УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. love23

    love23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    874
    14/90
    Протеински
    појадок:1јаболко
    Ручек: 1парче пилешко месо варено , малку урда, салта од зелка и 2тенки парчиња леб
    вечера:салта од зелка и парче сирење
     
  2. Regenbogen

    Regenbogen Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Има резултати и баш се радувам :D
    35 јх
    појадок портокали и јаболки
    ручек пита со зелка, цвекло и к.краставички
    вечера колач херен кухен
     
    На Ramante му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sweetheart87

    Sweetheart87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    181
    Вчера денот супер помина.

    Денеска 2/90 скробен
    Појадок: 2 мали круши и 1 портокал
    Ручек: Варени компири и цвекло од тегла
    Вечера: Исто како ручекот

    Плус 40мин. орбитрек

    Инаку планирам да се мерам секој воден ден, за да не ми биде демотивирачки доколку стагнирам неколку дена (ама ќе видиме колку ќе издржам до воден ден а да не се качам на вага :D )
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    2.581
    Допаѓања:
    5.147
    :party: Пројде и вториот воден, одсабајле беше ко песна, прелесно и предобро, не ми беше дури ни верно. Но дојде пладне и почнав да чувствувам како мачки ми гребат во стомак, ајде испив еден сок од мешано овошје, свеж, од соковник, па вода се налеав, ама не иде. Потоа почна и глава да ме боли дополнително од тоа што ракометариве губеа и едвај издржав, ко за беља па се зачитав една книга и заспав со главоболка тешка, ама сабајлево ко нова. Не знам дали е до тоа, но јас се чувствував сабајлево полесно многу, веројатно сите течности непотребни сум ги исфрлила, бидејќи идев во вц ко луда цел ден.
    Денес 59ти ден, протеини, си направив вчера еден филм како ќе јадам вака така и ништо, сабајлево се што ми сакаше душата беше банана :lol: За ручек ќе јадам пак од сендвичот мој домашен со кашкавал и салати, а за вечера појма немам ама не му ја мислам од сега што ќе јадам, не се замарам, битно ми е дека прогурав некако. Инаку сега кога си го мотам филмот јас уствари слабеам по 5 кила месечно, што има некаква логика и со ХЛ ослабев исто, значи до крај ако вратам 15 ќе морам со одржувањето комбинирано со физичка активност да ослабам уште најмалку 5 за да си дојдам до финалето, ама математика си направииивввв, никогаш не се знае, можеби ќе успеам за еден месец да симнам 10 кила :?:
    Елена.Мак, тебе не ти е само до диетата, ти си имаш здравствени проблеми, чировите и тироидеата, кои ти ја отежнуваат состојбата, но знаеш дека ако ослабеш зависи колку имаш за слабеење ќе ти се нормализираат овие проблеми, барем тироидеата, знам од пример близок дека со слабеење од физички активност исклучиво се средија сите проблеми. Обиди се така ако веќе сакаш да ослабеш, физичка активност и можеби ќе успееш. Иначе вереникот вчера израчуна дека од 24 дена колку сум кај него 22 нешто ме болело :?: па види ти колку сум јас за ремонт
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.331
    Допаѓања:
    15.401
    Вагата ми покажа уште едно кило минус, моментално имам симнато вкупно 3 кила за 9 дена.
    Моментална состојба од 69 кила.
    Колку и да ја мразам диетава и колку и да ми е монотона и досадна веќе, толку и ја сакам :D.

    Денеска 9/12, овошен ден.
    Јаболчиња, портокали, мандаринки и ситни едни круши ми се на располагање за цееееел ден. Има да се витаминизирам за доживотно :D.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    59
    за утепување сум ама не знам што ми беше вчера во состојба бев да го изедам цел фрижидер а на мени овошен ден :o
    супер си почнав 2 мандарини па ананас сув па салата кинеска за ручек па кајсии суви чајчиња 3- 4 кафе вода ама јас гладна и бити ,вртам по тв андријана алачки се размесила бањичка мене лиги ми течат одам до кујна ме гледа бањичката ја гледам јас неа и не издржа срце јуначко изедов едно парче ама толку пополека со уживање и си ебав денот во 22 часот вечерта
    и сега ми е криво ама што е тука е продолжувам денес со протеински и скокам емисии за готвење на тв
    ве поздравувам
     
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    883
    Ај погодете што :D
    Цело семејство го ставив на диета :rofl:
    Па искрено да ви кажам полесно е со некого кога држите диета :)
    Денеска протеински ден
    доручек: едно јаболко големо
    ручек: пилешко печено со габи
    вечера: пола од ручекот + јогурт
     
    На irena.1, Ramante и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  8. Anka.J

    Anka.J Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Нова сум тука :$ и почнав со диетава кога прочитав колку ја фалите :) туку првиов ден не ми е јасен, пишува 250гр. месо или 3 јајца, е сега дали од оваа количина на месо/јајца треба да се дели и за вечерата или би требало да се изедат 3 јајца за ручек 3 за вечера :^) ? Некако 6 јајца во тој ден не ми е баш здраво :lol: додека пак за другиве 3 дена убаво е кажано дека мал дел од ручекот се остава за вечерата хм :worried:
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    2.581
    Допаѓања:
    5.147
    Колку што се сеќавам викаше вечера исто колку и ручекот, без супата само. Никогаш не сум јадела 3 јајца во диетава, воопшто не сум јадела. Инаку овие количини се максимуми, немој да се раководиш и сега да набуташ 3 јајца ако не можеш да ги изедеш, јас вообичаено варам или печам 2 јајца, а вечерата секогаш ја преполовувам, или пак ако за ручек сум изела значително помалку за вечера јадам малку повеќе, што и најчесто е случај, јадам многу малку бидејќи на работа немам многу услови. Викендите пак нешто комбинирам, бидејќи сега во новата дома се руча касно, околу 6 саат, а појадокот е околу 12, јас комбинирам, јадам помалку овошје, па со раниот ручек и вечера ми се надополнува. Како и да е, гледај да не си ставаш многу правила и стеги, сепак е режим и треба да го сметаш пред се за привремен начин на живот, а ќе видиш наскоро и ќе не знаеш како поинаку освен Ун, затоа полесно ќе ти биде да оставиш да видиш самите како ќе течат работите, после се ќе биде полесно ;)
     
    На Anka.J му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ane.bella

    ane.bella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    3/90
    Појадок:1банана и чај од липа
    Уште е рано за ручек ама макрони со сос имам во план,изгледа исто и за вечера ама смалена количина.
    Од 3 дена на диета мене 1 ден многу ми беше тежок,а претежно 1 ден ми е нај лесен,2 ден т.е вчера ми беше супер не се чувствував гладна ама ме болеше глава.а денес сум супер пу,пу.. Да не се заречам :D
    Е утре ми е овошен ден па сакав да прашам дали е ОК да се јаде конзервирано овошје?а за денес да прашам за чоколадото за готвење,се јаде 1 ред еднаш во денот?или ред за ручек ред за вечера :tmi:
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    2.581
    Допаѓања:
    5.147
    Само за вечера, покрај другото и ред чоколадо, ама прашај ме мене во 60 дена скоро колку пати сум каснала, одвај 3 реда, не е задолжително.
     
  12. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    883
    А не смее да се пие сок за растварање нели? :wasntme:
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.331
    Допаѓања:
    15.401
    Никако сок за растварање, полн е со шеќер и вештачки бои, јас би ти рекла за време на диетава никаков сок да не пиеш, освен од оние шумливите таблетки, по една/две на ден.

    За џабе само ќе си го отежнуваш слабеењето со соковите, и онака никаква корист немаш од нив само уште повеќе ќе те надразнуваат и ќе имаш желба за повеќе храна. Тоа благото ќе те утепа.
     
    На AngelOfArh и Maroon5 им се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Јас сум зависна од сокови :| е сега нели не смее сок да се пија,јас си зедов диетални кока кола и спрајт,ништо нема во ни се му е 0.нема калории,јаглено хидрати,шекер,содиум ама се е 0 ЗИРО :) исто и кафе или чај не можам без шеќер,и си купив шекер за дијабетичари. Е сега ми беше важно туѓо мислење за конзервираното овошје,ама ако никој не знае да ми каже нема ни да го јадам,а баш ми се јадеа тие праските во конзерва :)
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    2.581
    Допаѓања:
    5.147
    И ти веруваш дека нема воопшто шеќер? А тоа што е газирано? Абе не се лажете, кога пиеш нели ти е благо, како може данема шеќер тогаш. Пред се забрането е газирано, па макар и Зиро било, ништо газирано, освен минерална вода во најкраен случај, мада не е ништо тоа во ред. Земи си шумечи, и одучи се од сокови, или пиј цедени, друго чаре нема. Иначе џабе ти е и диета и се, нема никаков ефект ако пиеш газирано, не Зиро, што сака нека е.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    112
    Вчера завршив со ун одржување, а денес започнав со турбо ун, не дека не сум задоволна од постигнатите резултати, туку од страв да не ги вратам изгубените кг. Одкога ќе завршам и со турбо воопшто не ми е тешко и проблем да продолжам повторно со ун или одржување, единствено да немам некои здравствени проблеми, а не ми се ризикува да се вратам на стариот режим на исхрана или пак се мислам за „диетава“, т.е. режимот на иренна, но таму за појадок може благо, а јас како што незнам да се контролирам со благово...стварно незнам :x , може да пробам евентуално после турбово еден месец чисто онака да видам ако така успеам да ја задржам моменталната тежина супер, а ако не пак назад на ун, ама не сум одлучна сеуште.
    Инаку денес 1/12
    за појадок има два портокали, за ручек во движење бев, а и сум станата мн рано испив еден баланс + од 0,5л и за вечера имам уште еден баланс 0,5, а ми се јаде, но нема смисла вечерата да ми биде повеќе од ручекот, така да за денес вака па утре ќе си каснам саглам. :hai:
     
  17. Red-lipstick

    Red-lipstick Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Не ми е целта да натерам некој да се откаже од диетата туку сметам дека секој треба да биде запознаен и со негативните страни на оваа диета.

    Таквата исхрана, под мотото – ослабете со пица и чоколада – се темели на идејата еден ден да се јадат само јагленихидрати, а друг само овошје. Нутриционисите предупредуваат дека може да се предизвика еден хроничен дефицит на есенцијалните масни киселини, авитаминоза, оптеретување на системот за варење и штитната жлезда и губење на калциумот.(копирано ми е од листата најлоши диети)

    Есенцијалните масни киселини ги има во рибата,бадемите,оревите,лешниците.За да не губите калциум во протеинскиот ден конзумирајте и јогурт,млеко.Немојте за вечера само салата да јадете, пропишаните количини на месо треба да се конзумираат затоа што тие му се неопходни на организмот и не само месо кога ви е скробен ден исто јадете ја и вечерата.Редовно конзумирајте заленчук, немојте да намалувате на него и овошјето конзумирајте го секој ден а за овошниот не се трудете што помалку туку што повеќе овошје, бананата нека ви биде задолжителна во овој ден( содржи калиум) , и каснете и бадеми,лешници 100гр.Витамините од шумливите таблети не се користат во организмот како од храната, многу помалку се искористуваат.Настојувајте здраво да се храните! Немојте да настојувате брзо да ослабнете со тоа што ќе намалите од тоа што ви е пропишано, само побрзо ќе ги вратите килограмите и може да го намалите масното ткиво што е околу бубрезите и да завршите на дијализа.
    И правете крвна анализа еднаш месечно задолжително !
     
    На Anka.J, Regenbogen и Ramante им се допаѓа ова.
  18. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    15ден-јагленохидратен
    доручек: 2 банани
    ручек: кришка леб со еурокрем
    вечера: само ред чоколада нешто не ми се јаде :lol:
     
  19. ane.bella

    ane.bella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Да,да 100% дека нема шекер,сигурна сум заради тоа што кога бев бремена имав шекер,и бев на многу строг режим на исхрана,и редовно посетував и нутриционист и тој ми кажа дека е во ред диетален сок да се пие,зборувам за газиран сок.а исто и за шекерот за дијабетичари,кај нас мислам натрен се вика.бев и на други 2 диети,за една од диетите одев редовно на лекар преку 1 недела,исто и тој кажа дека може да се пие диетален газиран сок.другата диета што ја држев беше само на месо зеленчук и јајца и јас цело време пиев диетална кока кола,и на двете диети губев 6 кила за 2 недели
     
  20. Maya3112

    Maya3112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    450
    И јас од утре почнувам со оваа диета и имам само едно прашање : Дали може за доручек две различни овошја на пример 1 мандарина(или две мандарини ако се помали :) ) и 1 зелено јаболко или мора двете овошја да се исти?
     

Сподели ја оваа страница