Талент

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gordana10, 12 јануари 2010.

  1. Femina777

    Femina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    215
    Цртање,пеење.. :)
     
  2. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    6.082
    Немам некој посебен талент, но дефинитивно посакувам да го имав талентот на Ким Кардашијан.
    Или тако звано, да имам талент да немам талент никаков, а сепак да заработувам многу пари.
    Е то.
     
    На Survive му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dea8

    Dea8 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44
    Браво Катја, ти посакувам уште многу успеси и брз напредок :) И јас сум како тебе- цртам и најголема инспирација ми се женските актови, а за парички цртам и продавам портрети :) Но јас би те посоветувала пред да се запишеш на факултет да подразмислиш подобро. Јас кога бев во твојата ситуација бев многу залетана по факултет за уметност и бев решена тоа да се запишам, но си поразговарав со луѓе кои веке го студираат тоа, исто и со повозрасни и поискусни и сфатив дека не е баш најдобра опција затоа што талентот го имаш и за него е потребно многу работа (и малце знаење :) ) за да го усовршуваш, но за тоа не ти е потребно да завршиш факултет, доволно е и некој курс кој можеш да го поминеш или како што јас се образувам на ликовното поле- google i youtube ;) буквално се има на нив што те интересира. И што ќе бидеш кога ке го завршиш тој факултет? Што ке работиш? Тоа што ке бидеш дипломиран ликовен уметник мислам дека ке ти значи само ако можеш да се вработиш некаде како наставник или професор по ликовно. Во нашето Македонииче тешко се преживува ако живееш од уметност (ликовна). Сеа треба да го работиш тоа што го сакаш... за да го работиш со страст и да бидеш повеќе продуктивен. Но јас го избрав и се запишав на следниот факултет што ме привлекуваше после овој за уметност( и го завршив), и воопшто не се каам.Работам нешто сосем друго од уметност (моментално). Имам врсници кои се запишаа на уметност ( и се фантастични, делата им се ... :o ) но сега паѓаат во депресија зошто неможат да си најдат работа со нивниот факултет. А исто така пак имам многу познаници и врсници кои не се запишаа на тој факултет а исто толку се добри уметници благодарение на напорната работа, па има и некои финти што не се учат и на факултет :)
    Така што, размисли си убаво, мислам дека е паметно да студираш нешто друго, за да можеш да работиш нешто понатаму во животот со тој факултет, а талентот ако работиш на него нема да ти пропадне, и пак можеш во слободно време да си црташ и усовршуваш, па и да си продаваш дела. Поздрав, и ти посакувам многу среќа :*
     
  4. nikiiii

    nikiiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    пеење :)
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IloveScience

    IloveScience Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    0
    Здраво :) извинете што пишувам за ова тука но итно е, треба да направам проектна ликовно и како техника сакам да земам едни маркери специјални што се доста квалитетни и поскапички, незнам каде низ скопје би нашла, сакам да бојам модни илустрации со нив, еве туториал нешто вака, ако некој знае некој ми пише, итно е!! Поздрав

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... tq2j7fHG9M
     

    Прикачени фајлови:

  6. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Исто! Сите ме знаат по цртањето,само талентот за пеење го чувам и кријам во себе :$ и никој не знае дека убаво пеам,освен мајка ми :)
     
  7. Bennet

    Bennet Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    46
    Цртање, пеење, свирење на инструмент (сајзер, тарабука- ја обожавам :lol: ) :)
     
  8. anonymous16

    anonymous16 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Напредувајте со своите таленти. :) Јас имам некој талент за пеење но баш кога ќе сака некој да ме чуе се глупирам едноставно неможам пред луѓе да пејам си пејам за своја душа. Настапував неколку пати со пеење ама срам ме отепа и се откажав. :D Исто така имам талент за спиење, а и имам талент да ги нервирам родителите :P :D :D :D
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    35
    Цртање. Но можам да цртам само кога сум тажна... :tmi: Не дека не цртам убаво кога не сум тажна, но тогаш ги создавам најдобрите, најнеобични и воедно најемоционални дела. Еднаш ми кажа една роднина дека очите на личностите што ги цртам се огледало на мојата душа :/
     
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Талент имам за цртање и учење јазици,барем така мислам. :rofl: Посакувам да бев талентирана и за пеење...
     

Сподели ја оваа страница