Зависи колку ти касни ако е повеке од една недела мислам дека не е проблем да го направиш во секое време,но најсигурно е кога се прави со првата утринска мокрача.
Може да покаже точни резултати тестот по 10 дена од однос, а во меѓувреме веќе да ти касни? Пошо ја направив и негативен беше.
Штом е негативен, уживај. Доволно време поминало, а штом веќе ти каснело, значи тоа било точното време за тест.
Moже ли да излезе лажно негативен ? Пошто јас пред 2 дена го правев, веќе ми доцнеше неколку дена околу 5 , но еве 7ми ден и сеуште немам добиено, имам само бело прање
lacrimosa а зошто не го повториш тестот за секој случај. Јас секогаш купувам по два за секој случај за да знам дека е 100% точно она што ќе излезе како резултат.
Ќе добиеш, јас тогаш направив 3 и на прва и на не прва мокраќа а ми доцнеше само 5 дена и излезе позитивен (иако длабоко во себе знаев дека сум бремена само несакав да си признам). Ако си бремена и на првиот ден од доцнење ќе бил позитивен тестот.
Го повторив, значи беа 13-14 дена од однос, а веке недела и пол ми касни и пак е негативен. А јас уште си чекам да добијам.
Lacrimosa најдобра варијанта е посета на гинеколог.Ако на ехо види присуство на жолто тело или да го види плодот тогаш е јасно.Ако е нешто сомнително ке те прати на исптување bHCG. bHCG можеш да направиш и сама во некоја од лабораториите без упат.Цената е 700 ден и ако ти земат крв порано - посабајлечки, резултатот е готов истиот ден околу 14 часот.Така ќе бидеш на чисто , а вака неизвесноста е потешка од било какво сознание.Поздрав
Дали има некоја во ваква ситуација?Значи јас секогаш добивам на 42-45 ден и гинекологот ми рече дека доколку ми е секојпат така тоа е нормално,меѓутоа последната менструација требаше да ми е на 15.12 ама ништо од тоа,па затоа на 28.12 правев тест за бременост и тој беше негативен ама правев само еден и тоа во 17 часот,а веке една недела осеќам некое чудно чувство во стомак,ме болат градите,одам во вц почесто од вообичаено,сега незнам што да правам дали уште еден тест или на гинеколог?И дали е можно да сум бремена иако не сме имале со сопругот ризичен секс односно ејакулира надвор?Ве молам пишете ако имате слично искуство.
Ако си немала ризичен секс тогаш нема место за паника туку некој др. проблем имаш. Отиди на гинеколог и направи едно ехо ама прво поради чиста совест направи уште еден тест на прва мокраќа (многу е мала веројатноста да не е точен тестот али за секој случај). Претпоставувам дека имаш некој др проблем затоа што 42-45 дена на добивање и не е многу нормално. Нормално на 28 дена + - 2-5 дена ама 45 дена...гинекологот знае најубаво. Почекај уште 2-3 дена и оди на гинеколог на едно ехо. Можеби е случај да претходно не си имала одамна секс па сега те зеза или некоја циста ти прави проблеми. И пак ке си кажам дека многу мала е веројатноста да тестот не е точен али уште еден не е секогаш на одмет.
Готово, добив луѓе. Можеби од промена на клима беше. Абе какви два 8 евра еден тест душата ме заболе Ама барем умот ти е на место кога ќе видиш посакуван резултат.
Може ли некоја девојка да ми пише лп како изгледа тест за бременост и како се употребува? Да не бидам скроз незапознаена.... ве молам
еве ти ги сите врсти на тестови. Сите се на ист принцип, се мочкаш во сад и со пипетка (ја има во пакувањето) капнуваш по 3-4капки урина во отворот. И на обележаното место гледаш колку цртки ќе се појават. црти позитивен, една - негативен.
уф луѓе јас конечно добив,значи тестот си покажал точно само јас без врска паничам,а бев на гинеколог па нема ништо сериозно едноставно таков ми бил циклусот,преживеав добро е
Симптоми на бременост Луѓе, колку дена треба да поминат што ти касне менструацијата и тестот да покаже позитивно, мене последен пат ми има дојдено на 6 ти декември а сега сме 12 јануари, значи ми касне 6 дена дали сум бремена,и кога со сигурно тестот показува позитивно после колку дена. сабајле направив тест ми покажа негативно
Симптоми на бременост Почекај уште една недела па повторно направи тест ( ако до тогаш не добиеш) и ќе треба да покаже точно тогаш. Поздрав и со среќа
Не од односот, од последниот циклус. Треба да ти доцни циклусот барем 5-6 дена па да тестот ти покаже резултат.