1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    Добро утро девојки
    денес ми е протеински ден па си сварив 2 јајца и парче сиренце за ручек за доручек 2 портокала и така ке помине туку барав ама не можам да најдам турбо УН како одеше треба да си запишам па ако може некој нека ми пише благодарам однапред
    поздрав до сите и имајте убав викенд
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Денеска 5/12 ден, по правило јаглено - хидратен ден, ама јас ќе го држам како овошен.
    Повторно мандаринки, портокали, јаболчиња, чаеви..
    Старо - ново откритие ми е чајот од кантарион, одамна го немав пиено - вчера мислам дека сите сетила ми ги разбуди. И денеска дефинитивно ќе ми биде на репертоар.

    Јас малце стагнирам со килограмите, тоа водата што ја имав во мене ја симнав уште во првиот ден и вагата ми покажа - 2 кг, ама сега упорно стојам на истата килажа цело време. Малце сум скептична за овој пат, мислев дека ќе оди побрзо процесов.. Ама како и да е, не се откажувам нормално, затоа што како што знаев да си ги качам овие кила и да се товам како никогаш да не сум видела претходно храна, така сега и ќе си ги симнам! |(
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cкробен ден
    2\90

    Пojaдок-една банана и две средни парчиња љубеница
    Pучек-Oриз и марула со пченка и авокадо
    Bечера-Oриз и чери доматчиња

    Jас за појадок си дозволив повеке оти бев прегладнета од претходниот ден,храна дури сонував :D
     
  4. fima

    fima Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    12
    Значи КРАЈНО НАЈКРАЈНО време беше да ја почнам диетава, по којзнае кој пат!!!!!!!!!!! Многу сум разочарана од самата себе си, па затоа ВЕ МОЛАМ за Вашата поддршка :(
     
  5. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Ја почнувам диетата од 14 ти,од другиден и тоа ке стартувам со овошен ден за на 15 ти кога сум на слава,да ми се падне протеински ден :) Кој е за со протеински ден од Вторник ??
     
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    11/90
    Скробен ден
    појадок:1банана
    ручек:1,5 танир леќа и салата од зелка со лути пиперки
    вечера: цвекло салата
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    1/24 Протеински
    Појадок: неколку парчиња портокал + неколку цитрон
    Ручек(пообилен, ама вчерашниот овошен ден ме исцрпи): неколку парчиња пилешки прсти со сусам + 1 парче сирење + неколку лажици марула салата + неколку лажици павлака.
    Вечера: неколку парчиња од месото што остана од ручек + марула салата.
    + чај од нане со мед, ама од утре без мед ќе пија чај.
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    6/12 ден, овошен.
    Вчера направив свесно грешка, ама немав друг избор.
    Ми се јадеше многу баклава, од што сум стрвна дури ја сонував и вчера си купив. Прво мислев да изедам само две, ама како ништо си го изедов цело паковче. И нормално вагата покажа кило плус. |(
     
  9. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    добро утро и какво разочарување вагата показува 1 кг плус знам јас кој е крив алкохолот и кикирикчињата што требаше да ги избегавам ама сега што е тука е не се предавам имам усте 2 водени дена пред мене и пак ке ве молам да ми пишете за турбото како одеа протеиски скробен овошен па протеински јџ па овошен или обратно? денес ми е скробен на мени грав и ќе мерам сега колку како ќе се придржувам точно поздрав
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    3\90
    JX ден

    Појадок-една банана и турско кафе без шекер
    Pучек-2 мали парчиња вегетеријанска пица,со доматен сос,малку кашкавал,печурки и чили пиперчиња

    Cега за вечера се мислам,правам пита со паричка нели за Bасилица па може да каснам сосем малку или тоа или три топчиња сладолед.

    Инаку цел ден немам апетит,одвратно се чуствувам :?:
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Ииии...Волфче кај најде лубеница среде Јануари бе? :P
    Јас вчера не се пазев баш, 55ти, Протеински, јадев протеини само ама отповеќе, ми дојдоа моите на гости и немаше смисла нели на трпеза богата како за слава да се јаде само стекче и салата. Си каснав одповеќе а си изедов и торта. Ама знаете ли зошто, за да се наградам што за една недела сум симнала уште 2 кила, т.е. сега за сега вкупно 10 кила со 20 см во обем, за малку повеќе од пола диета ми е супер, презадоволна сум. Започна да се приметува веќе и во нозете, пред некој ден наведната надоле си ги гледам нозете, аиии.... ми се стопиле, пресреќна сум.
    Денес, 56ти ден, ЈХ.
    Појадок - две мали мандаринчиња и една банана
    Ручек - јуфки со кечап
    Вечера - во фрижидер ме чекаат две парчиња торта, една чоколадна и една ванила торта, пресреќна сум кога ги гледам во фрижидер како опстанале после толку време :lol:
    Имам ден ипол до Водениот, некако се навикнав многу убаво на диетава и многу бргу ми поминуваат деновите, но морам да напоменам, кујната на свекрва ми многу ми помага, ептен сум среќна што редовно јадам здрава храна и што се приметува а богами и покажува на вагата дека слабеам ;) Ми следува уште помалку од половина диета со уште еден циклус ТурбоУН и уште еден воден, не го рачунам овој задутре, потоа уште 3 месеци Одржување, не ја држам диетава многу строго, онака си се придржувам прилично на диетава, не сум многу физички активна и според тоа колку сум симнала сум презадоволна :rofl: Диетава е закон за сите што сакаат навистина да ослабат ;)
     
    На Ramante му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Уште од прв ден и ја утнав диетава :doh: ама па нели и празник е и ќе има супер јадење на маса и решив ај уште ова да помине и од утре ќе немам изговор за грешки :tmi:
     
  13. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    вчера имав успешен јагленохидратен,а денеска 12ден-овошен повеќе на течности бев и изедов само 2 пасирани банани,затоа што денеска ми ги стаија протезите и неможам да јадам баш убаво :tmi:
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Ужас, добив труење и сега сакала нејќела и воден и овошен ќе пројдат како од шала :lol: Вчера си реков ајде сум заокружила бројка, ќе се почастам троа повеќе храна и ќе си каснам од се ЈХ-тно помалку :tmi: во 4 сабајле станав со тешкотии, со стомак подуен како 6ти месец да сум, целата потечена. Ужас! Сега сум на јагленчиња, на Диастоп и на банани :P Ќе си сварам чајче и денес денот ќе помине во тој манир, а ако утре не ми е подбро најверојатно водениот ќе стане овошен број два, со банани и варени моркови :(
     
  15. Anuska0307

    Anuska0307 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Денес 7/90 ЈХ, ќе се јадат некои макарони/шпагети - ќе видиме, со некој сос од домати и зачини мммм...
    А за вечера, ако не ми се јаде благо, што да јадам, дајте некој совет од искуство?

    Јас си бев по благото од претходно, ама сега некако не осеќам некоја посебна потреба. Си се доведов во ред, дисциплина на ниво :!:

    Вака се осеќам ослабена, мешето почна да се намалува, пред 3 дена бев 70, а почнав со 72.
    Да стигнам 62-63, супер ќе е

    А сакав да прашам, цедевита може ли да се пие?
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Цедевита не може, затоа што содржи шеќер.
    Подобро пиј од оние шумливите таблети, по една - евентуално две на ден.

    А за вечера ако не ти се јаде благо, изеди половина доза од тоа што си јадела за ручек.
    Во твојов случај тестенините.

    Јас веќе 7-ми ден, протеински од Турбо Ун.
    Денеска ќе пијам јогурт..
     
  17. lil13

    lil13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    дали може некој да ја напише турбо ун?
     
  18. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    Turbo Un


    dan 01/12 - Proteinski den
    dan 02/12 - Skroben den
    dan 03/12 - Vitaminski den

    dan 04/12 - Proteinski den
    dan 05/12 - UH den
    dan 06/12 - Vitaminski den

    dan 07/12 - Proteinski den
    dan 08/12 - Skrobni den
    dan 09/12 - Vitaminski den

    dan 10/12 - Proteinski den
    dan 11/12 - UH den
    dan 12/12 - Vitaminski den
     
  19. Unka

    Unka Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво диеталки, веќе подолго време ве читам и конечно се одлучив да ви се придружам.
    Инаку јас почнувам со 80 кг и со цел да дојдам до 65 кг што за оваа диета не претставува нереална цел.
    За оваа диета имам читано и слушано достав по што дојдов до заклучок
    дека е најздравиот начин за симнување на поголем број на килограми.
     
  20. Anuska0307

    Anuska0307 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Јас сепак си каснав благичко, ама не претерано, 2-3 наполитанки, пола кроасан и ред црно чоколадо :$

    Баш прочитав на цедевитата,имало шеќер :( Ама не е важно, ќе пијам вода и чај

    Е сега да прашам, таа турбо УН кога се држи? Во склоп на оваа диета е или? Да не пропуштам нешто