1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    362
    Дечки ме интересира дали некој патувал (или слушнал) со Еуро Травел и какво искуство има со таа агенција?
     
  2. crnobelisvet

    crnobelisvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Lovely,Јас сега ќе одам во Бугарија преко Јоцо Турс! :)
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со Парадизо Флај? Отворив случајно и имаат примамливи аранжмани и доста ефтини цени , што ми е многу чудно.

    П.С. Црнобелисвет имаш линк од страна на Јоцотурс???
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    2.426
    a луѓе збор-два за скаут? искуство со нив?
     
  5. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Скаут се една од постарите агенции и си работат со проверени аранжмани (секоја година им се скоро истите). До сега не сум слушнала поплаки за нив, баш напротив, само позитивно.
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Ова лето бев во Шпанија преку туристичката агенција Орфеј. И уште на аеродром нервози. Ни го променија по трет пат хотелот. Стигнуваме во Шпанија и 3 саата не возеа со автобус за да не донесат до хотелот - требаше во хотелот да сме во 10, а стигнавме во 1 часот. Ама фала богу таму беше се фантастично. Хотелот на 5 минути до плажата, храната прилично ок, собите чисти. Но на едни други кога стигнаа, знам хотелот им беше затворен а луѓето си платиле се. Па тие којзнае колку се изнервирале.

    И плус уште една голема грешка што ја направивме со дечко ми: уплативме еден месец пред тргнување, ко во стил поефтино ќе не фатело ( ни дадоа некои 10 проценти попуст ). За да се случи 5 дена пред патувањето луѓево слободно да си го сменат целиот ценовник и да го направат поефтин. Се фаќа дека ни земале се на се накај 10000 денари. Катастрофа!
    Да не има некој со слично искуство да ми каже дали можам некој приговор да поднесам или слично за целата тортура?

    СО ОРФЕЈ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, А МОЖЕ И СО НИТУ ЕДНА МАКЕДОНСКА.
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски

    elcezelce дали можи и мене да ми кажиш? Баш гледав,барав,нема некој понуди за БГ,па можи тоа да ми се најди,баш во Сончев брег ке одам ако одам БГ.
     
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски



    Знам дека приговор се поддава до 8 дена после завршувањето на патувањето,има едни општи правила,отвори ја оваа страница и читај,кон крајот беа http://www.atlantis.mk/index.php?id=162
     
  9. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Ги читам вашите критики за агенциите и се прашувам, дали доколку во локалниот маркет случајно купите скиснато млеко ќе престанете да купувате од таму? Или доколку од некоја парфимерија земете пудра која не ви одговара продавачката ви е крива? Дали после тоа ЈАВНО коментирате и плукате по истите? Секому може да му се случи да има некаков пропуст, и агенциите не се во можност да ги предвидат сите незгоди кои можат да настанат од нечија друга неодговорност и да ги задоволат во целост сите клиенти. Тие промени на хотели, откажување аранжмани и слично не се случуваат заради нивна непрофесионалност туку заради непрофесионалноста на некоја друга страна или недоволен број пријавени лица и слично. Разбирам дека разочарувањето е огромно доколку се доживее тоа, но професионалните агенции нудат надокнада или алтернативно решение за да го задоволат и задржат клиентот. Не е убаво да си преќутите (да оговарате со пријателите или јавно да оцрнувате агенции) за незгодата а претходно не сте реагирале таму каде што сте го купиле аранжманот или не сте побарале соодветна надокната за грешката. Доколку нешто не ви одговара ваше право е да престанете да го користите и да си побарате нешто подобро, ако не, седнете си на нет и резервирајте си онлајн па после ако нешто тргне наопаку, плукајте по вашата способност за организација и наивност.
    Во секој случај (сакам да напоменам) немам никаква поврзаност со ниту една од наведените агенции ниту пак сакам да одбранам/заштитам некого туку напротив... Имам и јас некои негативни искуства и се согласувам со одреден дел од коментарите, но не би сакала да спомнувам никого ниту во позитивен ниту во негативен контекст.
     
  10. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Немам до сега сама организирано одмори, секогаш другите или па моите, оваа година јас треба да барам... Бааги критики се изначитав, па да прашам вака директно, за Грција понуди значи, која агенција би ми ја препорачале? :)
     
  11. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Овде секој може да си го каже својот коментар а и темата е соодветна така да незнам тебе што толку те погодило!!!!
    Кажуваме вистина а не измислици,нека те зезнат и тебе со 1000 евра поштено и со мамење па ќе те видам дали тогаш не ќе пишуваш и ти.
    И на крај краева пишуваме за да не се излаже и некој друг како нас некогаш па да се опарат на негов грб и плус услуга правиме а не штета.Ние кажуваме од страна на клиенти од таа гледна точка,така да клиентите се секогаш во право,јас работам во компанија своја и знам како е.

    П.С.---Слобода на говор и изразување имаме сите,а богами и право и на жалба и на поплака.
    А ако некому не му се свиѓа нешто не мора да го чита.
    Поздрав до тебе.
     
    На tessie и maca99 им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Margaux тетрапак млеко споредуваш со 500 евра просечен летен аранжман???
    Хах. А да ако купам јогурт баланс и не ми се допаѓа да ќе кажам јавно дека не е добар, и кажувам дека го расипаа и затоа имам избор и си купувам сеа јогурт од друга млекара. И да разочарана сум од Шатце од ГТЦ продавачки не им купувам таму и јавно си кажувам.
    Јас сакам да знам дека пример некој од Х агенција не е задоволен од турата во турција во хотел Трајколенд. Зашто некој печали 500 евра одвај за да отиде на годишен одмор не е убаво да се лажат луѓето.
    Посебно можам до бескрај да ги спомнувам оние Травел со бесплатните писма и сеуште неможам да се изначудам како сеуште постојат покрај толку тужби што слушала против нив. Ама и кривица е и на луѓето што читаат површно и што дозволуваат да им го перат мозокот.
    Добро е да се знае секое негативно и секое позитивно искуство на луѓето. Не се фрлаат така илјада евричи. Ако јас сум задоволна од Х агенција ќе си кажам, ако од Y не сум ќе си кажам пак, нека си бидат луѓето претпазливи.
     
    На tessie, eleni23, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lady90

    Lady90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    После овој пост, не сум сигурна дека немаш никаква поврзаност со некоја агенција, но ајде ќе изберам да ти верувам :) Значи, не се согласувам со твоето мислење. Да, во право си дека не треба БЕЗ ПРИЧИНА да се плука врз агенциите ако не е нивна вина, но сепак факт е дека ти се организатори на тие патувања и мора да сносат одговорност ако нешто не е како што треба. Не се согласувам со тоа дека како што велиш ако нешто не било во ред, да го задржиме за себе, напротив, треба да ги предупредиме другите да бидат повнимателни ако одлучат да ги користат услугите на одредената агенција. Со тоа само ќе им помогнеме и нив да не ги снајде истото што не снашло нас, што не мора да значи дека никој веќе нема да ги користи нивните услуги. ;)
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    До Лола: Ништо не ме погоди, само си кажав сопствено мислење заради тоа што се имам изнаслушано и изначитано секакви работи од типот чаршавите не им чинеле, па им се дупнала гума на автобусот и слични работи кои не може да ги предвиди некоја агенција ниту пак да одговара за истото. И како што велиш секој има право на жалби и поплаки, само нека бидат реални немам ништо против тоа, но сепак мислам дека јавното оцрнување не е пријатно. Поздрав и до тебе!

    До Росонерка: Не правам споредба млеко со аранжман, туку маркет со агенција. Ако еден аранжман не испаднал добро не значи дека некој друг не може да биде одличен. Сепак јас барем размислувам така иако се согласувам дека кај нас тешко се заработуваат парите и боли кога ќе те зафркнат, но тоа може да се случи секаде (само да не прерасне во традиција) нели? Не сум против искажување позитивно или негативно мислење поткрепено со примери и причини, туку не ми се допаѓаат јавни оцрнувања.
    ПС И мене не ми е јасно како паѓаат лугето на тие писмата што им ги праќаат со бесплатни патувања, но како што велиш луѓето се многу наивни и сакаат да ги слушаат само убавите работи без притоа да се потрудат да се распрашаат нешто повеќе за тоа што уплаќаат и што ќе добијат за тоа. Баш заради тоа се случува да има незадоволства и од причина што некои луѓе едноставно премногу очекуваат.

    До Лејди: Никаде не реков дека треба мислењето да си го задржите за себе, баш напротив, побарајте си ја правдата на правото место, а доколку не биде задоволена и агенцијата не направи ништо за да ги поправи работите, тогаш слободно говорете на цел глас. Јавноста треба да биде запознаена доколку некој не работи како што треба, но треба да има добра причина нели? Не може да префрламе одговорност доколку авионот не полетал на време, се откажал лет, вработените во хотелот не биле љубезни, далеку била плажата и слично...
    Инаку ќе ти одговорам на твојата констатација уште еднаш (намерно го пишав тоа и во претходниот пост зашто самиот ствара обрано мислење): немам ама баш никаква поврзаност со ниту една од агенцииве споменати и не верувам дека ќе имам, но сепак секој одлучува во што ќе верува или не.
     
    На mjau.mjau му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    сакам да прашам Dали некој знае или има искуство, ако има уплатено за одмор ,т.е има капар оставено и испадене да не може да оди, ги вракаат парите? благодарам, мн ке ми знаци ако некој сподели искуство
     
  16. mjau.mjau

    mjau.mjau Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Кога уплаќаш аранжман, потпишуваш договор за патување. Со тој договор потпишуваш и општи услови за патување, па во зависност на откажувањето на патувањето можеш да си видиш колку пенали треба да си платиш, односно дали ќе ти се врати дел од капарот (во зависнот колкав капар си оставила) или не.
    Во секој случај еве ти ги условите:
    - за отказ до 30 дена пред патувањето 5%
    - за отказ од 29 - 22 дена пред патувањето 10%
    - за отказ од 21 - 15 дена пред патувањето 20%
    - за отказ од 14 - 8 дена пред патувањето 50%
    - за отказ од 7 - 1 ден пред патувањето 90%
    - ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација 100%

    Во принцип горе - доле на сите агенции им се слични условите.
     
  17. blazos

    blazos Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    сите се „лопови“ и само во мк го има тоа... Најдобро е сами преку интернет, секој хотел има вебсајт и онлајн резервација а и авио картите од интернет се поефтини......
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски

    Добро,а кога резервираш по интернет оставаш некаков капар со картица? И дали стварно ти го чуваат местото,да не те зезнат на крај? Ако имаш искуство сподели :)
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ не туку веднаш си плаќаш се со картица :)
    A со тоа и како може да не ти чуваат нешто што си го платила?
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Margaux
    извини ама и то како е виновна агенцијата ако плажата ми е далеку ( а ми кажале дека хотелот е на прв ред)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.