1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Урда

Дискусија во 'Рецепти' започната од black-angel, 20 декември 2011.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Дали јадете? Колку ви се допаѓа? Каде ја набавувате? Пратете некој интересен рецепт со урда!
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Мммммм... јадаааам, многу ми се допаѓа, ја сакам пржена со помалку јајца некогаш и без ич јајца, моите некогаш ја пржат со сушено месо таква не сакам, ми се губи вкусот на урдата. Ја набавуваме од луѓе кои ги знаеме, ама одамна не сум јадела сега ти ме потсети дека не сум јала урда одамна, денес тоа ми е на предлог листа за набавка.
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Понекогаш со јајца јадам, баш е убаво и вкусно. Прво масло, па урда колку сакам + 2 јајца и ете ти одлично јадење (за студент ехеее прекрасно!) :)
    Исто со варени макарони во релна (урда + 1 јајце ги мешам) плус од горе сусам... мераци :)
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ја сакам ама не нешто ептен претерано. Освен пржена со јајца ја сакам и во салатата со урда (сусам, буковец, урда). Како зимско мезе ја сакам со пиперки. Секоја година се става една голема тегла урда со пиперки а исто така може и со поховани црвени пиперки полнети со урда.
    Ја земаме од проверени луѓе или свекрва ми прави своја домашна од млеко кој ни го носи млекар.
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ја јадам само пржена со јајца, ама ретко. А ја купуваме од Веро, пакувана.
     
  6. lepotushka

    lepotushka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Јас ја јадам со шеќер (несолена). Може е малку необично за ова поднебје.
    Купувам обично урда (рикота) Беби Киндер во Буњаковец до КАМ. А еве еден рецепт од мене (децата го обожуваат):

    МИНИ-КРОФНИ СО УРДА
    Состојки:
    Брашно 1 ½ чаша
    Јајца 3
    Несолена урда 500 гр
    Шеќер 5 големи лажици
    Сода бикарбона 1 мала лажица
    Сол 1 мала лажица
    Маргарин или путер 3 големи лажици
    Шеќер во прав
    Зејтин за пржење

    1. Во урдата се додаваат јајца, маргарин, шеќер, сода и сол.
    2. Се додава брашно.
    3. Се замесува тесто.
    4. Од тестото со влажни раце се формираат топчиња со големина на орев.
    5. Топчињата се пржаат во загреан зејтин дури не поруменат.
    6. Готови крофнички се валкаат во шеќерот во прав.
    7. По желба одозгора мини-крофнички се преливаат со чоколаден прелив.

    ПРОБАЈТЕ, НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мајка ми зимно време прави една салата со урда. Става сецкани оревчиња, малку зејтин и сосема малку павлака. Многу е освежителна и вкусна.
    Освен тоа, јас често за ручек си правам пржена урда. Сецкам печурки и шунка, малку ги потпржувам, потоа ја додавам урдата и на крајот ставам јајце. Вакво нешто за прв пат пробав кај другарка ми кога мајка и ни донесе да јадеме, и оттогаш дома често ја правиме. :)
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Еве една салата со урда


    Данска салата

    Урда
    Шунка
    Магдонос
    Лук
    Ореви толчени
    4 варени јајца
    Краставица

    Сите состојки се рендаат или се сецкаат и се соединуваат во еден сад.
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Салата со урда или изварка, дали има разлика абер немам :D
    Урда, сецкани ореви, свежа краставица(колку повеќе, толку поубаво), копар, бибер, сол, малце павлака, малце мајонез и лукче сецкано :) Некоја модификација на онаа погоре, од Тинкербел, ама превкусна е и е неизбежен дел од нашето мени за сите можни празници што следуваат :)

    Иначе, јас си јадам, како и повеќето млечни производи, ја сакам пржена со јајца, со пиперки, ја сакам како плескавици нешто од урда, ми се убаво мезе, не ја сакам само со ајвар пржена и во мазник. Е тогаш преферирам сирење :)
     
  10. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Уф салата со урда за мезе ја послужувам кога ќе ни дојдат гости па наместо една до две чашки ракија се расположуваме со повеќе :D
    урда, малку сол, малку зејтин, буковка сол, ситно исецкан лук и оревчиња, мајонез. Сето тоа се меша и после ништо не останува во чинивчето :D
    Наместо оревчиња може да запржите малку сусам (без зејтин, само така неколку минути на рингла) и со тоа да ја помешате салатата.
     
  11. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Oбооооожавам! но во лјублјана нема некоја салам урда се продаваат во поголемите маркети но искрено да ви кажам мене ми се гадни затоа јас си правам своја и ептен е лесна само си надробувам сиренје и си стаам едно јајце премешувам и ставам да се пражи нема разлика меѓу купената и таа (Jас така мислам хихи) пробајте супер е
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ех, не е исто дробено сирење со урда. И јас како што немам од кај да ја купам, па сама си варам. Може и да се замрзне, така да кога ми текне, да не ја умеришувам куќата често, сварам одеднаш повеќе. Инаку јас си ја пржам со јајца, со праз, со пиперки, со што најдам.
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Eх кога бев мала омилен оброк ми беше урда пржена со сирење :)

    A оваа салата ми е омилена
    урда(зависи колку имате и за колку луге правите)
    Cечкана салама
    Cечкани кисели краставички или пак свежа
    сечкан лук (малку колку за вкус)
    A ако не сакате лук,можете сечкани оревчина
    2 лажици мајонез
    Cето ова се меша и се декорира со магднос
    Mх,мх Mераци :mm:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ова е рецепт на свекрва ми. Денес се изненадив од вкусот, навистина е исто како да јадеш похован кашкавал. Превкусно.
    Се надевам дека ќе ви се допадне :) .

    Ќофтиња од урда
    Потребно: 300 гр. урда, 2 јајца, околу 7 лаж. брашно (може и повеќе да се стави, ќе видите во месењето, тоа многу зависи колку е влажна урдата), сол.
    Се меси убаво и се остава малку во фрижидер да се стегне. Потоа се оформуваат ќофтињата, се валкаат во пченкарно брашно и се пржат.
     
    На ilipili, sakamdasumsreknabar1 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Девојки а урда како се прави? Јас знам дека се става млеко преварено 30 мин па после кога ке олади му се додава лажица две кисело млеко. После се остава еден ден, па се цеди. Е не ми е јасно кога се остава да ферментира колку време се чува така и на која температура?
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Многу сакам урда, посебно на сточарство Богданци. Секогаш кога купувам вадам во чинија колку би изела, додавам сол и буковец(мн. малку) во неа, а потоа ја мешам за да ми омекне и да се соедини. Понекогаш мислам дека ми е многу поубава од сирење :)
     
  17. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Урда купувам само кога треба да правам салата.
    Имам неколку рецепти за салата со урда, ама најчесто ја правам според овој рецепт...
    1 кг урда ,
    1 тегла кисели краставички,
    300 гр шункова салама,
    1 помала главица стар лук,
    3 големи лажици павлака,
    3 големи лажици мајонез,
    1 голема лажица буковец,
    100 гр сецкани ореви,
    3 варени јајца,
    се сецкаат , мешаат и се јадат :D
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Во загреано пресно млеко пред да зовре (некаде 70-80 степени) се ставаат 3-4 лаж. к. млеко. Се меша постојано на тивок огин додека не се направи урда. Пазиш да не ти зоврие смесата. Откако ќе се направи урдата тргаш на страна на рингла и чекаш да се олади. Оладена урда ја процедуваш и потоа посолуваш. Ако се многу згусне можеш да додадеш и малку пресно млеко.

    Втор начин е кога во пресно млеко се додава сирак (сирќе) така се вика го има по продавници и служи за правење на сирење. Во загреано млеко на телесна темп. отприлика се става сирак и така се остави да се олади и стои една ноќ. Утредента имаш младо сирење а од таа течност која кај нас се вика цвик се вари урда т.е тоа е изварка што ја викаат.
    Постои разлика меѓу урда и изварка ама луѓето ја поистоветуваат под исто име.

    Првиот начин е побогат со хранливи материи - калциум, магнезиум, калиум...и е поубав :)
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.823
    Пол:
    Женски

    Славица, обратно е - урда е тоа второто, а првото е изварка - јас така ги знам. Изварката се прави од кисело млеко, со варење да не врие, а урдата е сувиот остаток од солилото за сирење.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    полнети пиперки со урда


    Состав
    300 грама Урда
    малку Сол
    500 грама Пиперки
    60 милилитри Маслиново масло
    1 Јајце



    Подготовка
    Пиперките треба да се со тенка лушпа, средно долги и не многу тенки. Исечете им ги рачките и извадете го семето од нив. Изматете го јајцето и во него додадете ја урдата. Сето тоа убаво изматете го со вилушка. Секоја пиперка, со мало лажиче наполнете ја со подготвената урда. Во тавче ставете ги маслото и наредете ги пиперките да се пржат. Немојте да го покривате тавчето. Пржете додека малку не поруменат пиперките.