обожавам урда ја утепав од јадење додека бев трудна, потпечено лепче со урда, мислам дека ова го јадев секој ден за појадок. сега најчесто правам печени црвени пиперки, јајца и урда, се заедно пропржено...њам њам
e toa neznam , pobaraj vo prodavnica posna urda i ke mozis da vidis sostojki [mod-kirilica:3lmvc791][/mod-kirilica:3lmvc791]
Има ли некој рецепт за салата од урда и печен сусам? Многу ми треба, сакаме утре да ја направиме дома, ама не знаеме колку урда, колку сусам, дали се става маргарин и слично
Немојте бре девојки вакви муабети...посна урда Чим е преработка на млеко, исто како што е саламата преработка од месо, неможе да е посно. Инаку јадам и урда и изварка. Незнам да направам јасна разлика што е што ама ги јадам и двете. Абре јас јадам се што е од млеко и преработки Во комбинација со пржени пиперки и домат и урда како летно манџиче, или со потпечени макарони, или сарајлии, или оние пиперки од туршија полнети со урда/изварка, или не знам уште што..... Јас се лигавам во темиве за јадење
тоа се виа француска салата 500 гр урда 500гр шунка сецкана на коцки 500 гр павлака 1свежа краставица на коцки 100гр пропржен сусам и ореви сецкани по желба нема маргарин и нема мајонез
Јас урдата не ја јадам инаку, само во салатите што ми ги прави мајка ми. Сега баш за Нова година направи: урда, кисели краставички, чајна, сусам, павлака. Мислам дека тоа е се од состојките.
Може да е некоја урда од соја Нели има млеко од соја, јогурт од соја, па ми текна дека ако има посна урда, сигурно е од СОЈА
Јадам но не често.Најчесто дома ја јадеме испржена со јајца и пиперчиња а може и некое мевце да се најде
Многу сакам и ќерка ми засака, еве сега јадеме. Не сакам многу солена, а сега ме фати стрв за таа со пиперка. Уф...
Дома нонстоп имаме урда . Највкусна ми е на Белафарм, урда во канчиња како кисело млеко една српска фирма и младо сирење од Белафарм, сите од Кам ги купувам. Јадеме со јајца, како потпечени макарони, полнети пиперки и најобично со лепче.