1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    114
    Дали некоја од вас знае дали има стипендија за студенти - деца на самохран родител?? фала однапред :)
     
  2. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Може ли некој да ми каже со просек 9,00 на општествени науки (економски факултет) за кој вид стипендија може да се аплицира?
     
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    а) Прва група - стипендии за студенти од социјални категории



    1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2014/2015 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.

    2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови.

    3. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи). По основ на овој критериум се добива најмногу 60 бодови.

    4. Дополнителни 10 бодови добиваат студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија.

    5. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.

    6. Документите на студентите, кои ќе освојат 0 бодови по основ на критериумот материјални можности (прикажани во точката 3 на оваа група), нема да се разгледуваат.

    Превземено од stipendii.mon.gov.mk

    Дали некој што се разбира во врска со стипендииве или зима стипендија од Прва група, да ми го објасни малце горенаведеното бидејќи не се разбирам многу во овие работи.. Колку треба да изнесуваат месечните примања за да се добие ваква стипендија и дали може да аплицираат бруцоши за неа??
    Исто ме интересира и за трета група ако сака некој да ми објасни бидејќи ќе запишувам медицински факултет.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате ли лани кога отприлика се продолжуваа стипендиите за оние кои веќе добија?
     
  5. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Во октомври и ноември се продолжуваат. Различни рокови за различни групи :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KejtV

    KejtV Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Здраво.Јас сега ке бидам прва година на факултет,па сакам да прашам дали стипендиите почнуват од втора година или пак може и од прва година да се добие?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Стипендиите од МОН не важат за бруцоши, ќе аплицираш здравје во втора година.
     
  8. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    А за стипендиите во Штип знаете нешто?
     
  9. Cricket

    Cricket Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    1.074
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој кога е рокот за аплицирање за стипендија? Прв пат ќе земам иначе. Ве молам одговорете ми, да не ја пропуштам
     
  10. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    433
    Студенти од ПМФ во која група спаѓаат,технички факултети?
     
  11. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Ќе се дознае на форумов кога е. Крајот на ноември беше електронско аплицирање, а потоа со закажување носењето документи.

    Лани имаше посебна група ( трета ) за техничките, ПМФ и медицински науки. Ама нели секоја година има измени во конкурсот, па ќе видиш дали ќе има и оваа година.
     
  12. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Дали треба да се извади потврда за примања на полубрат, бидејќи во конкурсот пишува приходи од браќа/ сестри
     
  13. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    дали знаете дали има некаков конкурс сеа за стипендии?
     
  14. DaCi1

    DaCi1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што во досегашните Конкурси за стипендија, критериумот беш најмалку 9.00 за општествени науки , сметам дека е малку ризично да се аплицира за стипендијата со висок просек, затоа што, од сигурни извори, овогодинешнита и минатогодишнита ранг листа на студенти на кои им следува стипендија ( од општествени науики) се затвори заклучно со 9.1. Немој ова да го сфатиш како обесхрабрување, знаеме дека конкурсите подлежат на промени, а доколку исполнуваш услови можеш да си аплицираш и за првата и за третата група стипендии ( социјална и таа со висок просек). Мој совет е да не се оптеретуваш. се уште е рано за конкурсот. Успех ти посакувам :)
     
  15. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Мојава ситуација е лоша
    значи прашањево ми е следно
    бараат 80% положени ИСПИТИ за трета група нели
    за да ја продужам стипендијата , а имам 24 предмети од 2 те години пишува дека 80% е 19.2
    е сега 19 или 20 , ова 0.2 ме буни
    и у досие имам 25 предмети слушани зашто едниот ми е презапишан
    дали и тој се зема у обѕир?
     
  16. Lola3

    Lola3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Да прашам вака, стипендиите ја покриваат школарината за една година вклучувајќи и одреден месечен надомест од државата за стипендистите, или следи само месечниот надомест? Ме збунува малку, зашто знам дека државниве стипендии не важат за бруцоши, и затоа не можев да аплицирам лани, ама бев влезена во државната квота па може ли таа да се продолжи и сега годинава, или е важечка работа само за матурантите?
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    @Lola3, 9 месеци добиваш само месечна рата со висина во зависност од типот (група 1, 2 или 3).
    Не пуштаат пари месец за месец, туку по неколку рати наеднаш, обично на два пати.

    Не знам на кој факултет си и колкав просек имаш, прво отвори на mon.gov.mk и прочитај ги сите нешта во делот Конкурси - Стипендии. Види дали имаш просек кој ги задоволува условите за стипендија, па потоа ќе следиш кога ќе излезе конкурс и ќе аплицираш.

    Овие стипендии од МОН не покриваат школарина, тоа што некои факултети им доделуваат бонуси на првите 10 студенти од листата е друга работа и нема врска со ова.
     
  18. Lola3

    Lola3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Фала! :)
     
  19. EmilijaaV

    EmilijaaV Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    ослободена сум од партиципација и во електронското досие ми пишува дека сум корисник на стипендија. дали имам право да аплицирам за стипендија? благодарам од напред :)
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Ако си бруцош, немаш право годинава да аплицираш за стипендија од МОН.
    Годинава само „билдај“ просек, па догодина ќе аплицираш.
    Патем, честитки за стипендијата. :)