А онаа изјавата од факултетот на кој студираме и за бруцоши треба таква? Ја видов и таму се е за колку испити се положени, колку имаат преостанато и слично . . .
За Плата, пензија, социјална помош или надоместок по основ на технолошки вишок од татко (спрема плата од јуни 2011 или последна земена плата): треба ли да се пише на пример 10 000 ден...или само 10 000 За "Приход од имот и имотни права: Приход од вршење стопанска и професионална дејност: Приходи по основ на вршење земјоделска дејност: Приходи по други основи (кои не се опфатени погоре):" само да пишам 0...или празно да оставам??/
Девојки, бидејќи брат ми е со завршен испит кај што треба да се напишат оценките треба на сите да одбере Немам полагано државна матура? Таму каде што треба да се напише износот од платата се пишува само 10000 без празно место, точки и запирки.
Примањата според член 14 и 14а се од платите на мајка ти и татко ти за цела 2010 година. Затоа се толку големи износите. Тоа нека не те буни, ти во полето за примања од мајка и татко ќе си ги пишеш оние суми кои ги има на потврдите кои тие ги донеле од работа и се за последниот, или последните 3 месеци. За другите примања секаде пополни 0.
Ај да ве прашам нешто за електронскава пријава...Само мене ли во моментов ми пишува со ТОЛКАВИ букви НЕДОЗВОЛЕН ПРИСТАП!!! Знае некој што е работава?
И кај мене е така...незнам што е работата. Може ли да аплицирам за во првата-втората зграда во Стив или мора во третата пошто таа е женската?
здраво...сакам да прашам кој студенски дом е најблиску до медецинскиот факлутет во скопје....а да не се префрлувам во 2 -3 автобуси...
КУзман, медицинар(ама не ти го препорачувам), средносшколскиот медицински интернат, па и Пелагонија ама таму има малку одење.
-Невена Георгиева Дуња (Медицинар) е одма на 2 минути (пешки)од медицински факултет. -КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ- На 7/10 минути (пешки).
Како што разбрав третата била женската зграда...а првата и втората машки...но можеби имам погрешни информации...во секој случај ти прашај си некој што е позапознаен со тоа или што престојувал во стив...
тоа семејното материјално нема врска со пријавата на нет што е така??? тоа треба само да се однеси кога ке ги носиме документите таму??? а во пријавата само износот на една плата месечна се пишуваа??
Девојки да ве прашам нешто , дали ни треба диплома за завршено средно образование при поднесување за студентски дом ?
Што пишува на конкурсот? Јас пред три години не носев на нас само свидетелства ни бараа. Види во конкурсоѕ, што пишува тоа. Во пријавата ја пишуваш само месечната плата и мора да биде сумата иста како документот од работа што им го дале на мајкка ти и татко ти. Во тоа семејно матријално платата не ја гледаат таму ама ако имаш примања на пример од земјоделие таму ги пишува а и на пријавата се пишуваат. Тие се машки згради ама годинава гледам и девојчиња на списокот. Прочитај ги мислењата на некои феминки за машката зграда и одлучи дали ке ја оставиш пријавата таква или ке се смениш. Вие ке се вселувате подоцна кога сите машки вселени ке бидат таму и плус девојчиња од постарите на време што си зафатиле место. После доаѓаат машките- брузоши и на крај ти ке добиеш место. И кога ке добиеш место таму за бруцошка тешко ке се снајдеш(освен ако немаш еден куп пријатели таму). Значи би ти препорачала или да ја смениш пријавата или да фаќаш врски за да влезеш и пријатели да наоѓаш со кои ке се дружиш откако ке влезеш Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
Na konkursot ne pisuva deka treba diploma za zavrseno sredno obrazovanie , no zosto togas vo elektronskata prijava ima so koja ocena sme ja polozile maturata i kolku iznesuva percentilniot rang
Здраво, здраво Ме интересира кој студентски во Штип е најблиску до медицинскиот факултет? Ако знае некоја феминка нека ми каже, би и била благодарна... Поздрав и благодарам однапред...