Кај нас 99% од агенциите нудат исти дестинации и исти факултативи (со која агенција и да одиш, исто се фаќа). Пред да уплатиш разгледај ги понудите од повеќе агенции, затоа што цените на факултативните екскурзии секаде се различни.
дали има некој искуство за патување со Савана, за до Грција се понудите. Ако некој има би сакала да слушнам мислење пред да се одлучам за нив.
Не сум патувала со нивни превоз, ама бевме во вила на Лефкада преку нив и сме задоволни. Се беше ок, чисто беше.
Ние 3та година одиме со нивните аранжмани на одмор. Сериозна и професионална агенција а според тоа што шетавме перодов по агенции сите ни кажаа дека преку Савана ги зимаат смештаите т.е дека се подзакупци на Савана. Многу од термините што не беа достапни по други агенции кај нив беа достапни. Едина мана според мене е што агенцииве нудат термини за 7 или 14 ноќевања а нема за 9 ноќевања што мене лично ми е мех од причина што 7 дена ми се премалку за одмор а па 14 можеби некому му се многу. Само Магелан имаат оваа година опција за 9 ноќи ама не ги препорачувам заради неуслужноста и уличарскиот однос на една од вработените.
И јас слушнав пофални зборови за нив, така што најверојатно ќе одиме преку нив. Малку жената што ми одговори на телефон беше дрска и некултурна ама најдобро да одам таму па да видам што како.
И јас барам некој што има искуство со нив, читав рецензии, дел се добри, дел се лоши, не знам што да мислам. Колку далечни?