И јас одма ко станав проверив кај 1-2 и немаше.. И после проверив пак оти гледам на сите му стигнува и оп Ајде сите со здравје да си ја трошиме
Ајде и јас ќе проверам утре, ваљда има и кај мене .. Во секој случај со здравје да си ја трошиме , си почекавме асално
Дали некој има добиено трета категорија за талентирани студенти? Преку стопанска банка? другар ми има стигнато исплата само во друга банка.
Може ли да ми кажете колку треба да имаш просек на технички факултет за да можеш да конкурираш за стипендија? Дали е 8.5 или помалку?
@Pink.Princess Има различни категории. Има за просек над 8.5 изнесува 4000 денари и нешто и од 7 до 8.5 (ама реално над 8 затоа што другите во главно не добиваат пошо се ограничени местата) 3300 денари. Има и информатички од 5500 ден или 6000 можеби ги покачија, за просек над 9.
Ве молам знае некој побрзо да ми одговори...Сакам да работам летово(2 месеца) и сега ми бараат да се пријавам во завод за вработување а сум редовен студент и зимам стипендија прва група (социјална категорија). Ме интересира дали тоа ќе влијае на стипендијата и ќе ми ја укинат или нема врска бидејќи и онака ќе работам 2 месеца и после тоа ќе се одјавам ?