1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    methyl paraben ,ethyl paraben, propyl paraben, butyl paraben, обично вака се напишани. А ако зборуваш за импала пудрата, таа по мирисот ќе ја осетиш колку е тешка, којзнае што има во неа, за жива имам читано дека има,олово, и други тешки метали. :^) За истите пари имаш 100 пати поквалитетни пудри од докажани брендови.
     
    На m3a3c3a3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Можеш од Јанг Дерм, имаш и на Нивеа, Лореал, за комбинирана кожа кои се лесно впивливи и даваат мат ефект. Крема од таков тип би ти била одлична за подлога.
     
  3. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    mims-89 И јас се мислев за некоја на Јанг Дерм,но која поточно е за осетлива кожа и склона на акни?
    јас до сега користев на URIAGE обновувачка и смирувачка емулзија,прекрасна е,бидејки ги лечев акните и кожата ми е сува и ми се перути,a оваа емулзија е прекрасна
    Но некако ми е скапа 720 ден.па сакав да пробам со нешто поефтино доколку ми одговара,но и не сакам да експериментирам мн.со лицето.
    Па затоа ако ги познаваш кремите на Јанг дерм која да ја земам
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Знам дека има две, едната е со чајно дрво за длабински третман на акни, а другата е само обична крема која што е за кожа склона кон акни. За тебе подобра би била втората ако веќе немаш акни туку само сакаш да спречиш нивно повторно појавување.
    Јас лично не сум ги користела ама имам читано за нив. Некој поупатен може да одговори исто. Разгледај ја и темата:
    http://forum.femina.mk/lice/kakva-krema-za-lice-koristite-t1652/?hilit=каква крема за лице користите
    Има рецензии за доста креми па ќе си ја најдеш соодветната. Иако јас мислам да пробаш со Јанг Дерм за 100 и нешто денари и да не ти одговара не е страшно.
     
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.540
    Допаѓања:
    7.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Оваа крема знам дека доста од девојкиве ја фалеа, како подлога за под пудрата, матира а сепак хидрира, за масна кожа е.
    Според мене ти е оваа многу подобра на оние на алколоид јанг дерм - досега воопшто не сум задоволна од нив :)
     
  6. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    но јас немам мрсна кожа,мојата е иритирана и сува и се перути од третманот на акни
    и се плашам повторно да не ми се случи истото
    сега за 4-5 дена треба да добијам и лицето под лупа го набљудувам,опседната сум од страв :(
    затоа ми треба некоја крема е сега незнам како што кажа mims-89 или таа од чајно дрво за длабински третман на акни или за кожа склона на акни,а за нивеата знам дека се добри но таа е за масна кожа
    ама најдобро е да си прашам јас кожен помеѓу ови две на YOUN DERM
    сепак фала ви многу за мислењето
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.540
    Допаѓања:
    7.870
    Пол:
    Женски
    Не можеш да бараш крема која ке ти помогне да не светиш- значи ке матира и во исто време да биде за сува кожа.
    Тоа што ти се перути кожата мислам дека ти е само моментална состојба, најверојатно како последица на некој третман или производ кој си го користела ( посебно ако ти бил препишан од дерматолог, и јас користев таква крема ) ама штом имаш акни имаш и мрсна кожа :)

    Едит ете си пишала дека си правела тртетман. Не се секирај ќе ти се стабилизира брзо кожата. Кога бев во ваква ситуација, дерматологот ми рече било каква хидратантна крема да ставам, не мора да е некоја марка.
    Кога ќе си го средиш проблемот со перутање, префрли се на оваа матирачкава како подлога за под пудрата за да не ти свети лицето :)
     
  8. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    не,напротив мрсна Т-зона и суви образи
    јас имав мнооогу чисто лице, некаде околу јануари -февруари годинава избив,морав да одам на кожен бидејки незнаев што ми се случува на 27 год.лице како на 17 пубертетско
    и сега уште ми се перути лицето,затоа барам крема што истовремено ќе ми ја хидратира и да биде и како подлога за пудра
    многу барам нели? :D
     
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.073
    Допаѓања:
    13.177
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам Малена може година ипол имам потрошено преку 4 пакувања и на неа пишува дека е без жива, без парабен, без парфем и без парафин и тоа пишани на кирилица залепени на пудрата на секое без со три извичници. Не верувам дека ќе им дозволат тоа да го пишат ако не е така.
    Германски се вредат за парите ако сакаате цел состав ке ви го прочитам ја имам пред мене
     
  10. angela999

    angela999 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    4
    Сте слушнале за тинејџерска пудра? :lol: Многу е убава, само составот не го знам :P
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.920
    Допаѓања:
    103.164
    Пол:
    Женски

    Тие Импала и Малена се непроверени пудри , не ставајте свашта по лицето , јас имам слушнато дека намерно лепат некакви налепници на нив божем се без парабени , без жива а врска нема , другарка ми кажа дека на кутијата не пишува состав туку има само некои ливчиња лепени по нив и сега неможеш да бидеш сигурна дали е вистина или не..и штом се само 100 ден,незнам..јас не би ризикувала со толку евтини пудри ај да е лак за нокти нешто што не се став а на лице тогаш да , ама ова не би го ставала во никој случај. И барем денес на пазаров има толку многу избор на пудри што не се скапи , Римел , Есенс,Мејбилајн итн не ставајте што и да е на лице
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.159
    Допаѓања:
    46.991
    Пол:
    Женски
    Значи овие парабени секаде ги има :devil:
    Еве јас последно ја зедов на Yves Rocher - Comfort Cream Foundation
    и како демек на природна база се и продавачката ми вика ау да, се природни состојки, таму не обрнав внимание доаѓам дома гледам не еден туку 3 вида на парабен :envy: плус она Phenoxyethanol |( е ај сега, а нели се декларираат како бренд кој користи природни состојки :swear: :swear:
     
  13. andarina

    andarina Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.920
    Допаѓања:
    103.164
    Пол:
    Женски
    ги има и во скапиве пудри , за жал :( јас така се зезнав пред 3-4 месеца , ја земав пудрата на Make up forever Velvet matte и по неколку користења видов дека има два парабена и од тогаш прво читам што им па потоа купувам... за претходните пудри не сум забележувала во врска со парабените , само знам дека од тие што сум ги користела на Estee Lauder Double wear нема парабени.

    Инаку да пишам за сега оваа што ја земав на Clinique - Stay matte и во неа нема парабени. Веќе неколку пати ставам од неа и баш ми се допаѓа , нема мирис , за покривноста е иста како Есте пудрата , во врска со тоа колку време стои на лицето за тие што имаат премногу мрсна кожа мора да поминете и камена пудра одозгора , јас сум задоволна , не светам од неа и можам да потврдам дека цел ден стои на лицето.
    Исто ми се допадна и пакувањето , не е ко на Есте во шишенце без пумпа , оваа е во туба и си вадиш колку сакаш без да истече повеќе. Задоволна сум , поевтина е и од на Есте (ја земав на попуст 20 евра) и би ја купила пак :)

    [​IMG]
     
    На glosipgirl, Sexybaby86, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. vikiimacko

    vikiimacko Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    44
    јас да ти кажам право после години и години употреба на есте пудрата се одлучив за промена....иако ја земав и на есте за да си ја имам плус ама вчера поминав до парфимерија во рамстор и за промена ја земав на Диор Nude и тоа нијанса о10 пишува ivory и тоа супер е сега за сега незнам дали има парабени да ти кажам немам појма ама супер ми е за сега е топ....ако има некој искуства со оваа пудра нека пише мене ми е ок....дури и подобра од есте (а не мислев дека од таа има подобра)...покрива ...убаво се размачкува ....само што е малку сува па мора повеќе крема да ставам ....е сега незнам на подолг рок како ќе се покаже пошто вчера ставив еднаш и еве сега пак ја носам на мене од 6 сабајле па ќе видам што ќе биде
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Лицето премногу ми се поти па уште кога ке ставам пудра како некој кофа вода да ми истурил на лицето нагло се потам. Иначе импала ја користам.
    Да ми препорачате некоја која што нема толку да ми го поти ?Ужасно ме нервира тоа
     
  17. vikiimacko

    vikiimacko Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    44
    ПА ОД ИМПАЛАТА СЕ ПОТИШ ТОА Е УЖАС ОД ПУДРА ЛУЃЕ НЕ КОРИСТЕТЕ СЕ И СЕШТО НА ЛИЦЕ ЌЕ ВИ СТАНЕ ЛОМ..ТАА Е ТЕШКА ПУДРА ПОЛНА ЖИВА ЗАТОА И Е ТОЛКУ ЕФТИНА ИМАШ И ЗА НЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ПАРИЧКИ БОЉА ПУДРА....
     
  18. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски

    Најпрво ќе те советувам да не користиш Импала, претешка е за летно време, уствари штетна е никогаш не ја користи...Јас летово, мислам од пред некој ден, користам Rimel Lasting Finish, презадоволна сум, пробај не е скапа, ниту тешка, не остава флеки по облеката и покривна е...задоволна сум.Поззззз
     
  19. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    653
    Еве и јас ќе ти кажам да не користиш Импала :)
    Денеска ја тестирам Стеј Мат на Римел и одлична се покажа,веќе 5 саата ја имам на лицево и иста е како сабајле кога ја ставив,за топло време ми се гледа подобра од Ластинг Финиш а цената и е иста-319 денари.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Парабените се конзерванси и немаат врска со природните состојки. Еднаш пишав дека ги има скоро во се, се што има рок на траење подолг од 5-6 месеци има парабен.
    Лавера производите кои се 100% природни е тие немаат, а и со самото отварање ќе приметиш, многу кратко им трае рокот и ќе ја смени текстурата по одредено време, ќе почне да фаќа кора кај капачето и ќе стане погуста, иако и помине рокот можеш да ја користиш без никакви последици ако е тоа изводливо и остане во добра состојба. Ваквите производи чувајте ги во фрижидер за подолго да траат. Во се останато има парабен само на пример на овие Есте, Клиник, Кларинс итн е во многу мали количини кои се наводно дозволени и затоа не наведуваат на амбалажата (за ова некаде прочитав можеби не е вистина незнам). Сепак ако не е парабен тогаш е нешто друго со друго име, а со иста функција така да исто му се фаќа, се што има долг рок на траење мора да има и парабен или каков и да биле конзерванс кој ќе му ја одржува трајноста.
     
    На EMoonlight, simoncelicius, naturally и 6 други им се допаѓа ова.