Јас се извинувам што малку каснам со одговор.. што се однесува до моето искуство со капсулите фактор фит.. јас не ослабев ниедно кило.. немаше никаква промена кај мене па ги прекинав. Али од друга страна, мајка ми која исто така започна заедно со мене да ги пие, ослабена е 4кг... значи од организам до организам е различно..
Не е до организмот. Туку е до калориите и активноста. Математиката е проста,само многу луѓе сакаат да го ре-инвентираат тркалото...
Јас сум многу против овие апчиња за слабеење. Немам проблеми со тежината, ама и кога би имала не би користела нешто такво сигурно. Сепак не е природно и не е здраво за организмот, барем според мене. Подобро пробајте со диети, одколку со апчиња, ама сепак ваш избор е тоа..
Едуцирање за здрава исхрана е единствениот начин да се тргнат од апчиња за слабеење. Пак ќе има мрзеливи луѓе но сепак,барем ќе се едуцираат правилно
О да.. мрзливи луѓе.. Стеф каде живееш ти? дали си погледнал околу себе во какво општество живееме? работиш? знаеш по колку саати работат некои луѓе и колку слободно време имаат? Очигледно не.. Епа овака сега за сите вас што мислите дека оние што бараат спас во апчиња се мрзеливи и неедуцирани во врска со правилна исхрана и здрав живот, да ви кажам неколку работи, затоа што гледам дека упорно ја тупите. Драги дами и господа... има луѓе кои работат 6 дена во неделата по 8 или 12 саати. Луѓе кои работат на смени, луѓе кои имаат таква работа да не можат некогаш ни вода да се напијат а не да внимаваат дали во 10 ќе апнеле банана за во 12 да ручаат или што ти ја знам. Луѓе кои кога ќе си дојдат дома ги чекаат 2-3 деца, маж, домашни задачи, нечист веш, растурен кревет или болни старци за кои мора да се грижат... или што уште не... Луѓе кои во неделата само еден ден имаат одмор и тогаш гледаат да го исчистат домот и да ги средат сите оние работи кои не можеле да ги средат през недела... Луѓе кои се постојано на пат, луѓе кои дежураат со денови, кои (зависи од работата) некогаш се и по 4 саата на едно место и не смеат да помислат на шетњи или здрава исхрана. Немој да мислите дека сите овие тука што побарале совет не знаат како здраво да се хранат, нити дека се штетни тие апчиња, нити дека треба да вежбаат. Мислам.. стварно... со кој памет се дрзнувате да солите памет на луѓево?! .. Ако вие по цел ден седите пред пц и немате друга грижа освен да си направите денес дневно мени, да си отидете во теретана или да изигравате доктори на форуми, има луѓе кои го немаат тоа слободно време и кои не можат да го уживаат животот. Сватете го тоа.. и не важи воа само за постарите.. има денес и млади кои поради работата се заглавени со саати и едноставно немаат време и снага да се придржуваат на таков начин на исхрана и да вежбаат или да одвјуваат секој деен по саат време. А ако веќе толку мислиш дека се храниш здраво и дека тоа што го јадеш не е загадено и не му штети на твојот организам.. жал ми е што ќе морам да ти го скршам филмот али, ништо не е 100% здраво... се.. почнувајќи од воздухот што го дишеме (посебно ако си од скопје.. кое е еден од најзагадените градови во европа) до почвата на која се сади таа таканаречена "органска храна"... зар оваа другава не е органска?!... многу глуп термин.. али ајде.. сега е мода да се храниме СО ОРГАНСКИ ЗДРАВА ХРАНА... се живо е загадено. После толку нуклеарни проби, чернобил, фукошима,бомбардирањето на НАТО врз Србија со осиромашен ураниум, постојаните војни, вакцини кои штетат, новонастанати вируси, фабрики кои секојдневно не трујат... и уште што не.. дали некој од вас навистина верува дека и таа храна што не е прскана, е здрава и не му штети на човек?????? Па ако е почвата загадена... а загадена е.. тоа веќе е јасно како ден.. а воедно и водата со која се наводнуваат тие растенија, дождот кој паѓа врз тие растенија и загадениот воздух, дава растенија.. односно храна која е штетна за здравјето.. Значи ти си земаш од пазар овошје и зеленчук кој созреал под некоја фолија, или покрај некој автопат... си трчкаш на кеј и си дишиш од прекрасниот ни воздух.. си вариш мевце (свинско или пилешко или не знам какво)од некое болно животинче кое било клукано со лекови пред да умре а кога умрело газдата за ефтини пари му го продал на месарот за да се спаси, а овој пара ќе лапне, па иако не смее да го продаде, сепак го става во продажба (а факт е дека никој од нас не може да знае дали е месото стварно здраво)...и на крај пиеш флаширана водичка од некое шише кое стоело во магацинот или во продавница на сонце сигурно повеќе од саат време (а сите знаеме што се случува со пластиката кога е изложена на топлина и колку е опасна таквата вода) и на крај си легнуваш спокоен со мислата дека си живееш здрав живот и дека се храниш правилно. Доволно си одземав од слободното време за да ти го објаснам сето тоа.. дали ќе сватиш не знам, можеби и нема.. како и да е .. мислам дека повеќето ќе ми ја сватат поентата.
Јас работам како персонален тренер и од тоа вадам плата,колкава лично јас си знам доволно за себе. Велиш работиш по не знам колку часеви и јас работев исто како тебе минатата година и како луд станував во 6 часот да вежбам. Резултат на тоа е бујрум Плус не ти треба многу и се што кажа го разбирам како се чувстуваш но имаш секогаш начини да најдеш време за вежбање и за активност. Тоа не значи да идеш во теретана и има 7 минутни вежби што секој ден ако ги правиш ќе ти помогнат да ослабнеш. Бујрум за 7 минути вежби http://well.blogs.nytimes.com/2013/05/09/the-scientific-7-minute-workout/ Друго консултирај се со кој сакаш експерт,нутриционист,персонален тренер и човек што се разбира за физиологијата на вежбање,исхраната и ќе ти речат дека без добра исхрана ниедно апче не функционира. Се согласувам за органска храна и јас не сум подржувач на маркетиншки трикови,исто како што ти велиш дека немаш време за готвење и за размислување за здрав начин на живот. Само ќе ти кажам дека од кога мајка ми и го наметнав мојот начин на живот таа ослабна 10 кг. Мојата филозофија и работа е да биде животен стил во кој ќе го одржуваш,ќе уживаш и најважно ќе видиш резултати. А апчињата за слабеење не даваат резултати,ти пробај милион,јас ќе ти дадам едно а тоа е испоти се и јади помалку.
Nature essential glucomannan таблети за слабеење Денес почнав да ги пијам таблетите за слабеење Nature essential glucomannan ми рекоа дека ги препорачал доктор Оз и дека биле многу популарни меѓутоа ме интересира дали некој има искуство со овие таблети и дали имаат ефект...
slabeenje Moze li nekoj da mi kaze koi od ovie kapsuli za slabeenje se poefikasni Meizitang Botanical Macedonija Belinea Acai ili Glukomanan ve molam koj imal nekoe iskustvo neka pise pozdrav
slabeenje Наместо да ги пиеш едните или другите капсули, префрли се на темава тука dieti/gumbir-t17212/220.html и пробај го рецептот на Моира.... препорачитај по страниците, има и други предлози за ѓумбирот, како и дозирање и можни контраефекти. Мислам дека поздрав начин да слабееш од тоа, плус да намалиш со висококалорична,мрсна храна и да додадеш пешачење во секојдневни активности, ќе имаш резултати. Погледни го тој дел од форумот (Диети и фитнес)..мислам дека е подобро за тебе dieti-i-fitnes/
slabeenje јас би ти препорачала да не користиш капсули бидејки подобро би ти било природно т.е да исфрлиш нездрава храна да јадеш овошје и зеленчук и јадења без многу масла и зачини придржувани со многу вежби како на пр. зумба или др, ке видиш дека има големмм ефект и јас си постигнав. Но доколку ти се неопходни користи го Глукоманан бидејќи користеше една моја блиска пријателка па беше задоволна,изгуби околу 5 кг за 3 недели .
epten nova sum na forumot i razgleduvajki gi temite naidov i na ovaa...ne preporacuvam apcinja za slabeenje ama ako vekje piete i sakate da oslabite probajte gi Lipovon tetka mi gi koristi i oslabe zenata...pozz
мислам дека во континуитет ги пие 5 месеци е сега за килажа незнам точно колку има симнато,ама се приметува ралика голема , ке ја прашам тета и ке ти пишам
не ви требаат таблети, сега е лето и баш можете да ослабнете колку сакате овие 4 месеци, јадете интегрален леб за ручек, за појадок или банана или портокал и за вечера некоја лесна зелена салата, а како ужинка можете смоки или сладолед
СтефЧиф јас мислам дека нема потреба од навреди...сепак ова е форум на кој си споделуваме мислења си даваме совети си кажуваме проблеми итн....Значи не се наврдуваме!!! ...а поимот мрзеливост незнам дали воопшто и треба да се споменува тука, со оглед на тоа што секој еден човек си ги знае сопстевните квалитети и способности и мислам дека нема простор за навредување...поздрав убав ден!!