1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тест за бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од pretty, 16 февруари 2010.

  1. cece07

    cece07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    кога да направам тест за бреманост?

    можеш после 5 дена, ќе купиш од аптека тест за бременост,чини мислам околу 120ден.тој тест е со 99%на точност.Има и уште еден друг тест тој е за 30ден поефтин но е со утринска мокрача а колку е сигурен тоа незнам.
     
  2. brmbrmbrm

    brmbrmbrm Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    jas mislam deka najto4en rezultat moze da ti dade posle 2 nedeli od seksot :)

    [mod-kirilica:3c6c469g][/mod-kirilica:3c6c469g]
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.755
    кога да направам тест за бреманост?

    Да, после 2 недели. Јас имам правено пред да поминат 2 недели, и ми излезе негативен, а после излезе дека сум бремена. А на тестот пишуваше после 7 дена од зачнување.
     
  4. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    кога да направам тест за бреманост?

    Имама читано дека најрано се открива по крвта и тоа 11 дена по зачнување , а по урината 12-14 од зачнувањето , на тестовите со се 99% сигурни пишува во упатство дека најрано може да се направат еден до два дена од каснењето на менструалниот циклус , а кај нередовни менструални циклуси 14 по денот кога си претпоставила дека си забременила, така со ако излезе негативен се препорачува да се направи повторно по 48 часа зошто хомонот кој се лачи во урината а по кој се утврдува бременоста се зголемува двојно за секој 48 до 75 часа се до десетата недела од бременоста а после повторно почнува да опаѓа ПА МОЈ СОВЕТ Е ПОСЛЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЗА СИГУРНО зосто предходно може да е во мали количини и тестото да не го детектира поздравче
     
    На monka_bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unknown1

    Unknown1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Каков е тој тест за бременост од 130 денари ... јас испитував со онај од 40 денари но читам погоре дека посигурен е онај поскапиот ... преку што се испитува тој ???? молам одговор :(
     
  6. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Нема врска, веднаш по зачнувањето тестот ќе даде резултати... На последниот што го плавев СТРИП-ТЕСТ (розева беше амбалажата, како топломер пластична пилула и пипета) во упатството пишуваше дека може да се направи најмалку еден ден по зачнувањето, со првата утринска урина...
    Две недели е веќе касно бе луѓе!
     
    На Lessor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Unknown1

    Unknown1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1

    значи безразлика кој тест за бременост го испитувам или тој од 40 или тој од 120 ... јас сакав да прашам дали тој од 130 е поразлицен од другиот што се испитува преку урина ? тоа сакам да знам ...
     
  8. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    Вака сеа имас тестови кои се потопуваат во мокрачата, за нив треба да си попретпазлива зосто треба да се потопат до одредено место. Другите тестови се баш како што имаат напишано погоре како топломер пластични и заедно со нив иде и една пинцета со која треба да капнес неколку капки мокраца на одредено место. Е сега незнам бас кој се најсигурни зависи од случај до случај. Кај некои HCG то во мокрачата е поголемо усте на почетокот, а на некои им покажува дури по изостанувањето на менст.
     
  9. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Абе по некоја логика поскапиот би требало да е по-точен... Но може и да нема врска бидејќи на ист принцип работат, само што тој од 40 е обична хартиена лентичка која треба да ја потопиш во урина, а поскапиов (во мојов случај беше тест од 420 ден) имаше ракавици, касета со опаковка, пипета за урина, хартивче за фрлање и триста други глупости.

    [​IMG]

    Aли у секој случај се се сведува на таа хартиена лентичка која ги покажува цртките, така да не е нужно да доплаќаш 300 денари за помошни реквизити... :wasntme:
     
  10. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    Повеќето жени знаат како е да си во неизвесност чекајќи да дознаеш дали си бремена или не. Некои со нетрпение чекаат да добијат позитивен одговор и да започнат да се радуваат на мајчинството, а други пак се молат да добијат негативен резултат кога сметаат дека не се подготвени да бидат родители.

    Тестот за бременост е најбрзиот метод за добивање на одговор на прашањето „дали сум бремена“. Најдоброто кај овие тестови е што можат да се направат во домашни услови, нудат приватност и се многу распространети – ги има во секоја аптека.


    Тестот за бременост е најбрзиот метод за добивање на одговор на прашањето „дали сум бремена“.
    Како функционираат тестовите за бременост?
    Домашните тестови за бременост се тестови на урината. Тие го детектираат присуството или отсуството на хормонот hCG (human chorionic gonadotropin) во урината и во зависност од тоа даваат соодветно позитивен или негативен резултат.

    hCG хормонот започнува да се произведува од плацентата во случај на бременост и придонесува за појавата на некои од првите симптоми на бременоста, како чувствителност на градите и гадење.

    Видови тестови за бременост
    Различни тестови за бременост
    Иако постојат различни видови на тестови за бременост, повеќето функционираат на ист начин. Најчесто треба да го поставите крајот на едно стапче (лента) во потокот на урина или да го потопите неколку секунди во мала чашка со урина. После една до две минути ќе го добиете резултатот.

    Постојат различни начини за отчитување на резултатите. Кај некои тестови се појавува знак плус (бременост) или минус (отсуство на бременост), а кај други пак се појавуваат две вертикални цртички (бременост) или една (отсуство на бременост).

    Доколку добиете нејасни резултати, најдобро е да купите нов тест за бременост од друга марка.

    Чувствителност и точност на тестовите
    Тестовите од различни марки имаат различна чувствителност. Некои можат да го „уловат“ присуството на hCG хормонот 4-6 дена пред датата на која што очекувате да започне вашата менструација. Но, колку порано го правите тестот, толку е поверојатно да добиете грешен негативен резултат, т.е. тестот да покаже дека не сте бремена кога всушност сте.

    Некои производители ја посочуваат чувствителноста на тестот. Тоа значи дека ја посочуваат најниската концентрација на хормонот hCG, која што можат да ја детектираат. Колку помала концентрација е посочена, толку почувствителен е тестот и порано може да ја открие бременоста. На пример, ако пишува дека тестот може да детектира 20mIU hCG/ml (мили интернационални единици на милилитар урина), тоа значи дека тој е почувствителен од тест што тврди дека може да открие hCG при 40-50mIU/ml.

    Според повеќето производители, тестовите за бременост даваат точни резултати во 99% од случаите, но само ако се употребуваат правилно.

    Совети за употреба
    Правилната употреба на тестот за бременост е предуслов за добивање на точен резултат. Еве неколку совети за начинот на користење на тестовите:

    1.Проверете го рокот на употреба. Ако го имате тестот дома подолго време, прво што треба да направите е да го проверите рокот на употреба. Доколку сте го чувале тестот на влажно место (бањата), тогаш најдобро е да си купите нов.
    2.Прочитајте го упатството. Постојат различни тестови за бременост и сите тие се употребуваат на различен начин. Затоа е многу важно пред употребата да го прочитате внимателно упатството. Следете го секој чекор.
    3.Направете го тестот наутро со првата урина. Концентрацијата на hCG хормонот е најголема наутро, па најлесно може да се детектира.
    4.Немојте да пиете многу течности пред да го правите тестот. Некои жени пијат многу течности за да го зголемат количеството урина, но на таков начин постои ризик да се разводни концентрацијата на hCG.
    Лажен негативен и лажен позитивен резултат
    Многу почесто се појавува лажно негативен резултат, отколку лажен позитивен.

    Лажен негативен резултат се добива ако:

    Тестот е направен премногу рано. Почекајте за да го направите тестот барем еден ден откако ќе утврдите дека ви доцни менструацијата. Тогаш најрано може да биде уловено присуството на hCG во урината.
    Тестот не се употребува правилно. Многу е важно да внимавате на посочените инструкции. Ако треба да користите урина во чашка, не го правете тестот доколку поминале 15 минути откако сте уринирале. Не ги чувајте стапчето или лентата предолго потопени во урината. Во упатството на секој тест е точно посочено колку време треба да го чувате потопен и после колку време можете да ги прочитате резултатите.
    Сте пиеле премногу течности. Консумирањето на големо количество течност непосредно пред употребата на тестот може да придонесе за појавата на лажен негативен резултат, затоа што се намалува концентрацијата на hCG во урината.
    Лажен позитивен резултат. Иако се случува многу ретко, може да се добие и лажен позитивен резултат ако во скоро време сте пометнале, сте извршиле абортус или примате лекови кои што содржат hCG.

    Кога е најдобро да правите тест за бременост?
    Повеќето тестови тврдат дека покажуваат точен резултат ако се употребат на првиот ден од задоцнувањето на менструацијата. Но, за најточни резултати најдобро е да почекате да измине една седмица од датата на која што по правило би требало да ви започне менструалниот циклус.

    Ако направите тест неколку дена по задоцнувањето на циклусот и добиете негативен резултат, тоа не значи дека 100% не сте бремена. Доколку во наредните денови не добиете менструација, повторете го тестот.


    ова го најдов во статиите на фемина поздравче ;)
    P.S.

    Насочувачки нивоа на hCG за време на бременоста

    hCG нивоа по недели од првиот ден на последниот менструален период (ПРМ), или во гестациски недели

    • 3 недели од ПРМ: 5 - 50 mIU/ml
    • 4 недели од ПРМ: 5 - 426 mIU/ml
    • 5 недели од ПРМ: 18 – 7 340 mIU/ml
    • 6 недели од ПРМ: 1 080 – 56 500 mIU/ml
    • 7 - 8 недели од ПРМ: 7 650 – 229 000 mIU/ml
    • 9 - 12 недели од ПРМ: 25 700 – 288 000 mIU/ml
    • 13 - 16 недели од ПМП: 13 300 – 254 000 mIU/ml
    • 17 - 24 недели од ПМП: 4 060 – 165 400 mIU/ml
    • 25 - 40 недели од ПМП: 3 640 – 117 000 mIU/ml
    • не бремени: <5.0 mIU/ml
    • Во менопауза: <9.5 mIU/ml

    Овие вредности се само насочувачки – кај секоја жена нивоата на hCG можат да се зголемуваат различно

    Може ли нешто да влијае на нивоата на hCG?

    Ништо не би можело да влијае на вредностите на нивото на hCG, освен лекови кои содржат hCG (Pregnyl) Овие лекови честопати се користат за лекување на стерилитет и лекарот треба да даде насока како тие можат да влијаат на тестот. Сите други лекови како антибиотици, седативи, контрацептиви, или други хормонални препарати не би требало да влијаат на резултатите на тестот за hCG.

    МОЈ СОВЕТ ОД ГОРЕ НАПИШАНОВО ДВЕ НЕДЕЛИ СИ СЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ТАКА ДА ПОЧЕКАЈ И НАПРАВИ СИ ТЕСТ ;)
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    има еден е 130ден се вика sure check пишува дека e 99,9 % сигурен има упатство внатре тестот во касета и една мала пипета и писува дека се прави најрано еден ден по задоцнѕвањето на менструацијата или кај нередовни циклуси 14 по денот кога си претпоставила дека си забременила а се испитува по урината како и секој тест за домашна употреба во било кое време од денот но сепак најдобро е со првата урина отсабајле поздравче ;)
     
  12. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    и јас се согласувам дека најдобар е sure check :)
     
  13. igorcen

    igorcen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    zdravo sakam mala pomos da mi odgovorite na ova so devojkata imavme seks za nova godina ona trebase da dobie na 3 janoari do sega nema dobijeno no pred nekoj den pravese test ima samo edna crvena linija pa ve prasuvam zasto i sto e prbleme sto nemoze da dobie i do kolku dena moze najveke testot se pokazuva a ovoj test bese pominato i rokot star tes bese ve molam na odgovor pozdrav.
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Нека купи одма нов сега и ќе и покаже.
    А што би можела да е причината што толку и касне може само на гинеколог да си дознае. :)
     
    На Biljana 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    А да си купите вие нов тест, 150 денари е не ецело богатство.Ако покаже пак една линија не е трудна, нека си оди на гинеколог да види зошто и касни, има милион причини!
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Имате и од 50 денари тест, купете еден и завршена работа. Една црвена линија значи дека е негативен. Ние тука не можеме да знаеме од што и касни.
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. igorcen

    igorcen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    fala na odgovorot ke mora da ide na ginekolog
     
  18. cresichka

    cresichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    "Self Clear"test za bremenost

    Dali ste slusnale za Self Clear najbrziot i najprecizniot test za bremenost???
     
  19. cresichka

    cresichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    "Self Clear"test za bremenost

    Mila toa e za sure chek,edniot i drugiot nemaat vrska
     
  20. cresichka

    cresichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Najbrz i najtocen test srcki vi e Self Clear, 8 dena posle odnos mozi da se utvrdi bremenost i so nad 99.9% tocnost,cenata e okolu 400 denari-vredi,site drugi se so 50%sigurnost.