1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764

    Поените не се само просекот, поените ги означуваат колку од сите поставени услови за добивање стипендија се исполнети. Така да некој со 6.5 може има и 9 просек но не ги задоволил доволно другите критериуми.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Дечки, ме интересира нешто - право на стипендија имаат само студентите од државните Универзитети ?
    Оние кои се на некој од приватниве можат да аплицираат за некаква стипендија или не? :^)
    Или пак, самите приватни Универзитети дали нудат стипендии во текот на школувањето? - Онака ме интересира, информативно што би се рекло. :D
     
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И студентите од приватните факултети имаат право на стипендија. И за нив има излезено ранг листа.
    Инаку, знам дека ФОН им дава стипендии на студентите - тоа е онаа кампањата што се организира секоја година - „И во Македонија се може“, кога матурантите полагаат испити на ФОН, па после им даваат целосни стипендии на најдобрите, на помалку добрите им даваат половични стипендии итн.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    А да прашам нешто јас, ако се оди по поени како некој со 92 поени зима стипендија тип а а некој 94 тип б? а истиот факултет?
     
  5. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Може воопшто да нема аплицирано за Тип А.
    Можеби тој кој зема Тип Б стипендија нема доволен просек, но има многу ниски приходи кои му носат повеќе поени.

    Врз поените не влијае само просекот. Висината на приходите е клучниот фактор. Бројот на членови во семејството и нивниот работен однос (вработени, ученици, студенти) исто знае многу да влијае.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Знам тоа него прашувам врз основа на поените, значи тој со поголеми поени зима помала стипендија а има аплицирано за двете, а овој со помалку поени ја зима тип а, тоа ми е прашањето, не за просекот.
     
  7. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    За секој тип на стипендија посебно рангираат, мислам дека не ни гледаат дали си аплицираат за два типа
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    не се разбираме изгледа, нели услов за да земеш стипендија ти се поените, не само просекот, како некој со помалку поени зима тип а, додека некој со повеќе поени зима тип б?
    Нели поените играат улога?
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Башка поени се даваат за А, башка за Б... немаат врска едните со другите. Можда за А ќе имаш 95 поени зш само успех се гледа, а за Б ќе имаш 50 и нешто ради тоа што за Б и примањата ги гледаат.
     
  10. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Ни едната ни другата... сега триповам дека погрешни податоци имам испратено. Изнервирана до максимум, пцујам и држава и факултет и самата себе си се пцујам. :swear: :@ Калимеро нема правда....
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Добив A :party:

    Се исплати учењето и просекот, а не се надевав.. мислев со врски е и немаше ни да аплицирам за А. Дузи е крива, таа ме убеди :D
     
    На LittleDevil, Hipica, Nati.P и 6 други им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Не се услов поените. Условите ти се дадени пред аплицирањето. Поените се резултат на тоа каде во скалата во која се движи одредениот услов (пр. вкупниот износ на месечни приходи) се наоѓаш ти според дадените податоци во однос на вкупниот број на апликанти.
    Доколку некој на таа скала (пр. со приходите) се наоѓа пред тебе во вк.број апликации тој има предност, а на крај може да има и помалце вкупни поени.

    У п.м. Немам поим од објаснување :tmi: Се надевам ме сфативте што сакам да кажам.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    ^ Убаво објасна, јас те разбрав. :)

    Исто така, најважно е тоа што на студентите од техничките факултети и тие кои студираат на медицински им се додаваат 10 поени плус на целокупниот број на поени поради тежината на факултетот.
    Инаку, и мене ме збуна тоа со тие со 6 просек. :^)
    Не ми е јасно. Дури почнав да се сомневам дали јас сум зела стипендија кога ги видов тие, иако имам просек 90. :rofl:

    Зедов тип Б, да ви се пофалам.
    Се надевам сите кои аплициравте се најдовте на листата, секој кој има висок просек заслужува да земе стипендија. :)

    Огромно благодарам до девојката што го стави линкот до е-конкурси, никогаш немаше да ми текне таму да проверам. Ми ги скрати маките. :D
    ТИ БЛАГОДАРАМ!
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    А како иде околу парите, стварно не се сеќавам а и не бев обрнала внимание. Колку е за А , за Б и за В месечно? И ме занима баш во кој период ги праќаат парите и по колку рати плаќаат како иде исплатата, знам дека доста каснат ама отприлика?
     
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Јуху, тип Б! :party:
    Се надевам сите што аплициравте ви е одобрена стипендијава.
    И честитки!


    И едно прашање, сега што треба да се прави со она договорот?
    Да се испринтаат три примерока од тоа документот што е поставен на страната и плус трансакциска сметка и да се пратат по пошта..добро разбрав, или треба нешто плус?
     
    На Hipica и Mishela им се допаѓа ова.
  16. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Тип А зема 4000, Тип Б 3000 или 3500 (не ми текнува точно), а Тип В 2500. :)
    Не доаѓаат месечно, едната сума ја праќаат два или три месеци после објавување на резултатите, наеднаш за 4 месеци, а наредната ја праќаат во јуни или јули, наеднаш за 5 месеци. :)
    Една другарка лани зеде стипендија и така и стигнаа, од прва рака знам. :D
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Да, да - ТИП Б :party: :dance:
    Искрено се изненадив и не очекував дека ќе добијам.
    Еднаш и јас да се изненадам позитивно... :D
    Се надевам дека се најдовте во списокот... :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    И јас добив тип Б, и сум среќна, а малерот во мене е што не добив за 0,2 поени тип А.. ама добро е и на ова се радувам 8)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Да, лани во мај стигнаа парите за 4 месеци, а на крај на јули стигнаа и за останатите 5 месеци.
    Но :!: , не мора да значи дека сега така ќе стигнат.
    Се тоа зависи како министерство за финансии ќе одобри и колку ќе се има пари во каса.
    Пред минатата година (во јуни имаше избори) до мај за сите 9 месеци ги исплатија парите.
    Може оваа година да се деси нешто да исплатат до март кога се изборите. ;)
     
  20. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    А секоја година ли се поднесува за стипендија или еднаш откако добиеш- ќе добиваш и наредните години ако ги исполнуваш условите?
    И од колку до колку се мерат месечните примања за да земеш од тип а,б или в?