1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уредување на домот. Вие или архитекти?

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 20 декември 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Би најмила професионалец чисто за да ми помогне ако планирам промена на распоред на собите или нешто од тој тип,а за внатрешно уредување и слично,не.
    Си верувам на себе и својот вкус,па сакам да му дадам дел од душичево мое на просторот во кој ќе живеам.Подразбира топли,светли,млечни,кремави,ма земјени бои,со примеси на потемни нијанси,чисто за да му даде драматичност на просторот.По некоја интересна текстура по ѕидовите и убаво ѕидно осветлување и едно главно кое нема да биде често употребувано.Не сакам сјајни,мазни,аглести,ладни површини како што денес и најчесто уредуваат,што би се рекло по мода. Не сакам ниту пренатрупаност,туку одмереност и префинетост.Сакам дрвен под и никако ламинати како што обично те убедуваат професионалците кога го уредуваш домот од повеќе причини,јес на крајот е мој изборот,ама има и такви кои бидуваат убедени.

    Домот ни е уреден заеднички.Ако ме прашувате мене не би имала толку мебел (ко у секоја куќа,ама за мој вкус е многу),а собата моја е во целост моја и е уредена така.Нема шанси да не забележи човек дека е моја и е во стилот на она што погоре го пишав.Топла и гостопримлива.

    Имаме пријатели кои најмија за да им ја средат куќата и после месеци,секој кој и да им отиде на гости ги прашува дали кречат или уредуваат нешто по дома,сеуште ли не завршиле.Толку ладен,некако недовршен простор,едноставно без душа, у живот не сум осетила.
     
    На Magnolija и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Само јас и љубениот. Никакви архитекти или мојата мајка, неговиот татко, скраја да е.
    Ќе си уживаме максимално, како да си градиме гнездо.
    Јас не ги сакам овие новите, минималистички ентериери. Сакам топлина!


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ех, колку би сакала домашна библиотека
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Hopeful, irenna и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ќе ја викнам ОНАА што се мота околу мојот иден сопруг! :lol: Да биде понижена и да пукне од мака што дозволи да и избега од раце уште пред неколку години..
     
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Никако архитект :shake:
    Не си скратувам задовоство па што сака нека биде.
    Сакам сама да си уредувам и никој да не ми се меша.

    Само може за надворешниот изглед на куќата(ако ја имам), затоа што стварно немам никаква идеа.

    Ова е мое сегашно мислење, понатака незнам, ама мислам дека ке си стојам на ова :?:
    Вакви соби ич не сакам, многу е монотоно, дури и досадно :!:
    [​IMG]
     
  5. nanadu

    nanadu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Некој да има некакво искуство со Ива од „Ајде дома„???
     
  6. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Ох работа за мене... :lol: Обожавам уредувањето на домот, од самите ѕидови, мебел па до секој детал е уметност да го осмислиш и да го пренесеш во реален простор. Уживам во тоа вкрај.
    Сакам секоја ситница, па макар и една свеќа да е дел од нашиот стил и да се вклопи во целата слика.

    Да би правеле нова куќа би изнајмила професионалец, за добар план на собите, големина, местоположба итн. макар што би се нафатила и за тоа сама да го смислам, како што сум фрик-перфекционист кога ќе почнам некоја работа...сигурно ќе пролиствам и читам секој ден за намисленото па ќе дојдам до совршена замислена целина.

    А во овој случај, од карабина се натака беше осмислено од нас самите... Сум гледала безброј слики, сум читала многу списанија за уредување и стручни совети за накрај да дојдам до крајниот резултат. Нормално вметнавме и наши идеи во замислата и го добивме она што го посакувавме - комплетно нов, модерно уреден минималистички дом, пред се комотен и топол, а со доза елеганција.

    Ги сакам топлите бои, не сакам црно-бели комбинации и сл што делуваат ладно и стерилно, па баш и затоа кај нас владеат кремавата и црвената боја, како и мали детали во црна боја.
    Ѕидовите се во крем, подот светла бука, кујната (моментално во замисла :) ) ќе биде цела крем со црна електроника, гарнитурата е црвена (со крем детали-навлаки и перничиња). Во целина е пространо.

    Не сакам пренатрупаност, зато стаклените масички ми дадоја пространост и елеганција, а во комбинација со топлите бои (особено меките влакнести крем теписи) не делуваат ладно воопшто.

    Сакам одредени детали, неколку свеќи, керамички украсни вазни во крем боја, уметничка едноставна слика и тоа... впрочем точно е дека деталите го прават топол домот, минимални ама со голем ефект.
    Особено ми е важно доброто осветлување, кое кај нас го има на повеќе нивоа и за секаква пригода-дали пригушено или јако, од класично централно до осветлување детали (слика), па скриено светло и сл.

    а, да, соба без едно собно цвеќе за мене е мртов простор, :!: па тука ми е малото дрво на животот... и вазната со неколку бамбуси...

    Има мн за опишување на веќе напраеното и вкусот воопшто, ама прилично долг постов а и заминав офтопик :D па, тоа во глобала...
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Love.love

    Love.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    Да ве прашам нешто една моја другарка сака да се запише архитектура факултет па да ве прашам дали оваа професија е добра и дали се зима пари многу и каде може да се вработеш фала однапред поз
    ...
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    На архитектура не знам баш колку го има овој смер, ентериер. Мислам, се учи како предмет, ама како смер, струка го нема.
    Го има на машински.

    Нека ме поправи некој ако грешам.
     
  9. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    најубаво ние самите да си уредуваме како си сакаме по свој вкус :)
     
  10. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    сама ке го уредам
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога би имала свој дом, и доволно пари за да си дозволам архитект зошто да не
    а соседката што живее под мене е архитект, па кога би ни затребало по дома, би и се обратиле за совет :)
     
  12. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Ние планираме да го реновираме нашиот стан и сакаме да најмиме архитект. Доколку некој знае би ви била благодарна да ми препорачате. Исто така дали има некој искуство со Ајде дома?
     
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    станот во кој сега живеам од како се одселив од родителите го уредив по мој вкус и тоа целосно сама, бидејки не сум сеуште мажена, би сакала и мојот иден дома да го уредам сосема сама со мало учество на сопругот. Но никако не планирам да повикам архитект да го прави тоа место мене, од проста причина што досега не ми се допаднал ни еден стан што бил уреден од наш архитект,а другата причина е тоа што јас не верувам на никој друг освен себе - такаов карактер сум :wasntme:
     
  14. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Кога ке дојде време да треба да го уредувам домот, секако дека јас со идниот сопруг би си го уредила, на тој начин да ни пите пријатно и убаво за живеење и на двајцата! Искрено не би фрлала пари по архитекти, со тие пари би си средила нешто плус... Мислам дека денес секој знае што му треба, и барем има доста сајтови на нет, од кои би исцрпеле некоја идеа!!! Така да парите во џеб и сама си знам што и како сакам!! :D
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Дефинитивно ние.
    Се потрудивме и најдовме соодветни решенија за секој дел од домот. Навистина е добро и да се побара мислење од некој стручен во таа област, но никој не може прецизно да го направи и долови нашиот вкус, она што е најдобро за нас. А се тоа го знаме само ние самите. Зашто сепак ќе има нешто на крај, кое нема да ни се допаѓа.
    Затоа и си уредивме се по вкус, без ничија помош. Што можевме направивме сами, а што не беше во наша моќ, си средија мајсторите.
    Најважното, идеите за средување беа наши :) .
     
    На stylishh, Elenuskaa и Fearless им се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас ќе побарам стручно мислење од архитекти, ама не за се’. Планирам да отидам во Југоекспорт стил, таму имаат на располагање архитекти што бесплатно ти прават 3Д проект за станот, нормално при тоа се договараш за боја, детали, од прилика до колку пари да биде, а тие ти даваат совети и идеи. Со ова сакам да кажам дека и тоа како можат и архитектите да ти го средат просторот по твој вкус, а сепак да добиеш и стручно мислење.
     
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    10.084
    Секако дека архитектите можат да помогнат во однос на уредување на домот, но најсоодветно е да се побара помош од дизајнер на ентериер. На запад не секој може да си дозволи да плати дизајнер што претставува престиж. Ние во Македонија заслепени од тоа дека знаеме и се разбираме од се не се осмелувам да платиме некој стручен да ни помогне. И за жал на крај завршуваме со елементи кои се судираат во кујната, една спална помалку и некој треба да спие во дневна, ламинат што крцка и слични недостатоци на просторот.
     
    На Limpan и User22 им се допаѓа ова.
  18. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Јас. бидејќи мислам дека никој неможе да ги реализира моите идеи подобро од колку што можам и сум способна јас сама. Архитектите си имаат некои свои зацртани планови во главата и не на секој може тоа да му се допадне :)
     
  19. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    имам разговарано на темава,и дефинитивно сакам ние да си го средиме домот,секако на архитектот тоа му е работа но јас сакам по мој вкус да биде средено,да ми е пријатно дома,можеби тоа што ке го проектира архитектот мене нема да ми се допадни,иако е тоа негова работа, или пак да го искажам она што ми се допаѓа на пример кои бои да се застапени и кој стил па тој само да ја зврши работата според тоа ;)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Ех вие размислувате вака, нема шанси архитекти, а што да кажам ја, понекогаш ми е тешко и да наплатам за некој ентериер верувајте ми. Морам однапред да ви кажам, некаде на некој пост овде прочитав дека архитектот е тука да го среди хаосот од желби на клиентите, токму така, баш така е работава. Јас искрено им давам предност на клиентите, на крајот на краиштата тие ќе живеат во тој дом, кога имам одврзани раце што е многу ретко вообичаено им покажувам примери и се раоводам пак според некоја нивна желба. Досега сум имала само еден таков ентериер, искрено на крај клиентите беа задоволни, но јас не бев, знаев дека нема да поминат доволно време дома за да уживаат во тоа што сум го направила. Цените се ужасни, 10 евра од квадрат, ма те молам, јас наплакам упола, со тоа што голем дел од мебелот и лично го проектирам и со мојот мајстор и изведуваме. На крај најтешко ми е да наплатам на блиски луѓе, како да им објаснам дека тие неколку линии кои они ги гледаат треба да ги наплатам 300 евра.

    Морав да редактирам, откако ги дочитав сите коментари, навистина сте самоуверени драги мои. Знаете што јас настинав па ке идам сама ке си купам лек за настинка шо ке ми е лекар. :!: Никако, значи постјат моменти кои сами нема шанси да ги увидите и кои само ќе ги промашите. Не е дека се фалам или нешто слично, но ја грб немам од учење и цртање, сум оставила младост во жолтана зграда на партизанска и сега вие велите НИКАКО! па да да им кажеме да колегиве ич да не го довршуваат факултетот, што ќе се мачат кога утре задутре се ќе им биде за џабе, никој нема ни да помисли да ги ангажира, а да бидеме искрени ако не се ентериериве ние архитектите би можеле да сонуваме за пристојна екстра заработувачка. Да, веќе реков, и мене ми е тешко понекогаш да наплатам, но луѓе, не ми кажувајте дека сосетката што е проесорка по физичко подобр од мене ќе ја среди својата куќа, епа ете гледам колку е средена. Ние не сме диктатори кои ќе дојдат дома и ќе ви го средат домот како што ние сакаме, на крајот на краиштата вие ќе ги платите тие мајстори кои ќе ви го средат домот не лично архитектот. Во ред, сами средете си го домот, играјте си архитекти. И уште еднаш, не декоратер, декоратерот може само да ви каже која вазна ви одговара на завесите, архитектот е тој кој точно ќе ви го намести мебелот во домот како би било функционално и практично во ист момент. Да, да Функција и Практичност, две многу важни работи во еден дом за кој никој гледам не сака да размислува, само на тоа колку е скапа комодата или од која земја се украсите мислите. Е се разочарав навистина!
     
    На Limpan, 1209, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.