Јас официјално да ве известам дека ја прекинав диетата Ќе ве читам и ќе ви помагам колку можам. Тргнувам по нов пат по кој што се надевам дека ќе си ој остварам замислената цел . Со среќа на сите диеталки
4/90 овошен До сега изедени 4 јаболка и малку салата зелка, додека да си легнам можеби уште едно јаболко ќе изедам. Малку ми беше тешко,посебно кога дојде време и почна да мириса на ручек, ама помина кризата.
Здраво девојки, јас пак се враќам Денес прв ден П: 2 јаболки Р: 2 варени јајца, салата од зелка и цвекло В: исто како ручекот Се надевам дека овој пат подолго ќе се дружиме
Исто и јас секој ден си викам ајде ајде поупорна построга ќе бидам, ама само како кажувањето да ми стана навика а не и исполнувањето Еве скоро 2 месеци и од -7 кг немам мрднато Последен месец од диетава (а сум со план да ја држам и подолго од 3 месеци) мора да стегнам заби барем уште 3кг да симнам. Па о том потом.
Здраво диеталки, и јас повторно ја почнувам диетата, ама овој пат почнувам денес со овошен ден, да се исчистам малку од се што ставив во желудников од Велигден до сега Само имам една дилема, овошен ден е витамински или стриктно овошен? Бидејки сите препорачуваат после 16ч да се јадат што повеќе салати а од сабајле овошје, овошјето нели содржи исто доста шеќери. Како правите вие? Поздрав и форумов ми е неверојатна мотивација, односно вие =)
Здраво Во диетата стои дека во овој ден за ручек и вечера се јади мешано овошје во неограничени количини. Јас скоро секогаш јадам само овошје, а ако некогаш имам потреба од соленко си правам зелена салата за вечера, а гледам и другите диеталки јадат зеленчук во втората половина од денот. Среќно!
Браво за резимот и истрајноста!!!! Знам дека не е место на оваа тема... но те молам пиши го режимот на исхрана
Јас ја држам исто онака како што пишува на првата страна. Таму пишува цел ден да се јаде било какво овошје и затоа јас не јадам тој ден салати. Денеска 6/90 скробен Компирчиња варени за ручек и вечера. Колу се поубаво и посамоуверено чувствуваш кога си на диета. Убавини
Можиш само варени, како салата со кромид или пак манџичка со ориз, компир, пиперка и спанаќ. Фала многу се надевам дека ќе успеам
2/90 П: 2 портокали Р: интегрален ориз, цвекло салата В: интегрален ориз, салата од марула и краставица
Можеш и печени со една чаша вода и малку масло, и зачини ги со копар, вегета и сусам, мн се вкусни така или пак можеш и пире без млеко, вари ги излупени и исецкани на коцки, кога ќе ги свариш и испасираш додај им вегета и зачин по вкус и попари ги со врело масло. Ако маслото е маслиново уште подобро =) Двеве варијанти се многу брзи =)
Успешен овошен ден вчера со две банани, јаболки, десетина бадеми и мнооогу вода Денес 1/90 П: Две јаболки Р: Мисиркин стек + краставица салата В: Мисиркин стек + зелка салата
Диетава моја фати пушти е!! Вчера почнав со УН диетава. Протеински Д-Јаболко и кафе Р-Две цели јајца и една белка со салата и една кифла В-Салата и сирење + кифла
3/90 П: 2 портокали Р: интегрални тестенини, салата со марула и краставица В: 2 кроасани, два реда чоколадо за готвење