1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тесто за пица

Дискусија во 'Рецепти' започната од enca.69, 16 февруари 2010.

  1. protonce

    protonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Jas si pravam testo so naut, go kupuvam od bilna apteka matija. E sega testoto e malku potvrda ama pa vikaat deka e pozdravo
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    девојки, мој школски другар преку 20 години има пицерија која е најпозната во градов.
    За да тестото ви биде меко и вкусно, треба да ставате оризово млеко ( на пр за 1 кг брашно, околу 250 мл оризово млеко) или пак млеко во прав
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Мини пици

    Состојки

    300 г шунка
    1 кг брашно
    1 супена лажица сол
    1 супена лажица шеќер
    1 коцка свеж квасец
    200 мл масло за готвење
    250 мл меко
    250 мл вода
    300 г кашкавал
    200 г доматно пире
    200 г црни маслинки
    оригано

    Начин на подготовка

    Во длабок сад на оган ставете ги млекото и водата заедно да се стоплат. Во друг длабок сад, ставете 1 кг брашно, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 200 мл масло за готвење и квасецот кој претходно сте го растопиле во малку млако млеко.
    Замесете тесто и оставете го да стаса 20 минути. Потоа земете од тестото и расукајте кора со дебелина од половина сантиметар. Сечете кругови со чаша. Половина од круговите сечете ги на средина со помала чаша (за ракија) и спојте ги така што одоздола ќе ставите цел круг, а одозгора кругот со отвор. Наредете ги во тепсија.Исчистете ги семките од маслинките и ситно исечкајте ги.
    На средина ставете доматно пире.Врз него додате ги шунката,кашкавалот,сечканите маслинки и посолете со оригано.
    Печете ги мини пиците во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.

    Освен овие состојки, мини пиците можете да ги направите со состојки по желба.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Јас последно пицата е направив од памет и ми испадна многу убаво тестото

    1 илол шоља брашно
    пола квасец во прав
    1лајче шеќер
    пола лајче сол

    сето тоа го замесив со
    1 јајце
    3, 4 лајци масло
    и пресно млеко по потреба

    течниве состојки ги стоплив малку за побрзо да ми потера
    Го киснев дваесетина минути па развлеков кора и и наредив се и сешто :D
    печев во округла тепсија најголема што збира електричнион шпорет

    :!: Тестото беше најубаво до сега што сум го направила, и од сега тека ќе го правам
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Не го знам на памет рецептот, но највеќе го сакам е излегува тенко ем највкусно, го викаат дежурно тесто.
     
  6. slatkamalaubava

    slatkamalaubava Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Домакинки а што кога тестото премногу е водно ? Додавав и додавав брашно и колку повеќе отстојува толку повеќе се разлева. Нити се сучи нити се фаќа со рака се лепе за раце. Брашното ли е такво или што е незнам .
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Некое брашно знае така да се растегнува, ама во твојов случај сигурно тестото е премеко и затоа е такво. Обавезно додај му брашно !!!
    Не смее да ти лепи тестото на рацете, ако лепи, му фали уште брашно.
     
  8. slatkamalaubava

    slatkamalaubava Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Го замесив на тврдо но приликом стасувањето ми се разводни и пак додавав брашно и пак исто. Ми рекоа дека такво било брашното па си земав КАДИНО и си терав раат со работата. Правев мини пици за слава.
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    2.122
    Еве мојот рецепт за тесто:

    18 лажици брашно
    1 прашак за пециво
    7 лажици масло и
    250 мл вода

    многу лесно се замесува тестото. :)
     
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Мојот рецепт е следниов и е прилично добар (од книжуле за италијанска храна, со многу мали модификации од моја страна):

    За замесување:
    1 лажичка шеќер
    1 лажичка брашно
    1/4 квасец
    топла вода по потреба (околу 100 ml)
    Се покрива и се остава да нарасне

    За тестото:
    горната смеса од нараснат квасец
    350 g брашно
    1-1.5 лажичка сол
    1-2 големи лажици маслиново масло

    Се замесува средно меко тесто, се додава топла вода по потреба (очигледно е дека горенаведеното количество вода ќе биде малку) и се остава да нарасне. Се расукува потенка кора и јас го печам тестото во вакво тавче (тефлонско) попрскано со брашно на 200 степени (тоа поради тавчето, а инаку се пече на појако и се надгледува).

    [​IMG]

    Предлог: Можете да си го замесите од вечер, потоа садот во кој ви се наоѓа тестото да си го покриете со проѕирна фолија и одозгора крпа и да го оставите во фрижидер. Следниот ден извадете го околу 30-40 минути пред да го расукувате, и повторете ја постапката (расукај, нареди и печи).
    Не очекувајте да ви зарумени многу тестото, само ќе стане бледо-златна боја кога е готово, зашто има маслиново. Тестото е вкусно, суво не е, а нараснува таман како што треба да биде пица и што е најважно - и следниот ден е супер, особено ако се притопли. Додуша, зависи од преференците - некој сака претенко и крцкаво, а некој дебело како лепче. Ова е некоја златна средина. :pizza:

    Bon apetit!
     
    На Bozica1980, Annath и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Правев пица пред некое време.. Рецептот беше од идната свекрва, а пиците испаднаа многу добри :D Точна мерка не можам да кажам, оти и јас од „кутура“ ставав, само знам дека имаше брашно, квасец, вода и сол, ништо друго. Еднаш се кисне тестото, пак се замесува и се расукува. Треба да се расучи тенко, за да биде убаво. Се пече во набрашнети тефлонски плехови, а е готово кога ќе добие малку кафенкаста боја од долната страна.
    П.С. ме замисливте со ова оризово млеко... сакам да пробам :?: Ако проба некој нека пише :)
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Кaкoнштo месaм леб,тaкa ми е тестoтo.
    Бршнo,прстoфaт сoл,мaлa лaжичкa шеќер, вoдa пo пoтребa.

    Еднaш еднп тестo прaвев сo киселo млњкo,јaјце и мимњрaлнa вoдa,aбе милинa aмa гo зaгубив рњцептoт. Мнooгу ми беше тестoтп oд пицaтa oстaнa зa утредентa, и тoгaш беше мекo ептеен.
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Брзо тесто за пица без сучење
    500гр.брашно
    сол
    пола коцка квасец
    Квасецот да се растопи во млака вода,и се додава во брашното, исто и млака вода и да се замеси.Тестото да биде како за пишии(мекици,тиганици).
    Во тавче намрсено со зејтин се истура тестото и се развлекува по тавчето(рацете намрсени со зејтин),не се чека да стаса,се мачка со кечап и мастраф одозгора и се пече на 250,па се намалува на 200 едно 20-30мин
     
    На Bozica1980, Morenaa и referentka им се допаѓа ова.
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Мене ми излегувa тестoтo дебелo,кaкo дa гo згoтвaм a дa биде нoрмaлнo кaкo штo требa дa е?

    Се oбидувaм сo пoмaлку тестo ми се кине,мoже рецептoтне ми е дoбaр
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Домаќинки месев тесто за пица, ама не нарасна. А внатре адитив си има и се активираше бидејќи посебно го растворив.
    Цела ноќ е во фрижидер и си седи во иста форма. :tmi::D
    Да го редам или да го фрлам?
    Нема да го биде? :D
     
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    Немам искуство со тесто во фрижидер. Зошто го ставаш во фрижидер? Мислам нема потреба иако така пишува во некои рецепти.
    Јас кога месам нешто ако во рецептот пишува да се стави во фрижидер јас не го ставам. Бидејќи на топло побрзо нараснува тестото.
    Пред да правиш пица направи си го тестото остави да нарасни на собна температура околу 1 час и прави си пица.
    Ладно тесто потешко се расукува.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nikolija2

    nikolija2 Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    800 гр брашно
    1 квасец се раствара со млака вода 3 лажици брашно 1 шекер,
    Зејтин една жољичка,
    3 лажици шеќер,
    1 супена лажица сол,
    малку сода бикарбона(1лажиче)
    млака вода и пола лажица марагрин кристал,
    нормално и млака вода
    месиш меко тесто , го стасуваш 2х и послеи реди со по избор
     
  18. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Јас сакам фурнаринки да замесам.
    Не знам дали да пробам со тесто за пица, сте пробале фурнаринки да направите со некој од рецептиве погоре?
     
  19. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.342
    Пол:
    Женски
    Фурнаринки можеш со готово тесто за пица, исечи го на резанки, премачкај со јајце и сусам и испечи
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    s
    najprvo premackaj gi so puter
     
    На Sfera и Dadusicka им се допаѓа ова.