1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски домови

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 28 јуни 2010.

  1. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Така и јас мислев ама се зачудив зашто претходните години не требаше такво уверение. Тоа се бара само при аплицирање за стипендии и при нивно продолжување. Ццц значи секоја година по нешто ново додаваат.
     
  2. visnicka

    visnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Во Стив има од 1 до 4 креветни соби. Тие од 1 се нели апсоловентски и многу малку се на број. Со 2 кревети лани имаше исто така многу малку и најмногу ги има 3 и 4 креветните соби.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    4. Испечатена електронска пријава заради проверка на податоците;

    Знам порано бројчето само се носеше, кај има опција за печатење на пријавата? Или јас сум слепа или нема никаде на формата...
     
  4. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    194
    Втор пат аплицимар за со студенски па сакам да прашам, во полето Просечен успех (од диплома) треба да се напиши просечен успех од прва година? :)
     
  5. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Јас ја снимив пријавата како што е во Chrome, преку File->Save page as..., ја префрлив на УСБ и без проблем ја испечатив, а мислам дека може и преку PrintScreen на тастатурата.
    Да, а тоа од диплома важи за бруцошите.
     
  6. stiki18

    stiki18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    56
    Здраво, јас сум нова тука и оваа година ќе сум 1ва год. на факултет. Е сега, немам кого да прашам па тука прашувам. За потребни документи од точка 5 и 6 .. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;и Заверен образец “УППИ”... Е сега мене ова не ми е јасно...Каде можам да ги најдам овие документи?
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.396
    Пол:
    Женски
    УППИ го имаш во потребни документи, само ќе го испечатип, а другото не е за бруцоши зошто логично е да немаш предходно положени испити, тоа се вади од факс, за вас е дипломата.Си пишува во конкурсот убаво, само што сакате на готово некој да ви изџвака.

    Инаку и мојот и факултетот на брат ми почнуваат со работа од 13ти и ептен се изнервирав.Како сега да го внесам просечниот успех кога повеќето проф немаат списоци истакнато што имаш, а што не положено, ниту пак во електронски индекс нема.Значи ми пукна главата денес.Неорганизираност до даска.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Абе ок се тоа, ама така ли се прави... Професионална деформација ми е тоа, кога ти речат да испечатиш нешто си бараш копче што ќе ти го претвори во pdf... така без врска треба 2 листа да печатам, еден со лични податоци еден со тие другите, без врска...
     
  9. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Како тоа не може да уплицираат бруцоши за во Кузман да седат? И на која страна аплицирате?
     
  10. Marinka99

    Marinka99 Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Dali treba kopiite od izvodot i diplomata za zavrseno sredno da bidat zavereni kaj notar?
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.396
    Пол:
    Женски
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.396
    Пол:
    Женски
    Луѓе мене нешто ме збунија.Татко ми утре ќе поднесува за семејно-материјално од УЈП, ама веројатно нема одма да го издадат, кога вадев за 2012 по секој основ беше 0 и така внесов во пријавата лани, сега претпоставувам дека ќе е исто зошто се нема ништо сменето и пак си внесов 0 за да не ми помине рокор за онлајн пријавување.Сега се слушнав со една колешка и таа ми вели како може ако мајка ти е вработена во документите од УЈП да не и го има внесено приходот, велам го немаше ни лани и немавме никаков проблем, ама ме збуни.Сега прашање ми е во пријавата кај оваа точка
    Годишни приходи од образецот "УОП/ФЛ" од Упрвата за јавни приходи по основ на:
    Кандидатите – студенти без родители/старатели и родителска грижа и студенти кои се класифицираат како лица со посебни потреби, внесуваат 0 (нула) во полињата каде се наведуваат месечните и годишните приходи во семејството
    -Кандидатите не ги внесуваат личните примања според член 14 и 14а од ЗППД
    Приходи од земјоделска дејност
    * Приходи од стопанска дејност
    * Приходи од авторски права
    * Приходи од издавање на простор и други приходи кои не се спомнати а се наведени во образецот

    Дали под други приходи да ја внесам платата од мајка ми, зошто под член 14 и 14а се лични примања или да оставам 0 зошто ми нема логика, предходно има точка каде што се внесуваат личните примања?
     
  13. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    личните примања не се внесуваат , си внесуваш таму 0 секаде и готово не му се секирај :$
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    За колку време го даваат уверението за положени испити од студентски? Ми кажаа дека процедурата траела 5 дена, но не сум сигурна.. :wasntme:
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.396
    Пол:
    Женски
    Зависи на кој факултет, кај нас одма го даваат или за ден евентуално.
     
  16. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    За Филолошки.
     
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Мислам дека таму доле кај земјоделска, стопанска, авторски права треба нула, а за мајка ти ќе гледаш според тоа од УЈП - приходот на годишно ниво на мајка ти ќе го делиш на 12, и просечната плата ќе ја ставиш таму каде што пишува посебно за мајка нето плата. Ова си е приход за целото семејство нели.
    Јас така правев со пензијата на тато, ама бидејќи лани имаше покачување некое ја препишавме сумата од последната исплатена пензија-најголемата. Ние имавме од земјоделска дејност приходи и ја пишав сумата што е на годишно ниво.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.396
    Пол:
    Женски
    Да тоа знам, за нето плата, ама зборот ми беше освен што под другата точка дека си има приходи од мајка што пишувам, дали и овде на последното кај што има други приходи да ја внесам истата сума или да ставам нула, тоа ми беше муабетот, ако ме разбираш?Зошто пишува дека личните примања од член 14 и 14а не се пишуваат, а колку што знам платата спаѓа под овие членови.
     
  19. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Таму нула ќе пишеш ..
    и гледам дека има други забуни некои па така да појаснам

    1. Платата односно износот од платата ќе си го пишете заедно без точки запирки .
    2. Во број на членови се броите и вие самите
    3. Упии образец и уверение различно , се завршува работата во еден ден ( со исклучок на некои факлутети каде што може да почекате еден до два дена)
    4. Потврдите за невработени од оваа година по службена должност заедно со државјанството
     
    На WarriorAngel и 1209 им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.826
    Допаѓања:
    38.396
    Пол:
    Женски
    Jaс уште две прашања имам.
    Денес во УЈП ми ги кажаа приходите бидејки документите ќе биле готови дури другата недела, е сега кај татко ми има приходи од 30 000 од работа што ја има вршено во 2013, тој е невработен и тогаш беше невработен, но имаше договор за еднократна работа со некој и од таму се тие пари.Сега не знам дали во пријавата да ги внесам под последната точка или не(зошто од УЈП не ми напоменаа под кои приходи спаѓаат) дали да ги сметам само како лични примања под член 14 и 14а?

    И други, татко ми не се води во бирото како невработен бидејки има фирма која чека да биде ликвидирана и поради тоа не може да се води како невработен во бирото, меѓутоа тој не зема плата веќе 5 години од таа фирма.Лани кога поднесувавме за дом од бирото му издадоа дека не се води како невработенв во бирото, но дека не прима плата по ниеден основ.Сега не знам дали годинав истото ќе го издадат, зошто министерството сега демек само ќе ги обезбедува документите?