот. Звучеше дека се движи многу побрзо од вообичаено и дека нема да може да запре на време. За момент метрото прелета низ станицата. Неговата брзина не беше шокантниот дел. Сите вагони беа црни и избоени со одвратни и ужасни графити. Прозорците беа обоени во црвена боја. Тоа беше боја, така? Осветлувањето внатре беше слабо. Патниците стоеја како замрзнати, никој не седеше. Петар не можеше да ги распознае нивните делови. Тогаш зошто имаше чуство дека тие го гледаа?

    "Што к*р беше тоа??" Петар викна откако возот исчезна во спротивниот тунел.

    Старецот ја наведна главата срамежливо. "Се извинувам што не бев искрен со тебе. Всушност има еден воз кој не запира тука. Само еден."

    "Каде оди тој?"

    "Моли се да не дознаеш" беше се што изусти старецот. "А6 поминува на Перон 13."

    Петар се совзема, изусти "Благодарам" и се упати кон Перон број 13.

    Во сред од старецот му довика "Исто така...."

    Петар се заврте и виде дека старецот му упатуваше сериозен поглед по кое следеше важно предупредување.

    "Ќе го видиш истиот воз и нареден пат. Тој ЌЕ запре. Не смееш да се качиш."
     
    На Amona, Samara Morgan, citiesinflames и 3 други им се допаѓа ова.
  12. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Вечер нема сон за мене. :sweat:
     
  13. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Ке најдеме нешто пострашно до после :D
     
    На Klara28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    И јас пак ќе ги читам и тие приказни, па пак ќе се жалам дека нема да спијам вечер. :lol:
     
    На angelche16, Sunshine.Sunshine и MysteryMan23 им се допаѓа ова.
  15. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    When you are admitted to a hospital, they place on your wrist a white wristband with your name on it. But there are other different colored wristbands which symbolize other things. The red wristbands are placed on dead people.

    There was one surgeon who worked on night shift in a school hospital. He had just finished an operation and was on his way down to the basement. He entered the elevator and there was just one other person there. He casually chatted with the woman while the elevator descended. When the elevator door opened, another woman was about to enter when the doctor slammed the close button and punched the button to the highest floor. Surprised, the woman reprimanded the doctor for being rude and asked why he did not let the other woman in.

    The doctor said, “That was the woman I just operated on. She died while I was doing the operation. Didn’t you see the red wristband she was wearing?”

    The woman smiled, raised her arm, and said, “Something like this?”
    __________________________________________________________________________________________

    This story begins with a couple who decided that they wanted to go out for the night, so they called up their usual babysitter to take care of the kids. When the babysitter arrived, the children were already asleep, so she decided that she would pass the time by watching some TV. However, the only TV in the house that had cable was situated inside the parents’ bedroom, so she called them to see if it was cool with them.

    The parents agreed, but then the babysitter asked if she could cover up the angel statue which was situated in the room, as it made her feel nervous. Upon hearing this, the father hesitated, then instructed her to immediately get the kids out of the house and call the police, because they did not own an angel statue.

    When the police arrived, the babysitter and children were found lifeless in a pool of blood, and the statue had disappeared.
    _______________________________________________________________________________________
    Во Берлин по Втората светска војна луѓето немале многу пари и намирници и повеќето најверојатно гладувале. Во тоа време се раскажуваше за некоја млада жена која видела еден слеп човек како се спровира низ толпата. Започнале разговор. Човекот ја замолил за услуга - да однесе едно писмо на адресата напишана на пликот. Секако и било на патот за дома, па се согласила.
    Тргнала да ја однесе пораката, но се свртела да види дали на човекот му треба уште нешто. Го видела како брза низ толпата и веќе не ги носел затемнетите очила и белиот стап. Отишла во полиција и тие влегле во куќата до која бил адресиран пликот и внатре нашле купишта човечко месо на продажба.
    А во писмото кое човекот ѝ го дал на жената пишувало: „Ова е последната што ти ја испраќам за денес.“
    ______________________________________________________________________________________

    Некој човек отишол во еден хотел. На рецепција, жената му дала клуч и му рекла дека на патот кон неговата соба имало некоја врата без број која е заклучена и никој не смее да влегува или пак да погледне внатре. Човекот си продолжил кон својата соба. Следната вечер, љубопитноста го победила. Отишол до вратата и пробал да ја отвори. Се разбира, била заклучена. Се наведна, и погледна низ клучалката. Тоа беше соба иста како неговата и во ќошот виде жена чија кожа беше наполно бела. Жената беше со наведната глава кон ѕидот, свртена спротивно од вратата. Човекот ѕиркаше и беше збунет. Сакаше да тропне но сепак не се реши за тоа. Ова го спаси неговиот живот. Си се врати во својата соба. Следниот ден повторно се врати кај собата без број и погледна низ клучалката. Овој пат, се што виде беше едно огромно црвенило. Не можеше ништо јасно да види освен црвенилото. Можеби луѓето во собата дознале дека ги шпионирал и ја намачкале клучалката со црвена боја. Човекот отиде кон рецепцијата да се распраша. Жената воздивна и го праша: "Погледнавте низ клучалката?". Човекот потврди и рецепционерката му одговори: "Епа ај, ќе ви ја кажам приказната. Пред многу години, во таа соба се случи убиство. Маж ја уби сопствената жена и сега нејзиниот дух ја прогонува собата. Но овие луѓе не беа обични. Тие беа сосема бели освен нивните очи, кои беа црвени."
    ___________________________________________________________________________________________
    Втора светска војна, зимата 1944 година, англичани ја бомбардираат Германија.
    Еден од најдобрите воени доктори снемува завои, гази, крв за трансфузија и некои други медицински помагала. После една прилично лоша рунда од бомбардирање, целиот камп бил масакр. Тие што преживеале биле уверени дека покрај звукот од експлозиите можело да се слушне кикотење од некое девојче. После бомбардирањето, докторот влегол во кампот и почнал да си ја врши медицинската работа - како многу пати предходно, само што овој пат било многу темно. Бомбардирањето се префрлило на друга страна од фронтот, и повредените војници заспале се до следното сабајле - први јануари 1945. Се разбудиле во раните утрински часови со вресоци, наскоро сватиле дека завоите и фластерите не им се вистински завои или фластери туку откинати парчиња месо, на неколку луѓе им била дадена свежа крвна трансфузија иако во кампот немало крв за трансфузија, сите биле покриени со дамки од крв, од глава до пети. Докторот го нашле како лежи врз две буриња, насмеан, гледајќи кон небото - покриен со ќебе. Кога еден од војниците го поттурнал му паднало ќебето откривајќи дека на телото му фалело кожа, мускули и месо, а телото му било комплетно исушено и без крв - во едната рака имал скалпел а во другата шише за трансфузија кое било поврзано со цевка и со неговата рака.

    Ги најдов на кајгана...се наежив,не треба често да читам вакви чуда :x
     
    На anina, Draginja, Kristina... и 4 други им се допаѓа ова.
  16. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Датирајќи се во почетокот на 18. век, оваа приказна раскажува за една француска благородничка која била пратена во Канада да се закалуѓери, но по пат ја изгубила главата…буквално. Велат дека нејзиниот дух сега скита по шумите околу Френч Форт Ков барајќи ја својата глава.
    _____________________________________

    Ова е еден од најпопуларните призраци „видени“ од стотици луѓе со текот на годините. Се верува дека дух на девојка која си го одзела животот и сега скита по патиштата како предзнак за смрт на тие кои ќе ја видат.
    __________________________________

    Оваа девојка починала на 25-годишна возраст откако случајно испила живин бихлорид наменет како лек за сифилисот на нејзиниот сопруг. Сега наводно го опседнува театарот Њу Амстердам во Њујорк, флертувајќи со мажи за веднаш потоа да исчезне. Нејзината приказна до таа мера станала дел од театарот што сценските работници пред да ги изгаснат светлата и да си заминат, го изведуваат суеверниот ритуал велејќи „до видување, Олива“.

     
  17. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    aaaaaaa umrevvv epa sega nema da zaspijam normalno koga gi citas prikaznive vo 3 navecer:sweat::D:x
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Хаххаха интересни се, ама страшни:(:(:(
     
  19. Kristina...

    Kristina... Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    28 хорор приказни во 2 реченици...

    1. Не можам да се движам, да дишам, зборувам или да слушам, толку е темно цело време. Да знаев дека ќе биде олку осамено, ќе побарав да бидам кремиран.

    2. Го покривав пред спиење, кога тој ми рече: „Тато, провери дали има некое чудовиште под мојот кревет“. Погледнав под креветот за да му биде интересно, и тогаш го видов него, уште еден тој под креветот, се ѕвери во мене и треперејќи ми прошепотува: „Тато, има некој на мојот кревет“.

    3. Докторот му кажа на ампутираниот човек дека може одвреме-навреме да чувствува како раката да е сè уште на него. Никој не го подготви доволно добро за моментот кога почувствува како студени прсти му поминуваат по неговата веќе непостоечка рака.

    4. Не плаши се од чудовиштата, само погледни дали се таму. Погледни лево, погледни десно, под креветот, зад плакарот, во плакарот, но никогаш не гледај нагоре, таа не сака да биде видена.

    5. Се разбудив од звукот на тропање во стакло. Прво помислив дека е од прозорецот сè додека не слушнав дека повторно доаѓа од огледалото.

    6. Се прашуваше зошто има две сенки. Сепак, имаше само една сијалица.

    7. Насмеаното лице се ѕвереше во мене во темнината преку прозорецот во мојата спална соба. Живеам на 14-ти кат.

    8. Во телефонот си најдов слика од себеси како спијам. Живеам сама.

    9. Само што си го видов одразот. Трепна.

    10. Вечерва работам сам во ноќна смена. Во визбата видов лице кое гледа во безбедносната камера.

    11. Ги донесоа куклите во пластични кеси со меурчиња. Од другата соба слушнав како некој ги пука.

    12. Си доаѓаш дома, уморен после долгиот работен ден, се спремаш да се опуштиш сам во ноќта. Посегнуваш по прекинувачот да запалиш светло, но веќе има друга рака врз него.

    13. Ќерка ми не престанува да плаче и да вреска по цела ноќ. Ја посетувам на нејзиниот гроб и ја замолувам да престане, но тоа не помага.

    14. Почнуваш да тонеш во сладок сон кога слушаш како некој го довикува твоето име. Живееш сам.

    15. Лежиш во креветот, а нозете ти вират надвор од чаршавот. Чувствуваш рака која те грабнува за стапалото.

    16. Луѓето на погребот никогаш не излегоа од катакомбите. Нешто ги држеше вратите на гробниците затворени однатре.

    17. Жена ми синоќа ме разбуди да ми каже дека сме имале натрапник во куќата. Таа беше убиена од натрапник пред 2 години.

    18. Сонував нешто убаво кога ме разбуди нешто што звучеше како мавање со чекан. После тоа, од моите гласни врисоци, едвај ги слушав придушените звуци на земјата која удираше врз ковчегот.

    19. Последниот човек на Земјата седеше сам во соба. Некој му затропа на врата.

    20. Откако се вратив од работа мртов уморен, видов како девојка ми го лула нашето бебе. Не знам што беше позастрашувачки, тоа што мојата мртва девојка го ниша нашето мртвородено дете или фактот дека некој го обил нашиот стан за да ги внесе.

    21. Слушаш како мајка ти те вика од кујната. Таман да тргнеш надолу по скалите, слушаш шепот од плакарот: „Не оди таму злато, и јас го слушнав истото.“

    22. Никогаш не заспивам. Но, постојано се будам.

    23. Белешка од една медицинска сестра: Родено со 3,4 килограми, долго 45 см, има 32 целосно израснати заби, тивко е и константно се смее.

    24. Таа појде горе да го провери бебето коешто спиеше. Прозорецот во собата беше отворен, а креветот беше празен.

    25. Колку повеќе ја носев, толку повеќе како да сраснуваше за мене. Таа имаше навистина убава кожа.

    26. „Не можам да заспијам“ – рече таа тивко додека се пикаше до мене во креветот. Се разбудив мртва ладна, стегајќи го во рацете фустанот во кој таа беше закопана.

    27. Да известуваш прв кога ќе се случи сообраќајка е многу трауматично искуство за еден полицаец како мене. Но денес, кога смачканото тело на малото мртво момче врзано на седиштето, ги отвори очите и почна да ми се смешка, додека се обидував да го извлечам, веднаш знаев дека тоа ќе биде мојот последен ден на работа.

    28. Отсекогаш мислев дека мојата мачка има проблем со зјапањето, секогаш изгледа како да се ѕвери во моето лице. Вака беше сѐ до денот кога сфатив дека гледала зад мене.
     
    На Bitter-Sweet, anina, Elissa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Супер нешто да прочитам кога сум сама дома навечер, фала :D
     
    На Sunshine.Sunshine и angelche16 им се допаѓа ова.