1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телото за време на бременоста - појава на стрии

Дискусија во 'Бременост' започната од koritsaki, 30 август 2010.

  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    еден добар совет кој го подели една постара колешка со мене да си знам за кога и јас ке бидам бремена а тоа е
    во текот на бременоста што се вели од првиот месец редовно користете крема против стрии на стомакот и нозете ако сакате да го спречите нивното поојуваување и навистина имало ефект.
     
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Верувале или не, само со павловичева маст, јас се мачкав на стомакот и на нозете и не ми се појави ништо, но глупава јас задникот го заборавав и сега само на задникот имам :(
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.531
    Пол:
    Женски
    26 недела. Немам стрии но од скоро почнав да користам на нук крема чисто ради превентива
     
  4. Elenche87

    Elenche87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.722
    40 недела сум до сега ми се немаат појавено стрии,но уште од почеток на бременоста се мачкав со еуцерин масло за стрии плус павловичева со ад капки.
     
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.223
    Допаѓања:
    30.289
    Пол:
    Женски
    Уште малкy 35 недела, и кај мене до сега се немаат појавено стрии на ниеден дел од телото, иако стомакот во 7ми и 8ми значително ми се зголеми (помислив дека ќе почнат поради наглото зголемување) но имам напишано и погоре, јас од првиот месец кога дознав дека сум бремена се мачкам по цело тело со павловичева Mama & Baby на Dокторс(во нашите аптеки во Прилеп, скоро и ја нема, ја наоѓам само во една), која е наменета за бебешка кожа, мрсна е и многу ефикасна.
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    И јас немам стрии ич:) иако со првата бременост се поправив 25 кг ама тогаш ја користев кремата против стрии од органско потекло на weleda, a во втората бременост користев еуцерин масло. Инаку има врска и со типот на кожа и гени.
     
  7. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    еве и јас да си прашам,
    за два три дена ке влезам во седми месец, и забележав дека на колковите имам по три четири бледи дури невидливи стрии,исто така и на градите,до петти месец се мачкав со обична крема за тело а после тоа почнав да користам бадемово масло секоја вечер пред спиење би сакала да знам дали овие стрии што веке ги имам некогаш ке исцезнат или не ???

    и дали ако сега немам стрии на стомакот после пораѓај постојат шанси да ми се појават??

    ви благодарам на сите.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^јас немав ни една стиа...си го сакав стомакот многу...се утепував мачкање со што не, 10тина дена по пораѓајот почнаа да се јавуваат. И сега се мачкам со еуцерин
     
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Мене стрии ми се појавија само на градите. 6 месеци по породувањето, скоро и да не се забележуваат, доста се избледени.
     
  10. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    цела бременост по два пати дневно се мачкав со масла кремови чуда ... и мислев ок сум
    ама после породувањето ми се појавија под папокот и на струкот :(
    сега еуцерин масло мачкам не знам дали ке се повлечат барем малку
    дали бојата ке им се смени , црвени ми се :(
     
  11. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Јас сум скоро 24 недели, немам стрии сеуште. Се мачкам со павловичева маст со АД капки по 2 пати на ден и гледам да е мрсничко нон-стоп :lol:
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    На мене почнаа да ми се појавуваат стрии во 7-ми месец. Изгледаат полошо отколку кога бев бремена првиот пат. Последнава недела почнаа многу да ме чешаат, особено кога е топло. Не се мачкам со креми, бидејќи нема да има ефект.
     
  13. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Те чешаат затоа што ја оставаш кожата сува... според мене обавезно треба да се мачкаш со што е можно помрсна крема, ако не друго бар да не се појават премногу и да не те чешаат.
     
  14. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Јас цела бременост се мачкав со павловичева + АД капки и како резултат на тоа сега воопшто немам стрии :) , ама за тоа целулит имам за продажба :lol:
     
  15. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    35 недела од вчера сум, а од пред две недели ми излегоа напред горе на нозете. Кратки се ама ги има. А што ми е најчудно за градите , некој да ми кажувал и немало да верувам, имам мали гради, 75ка носев пред бременоста сега ваљда 80-85ка ама пак не се нешто драстично големи, уште во 5ти месец ми излегоа на долната страна стрии, прво мислев дека се вени како потемни нагласени, скроз не личеа, се до вчера кога почнаа да ме чешаат и пред спиење викам ај да се намачкам со кремот и што да видам, баш се отцртуваат ко стрии.
    Инаку претходно пишав мислење за Baby Love маслото за стрии и Alverde путерот за стрии, и нешто бев скептична за путерот ама сега морам да кажам дека веќе второто пакување го користам (моја грешка што ставав само на стомакот) и сум задоволна (ќе видиме до кога :D ) иако гинекологот низ муабет ми кажа дека медицински е докажано дека нема крем што ќе спречи стрии ако имаш таква кожа и тоа е. Ќе си кажуваме после пораѓај, ако не расцветаме до тогаш :lol:
     
  16. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Јас сум 26+5 си имам стрии од пред 4-5 години од нагло дебелеење па слабеење кај колковите и одпозади на нозете кај колената.Ама ми се избледени и не се познаваат мн сега од 3 месец па навака се мачкам со павловичева од павлодерм само на стомак нај искрено се надевам дека нема да ми расцвета стомакот мн,бидејки имам читано дека било генски а мајка ми и сестра ми имаат на стомак од бременостите,па ако е генски ќе ги добијам и јас ама зошто да не пробам може ќе ми се посреќи да не ми се појават.еххехе
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Најверојатно ќе се мачкам со вазелин. Со него се мачкав и во првата бременост.
     
  18. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Ајде и тука на оваа тема еден апдејт да направиме.хехех
    Денес ја почнавме 32 недела стрии фала му на бога сеуште немам,стомакот ми е чист се надевам дека така и ќе остане ама како што читам овде на повеќето ви се појавиле во последниот месец,така да може нема да бидам и јас исклучок,иначе исто си се мачкам со павловичева само навечер пред легнување ама и стомакот не ми е мн голем не изгледам како за 8-ми месец тоа ми го рече и матичната(малку ме налути со муабетот ама сватив дека е до моите хормони па помина лутината кога кажа дека со синко е се во ред)позз сега засега па ќе пишам понатака до крај на бременоста што биднало...
     
  19. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    47
    Jas se mackam so pavliceva mast i sum sedmi mesec...do sega se e ok i nemam nikade striii...inaku za ovie 29 nedeli imam kaceno 7 kg poveke.
     
  20. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    Јас се мачкав со baby love маслото од DM и со оригиналната павловичева и немам воопшто стрии а бев огромна во стомакот ама тоа го препишувам на гените бидејки и сестрами исто немаше а не мачкаше ништо :)