Потребни документи за студентски домови за бруцоши: 1.Молба со уплатена административна 2.Идентификационен број 3.Потврда за редовен студент (оваа мора да ја имате пошо враќале ради непотполни документи) 4.Испечатена електронска пријава 5.Копија од диплома за завршено средно образование 6.Изјава за семејна положба 7.Изјава за користење лични податоци 8.Изјава за согласност за дополнителен избор за студенстки (ова не е обавезно) 9.Изјава за идентичност на податоци 10.Изјава од родител - старател за подмирување на трошоци 11.Потврда за остварена плата од родителите и/или потврда за редовен ученик/студент од брат-сестра фали ли нешто?
Можеби прашањево не е за овде но не можев да најдам друга погодна тема за да го поставам. За запишување на IX семестар кои уплатници се потребни? Од кога до кога е уписот? На веб страната нема ништо сеуште.. Ако некоја што е студент на архитектура знае, нека ми одговори секако ))
Да ве пршам аплицирав електронски ама бројчето не го запомнив,ги поднесов сите потребни документи освен испечатена електронски ,дали е можно да не ме примат? И дали има втори уписи за в студентски?
Ја бараат, знам денес ми нагласи дали го имам електронскиот идентификационен број. Не знам што да ти речам, поднеси ги без неа на крај краева, пробај. Или пак исконтактирај ги на имејл, можеби ќе успеете да средите нешто. Мислам дека има втор уписен рок, али нема многу места по домовите.
Од оваа година. Денес бев за сместување и потребни се овие документи: уплатница за документи, уплатница за месец, три слики, копија од извод, копија од лична карта и копија од индексот да каде што е пишуван. Потврда за редовен студент може да се достави покасно.
Мене ме интересира за бруцошиве ко ќе видиме дали сме примени,може одма да си уплатиме рата и тие дополнителни трошоци? Или мора прво да појдеме во студентскиот каде што ќе седиме да ни кажат што треба?
^ На 12ти септември ќе има список на примени студенти во студентски,па откако ќе видиш дали си примена тогаш ќе прашаш за рата и сите други трошоци.
Најсигурно ти е да одиш и таму ќе ти дадат или уплатници готови или сметка кај што треба да уплатиш. Да не згрешиш нешто после пари враќање нема.
Ако не е голема разликата не би требало да има проблем, Сигурно не си само ти што не пишала иста сума.