1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Технологијата и отуѓеноста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Abrakadabra, 19 април 2015.

  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Нели ви си чини дека со интернетов, паметниве телефони и куп можности за брза комуникција преку социјалниве мрежи и чат апликации, се помалку се дружиме offline или во живо.
    Мене искрено ми пречи што сите некако се зависни од своите телефони и постојано само нешто проверуваат, играат, зборуваат, пишуваат, сликаат и покрај тоа што се надвор, во природа, во друштво...никако да ги остават телефоните на страна и едноствано не уживаат во моментот, ниту пак слушаат што им се зборува затоа што постајано зјапаат во телефонот.
    Колу повеќе можност за комуникација online, толку повеќе се отуѓени станавме !
    Што мислите вие за ова ?
     
    На Annath, Ginger111, elisabeta и 3 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Ако подобро размислиме 90% од луѓето не можат да си го замислат секојдневието без телефони,компјутери и лаптопи.Искрено и мене ми пречи тоа што кога ќе излезам со другар/ка тој/таа нон стоп гледа во телефонот,а не во мене.Живееме во таква ера.Ера во која телефоните се поважни од другарите.Поважно е да се виде дали Петко денес јадел грав и дали го тоа постирал на Инстаграм,зашто ако не постирал не јадел грав.Ако јас на моите слики имам 300 лајкови не замисливо е да се дружам со некој што има 50 лајкови.Времето на Фејсбук,Инстаграм,Твитер и другите мрежи ќе замине.Пречи ова некакво си "секојдневие".Пречи што оваа нова технологија наместо луѓето да ги едуцира,ги прави поглупи и позаостанати.
     
    На Ginger111, Winter Lady, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    4 телефони излегле на кафе и темава може слободно во аут.
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам, сум изглела на кафе со најдобра другарка и таа цело време само го чепка телефонот. Па дури и кога вози проверува да не и стигнала некоја нотификација, како животот да и зависи од тоа. Страшно. Не познавам некој кој седнува да се види со пријател и ниеднаш не го фаќа телефонот. Па веќе ни средби не се закажуваат со јавување, полесно е на фејсбук пиши, како срамота да е да се јавиш, па и да е само да чуеш пријател.
     
    На Ginger111, cresa-jagoda, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Имам видено како во една соба седат две другарки и на facebook разговараат ! Каде отиде ова ..забегано, ептен.
     
  6. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.162
    Пол:
    Женски
    Vcera izlegovme so maz mi vo restorant I do nas na masa sedea decko I devojka izlezeni na romanticen sostanok duri I ruza I imase podareno, pretpostavuvam na prv sostanok bea, ja naracaa hranata I dodeka cekaa I dvajcata na telefonite bea, zalno duri, nemaat sto muabet da si pravat(facepalm)
     
    На LittleChili, Anna-Banana, Ginger111 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа. Ќе дојдат другарки на ќерка ми дома и нема муаеет туку оној чат како и да се вика (на телефонте) сите се на тој муабет нема , дружење ич па ајајајајаај
     
    Последна измена: 19 април 2015
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Барем знаеш дека вистински си заинтересирала некој ако не го погледне телефонот цела вечер :D

    И мене страшно ме нервира, ама за среќа моите другарки не се толку опседнати со телефони, па не ми се случува многу често.
     
    На tessie и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    хааахах мојата е 15-16 така да во денешно време мислам дека е нормално (за мене не е нормално, ама децава).
     
    На Abrakadabra и crimson им се допаѓа ова.
  10. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Не само што ваквиот начин на функционирање не' отуѓува од социјализација туку и денешниве деца се гојазни, дебели..а ќе бидат уште подебели ако не се превземе нешто, се е до свеста, еве на пример родителска свест, педагошка итн. навиките се стекнуваат од мали нозе, јас на5/6 години жмурка си играв и се радував на десет денари а сега дете од 5 години ајфон од 500 евра у рака? wtf? Оукееј нормално е да се сменат одредени работи кај новите генерации но до таа мера е претерано.
    Од друга страна пак која е придобивката со "технологијава" што не ја испуштаме ни минута од раце? Не' усоврши како луѓе нешто или?Ни го подигна квалитетот на живот? Не, освен достапноста до брза информација ништо друго а брза информација има голема веројатност да биде дезинформација така да тие и не ми се баш веродостојни, луѓево ги гледам изгубија осет за комуникација..страшно..Јас сум сериозно загрижена за иднината на светов не знам за вас :D

    Ако не се лажам имаше слична ваква тема..
     
    На Anna-Banana, Winter Lady, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека би можела да бидам без телефонот, компјутерот, интернет...Ама гледам тоа да не го правам претерано. Кога ќе излезиме со другарки и кога тие ќе почнат да чепкаат во телефоните им велам „дајте бе остајте ги телефоните да се подружиме ко луѓе малце, досега бевте дома на фб“. Некогаш ќе сфатат ќе ги тргнат настрана телефоните, ама пак некогаш не ги оставаат од раце и земам и јас на телефон, дури не се освестат.
    Сакам и да уживам во денот, да излезам надвор, а не цел ден да го преседам на компјутер, иако не можам без тоа.
    А многу деца денеска детството наместо да го поминуваат надвор во играње разни игри, тие на компјутер дома затворени. Па ние на времето ко мали деца дома не се прибиравме, од утро до вечер само игравме, дома си одевме за спиење и преку денот едвај не' викаа да јадиме нешто. Имавме албуми од Покемон, Нинџа Желки и собиравме сликички, се радувавме.. Многу се изменија времињата, не е ко што беше.
     
    На Anna-Banana, Ginger111, Winter Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Технологијата е неутрална, зависи кој ја употребува. Некој/а со пикната глава во телефон за време на состанок/излегување/дружење е само стар добар идиот со паметен телефон :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    Жално ,навистина.Баш убаво што има тема за отуѓеноста,оти морам да се искажам некаде.Има добри страни технологијата,еве на пример на скајп ќе се видиш и чуеш со луѓе кои се далеку,а со години не ги гледаш во живо.Брзо ти минува времето кога седнеш на компјутер,или слушаш музика,чатуваш со некој по вибер,ама тоа со фејсбукот е претеризам.Нашава нација е опседната со него,како животот ќе заврши ако не се сликаат секој ден...жално навистина:|.Мора под итно нешто да се превземе,или ќе станеме глупи луѓе кои се контролирани од машини.Се прашувам во иднина дали и бетер ќе биде(facepalm)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    8.749
    Пол:
    Женски
    Нема ни милиметар простор за да направиш со некого муабет на раат, а да нема допирна точка со мобилниве.Разбирам технологијата си се разви со текот на годините, но кога зборувам со некоја личност сакам асален муабет, наспроти прекинувањата и попречувањата од типот на звукот на нотификациите.Ми се чини дека зависноста е драстично зголемена, па дури и алармантно ми стои.И јас сум зависна, не велам не, поготово кога ми се потребни пребирања податоци за некои истражувања, проект, проверување на фејсбук колку да не пишале нешто во некоја група, но не и од телефонот.Дури кога сум кај него, се случува да го носам чисто да си го гледам времето, а и да можам да завршам некои телефонски разговори.Некогаш и ич не го носам, па паѓаат зафрканции како мојот типичен хороскопски знак може да издржи така :lol:

    А ги има и оние, низ школо, кои седнати еден до друг си разменуваат пораки.Замислете, без усна комуникација, потенцирам еден до друг. А зошто? Оти така било поинтересно.
    Овдека се воздржувам од коментар, мислам се‘ е јасно зошто горе напишав алармантно.
     
  15. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Темава ја зеле за матура. :D
    Мене многу ми пречи тоа што кога ќе појдам кај другарка и таа од компјутер на мобилен, од мобилен на таблет седи и цело време си пишува со некој. Па сега сум дошла јас кај тебе треба да си направиме муабет да поседиме ко луѓе, еве има интернет низ цела куќа јас имам нејзин пасворд кога ќе појдам ми е уклучен ама незгодно ми е. Друго излегуваме на кафе и одма на фб си се пуштаат. Јас не користам и си седам така на маса, тие ќе си сликнат ќе објавуваат. Мене многу ми е незгодно и непријатно кога сум излезена цело време да зјапам во мобилен. Користам евентуално кога избегнувам некој ситуации :lol::tmi:
    -Тоа што не отуѓе технологијата и направи помал вокабулар на зборови кај луѓето. Освен таа негативност има и други последици од секојдневното користење. Јас мислам би требало да се превземат мерки... ама како што идат годинивте посовремено е и се е заменато со машини и комјутеризација.
     
  16. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Често се наоѓам во ситуација да го проверувам телефонот додека сум излезена со одредени личности и во никој случај не му судам на тие што го прават истото , ниту пак мислам дека е
    Мене пак непријатно ми е кога некој зборува колку е некој ваков или таков, па метафори и лепење на епитети, а воедно истите тие кои ги озборуваат, кога ќе ги здогледаат ги гушкаат како сестри.
    Од такви разговори не сакам да бидам дел и телефонот ми е секогаш спасот.
    Ако некој се навреди за тоа - баш ми е мило.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Технологијата е супер, само зависи кој како ја користи :)
    Искрено, јас не чувствувам дека сум се отуѓила од другарките заради интернетот. Ако ништо друго, ни помага да бидеме во контакт кога заради обврски не можеме да се видиме. Порано незамисливо беше со саати да правиш муабет со некој од странство, Телеком куќата ќе ти ја земеше :D Сега ќе се чуеш, ќе се видиш на скајп. Јас за време на испитна сесија не можев без интернет - многу беше лесно колешка од Струмица да ми прати материјали, па јас да ги препратам на колега од Охрид :) Сите бевме во тек, а еден одеше на факултет за да се информира. Целата комуникација беше олеснета.
    Што се однесува до оние што телефонот не можат да го пуштат од раце - јас не го ни вадам од ташна кога сум во друштво. Нит го сликам кафето и сладоледот, нит се чекирам. Единствено ми стои при рака ако очекувам повик, или важна порака, имејл, нешто такво.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Не е пристојно да се биде закопан со фаца во мобилен ако веќе човек излегол со друштво. Повик може да се разбере, иако и тогаш е непристојно доколку повикот се оддолговлечи на 25 минути. Но чачкање Фејбук или било каква нет содржина е идиотски. Паметам дека еден пријател на секои пет минути проверуваше резултати.ком за да види дали фатил услов во кладилница (facepalm)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Излегуваме на кафе и скоро сите телефоните во раце ги земаат. Не можеш муабет да им направиш. Додека од една страна се поврзуваат таму со некој на Фејсбук или на Вибер или на друго место, овде каде што треба да бидат присутни не се, само физички. Нема смисла. Па зошто сме излегле? Додека си излезен со некој на него посвети се, со другите ќе се договориш за следен пат. |( Еве признавам дека и јас така сум правела неколку пати но сфатив дека нема смисла. Не за друго, дечко ми дека е од друг град па додека бев излезена комуницирав истовремено и со него но сега му се јавувам пред да излезам и откако ќе се вратам.
     
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Јас практикувам додека сум во обврски и друштво да не чкрапам многу по тоа телефонот.
    Кога сум дома сама си читам си гледам и сето тоа.
    Секако ми се случува понекогаш и во друштво да погледам во телефон ама тоа е за кратко.
    Технологиите во денешницава се океј, можам да се едуцирам во секое можно поле што ме интересира, да гледам филмови да се опуштам со музика и да се слушам со блиските.
    Телефонот ми е секогаш вклучен на некоја страна што ме интересира и кога ке зафатам нешто со работа или со некој муабет го гасам и така стои.
    Не практикувам ни комјутери ни такви ствари, доволен ми е телефонот и сосема океј за моите потреби за конекција со светот.
    Не би можела да се замислам без телефонот во рака но и баш не седам со скрстени раце пред него, вклучам завршам работа и гасам.
    Туку гледам малите почнале уште сега да се телефонизираат и да гледат и слушат свашта, па затоа порано не се случувало такви ствари што ги има по вести како сега.
    Не сум баш ич по социјалниве мрежи и не ме интересираат ама ни баш малку.
    Кој како му чини така нека си прави.
    Во друштво сите си разговараме дикутираме и никој не седи на телефон.
    Телефонот и технологијата се знае за што служат.