А мкоже за две стипендии да се аплицира истовремено па ако не ја добиеш едната другата, другата сигурно ја добиваш или ?
Можеш да аплицираш за две, па потоа ако ги добиеш двете, од едната се откажуваш, затоа што смееш да земаш само една стипендија. И не мора да значи ако те одбијат кај едната, дека другата со сигурност ја добиваш. Зависи од пријавените кандидати и нивните постигнати успеси, но реално, јас сметам дека имаш повеќе шанси во трета група отколку во втора. Во втора неретко повќето од кандидатите се со 10.00 просек. Во мојата генерација, последниот од втора група имаше просек 9.5.
Секоја година во сличен период го истакнуваат конкурсот. За тековната учебна година ќе објават нов накај ноември.
Dali nekoj znae dali ke mi pravat problem sto letovo bev prijavena kako vrabotena,no koga ke se aplicira sega vo noemvri ke bidam odjavena?
Девојки имам едно прашање за вас ако некој знае да ми одговори вака јас ја зимам стипендијата според успех и оваа година пак си ги положив сите 10 предвидени испити меѓутоа во сесијата не успеав да земам 3 оценки и не ми се внесени електронски ниту во индекс ке мора да ги пријавам во јанураска сесија , татко ми се помина и буквално заборавив на сите обврски...и сега си стои во IKNOW дека имам само 17 положени испити го губам ли правото да ја земам стипендијата ?
Девојки сега сум втора година на економски па да ве прашам нешто околу стипендииве. Имам просек 9.25 па ме интересира дали имам шанси за стипендии во втора група, а ако не во која друга група би можела да аплицирам бидејќи прочитав дека трета група е само за природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки? Ако може некоја да ми каже
Девојки дали може да не ми биде продожена стипендијата (социјална) бидејќи во договорот пишува да се положени најмалку 80% од испитите но не се бара просек, а јас имам повеќе од 80% од испитите положено а просекот ми е за многу малку намален? Дали има некоја слична ситуација?
Здраво феминки ...Дали може да се продолжи стипендијата доколку си апсолвент и е останата само дипломската работа? Дали има некои кои земале стипендии во ваков случај? Ви благодарам
кои документи ни требаат за продолжуање на стипендијата по прв пат и кога најкасно треба да се однесат тие документи ?
здраво, јас земав годинава прв пат стипендиј, сега за продолжување треба да имам 80% од сите предмети ( од прва и втора) или 80% од втора?
Ова го пишува на страната на стипендии.мк: „Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.“ Што според ова значи, доколку прашуваше дали можеш да зимаш додека стажираш - не.
Дали знаете кога отприлика се аплицира за стипендии оваа година? Прв пат ќе аплицирам па не сум упатена, доколку може некој да ми одговори Ви благодарам, и дали треба 70 или 80% положени предмети?
Сега уште нешто да прашам во прва имав предвидени пример 40 кредити, јас еден предмет од 9 кредити го презапишав во втора, и сега кај да ги пишам тие кредити, ако пишам дека во прва сум ги изгубила тие кредити и плус овие два од втора шо не ми се уште положени ќе го изгубам правото ако има некој со ваков случај за продолжување на стипендија и презапишан предмет нека ми пиши молам