Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    14.794
    Допаѓања:
    12.559
    Пол:
    Женски
    Многу сум задоволна од Бисер Пром. Од услугата,да ти појаснат,културни...се се.
    Потоа автобусите си беа ок, и вожњата супер.Немав замерки.
    А и имаат многу добри и ефтини понуди - тоа е најважното
     
  2. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    37
    Поголемиве агенции ми се некако посигурни.Кога нешто ќе ми се погоди не го менувам.Неколку пати сум патувала со Савана и Магелан.(иако почесто одиме на сопствена режија)Моето искуство е позитивно -како кажаа така и беше а и водичите на патувањата беа многу пријатни,дружељубиви и информирани за деталите околу патувањето.
    Сместувачките објекти одговараа на она што ни го кажаа во агенциите-во некои случаи дури и подобро.
    Додуше јас не сум нешто пребирлива а и пред да одам некаде баеѓи се информирам на нет па кога ќе стасам посигурни ми се работите.Често посетувам еден српски форум -Putovanja info. има многу корисни информации за повеќе дестинации.Искуства на луѓе се најреални.Многу повеќе од било која реклама на агенциите.
     
  3. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    47
    Јас сум задоволна од Гранада и Савана
     
  4. Hopeful

    Hopeful Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    1.434
    Дали има некој искуство со ТА „Хисар Туризам“, за патување, екскурзија( за апсолвентска екскурзија ме интересира потконкретно)?
     
  5. Kiwibird

    Kiwibird Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Dali imate iskustvo so nekoja od agenciive?

    Devojki bi sakala da ve prasham dali imate iskustvo so nekoja od slednive agencii:
    -"Stela travel"
    -"Granada Turs"
    -"Savana"
    -"PET"
    -"Falcon"
    -"TSC"
    i ako imate kakvo bilo toa iskustvo,dali mozebi ste slushnale neshto za agenciive,nechie iskustvo,bilo kakva informacija ke mi dojde odlichno bidejki baram agencija za medeniot mesec i do sega najdov odl;ichni ponudi vo ovie agencii pa ete me interesira kakvi se zatoa shto nikogash ne sum patuvala so niedna od ovie osven shto imam kupeno avotbuska karta preku "Stela",no nishto poveke.Fala vi.
     
  6. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    47
    Јас сум патувала со Гранада за Нова година а со Савана на одмор,немам никаква замерка-се беше според програмата,немаше измени.
     
  7. Rubiii

    Rubiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.297
    Пол:
    Женски
    Големо НЕ за Игуана, а ДА за Савана.
    Толку!
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    559
    Имам патувано со Скаут - целосен аранжман во Црна Гора, со сместување - ALL IN, за многу пристојни и евтини цени!(150-200 евра) Единствено автобусите се различни - зависно од тоа со кого имаат склучено договор за превоз во моментот. :)
    Што се однесува до ALL IN-от, во Буљарица на пример доручек/ручек/вечера се случува во т.н.менза - огромна е, ти даваат за јадење, и јадењето е сосема во ред, иако прават за голема количина луѓе, сепак е вкусно. Да напоменам, тука е сместувањето во камп, односно бунгалови и е малку далеку од плажа - 15тина минути.
    Сум била со нив и во Сутоморе, пак само пофални зборови, јадењето се случува во ресторан - одалечен 2-3 мин.од сместувањето. А плажата е на 5 мин. :)

    Оддамна имам патувано и со агенцијата ПЕТ, малку се поскапи од Скаут, а мислам и дека немав тогаш ALL IN, само сместување во Будва.
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    553
    Најзадоволна до сега сум од Фалкон за летни одмори, а и мислам дека во средното кај што завршив почнаа да одат на екскурзии преку нив и се 10 пати позадоволни, отколку ние кога бевме со некоја друга агенција. Значи во принцип, си стојат на зборот дефинитивно. Автобусите се чисти, климатизирани, не закасниле ни за одење ни за враќање, возачите до сега возеле супер одлично. Вилите, а и собите ги претставуваат баш како што се, а не да мачкаат лепи очи или да даваат слики од други, па кога ќе отидеш да се шокираш.
    Од Магелан сум така-така задоволна, сум била 2-3 пати преку нив, ама имам замерка затоа што секогаш автобусите им каснат за назад, барем јас сум ја имала таа среќа. Место во 2 сме тргнувале во 4-5 затоа што господинот возач бил низ Солун во шопинг. Инаку другото било ок.
    Савана, не. Уште на времето важеше за една од појаки агенции, се решивме еднаш со семејството да одиме преку нив. Прво не сместија во шупа, но ајде тоа не е толку битно, второ немаше топла вода. А другите кои беа сместени во друга вила, имаа топла вода и собите беа посредени, ама беа па над диско клуб за кој не им беше спомнато. И баш ради тоа спомнав и погоре за Фалкон, пред одење ни беа дадени слики од не знам кои вили, изгледаа баш најнормално, кога стигнавме бевме шокирани. А уште по одоморот кога моите беа чисто онака да им кажат за тортурата која сме ја проживеале тие 10 дена без топла вода, добија одговор како демек ние од каде да знаеме, е не ние треба да знаеме нели. Да не бевме со автобус и да не ни беше се платено ќе си отидевме одма после првата вечер ама тоа е што е. Не планирам после тоа да одам пак со нив, иако тоа беше многу одамна пред 10-11 години.
    Игуана, и преку нив сме оделе на одмор и било ок. Но во последно време слушам дека некако не се задоволни луѓево, а и цените многу некако им се накачени така да, слабо.
     
  10. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    19
    Sanjalica ke mozes li da mi kazes poopsirno dokolku se sekavas kakvo bese tvoeto iskustvo so PET agencijata? Dali toa sto bese napisano vo ponudata i bese ostvareno?
     
  11. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    559
    ^ Да да, нема проблем, иако не се сеќавам многу. Тргнувањето си беше на време, не’ однесоа точно пред вилата/мини мотелчето каде што бевме сместени.
    Собите беа одлични - сопствен тоалет, два кревета, телевизор, тараса. Се’ што беше наведено - се’ имавме. Немаше никакви пропусти :)
     
    На jesicaalba му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lila95

    Lila95 Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    дали можете да ми кажете нешто за агенцијата Савана. резервиравме за Грција преку нив и ме интересира како се и некое искуство од неодамна. Благодарам
     
  13. VACA

    VACA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    150
    Дали може некој да ми каже нешто за Туристичка Агенција Јупитер...ми стигна од нив порака на фб дека некој мој пријател играл барабанче и ме предложил мене за 7 дена на островот Крф.Дали некој има патувано со оваа агенција,дали се сигурни,ми рекоа се на се дека треба да платам 86 евра а ако сакам бесплатни влезници на некои забави треба да купам Јупитер Алка ( 29 евра ) .... Дали се преваранти и овие? :lol:
     
  14. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    VACA јас ќе одам на Крф преку Јупитер со дечкоми и да ти кажам тоа не е лага....значи и јас си земав јупитер алка и не се преваранти си уплатив и преку пошта ми го пратија договорот....се распрашав за нив и ми кажаа дека се одлична младинска агенција,ајде иди ќе се дружеме :D
     
  15. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    19
    И јас сакам да уплатам предвреме за на одмор во некоја од агенциите што нудат попусти-ама се колебам.Има ли некој искуство во предвремено плаќање, дали може нешто недајбоже да зафркнат?
     
  16. Lila95

    Lila95 Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    дали можете да ми кажете нешто за агенцијата САВАНА резервиравме за Грција преку нив и ме интересира како се и некое искуство од неодамна. Благодарам !!!
     
  17. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    19
    Jas nemam patuvano preku Savana ama od komentarite so gi citav vo ovaa yema ima napisano pofalni zborovi za agencijata-procitaj si.
     
  18. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    191
    Дали имаш некои други информации,какво е сместувањето,за организацијата,не знам се што ке ти текне. На другарка ми и стасала таква порака,па се мислиме што да правиме. Ако има некој што бил,ако сака да сподели искуство :) Знам дека ги имаше многу по фејсбук,за спринг брејк,нешто такви аранжмани.
    VACA што одлучи ти? Одиш?
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    1.337

    Таа порака со наградна игра и со добитници на алки ми има стигнато на мене. И на сите што ги знам :lol:
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jasmina00

    jasmina00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    50
    Bratucetka moja beshe so Jupiter minatoto leto na KRF, i beshe zadovolna i od cenata i od smestuvanjeto! Taka da ako ste pomladi slobodno :))
    Chitam za drugi agencii... SAVANA e ok agencija, dodeka PET ne ja preporachuvam, za Budimpesta za nova godina imav losho iskustvo, so hotelot so organizacijata a pa vodicot nemam komentar, so PET nikad vishe...
    a sum bila i so drugi agencii - no edno ke kazam, nie sakame za eftini pari prekrasno da pomineme, e nema za 90 eur hotel od 4 zvezdi - a ako saka nekoj da najde mana, ke najde i vo aranzman od 500 eur.
     

Сподели ја оваа страница