1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Урда

Дискусија во 'Рецепти' започната од black-angel, 20 декември 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Aна, урда или изварка,исто ти е. Солило за сирење,е солило за сирење,остатокот дури и не смее да се конзумира. Еве баш баба ми ја прашав, урдата таа ја прави така,по првиот рецепт кој беше пишан. И остатокот,како течност што ќе остане,ден-два може да стои во фрижидер и се пие,супер е за имунитет.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Кај нас во Охрид урда и изварка секогаш претставувале различни поими, баш се чудев кога другарките од Скопје ми тврдеа дека е исто... веројатно во тие региони не се прави она што ние го знаеме како урда, со остатокот од сирењето, па се поистоветуваат поимите.

    Баш и татко ми сега го прашував, истото како Анат ми го рече.
    Инаку урдата (она што кај нас го викаме урда) е малку покиселка и јас не ја сакам. Плус не е здрава како изварката.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Епа ете,до краиштата е,различно се нарекува.Затоа на една друга тема ме караа дека урдата не била здрава, а јас мислев на изварка како што ете некаде се нарекува,ама сме биле во недоразбирање. Јас гласам за урдата! Ја сакам и солена,со пиперка,леле,леле...прсти да излижеш,а од здравотија пука! Најздрава алтернатива за сирење.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Многу често моите купуваат урда и многу сакам да ја јадам со јајца и пиперки ...ммм вкусно :mm:
     
  5. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Урда, фуј :puke: Ич не ја сакам, како повратено сирење ми е. Моите не купуваат зошто само татко ми ја јаде со пиперки.
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Кај мене во Кичево ова ситно сирење го викаат изварка. А татко ми имат и Охридска жичка и упорно викат дека Урда било друго,а Извадрка е друго.
    Немат врска за мене ситното сирење е изварка.Или пак ако некогаш не се погодиме,си викаме ситно сирење.
    Иначе го јадам со јајца,заедно се пржи.Со макарони потпечени в релна.Мајка ми прави и некоја си салата со него ама не го знам рецептот,бидејќи не е јадам.
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    еве еден оригинален рецепт од професионален готвач салата за слави имиња крштевки родендени а понекогаш и за своја душа дома
    ФРАНЦУСКА САЛАТА
    500гр ура --здравје радово
    500гр павлака
    500гр шунка сецена на коцкички
    200др сецкани ореви или толчени со сукало
    1свежа краставица предходно сецкана на коцки ставена на крпа и од неа да се истиска водата
    сето тоа се меса заедно и добивате прекрасна салата а за лето измислена како мезе пробајте ја и пишете резулати
     
  8. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    урда нит сум сакала нит сум јадела ко мала па ни сега некако не ми е убава
     
  9. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Салата со урда
    Потребни состојки:

    500 гр. урда
    300 гр. кисели краставички
    300 гр. шумкарица
    200 гр. кисела павлака
    200 гр. мајонез
    100 гр. сусам
    100 гр. маргарин
    Мелен бибер

    Маргаринот и павлаката се матата со миксер додека да стане пенеста смеса. Киселите краставички и шумкарицата ги сечиме на ситни коцки и ги ставаме во подлабок сад. Во садот ги додаваме урдата, киселата павлака, мајонезот, сусамот кој е претходно печен и малку мелен бибер. Промешуваме со јажица и ја сервираме салатата во чинија.




    Салата со урда

    1 кг урда ,
    1 тегла кисели краставички,
    300 гр шункова салама,
    1 помала главица стар лук,
    3 големи лажици павлака,
    3 големи лажици мајонез,
    1 голема лажица буковец,
    100 гр сецкани ореви,
    3 варени јајца,
    се сецкаат , мешаат и се јадат
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    не ја јадам и не ми се допага
    ама еви енкои рецепти од баба ми
    ке ставеш пиперки ке ги исчистиш од семето и ситнпо ке ги исечкаш и после ке ставете урда и сето тоа ке го испрзите и говото е за јадење
    или еве една салата со урда ке ставеш урда а во урдата букавец ама повеке ке луте ама за јадење е ммммм
     
  11. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Обожавам урда, секоја сабота ја имаме за доручек и таман со меко лебче оф оф :inlove:
    Инаку, јадам само пржена урда со црвен пипер. :)
     
  12. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Не јадам и не ми е вкусна во никој случај.
     
  13. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    салата ..урдата ја мешам со лук оревчинја свеза краставица ситно иссечкана потпечен сусам малку бибер буковка и павлака !!!а обозавам и урда со пиперки во солило сто се става во зима ммм со мекици најубаво
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Обланди со урда

    Се меша 1 кг. урда, една тегла претходно исецкани кисели краставици, шунка, магдонос и сол по вкус. Се мачкаат обландите да омекнат и се мотат во ролат. Се замрзнува и се вади, треба да биде полуодмрзнато. Се сече на кругови и се увалува во јајца, презла и се пржи.
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас си обожавам урда,посебно пржена со едно јајце и буковска пипер :inlove: :angel:.Најчесто ја јадам вака,а често и во макарони и шпагети потпечена ја сакам ,мх,мх убавини :inlove: :D
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.539
    Допаѓања:
    95.394
    Пол:
    Женски
    Јас ја сакам во лето најмногу со пиперки пржена, свежи зелени пиперки малку птпржени и урда, ја открив на Здравје радово, најубава ми е сега засега. Во диетава ми е многу добра бидејќи не е многу калорична. Инаку ја јадам и прженка со јајце, во салатка со оревчиња и краставичка. Сега засега ќе обрнам внимание повеќе на подиетални рецепти така да пржнка со јајца и триста тракатанци малку послабо :D
     
    На m.bt23 и anabel-a им се допаѓа ова.
  17. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Обожавам урда! мммммм :)
     
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Сакам урда ама онаа полнети пиперки со урда,урда со пиперки де незнам како да објаснам. И отстојува незнам колку време и пиперките и даваат многу добар вкус а посебно е добра со мекици ммм :inlove:.
     
  19. devojka.86

    devojka.86 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Супер се рецептите дали некој знае добар ПОСЕН рецепт со урда Фала однапред
     
  20. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    УРДАТА Е МРСНА ОД МЛЕКО СЕ
    ПРАВИ КАКО ПОСЕН РЕЦЕПТ?