Jas imam eden recept i tie si gi pravam za sekakvi prigodi...za meze...za rucek ponekogas gi kompiniram so meso... Vaka sega...ke izrendam onolku tikvicki kolku sto sakam otprilika 2-3sredni tikvicki, gi cedam....dodavam prezla, malku brasno,2-3jajca, sol, vegeta i crn biber....seto toa go mesam..potoa dodavam morkovce, lukce, i magdonos. ke zemam so lazica go stavam vo zagrean zejtin i go pravam kako pleskavica.. Navistina se vkusni
Не го сретнав рецептов до сеа, па ај да го споделам. Земате една-две тиквички, ги лупите и ги рендате. Потоа ги цедите и ги оставате 3-4 мин.да отстојат. Во меѓувреме рендате морков-два и сецкате на ситно крставичка. Во поголем сад ги ставате сите заедно (значи тиквиќките се јадат и живи), зачинувате со рендано чешне лук, магдонос, сол и додавате половина чаша јогурт. И јас бев сомничава на почеток, демек живи тиквички, ама пробајте, вистинско освежување за овие температури.
Ги сечеме на кругови ги потопуваме во јајца и брашно и ги пржиме , или пак ги рендаме тиквичките и ги замесуваме со брашно и јајца , потоа обликуваме во форма на плескавица и ги пржиме во врело масло за јадење ..
Еве еден рецепт и од мене:Една тиквичка поголема се ренда на едрото ренде,се додава вегета и се става да се исцеди во цадка,потоа се истискува од преостанатата вода и се става во сад,се додават 3јајца и 6 полни лажици брашно,од зачини кој што сака може да стави,црн бибер,магданос,јас во едни ставам чили,во други мајчина душица и така имам со повеке вкусови.Се зема со лажица и се става во загреан зејтин и се пржи и се како мали палачинки,а се пржат во малку зејтин и се ставаат на кујнска хартија.Многу се вкусни и брзи за правење.
Јас ги јадам премногу тиквиците,просто ги обожавам! Како помала несакав воопшто ни да ги вкусам,на мама и викав.Е да бе кај се чуло и видело краставици пржени да се јадат.Ма не јадам.Колку и да ме убедуваа џабе им беше. Но после станав зависина од тиквиците. Најмногу ги сакам пржени со јајца и брашно.Ги имам јадено и мусака од тиквици но не ми се допаѓаше многу.Пржени ми се најубави. А сум слушала и дека се правела некоја салата,со нив.
Луѓе ме интересира мене едно нешто . значи нели ги сечеме на тркалца (за мусака зборам сега) дали навистина треба да ги посолиме па да отстојат малку? Абе јас и мусака со нив, и турлитава кога правам со тиквички и модри патлиџани некако ми е вкусот, како да им фали нешто, зашто така? Татко ми така вика, демек требало со сол да отстојат, па сега не знам последнава турли тава во канта заврши, ко без вкус ми беше
Не мора да ги солиш па да отстојат и да пуштат вода. Дирекно реди ги во тава. А додаваш Вегета, сол, бибер - зачини нешто ставаш?
Aбе јас прво ги пропржувам на малку зејтин им ставам тука мелени домати веѓета сол, со вода, ги динстам, ги ставам во тепсија, и пак не се нешто посебно вкусни. A за мусака, на кругче ги сечам, така одма ги редам во тепсија, си ставам домати мокрови прво пропржени со кромид, ја полнам тепсијата со вода после, и пак бе некако ми се тврди тоа тиквичките, како гума,воошто не се меки,ко недопечени, а реално долго ги печам, особено тие на врвот се грозни, не знам зашто така
А во тавата на крај досипуваш ли вода да се динстаат во неа? Едит - видов дека ставаш. На крај посипуваш со јајце поматено со млеко или јогурт? (за мусака зборам)
да де, си имаат водичка, и плус во тепсијата си додавам вода за турлитавата. последнава ужас, како без вкус, поготово тоа модрите патлиџани Oдма во канта ги фрлив,не знам навистина зашто толку лоши ми испаѓаат мусаката, а поготово турлитавата последниве неколку пати Eдит- да, посипувам
Јас во мусаката редам и компир исечен на кругови заедно со тиквици. Меленото месо го пропржувам онака стандард со кромид, морков, пиперче, сол, вегета, кечап домашен правен.... Имаш модар патлиџан т.е вид на таков патлиџан кој горчи. Имаше некаде тука пишувано некоја финта како да му се извади горчината (не ми текнува). Турли тава е поубава кога ставиш и некоја бамја. Па тоа е нема некоја филозофија. Можеби месото не ти е погодено (кога земаш мелено месо земај телешко помешано со малкууу свинско на пр. на 1 кг и 100гр свинско)
Hе ставам месо јас во мусаката, вегетаријанска ја јадам, така мајка ми ми ја готвеше Cо месо не сум јадела до сега. E може и да е за таа бамија за турлитавата, јас не сум користела до сега, како и да е фала ти многу на макотрпните одговори
Па може дека вегетаријанска ја правиш, за тоа не е убава , стави и малце мевце испржено со кромидче, па ќе видиш после како ќе лизга на јазик Инаку јас тиквички ги сакам пржени на тркалца, со брашно и јајца, а убави ми се и ќофтиња од мелени тиквички со кромид.
Точно е дека солта им дава вкус на тиквичките, јас секогаш ги солам, без разлика како ги подготвувам. Ем водата побрзо ми се цеди, ем повкусни се. А за модрите патлиџани да не горчат, се ставаат во солена вода да отстојат. Во секој случај, повкусни се ако се посолени претходно, тоа да. Ама може и други зачини да ставиш, ќе го примат мирисот.
тиквиците ги сечам на тенки кругови,ги пржам и кога ке се изладат им ставам лукче,павлака,најоран зачин и бибер поубаво нема превкусно е а исто и мусака со компир кога правам кога го пржам месото ставам малку ориз и сецкана тиквица и редам компир па филот во кој има тиквица и пак компир и на крај филот од матено јајце со млеко кисело
Тиквички и црни патлиџани. Првен ги исеков на кругови и убаво ги посолив. Ги оставив да одстојат во солта 5-10 мин и потоа ги измив. Ги ставив во тава со многу малку масло да се зацрвенеат, колку боја да фанат и ги тргнав на страна. Ги редев во плех и врз секоја тиквичка и парче црн патлиџан ставав од смесата од предходно исецканите (кромидче, лукче, патлиџан, моцарела, магдоновче...) и ги ставив да се потпекуваат. На 180 степени околу 20-25 минути. Се зависи колку долго сте ги потпржиле, може некоја минутка подолго или порано да се готови. Зачини по вкус се додаваат во исецканата смеса. Заедно со полнети печурки, ги сервирав како додаток со мевце. Нас ни се допаднаа.
Јас многу сакам ќофтиња од тиквици. Еве еден рецепт: Тиквица 2 поголеми главици кромид 1 јајце презли 1 кршика леб магдонос сол бибер брашно Се рендаат тиквицата и кромидот и се стиска смесата за да истече водата. Се додава сецкан магдонос, 2 лажици лебни трошки, ситно се кине средината од кришката леб и се додава 1 јајце, сол и многу бибер. Мора да има доволно сол бидејќи нема да бидат вкусни. Откако убаво ќе се соедини смесата, со лажица се зима од истата и се валка во брашно и веднаш се пржи на врел зејтин. Поубаво нешто нема Пробајте па споделете мислење
Најлесни за припрема се печени во рерна. Се сечат на тркалца се посолуваат и се оставаат да им излезе водата. Потоа со салфетка се брише водата што ја пуштиле се валкаат во брашно и се ставаат во тава на чија подлога се става хартија за печење. Само од горната страна се попрскуваат со маааалку зејтинче, да речеме по една капка врз секое тркалце и после се печат во рерна на 250 степени додека да заруменат. На овој начин не се воопшто мрсни и не се мачите да стоите до шпоретот и да пржите После по желба се служат со оцет и лукче и сецкан магдонос.
И јас сум голем љубител на тиквички..полнети, мусака, поховани, ќофтенца, салата со јогурт и сл. Секако ми се убави ама сакав нешто да сменам, да направам поинакво..и најдов еден препрепреубав рецепт кој верувам дека на тие што се обожаватели на тиквички исто многу ќе им се допадне. Сега им е сезона, па има да ги јадам додека не пукнам . Ги нареков чамчиња од тиквички. Количината на состојките секако зависи од тоа колку сакате да приготвите. Потребни состојки: -3 средни тиквички -250гр. мелено месо -главица кромид -1 мал домат -1 морков -јајце -јогурт (или павлака) -кашкавал -зачини по желба 1. Се сечат тиквичките на пола по должината и засебните половинки на уште 2 дела (или на 3 дела ако се многу долги). 2. Со лажиче се длаби средишниот дел на секоја тиквичка да дојде како чамче со празнина во средината. Извадениот дел од тиквичките се остава да се цеди од водата. 3. Се редат тиквичките на хартија за печење во тава (без масло) и се ставаат на 200 степени во рерна. 4. Во меѓувреме се спрема филот..се пропржува кромидот на масло, се додава рендан морков и месото. Кога ќе се пропржи малку месото се додава рендан домат и исцедениот остаток од тиквичките. Заедно се пржат додека да испари водичката (не целосно, малку да остане.) и пред крајот се додаваат зачини по желба (сол, вегета, црвен пипер...што и да сакате). 5. На страна изматете јајце со јогурт (или павлака) и изреднан кашкавал. 6. Тиквичките кога малку ќе омекнат во рерната извадете ги и наполнете ги со филот со мелено месо и одозгора ставете им од филот со јајце. 7. Вратете ги на печење во рерна на иста температура 15-20 мин. Еве како изгледаат...а вкусот им е уште поубав Спојлер