Флеки и дупчиња од акни на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од ev4e, 30 ноември 2009.

  1. ev4e

    ev4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Девојки да ве прашам дали знаете нешто за отстранување на флеки на лицето? Мене многу ме нервираат акните и кога ќе ги расчепкам, последицата после тоа знаете каква е. Сега ми се стабилизира лицето, но без пудра не можам да излезам затоа што ми останале флеки од акните. Не знам што да користам за да ги отстранам, дајте некој совет. :roll:

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
  2. red.mari

    red.mari Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Има лек и за тоа, не се разочарувај. Имаш третмани со овошни киселини за флеки ама подоцна не смееш да бидеш на сонце изложена, а има и една крема која се става само навечер пред спиење и таа е на база на овошни киселини и помага. Ако сакаш слободно кажи или остави ми твој мејл.
     
  3. milasofija

    milasofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Кога си изложена на сонце задолжително користи крема со заштитен фактор 30 (најмалку), внесувај повеќе витамин Ц поради флеките. Јас имав една флека и ми рекоа дека тоа е хиперпигментација, користев Solarius цело лето и плус внесував многу витамин Ц и фала Богу ми помина. Меѓутоа јас не сум иамала никогаш бубулици, дури ни во пубертет. Поздрав.

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
  4. mala

    mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    9
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Купи си крем Лала кој не е многу скап, околу 100 денари.
     
    На franceska06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ljubica

    Ljubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    28
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Пробај со кремата Контратубекс, не е баш ефтина ама имам слушнато дека е ефикасна.

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
    На tananka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ev4e

    ev4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    А ќе ми кажеш ли колку пари чини?
     
  7. Ljubica

    Ljubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    28
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Па не сум баш сигурна, но околу 500-600 денари е. :)
     
  8. zkjb

    zkjb Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    21
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Да ја има во аптеките и со сигурност тврдам дека има ефекти. :)

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
  9. babyketi

    babyketi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    500
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Евче, триј се со лимон на лицето, често, ако можеш секој ден. Вистински третман на лицето и многу е здрав овој третман. Флеките избелуваат по извесно време, доколку упорно го користиш овој третман. Поздрав и со среќа! :)

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    3.971
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Да и јас имам слушнато дека лимонот помага против флеки на лицето.
     
  11. ev4e

    ev4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Не знам што да пробам, дали да земам крема или да пробам со лимон? :?:

    [mod-kirilica:2a3juvsb][/mod-kirilica:2a3juvsb]
     
  12. marti.cookie

    marti.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Јас го имам истиот проблем, не ми е нешто богзнае колку страшно лицето, ама ме вадат од такт така некои флекички, како темни дамки.

    *Маската со лимонот е добра, ама не ставај директно лимон на лицето. Исцеди половина лимон и разблажи го со млака водичка, мислам соодносот е колку лимонов сок-толку вода. Намачкај го лицето (јас ставам на цело лице) и нека стои. Најдобро е пред да одиш на спиење да ставиш. Да не се изненадиш откако ќе го намачкаш лицето со смесата можно е малку да те пече, ама ништо страшно, ќе ти се смири веднаш штом ќе се засуши. Замисли директно лимонот да го ставиш, ќе ти изгоре лицето. :lol: Препорачливо е да ја користиш оваа маска или како сакаш наречи ја, не подолго од една недела, зашто лимонската киселина ти ја суши кожата. Обавезно откако ќе го исплакнеш лицето, намачкај го со крема. Кај мене некогаш делува, некогаш не. Не знам што се случува, додека бев во пубертет никогаш не сум имала бубулици и пред 2-3 години почнаа да ми излегуваат... :worried:hock:

    *Сода бикарбона и млака вода, јас ставам едно мало лажиче сода бикарбона со 2-3 прста вода, не го знам соодносот точно, ама викаат дека помага против акни. Јас си ставам и ја оставам 2-3 саати, зависно. Малку ќе бидеш како дух во лицето, ама што ти е гајле. ;) После исплакни со вода и нанеси крема.

    * Jагоди, јаболки, банани.. имам читано дека се добри за лцието, овошни киселини. :) Јас јадам многу овошје и воедно мачкам на лице. :)

    Баш кажи ми дали ти одговора нешто од ова. За првата со лимонот и водата имам читано на многу сајтови и има резултати. Исто така важна е исхраната, јади многу овошје, зеленчук, пиј многу вода и пиј зелен чај.


    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
    На nenus16 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elena941

    Elena941 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    За тоа постојат дерматолози, не земајте се на своја рака затоа што можеби еден ден ќе се каете. Најдобар дерматолог во Скопје е докторката Николина која е дерматовенеролог и нејзината ординација се вика Medicos и се наоѓа кај кружниот тек. Поздрав.

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
  14. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    542
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Имам слушнато за тој дерматолог Николина Лазаревска во Дебар Маало (претпоставувам дека зборуваме за истата, не сум од Скопје затоа не сум баш информирана). Ми ја имаат пофалено дека е одличен дерматолог, а јас пошто во последно време забележувам по некоја бубулица на лицето се мислам дали да одам во таа ординација. Единствено нешто кое ме мачи е цената на третманот. Слушнав дека третманот чинел 300 денари. :worried:hock: Што баш и не ми е веројатно. Претпоставувам дека истата цена не важи за секого, но ниската цена ме натера да се посомневам на квалитетот. Навикнати сме тоа што вреди да чини поскапо, па затоа сум сомничава бидејќи очекував многу повисока цена. Сепак не сум била и не можам да тврдам колку добар дерматолог е таа, а и за цената не сум баш сигурна. Ќе те замолам ако имаш повеќе информации да ми кажеш бидејќи навистина сум заинтересирана и сакам нешто да превземам околу моето лице се додека не е предоцна. Има ли некој на форумот што бил кај тој дерматолог и кои се резултатите? Фала однапред. :D

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
  15. dowe

    dowe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    И јас сум слушнала за Лала кремот, пробајте го. Сега ми текна дека порано имав една другарка која имаше проблеми со акни и нејзе многу и помогна миење на лцието со топла вода и сапун. Единствено во тоа си го најде лекот. :!:

    Модератор: Во иднина мислењата пишувајте ги на кирилица.
     
    На seny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elena941

    Elena941 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Да Мина, јас сум била кај Николина во Дебар Маало. Значи затоа Ви ја препорачувам зошто навистина е најдобра. Цената на прегледот точно е дека чини 300 денари и тоа за секого, само што кремите кои ќе Ви ги препорача се малце поскапи. Таа не е козметичар кој ќе Ви го истиска лицето и потоа пак ќе Ви се појават бубулици или било што, гледа максимално да го отстрани проблемот кој го имате, а кремите кои ќе ви ги препорача помагаат 99% и делуваат ефикасно. Еве ти бројче од ординацијата, можеш да се јавиш и да си закажеш или да прашаш што те интересира. Значи не е само дерматолог туку и венеролог за венерични болести на кожата. Бројот на ординацијата е 02-3131-386. Поздрав до сите, пробајте - нема да зажалите.
     
  17. katence4

    katence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    10
    Флеки и дупчиња од акни на лицето.

    Купи си помада doctors не е скапа околу 100 денари. Има за секаков тип кожа за акни за флеки за пеги. Најди ја соодветната и пробај само немој повеке средства во исто време.
     
  18. malecka15

    malecka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    60
    koga sme kaj flekite imam slusnato deka se javuvaat akni vo tekot na bremenosta .. dali znaete nesto poveke okolu toa , blagodaram odnapred , inaku sum vo prvite nedeli od bremenosta no promeni na kozata nemam ;)
     
  19. bibikim

    bibikim Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Ev4e, ne se panici... Flekite sami od sebe ke si pominat so tek na vreme...Samo ne treba mnogu da go maltertiras liceto... Nemoj mnogu da stavas kremi posto od niv se vcrvenuvaat flekite.Ti kazuvam od iskustvo. Jas imav fleki, gi imam i sega ama se mnogu izbledeni i skoro i ne se poznavaat. Go mijam liceto samo so sapun ( obicen za race ), go suhi liceto i ne mu dava da se isfrla so novi akni. Eno vreme koristev krema so ovosni kiselini ( DEBA so vitamin C ) , ima i dnevna i nokna, mozes da ja kupis od apteka, cini 150 denari, ima i nokna i dnevna a ima i losion i mleko za sminka i mnogu se ubavi i efikasni. Jas stavav posle mienje na liceto so sapun od losionot so vitamin C a potoa i malku nokna krema. Dnevna ne stavav za da ne go preopteretam liceto, a plus da ne nastanat problemi zaradi sonceto.
    Ovosnite kiselini se mnogu efikasni za fleki, tie se so mnogu vitami a najmnogu ima vitamin C, toj gi razgraduva flekite, predizvikuva izbeluvanje na toj del, pa duri i lupenje na kozata... Za nekolku meseci ke se izbelat flekite...Plus toa ovosnite kiselini ja odrzuvaat kozata mlada, bogati se so kolagen i ke vidis kolku ke ti stane liceto pozategnato i pomazno. Ne se na mrsna osnova, samo ke mu dadat na liceto vlaznost. Letno vreme slobodno soncaj go liceto, za da go izednacis tenot. Jas za nekolku meseci go srediv liceto. Zimno vreme go tretirav so ovosnite kiselini, letoto go suncav liceto, i sega mi e vo odlicna sostojba.
    Slobodno kupi si nokna krema DEBA so vitamin C, i losion so vitamin C od istata kolekcija i ke vidis rezultati za nekoe vreme.
    Pozdrav i so sreka
     
  20. sandruska

    sandruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    da tocno e deka se javuvat akni vo bremenosta ama to nemora da znaci kaj sekoj e razlicno kaj nekoj nema nisto eve mene mi se javija akni od koga se porodiv :( eve edna godina pomina mi se namalija ama mi ostanaja luzni ptred toa mi bese mnogu cisto liceto nikogas ne sum imala problem :( ve molam ako znaj nekoj nesto za luzni neka pisi .....fala odnaprad....
     

Сподели ја оваа страница