Уверение за положени испити и заверен УППИ образец кој го има на сајтот на МОН. Најверојатно роковите за продолжување се исти како и изминатите години - до крајот на октомври, но потенцирам дека не сум сигурна околу роковите, прашајте на студентска служба.
Ако просекот ти е над 9 со положените 7 предмети ќе можеш да ја продолжиш, ако ти е помал нема да може
дали има објавено конкурс за нови стипендии од мон да се пријавиме,тие што се со успех, социјални и други ?
Девојки да ве прашам, дали некој од групата за талентирани студенти уште нема добиено договор од МОН по пошта? Бидејќи јас парите ги добив, но повратен договор уште не. И дали за продолжување на стипендијата се потребни само уверение за испити, УППИ образец, потврда за редовен студент и индекс? Ви благодарам!
При аплицирање за стипендија, кога се впишуваат бројот на предмети кои ги имам слушано/положено, дали се пишуваат само редовните предмети кои ми се положени, или и изборните кои ги имам слушано и положено, бидејќи нели и оценките од изборните ми влегуваат во вкупниот просек?
Девојки јас имам положено 15 од можни 16 со просек 9.3.Дали сега за продолжување на стипендијата за успех да пишам дека имам еден неположени или не? И каде се предаваат документите за продолжување?
Да, нормално дека си го пишуваш тој еден предмет како неположен. Документите се предаваат на шалтерот во МОН, т.е. на истото место каде што лани ги достави документите.
Дали има некој од Економски да ми каже на која сметка треба да се уплати за уверение за положени испити?
Здраво Имам едно прашање, јас земам стипендија од тип В - за технички факултети со просек над 7, но годинава имам поголем просек и сакам да аплицирам за стипендијата од тип б, но не сум сигурна дали би ја добила и во секој случај би аплицирала за две ( повторно за тип в). Ме интересира дали морам прво да се откажам од сегашната стипендија( и како ) или можам да ја продолжам и кога би ја добила новата тогаш да се откажам? Фала однапред
Треба да имаш 80 % положено од вкупните испити. Значи 80 % од 20 испити се 16 испити треба да имаш на iknow за да ти ја продолжат и просекот да ти е согласност групата за која земаш стипендија. Мислам дека се е во ред, после ќе си ги земиш останатите оценки
Да да просекот ми е на 9 меѓутоа во индексот ги немам сите оценки а треба и индекс на увид да се носи па за тоа ке ми прават ли проблеми ?
Девојки, минатата година бев апсолвент, а оваа година запишувам семестар со предмети кои не сум ги слушала е уште. Дали имам право на стипендија, бидејќи се уште статусот ми е на редовен студент?