1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Јас имам мигрени многу често и се напивам парацетамол и многу вода.
     
  2. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    chocolade
    исто како јас да пишувам, ама ете то е, не сме ние криви :) хормониве место не ги фаќа :rofl: :rofl: ќе не издржат уште малку ајде, ќе не потрпат :?: :)
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    324
    Mешиња,ме немаше некој извесен период,како сте ми вие?
    Јас имав некои проблеми,си бевме другарчиња со болницата,имав дијареа и температура но сега во ред е. :)

    Поздрав и големи гушки до вас. :hug:
     
  4. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Ајде јас да си го кажам мојот филм :tmi: , чувствувам болка во јајниците и сега ми се уврте некој филм да не можеби имам вонматерична бременост, оти во првата бременост имав болки ама малку подолу а сега некако погоре ги чувствувам болите :worried: а имам закажано ехо дури во четврток цел ден од памет се извадив :sweat:
     
  5. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    болките во јајниците се заради тоа што се прави место за бебеушот :)
    ама ако си имала случај во првата бременост, јави се кај гинекологот и кажи дека мораш да појдиш како итен случај, и појди уште утре...
     
  6. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    Срцка, прво да ти честитам за бременоста, се најубаво и најлесно!!! :clap: :*
    А за болката во јајниците, ич не му ја мисли, јас знаеш имав вонматерична, и осеќав штрекнување на десната страна, два-три пати како со игличка да ме боцна. Ако си ме читала порано си видела дека тогаш се смеев да не ми е можда вонматерична и стварно искочи така. А ти ако осеќаш болка на двете страни, тоа е нормално, хормони се во прашање, нели слични се симптомите во рана бременост како и пред добивање. Затоа ич не се грижи, легни си, опушти се и уживкај си! ;)
     
  7. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Ти благодарам на честитките :* дај боже што побрзо да ти се врати, и мене малку ме смирува тоа што болка чувствувам де во едниот јајник, де во другиот, белки не сум вонматерично во двата јајника :lol:
    Знам дека ти имаше вонматерична и затоа веднаш ги побарав твоите мислења и ги исчитав сите по ред за да видам да не има некои симптоми кои ни се поклопуваат
     
  8. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    јас имав болка само во десниот јајник... и ептен ретко во левиот, подолго време имав само во десниот, па после во левиот...
    и јас имав вонматерична пред 1 и пол година, ама еве се испадна во ред овојпат, да не мислиме само на лошооо :)
     
  9. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    И јас имав болки негде до 10-12 та недела доле кај јајниците, поточно како грчеви. Се виткав од болка кога ќе ме фатеше, ама траеше неколку секунди. докторот рече дека е нормално и ми даде магнезиум да пијам. Ми помогна ептен. Опушти се и уживај во бременоста :)
     
  10. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    zazarsko srcko cestitam za ll :) so lesno da si go iznosis bebusot a da daj gospod i 2 odednas da iznosis :D i stavisi dolu stikerce za da gledam koja nedela si .. i da ne te trujam na sekoe da te prasuvam koja nedela si :P (me strvi temava ) :sweat:
    se izvinuvam od mob. sum
     
  11. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    И јас сум во оние со болка во препоните :D Веќе два три дена. Утре влегувам во 8ми месец :clap:
    Болката во јајниците мислам дека е нормална во бременоста. На почетокот и јас имав, па и сега понекогаш. Особено при нагло станување. Честитки за новите трудници, со лесно и со позитивни мисли. ;)
     
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    Хаха мила и мене, не само тебе :inlove:
    За болките во јајниците, стомакот и половината е нормално. Мислам на благи и издржливи болки ( како менструалните)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Мешињаа хелп.. М се јаде благо нон-стоп :wasntme: Кажете како да не мислам на благо, и јадење воопшто :rofl:
     
    На Amorce2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. x-tina64

    x-tina64 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    I jas samo blago jadam srvna sum za balgo ako nekoj kaze nesto odma odam i kupuvam odsabajle izedov 1 Kg sladoled luda rabota se davam :)
     
  15. 2013

    2013 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Мамички ве молам ѕа еден совет пред терминот ѕа кај гинекологот...бремена сум во 26та недела... проблем имам со бел исцедок (не дека тече обилно туку кога ке се допрам прстот ми останува цел бел како крем да проиѕведувам..) :( чешање немам некое досадно па да сумнњам на кандида, а на секс не ни помислувам...пробавме пред некој ден со маж ми ама од тоа белото уште посува се осекав и ме болеше - па прекинавме...совет некој ѕа што може да се работи ?
     
  16. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    наменето за вие со благото :)
    намалете, и јас како луда јадев и чиколада и торти слатки и сладоледии, затоа сега шеќерот 6, на граница, па несмеам да лижнам за да не си направам компликации..... :'(
    аа за белиот исцедок, и јас го имам... правев пред недела проверка ии нешто има некоја инфекција, бактерија или така нешто.. па итре ќеправам уринокултура да видиме подетално што е..
    имам слушано муабети дека секоја трудница има бел исцедок, нели тоа е еден симптом, ама која е границата нз..
     
  17. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Мамички ние денес бевме на прво Цтг во Чаир убаво поминавме се е во ред имам плодова вода сеуште 37ма недела ја почнуваме за 2 дена, постелка зрела втор степен ама докторот вика за раѓање ни е рано уште на наредна контрола сме после 1 ви септември,да видиме тогаш како ќе сме дали сме спремни за раѓање или ќе си го надминеме терминот ајде само здравје кога сака бебуш тогаш нека биде нешто како за царски од околу ми вртеше ама демек ајде ќе гледаме природно да биде мајка дека ти сакаш повеќе така,и ги земав резултатите од последните брисеви се е во ред ништо немам ни бактерија ни инфекција исто и за листерија брис ми земаа овој пат као морало за трудници и сега ќе си чекаме болки спремни сме се ве поздравувам сите :*
     
    На chocolade, Chupe, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Девојки, би сакала да прашам дали сеуште важи законот за паричен надомест за трето дете? Каде може да најдам повеќе информации?
    Се отепав барајќи информации на страните на министерсвото за социјала и на владата ама ништо...
     
  19. ivka-slivka

    ivka-slivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски

    Појди си во општина, таму ќе ти дадат најверодостојна информација пошто и од таму ги исплаќаат парите а мислам дека таму и ги прѓдаваат документите
     
  20. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Законот важи и се вика Закон за заштита на децата.
    Еве дел од законот:
    4. Родителски додаток за дете
    Член 38

    (1) Родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете.

    (2) Правото од ставот (1) на овој член го остварува мајка која е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето.

    (3) Правото од ставот (1) на овој член го остварува мајка која непосредно се грижи за детето за кое поднела барање, чии деца од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и на која не и е одземено родителското право над децата од претходниот ред на раѓање.

    (4) Правото од ставот (1) на овој член не може да се оствари ако мајката за време на бременоста не вршела здравствени прегледи и контроли кај избран лекар - специјалист по гинекологија и акушерство.

    (5) Правото од ставот (1) на овој член не може да се оствари, односно ќе го изгуби веќе оствареното право, доколку:
    - не се вршат задолжителните вакцинации на детето согласно со закон и
    - детето не биде запишано и редовно не ја следи наставата во основно училиште согласно со закон.

    (6) По исклучок од ставот (5) алинеи 1 и 2 на овој член правото на родителски додаток се остварува и за детето:
    - кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и заради таквата спреченост вонредно го продолжува образованието согласно со закон и
    - кое поради степенот на попреченоста не може да се образува согласно со закон.

    (7) Правото од ставот (1) на овој член не може да се оствари ако мајката во моментот на поднесувањето на барањето живее и работи во странство.

    (8) Правото од ставот (1) на овој член во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправдани причини да е спречена непосредно да се грижи за детето, правото наместо мајката може да го оствари таткото или старателот, доколку ги исполнува условите од ставовите (1) до (7) на овој член.

    (9) Оправдани причини од ставот (8) на овој член се:
    - подолготрејно континуирано болничко лекување на мајката,
    - сериозно нарушена здравствена состојба на мајката,
    - студиски престој, усовршување и специјализација на мајката и
    - одземена деловна способност на мајката.
    Член 39

    (1) Родителскиот додаток за трето дете од членот 38 од овој закон се исплатува месечно, за период од десет години, во висина од 8.048 денари.

    (2) Износот од ставот (1) на овој член се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

    Барањето се поднесува пред детето да наполни 3 месеци до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа. Повеќе информации на http://www.mtsp.gov.mk/pravilnici.nspx
    и http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/obrazcetiri.pdf

    Поздрав ;)