Форумџика на годината е: @AnaKarenina Честитки за заслуженото признание! Еден мал ( ) подарок од нас: Kindle Touch (2014) читач на е-книги Искрени честитки и до сите кои се најдовте на потесниот список, а и благодарност до сите што гласавте. Номинирање и гласање – ЗАВРШЕНО Го започнуваме петтиот јубилеен избор „Форумџика на годината“! Веќе се подразбира, форумџиката на годината ќе добие подарок – изненадување. Изборот ќе се одвива во 2 фази: 1. НОМИНАЦИИ (завршени). Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. За да номинирате, кликнете ТУКА и напишете ги вашите фаворитки » 2. ГЛАСАЊЕ (завршено). 10-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. Можете да гласате за 3 форумџики (анонимно). Нема да бидат земени предвид гласовите на форумџиките регистрирани по 20.12.2014, ниту пак гласовите од дупли профили. Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2014 година и ќе добие подарок.
Јас гласав, а искрено мислев дека нема да има избор оваа година. Ги гласав моите топ 3 форумџики за оваа година, за една сум сигурна дека ќе ја има во листата за најдобри форумџики. Па со среќа нека е.
Да појаснам: моментално во тек е НОМИНИРАЊЕТО, а гласањето сѐ уште не е започнато. Може, но не знам колку добро би им стоела „титулата“.
Мал предлог. Пожелно е овој пат, барем откако ќе завршат номинациите, да се нагласи за новите членови и нивното право на гласање. Некои без да знаат ќе гласаат залудно.
Номинирано и со среќа. И само едно посакувам, веќе никогаш да не се доживее скандалот од лани. Среќно на сите.
Само десет ќе бидат у гранде финале? Ај бар полесно ќе биде за гласање. Онака 20 ги имаш, се` кој од кој и два дена се думаш за кого да гласаш. Јас си ги номинирав моите три грации , а им посакувам среќа на сите...
Yipman2 Форумџика на годината , Честитки , дојдете таму и таму Rainbow лично да ви го даде подарокот-изненадување (Саат или парфем некој) Одлично стои ! Ми отиде Трендафилка , штета , минатата год беа прави избори , и со крадење и со манипулации и со бебиња користење и све , оваа год тежок избор има , али мислам дека нема да биде исто како минатата год
Леле ја гледам девојката од сликата што сте ја ставиле и добивам нагон да земам да ја исфарбам. Толку ли не можевте да најдете некоја поасална, или сакате да не' отсликува нас, што сме нефарбани и чекаме уште некој ден па да се исфарбаме пред Нова Година ? Јас нема да номинирам, а не верувам ни дека ќе гласам, но воајерски ќе го следам целиот процес . Искрено не ни очекував да има избор за форумџика, гледам сте го скратиле времетрањето, веројатно да се избегнат глупости како тие лани, ама џабе е, изборот веќе нема никаков шарм, забележувам дека и Билката ја нема веќе, се' е некако meh.
Јас номинирав, се надевам симпатиите ќе ми се меѓу десетте избранички Инаку, лани ова време не бев активна, ептен ме интересира сега што се случило толку страшно