Ден 30. Успеав да го издржам првиот воден ден вчера. Сега едвај чекам да дојде време за ручек да каснам малку мевце. Инаку, досега имам изгубено нешто повеќе од 7 килограми. Уште толку да изгубам во следните два месеци ќе сум презадоволна.
Не би се сложила. Знам 2 девојчиња кои ја држеа и не ги вратија килограмите, а исто и јас ја држев скоро пред 1 година и од изгубени 12 кг вратив само 2 и тоа само како резултат на тоа што почнав да јадам повеќе бел леб. Јојо ефект кај оваа диета би кажала дека нема, освен ако не почнете по нејзино завршување со ненормално јадење. Во тој случај не зтанува збор за јојо ефект, туку за вообичаено дебелеење како резултат на константно прејадување.
Јас како што кажав ја започнав диетата.Денеска ми е 9ден.Одчична е и мешето ми се намали малце.Ќе се мерам кога ќе заврши циклусот т.с на 13 ден.Двата овошни ги издржав и се надевам дека до н.г ќе симнам уште некое килце после од втори јануар повторно продолжувам.Од физичка активност само на физичко вежбам бидејќи ова време правам многу писмени и имам испрашувања.Но од сабота ќе почнам да трчам.Само денес направив една грешка.Првпат во овие 9дена.Но ќе се трудам што помалку грешки.На прва смена јадам пред школо (доручек) во 6.30 ручок во 1-2 и вечера во 6-7.А на втора смена доручек во 7 ручек во 11 или 10 зависи потоа во школо ништо не јадам и кога ќе си дојдам во 18ипол или 19 вечерам.Уште нешто.Диетата ми е суперр и парите наместо за тостови, пици и пастрамалии јас ги трошам за банани и диетален леб.А и си собирам пари и си ги чувам.Иначе за бананата може за појадок но по една бидејќи биле многу калорични а во овошен може и 2највеќе.Но сигурно не е којзнае колку калорочна но сепак ногу заситува.Поздрав до сите и на 13ден ќе ви пишам колку сум ослабнела.
Здраво девојки. До каде сте со диетата? Мене добро ми оде, ама во овој период некако стагнирав со слабеењето. Можеби тоа е и нормална работа. Денес ми е овошен ден. Сакам да прашам, во неделата имав протеински ден, мајка ми правеше сарми со зелка за ручек. Мене ми направи само со месо без ориз. Ги јадев со многу салата. Е сега ме интересира дали смеев тоа да го јадам? Сепак е само месо, со салата. А можеби и не смее да се јаде, сепак месото се запржува претходно. Ако некој знае нека пише.
Според мое мислење подобро не држи диети од некои од интернет. Гледај повеќе да внесуваш ладна вода и постојано да си во движење . Ти препорачувам да одиш на Зумба . Може 1 и 2 час ќе ти биде малку срам нема да ги знаеш чекорите ама ќе се усогласаш . Јас одам и ослабев 5 кила . Многу е убаво и забавно . Јади овошје и зеленчук . Не јади многу и немој да скокнуваш некој од оброците . Барем јас така правам и има ефект. А инаку не треба да се грижиж многу за килата , има едно девојче 7 одд 68 кила и што да речам на тоа ?
Ама неможам да одам на зумба а и добро ми оде диетата мала сум и затоа не јадам пола од ручекот туку цел.Споро ќе слабеам ама сигурно само ќе ги симнам вишокот на кг.Планирам да одам на ракомет и така..
Jaс ја почнав од денеска диетава,ама не ја држам строго,ке си ја прилагодам според моите потреби.Ако ми се јаде некогаш повеќе ке си каснам,лебот ретко ке го јадам и супава во првиот ден,ако сум излезена некаде ке правам исклучоци..ама сакам да имам некоја ориентација.Верувам дека и вака ке има резултати.Благото ми е најголем проблем,и слободно можам да кажам дека е заслужно за моиве вишок кг..Имам за симнување 10тина кг.Па држете ми среќа женски и пишувајте тука кој до кај е,редовно ќе ве читам.Поздрав
Долго време се спремав да ја почнам диетата и конечно се случи и тоа. Имам 67кг и висина 166цм сакам да ослабам барем 8кг па ле видам како ле оди. Денес ми е веке петти ден, мислев дека тешко ле ми биде само со овошје ама добро поминав. Можеби не ми се најдобро распределени оброците,но заради работата рано ручам во 12 а вечерам околу 6 и ми се јаде појасно па цревата ми кркорат пред спиење. Диетата не е толку тешка како што исзгледа, сите кои се двоумат нека се охрабрат и ќе се поддржуваме.
zdr.jas sum nova na forumov i sakam da oslabam 10kg.pa se mislam so koa dieta da pocnam.ve molam kazete nekoja efikasna
Според мене УН е ефикасна диета и има добри резултати доколку строго се придржуваш според пропишаните правила за диетата Пробај
ke probam od deneska samo mesto dve ovosja za doruvek jas pijam 1limun so casa voda pa moze i taka najverojatno
@hello-kitty.90 јас планирам после Божиќ да почнам и да се придржувам затоа што потребни ќе ми се за месец дена да намалам некое килце повеќе Кога планираш да почнеш ти ? Добар тим бевме минатиот пат а и мотивација