Телото за време на бременоста - појава на стрии

Дискусија во 'Бременост' започната од koritsaki, 30 август 2010.

  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    411
    Не е само што ги имам. Ако не можам да ги спречам од излегување барем да не ми е толку не угодно.
    Надевам дека со текот на времето ќе избледат и нема да се познаваат. Ќе ги сончам кога ќе дојде време па ќе видиме.
    Ама болат бре и пече и ме чеша. И ништо не помага. :sweat:
     
  2. Nova

    Nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    280
    Jaс се мачкам со Еуцирин масло, а распукав како лубеница последниве две недели. Стомакот и градите ми се .... :x
     
  3. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    411
    Eucerinot не ти помогна? Прашувам затоа што 95% го фалат.
    Пробај да се мачкаш со Елдена млеко со АД капки (можеш да додадеш и вит. Ц ампули,евтини се)
    не верувам дека ќе ти помогнат со тие што излегле веќе ама помага за еластичноста.
    Јас се зезнав што не го мачкав дупето :lol: , сега за никаде ми е
     
  4. Nova

    Nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    280
    И јас сум изненадена што не ми помогна. И тоа не е толку страшно што ми испука стомакот, туку и странично кај слабините сум лом. А поправена сум 8 кила, не викам дека се малку ама не е драстично толку многу што ни Еуцеринот не ме спасува. Имам уште од шишенцето, ќе го дотрошам ... А кажи ми целото пакување на АД капките да го ставам во млекото т.е има ли некоја мерка или?

    Страшното е што не може да се залажуваме дека ќе поминат после бременост, каде би оделе. :lol:
     
  5. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    103
    па што и ако се појават? зошто тоа толку ве фрустрира?нека знаат сите дека сте мајка и дека тоа е нормална трага од бременоста!!! мене до сега не ми се појави ниедна стриа, а и да ми се појави до крај, право да ви кажам ич не ми е гајле, важно бебуш да биде како што треба и пораѓајот да ми тече без компликации.
    BTW кој фактор во животот ви е стриа???? :?:
     
  6. Nova

    Nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    280
    Зошто ваков пристап Каја? Зарем е штета ако се заштитиме, за да не го срамиме истото тоа дете на плажа после? Јас не реков дека ми се битен фактор во животот, ниту пак дека ако се мачкам за стрии помалку ми е важно да е се во ред со бебето.

    Да се покае човек сто пати што воопшто пишал искуство.
     
  7. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    103
    Незнам кој дел од мојот пост не го разбра :?: никаде не напишав дали треба да се заштитиш или не, поентата ми беше дека и да се појават (а тоа немој да мислиш дека 100% има врска со мачкањето, немој да ги заборавиш и гените) никому ништо, нема да пропадне светот!!!
    Ама ова бисеров со детето, плажата и срамењето..... е вакво нешто немам прочитано одавна на форумов, што сакаш да кажеш дека сите МАЈКИ со стрии претставуваат срам за своетот дете на плажа????
     
  8. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    411
    А зошто да не се грижам дали ќе имам стрии или не?
    Последниве 10год водам сметка за себе,што јадам што пијам, да вежбам...сакам да изгледам најдобро што можам. Нема да се лажам себе си дека физичкиот изглед не ми е важен кога ми е.
    За себе! Не е дали некој ќе ме гледа на плажа или каде и да е.
    Се разбира дека не е крај на светот и пред се најважно ми е бебето.
    Не разбирам зошто тоа што сум трудна треба да значи дека треба да престанам да се грижам за тоа како изгледам.
    Може на тебе или било кој друг стрии не му се фактор, мене ми се. Не сакам да ги имам.
    И знам дека не е се до мачкањето. Мајка ми до пред една год. немаше стрии воопшто, и покрај 3 деца, исто и со др мајки од семејството, што значи имам добри гени кога станува збор за ова.
    А тоа што јас не сакам да ги имам, не значи дека мислам дека мајките треба да се срамат ако ги имаат(Или јас ќе се страмам). Не е тоа до мајката, едноставно се случува и мора да се прифати.
    А ти викаш немаш стрии, убаво за тебе. Не затоа што не ти испукало телото тука затоа што немаш поима како е неугодно. Те боли и пече кога седиш, кога стоиш, кога лежиш кога одиш и чеша ненормално. Така да не е само надворешно
     
  9. Nova

    Nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    280
    Kaja, јас и ти уште во старт не се сфативме, не гледам и кога би се објаснила колку тоа ќе промени. Нека остане како бисер и нека остане дека ете ние што коментираме за стрии помалку се грижиме за бебињата. :)
     
  10. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    103
    баш ми е драго што ми ја свати поентата
    значи да не мешаме баби со жаби, прва работа никаде не ни спомнав дека тие што коментираат за стрии помалку се грижат за нивните бебиња, баш ме интересира каде го прочита тоа, јас погоре си го спомнав моето бебче и пораѓај, значи тоа ми е МОЈА главна преоптеретеност во моментов во споредба со стриите, а не твоја или на станко, петко што коментираш така и ми ги пикаш зборовите во уста....како и да е единствено битно во ова е дека навистина неможеме да се разбереме!
     
  11. Nova

    Nova Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    280
    Не бе Каја, јас ништо не ти пикнав во уста. Формулацијата на реченицата ти беше со доза на суровост зошто на крајот што бараш ти на тема за стрии кога немаш? Јас треба сега да седнам и да куцам пост еден саат за да ти напишам со што се се справувам во бременоста и дека од кревет немам станато за да имам право и за стрии да коментирам? Дали така би можела да ти парирам на тебе како загрижена трудница?:) И дека ништо на светот не ми е поважно од нејзе?

    Објективно прочитај си го постот и дозата на обвинување, можеби ќе се сфатиме. Вака остануваат сите теми на форумот упропастени, греота за идни трудници ќе нема сокој да се советуваат.
     
  12. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    103
    прва работа мислам дека не треба да ти се правдам тебе или на било кој што барам на оваа или воопшто на друга тема, а второ тоа беше мое мислење во однос на бременоста и појавата на стриите, не знам што толкава ука бука???? уште еднаш ќе го кажам МОЕТО мислење, значи мене, а не тебе или некој друг воопшто не ми е гајле дали во текот на бременоста ќе ми се појават стрии бидејќи и покрај упорните мачкања со разни креми, ако намериле да искочат ќе искочат и тоа нема да промени ништо, а со грижата нема ништо да се постигне!
    изгледа ова ве навреди,а тоа се обични прашања, на кои може најнормално да се одговори, значи ме фрустрира поради тоа и тоа, а не одма да се пишува каков ми бил пристапот...
     
  13. butterfly.mk

    butterfly.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    456
    Значи секоја жена има потреба да изгледа убаво, секако дека после пораѓај сите пак ке сакаме да си се допаднеме на нашите мажи, дали со килограм повеќе или не,ама да имаме убава мазна кожа колку што е возможно. Жена која вели не ми е гајле за стрии или веќе ги има,па нервира други :lol: или не и е гајле за изгледот. Ама секој со свое мислење е и тоа треба да се разбере.
    Нема потреба да си пребацувате едми на други.

    :hai:
     
  14. ennaz

    ennaz Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Јас сум допрва 30 недела и уште немам ниедна стриа.
    Користам од Еуцрин маслото. Околу 700 денари го земав од аптека во Куманово. Го користам уште од 9-10 недела некаде, а инаку сум веќе слонче станата и стомакот ми е скоро како да сум 36-та недела.
    Е сега на градите си имав и од порано, од диети, па сега дали има нови не сум загледувала, сигурно има. Ама на градите не се ни мачкам редовно.
    Стомакот го мачкам секоја вечер пред спиење за да не мачкам други алишта, нели масло е и доста е мрсно. И обавезно се мачкам по туширање.
    Инаку нормално е стомакот да чеша, не сум сигурна кој прашуваше. Мене ме чеша често, особено кога нагло расте те во последно време.
    Сепак имам уште многу до породување и сега стомакот којзнае колкав ќе ми биде па може и ќе ми се појават. Ако има промени ќе пишам. :angel:
     
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    411
    ^Не ме чеша стомакот, туку газот :lol:
    За стомакот се сеќирав највеќе ама сега за сега не гледам ништо
    и ај чешањето можам да поминам преку тоа, ама не отчекував дека ќе ме боли и пече :worried:
    Сепак денес сабајле кога станав се мачкав вака:
    Масло од кокос па се триев со луфа,
    па Елдена млеко за тело со ад капки
    па путер од какао на палмерс
    па завршив со бадемово масло :lol: :lol:
    И не ме боли, ептен малце ме чешка ама речиси неприметно.
    Не си пробала со еуцерни на градите да видиш дали ќе ти направи некоја разлика?
    Ај пиши како напредуваш, блиску сме со неделиве па баш ме интересира како ќе ти биде понатаму
     
  16. zalosna

    zalosna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    2.525
    Пол:
    Женски
    имам неколку старии стрии на стомачето (значи од минатата бременост) од ова се уште немам и дај боже така и да остани.прашајнето ми беше дали старите стрии после порајгај че изгледат како нови :?: пошто е кожата повторно оптегната
     
  17. mona22

    mona22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    276
    Јас сум скоро 35та недела и немам стрии се мачкам секоја вечер со бекутан масло
     
  18. Vetruska

    Vetruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    268
    Еве од мене препорака. Јас сум склона неверојатно многу кон стрии. Целиот задник и бутовите од страните ми се со стрии и тоа уште од средно школо. Не сум имала драстични покачувања ниту симнувања на килажа, но ете кожата ми е таква.

    Се породив минатата недела во 39 гн и немам ниту една стрија на стомакот, а и стомакот ми е многу рамен, порамен од претходно.

    За време на бременоста секое сабајле и секоја вечер се мачкав и долго го масирав стомакот со смесата: оригинална павловичева, розева павловичева, АД капки, витамин Ц ампула, витамин Е ампула, маслиново масло и бадемово масло.

    Топло ви го препорачувам ова на сите.

    Во ред е да немаме фрустрации и ако се појават стрии, ама ако може да се спречи тогаш па и зошто човек да не се обиде ;)
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ennaz

    ennaz Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Готово, стриите дојдоа и на стомакот. |( Преку ноќ се појавиле и ги има неколку, црвени и страшни :( Многу се разочарав, еве три дена не можам да пишам од депресија. Тоа е! Сега земав и АД капки, а ќе земам и витамин Е да појачам, и почнав по два пати да се мачкам, па барем да не бидат повеќе.
    Што да ви кажам мешиња, ви посакувам повеќе среќа и подобри гени! :)
     
  20. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    370
    Мислам дека наскоро и јас ќе се пријавам во оваа тема.Денеска приметив многу мали стриички точно над папокот и една малечка до лузната кај што сум оперирана од слепо црево...Не се приметуваат многу,треба баш убаво да се загледаш па да ги видиш...ама ете се појавија... :sweat:
    Што да кажам сама сум си крива не се мачкам редовно...но после овие 2-3 мали стриички дефинитивно ќе се мачкам и тоа по два мпати на ден....насабајле и навечер. :doh:
     

Сподели ја оваа страница