1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    11.224
    За продолжување на социјална стипендија во октомври кои документи треба да се однесат? Оние што ги пишува во договорот
    ,,На почетокот на секоја студиска година, најдоцна до 30 октомври секоја година, до давателот на стипендијата да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на школување и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успехот и бројот на положени испити од претходните години и индекс на увид, до завршувањето на додипломските студии...
    Дали треба и некои други документи освен овие што се вадат од факултет?
     
  2. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Тоа што е наведено во договорот, само тоа треба.
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Можеби е малку рано но сакав да ве прашам, при поднесување документи за стипендија треба индекс на увид, па бидејќи не сум од Скопје ќе треба да ги праќам по пошта. Сега прашањето ми е дали треба копија од индекс или оргинал? И уште нешто, за втора категорија стипендија треба 90% положени испити, јас од 10 ги имам положено сите 10, но сепак последнава ми е пониска и ми намалува просек. Бидејќи сеуште не ми е запишана оценката во индекс дали можам да внесам дека имам положено 9 од 10 предмети?
     
  4. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Мора точни податоци да внесеш бидејќи во уверението за положени испити што треба да го вадиш од факултет ќе ти ги пишува сите предмети што ти се положени, без разлика што немаш земено оцена во индекс
     
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Доколку се оддолжи факултетот уште една година (после 4-та), следува ли стипендија?
     
  6. Cricket

    Cricket Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    1.074
    Пол:
    Женски
    На тие од социјална категорија колку ви изнесува втората рата ? Нешто не ми штима...
     
  7. Iris7714

    Iris7714 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Знае некој нешто повеќе за Зоисова стипендија (во Словенија)? Како се аплицира? Колку изнесува?
     
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Секоја стипендија тражи основен минимален просек кој треба да се држи за да ја имаш.Ако се одложи(паднеш испити) тоа значи дека веројатно(и во зависност од другите оценки) го немаш тој просек и ќе ти биде укината.
    Стипендијата важи додека студираш.
     
    Последна измена: 2 август 2016
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Ок тоа го знам, друго ми беше прашањето, имам доволно положени предмети, проблем е дипломската, таа се оддолжи. И сега пак морам да запишам семестар, па не знам дали дали следува стипендија.
     
  10. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Тоа е веќе политика на факултетот или фондацијата која те финансира.Мора со нив да разговараш.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Дали Уверение од Управата за јавни приходи лани се доставуваше или Министерството само ја обезбедува? Бидејќи во конкурсот не беше наведен овој документ.
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Кога се аплицира електронски за стипендија?
     
  13. kroasan

    kroasan Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, да ве прашам дали има овде некој што е информиран за стипендиите за постипломски за студирање на еден од најдобрите 100 универзитети по шангајска листа? Ако има некој што знае, кога ќе има резултати, или барем некоја друга информација поврзана со оваа стипендија?
     
  14. La Gatita :)

    La Gatita :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2015
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    27
    Дечки кога се аплицира за стипендии?
     
  15. ana992

    ana992 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    5.992
    Дали некој можи да споедели информации за социјална стипедија,во случај кај самохрани родители кои критериуми треба да се исполнети ???
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Не ти следува стипендија. Ако беше за така сите ќе си одлагаа и никој немаше да дипломира навреме. Ако земаш стипендија од оние државните од министерството не постои никаква политика на факултетот бидејќи факултетот не ги дава стипендиите. Истото важи и за приватен факултет. Ако земаш државна стипендија, таа ги одредува условите. Е сега, ако земаш стипендии од некоја друга фондација како што напоменаа или нешто слично не знам.
    Еве ти директно цитат од конкурсот за стипендии, можеш да си провериш и сама: "Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање."
     
  17. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    433
    Да прашам нешто... кога аплицирав за стипендија имав просек 8,14, а требаше да имам над 7, сега ми и намален просекот на 7,9 отприлика, дали можи да ја продолжам и дали за продолжување пак важи да имаш положено 80% ?
     
  18. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    114
    Со тој просек можиш да си ја продолжиш, значи се додека ти е над 7 го исполнуваш условот, ама мислам дека и годинава треба да имаш положено 80% од предметите.прашај си во министерството за сигурно.
     
  19. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Имам просек 9.1 сакам да конкурирам за стипендија од втора група за постигнат успех, колкави ми шансите да ја добијам инаку на филозофски факултет студирам
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што во оваа група кандидатите имаат многу повисок просек дури над 9.5, понекогаш изборот е многу тесен и за секој случај аплицирај за втора и трета група.